Уметникот како публика

Документација/книга: Уметникот како публика (2010–2014/2016)
Уметница: Мирјана Боба Стојадиновиќ
Documentation: Artist As Audience
Artist: Mirjana Boba Stojadinovic

Проектот „Уметникот како публика“ се одвива од 2010 година и претставува дискусија меѓу публиката за многу различни дела на визуелната уметност. Досега се реализирани над триесет и пет дискусии во многу различни простори низ Белград – музеи, галерии, вониституционални и алтернативни простори, како и во Зрењанин и на Цетиње во Црна Гора.

Врз основа на книгата оформена за проектот во 2014 година, во дискурсот на фестивалот АКТО во Битола „Уметникот како публика“ се претставува со транскрипти од четири дискусии работени на тема заедништво, какви што се серијата акции „Киносали: враќање на отпишаните“, делото „Приказни за протестот. Неопходност“ на Нина Хехтл, делото „Уметноста е или плагијат или револуција, или: Нешто сигурно ќе се случи тука“ за Музејот на револуцијата, на уметничката група Бик Ван Дер Пол, или разговорот на тема „Колективните практики како уметнички стратегии“ на Зоран Пантелиќ.

Мирјана Боба Стојадиновиќ (1977, Србија/Бугарија) е уметница базирана во Белград. Дипломира ликовна уметност на Факултетот за ликовни уметности во Белград (2002 год.), а се стекнува и со мастер дипломи по ликовна уметност на истиот факултет во 2006 година, на Институтот Пит Цварт во Ротердам во 2008 година, како и на Факултетот за ликовни уметности во Плимут истата година.

Изложува низ Европа од 1998 година. Исто така, таа има курирано и реализирано проекти што третираат визуелна уметност во јавни и приватни простори, често во форма на партиципаторни проекти, оперирајќи како организација водена од уметници (ДЕЗ ОРГ, Фреквенција). Независната и самоорганизирачка културна продукција е нејзиниот централен фокус. Од 2010 година таа е автор и продуцент на проектниот форум „Уметникот како публика“, серија од јавни дискусии меѓу публиката на избрани дела. Таа го курираше белградското издание на проектот „Актополис“, проект во продукција на Институтот Гете и Урбан Кунст Рур (2015–2017).

//

Documentation: Artist As Audience

Artist: Mirjana Boba Stojadinovic

The project Artist As Audience has been unwinding since 2010 and it represents a discussin inbetween the audience for a great number of works of visual art. Thirty-five discussions have been realized so far in a variety of different spaces throughout Belgrade: museums, galleries, extrainstitutional and alternative spaces, as well as some in Zrenjanin and in Cetinje, Montenegro.

in the discourse of AKTO Festival and based on the book shaped in 2014 for it, Artist As Audience in Bitola will present itself via transcripts from four discussons on the topic of unity, such as the series of actions “Movie theatres: the return of the write-offs”, the work “Stories for the protest. Necessity” by Nina Höchtl, the work “Art is either plagiarism or a revolution, or: Something will definitely happen here” for the Museum of revolution by the artist group Bik Van Der Pol, or the conversation themed “Collective practices as artistic strategies” by Zoran Pantelic.

Mirjana Boba Stojadinović is an artist based in Belgrade. She has a BA in Fine Arts from the Faculty of Fine Arts in Belgrade (2002) and a MFA from Faculty of Fine Arts in Belgrade (2006), Institute Piet Zwart in Rotterdam (2008) and Faculty of Fine Arts in Plymouth (2008).

She has been exhibiting since 1998 throughout Europe. She also curated and realized projects dealing with visual art in public and private spaces, often in the form of participatory projects, operating as artist-run-organization (DEZ ORG, Frekvencija). Independent and self-organized cultural production is her central focus. Since 2010 she has been the author and producer of the project forum ARTIST AS AUDIENCE, a series of public discussions among

the audience on chosen artworks. She curated the Belgrade edition of project ACTOPOLIS, project produced by Goethe-Institut and Urbane Künste Ruhr (2015–2017).