БИТКАТА НА НЕРЕТВА -Борис Бакал

БИТКАТА НА НЕРЕТВА -Борис Бакал

Претстава: Битката на Неретва (Хрватска)
Режија: Борис Бакал
Продукција: Фрлачи на сенки
Играат: Борис Бакал, Лео Вукелиќ
Play: The Battle of Neretva (Croatia)
Director: Boris Bakal
Production: Shadow Casters
Cast: Boris Bakal, Leo Vukelic

„Битката на Неретва“ е аисторичен, метадраматичен, перформативен антиспектакл, кој се вклучува во потрагата на Архимедовата точка во универзумот. Тоа е наеднаш непрекинат и неконзистентен сценски дијалог меѓу двајца луѓе во потрага по себеси. Тоа е обид за одново смислување концепти и дарови од среќа, еманципација, слобода, безбедност, одговорност и иднина во време на трајна супресија и презумпција за дијалог и смисла. Оваа потрага истовремено е и фиктивна и вистинска постмисла на секојдневното „среќно место“ внатре во просторно-временската стејџ-машина, која е способна за одново измислување и анализирање на сѐ.

„Битката на Неретва“ симултано ги открива јавните и приватните дилеми на своите изведувачи, но, исто така, и нивната работна, етичка, и социополитичка околина. Таа е и перформативно предавање што се однесува на разрешените и неразрешените прашања во политиката, човечките суштества и природата, па оттаму и вклопувањето и девијацијата во вчерашното, денешното и можното утре. „Битката“ е наратив што зборува за вистински и фиктивни ликови и релативитетот на нивните победи и порази, нелинеарно трасирајќи ја историјата. Ова истражување за нашето минато, сегашност и потенцијалната иднина во својот документарен пристап го сумира искуството од вистинските битки, победи и порази, но, исто така, и искуството од снимањето филм за конкретната битка.

„Фрлачи на сенки“ е многупати наградувана и критички настроена интернационална уметничка и продукциска платформа за интердисциплинарна соработка, креативност и рефлексија на интермедијалната уметност, која успешно ја комбинира меѓународната соработка, правењето театар, урбаните интермедијални проекти, активизмот, педагошката работа, видеоуметноста и кураторството во една кохерентна целина на делото. Нивните проекти имаат континуитет од повеќе години работа, резултирајќи со повеќе серии јавни настани и перформативни креации. „Фрлачите“ се водечки партнери на големи и мали проекти во Европа, Азија и Северна Америка од 2002 година, стимулирајќи ја дебатата на противречностите на тековните глобализирачки процеси, кои се занимаваат со општествени, политички и културни теми и кои ги откриваат акутните проблеми/теми на локалните заедници: политиките на јавен простор, последиците од процесот на транзиција, статусот и формите на интимност, како и системската продукција на амнезија и дисконтинуитет.

//

Play: The Battle of Neretva (Croatia)

Director: Boris Bakal

Production: Shadow Casters

Cast: Boris Bakal, Leo Vukelic

The Battle of Neretva is an ahistorical and metadramatic performative anti-spectacle which answers to the quest for the Archimeadian point in the universe. It is suddenly uninterrupted and inconsistent stage dialogue between two people in search for themselves. It is an uttemt of re-thinking concepts and gifts of happiness, emancipation, freedom, security, responsibility and the future in the time of permanent suppression and presumption of dialogue and sense. This pursuit is simultaneously a fictional and a real aftethought of a quotidian “happy place” within spatio-temporal stage-machine which is capable of rethinking and analyzing everything.

The Battle of Neretva simultaneously reveals both public and private dilemmas of its performers, but also their working, ethical and socio-political environment. It is also a performative lecture that addresses resolved and unresolved issues of politics, human beings and nature, therefore fitting into and deviating from the yesterday, the today and the possible tomorrow. It is a narrative that speaks of real and fictional characters, and the relativity of their victories or defeats, by tracing the history in a non-linear way. This research for our past, present and

potential future, in its documentary approach sums up the eperience of actual battles, victories and defeats, but also the experience of filming that particular battle.

Shadow Casters is a multi award-winning and critically acclaimed international aristic and production platform for interdisciplinary collaboration, creativity and reflection on inter-media art that successfully and seamlessly combines international collaboration, theatre-making, urban intermedia projects, activism, pedagogical work, video art and curation into the coherent single body of work. Their projects maintain continuity over a number of years, resulting in multiple series of public events and performance creations. They are a leading partner and partner on small and large scale projects in Europe, Asia and North America since 2002, stimulatin the debate on nature/contradicions of the ongoing globalization process dealing with social, political, and cultural issues that reveal the acute problems/issues of local communities: politics of public space, consequences of the transition process, status and forms of intimacy as well as systematic production of amnesia and discontinuity.