Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура

Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура

Дискусија и работилница за длабински цртеж
Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност

17 и 18 октомври 2018 год.
Младински културен центар, Скопје (хол на вториот спрат од кино „Фросина“)

Во рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“ и програмата „Добри практики“

17 ОКТОМВРИ (СРЕДА)/19.30 ЧАСОТ

АГЕНДА

19.30ч/ Добра практика бр. 1 Ремонт на современиот уметнички систем и кризата на младите уметници: Ремонт – независна уметничка асоцијација и галерија, Белград
Презентација на Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград
Модерација: Ивана Васева, кураторка и уметничка директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, Скопје/ Битола

20ч/ Добра практика бр. 2 Наградите и континуираниот професионален развој на уметникот – за моќта и злоупотребата на уметноста.
Презентација на Верица Ковачевска, добитничка на наградата Денес за млад визуелен уметник до 35 години во Македонија во 2018 год. како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници
Модератор: Мирослав Кариќ, координатор на наградата Мангелос за млад визуелен уметник во Србија до 35 години како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници

20.30ч/ Добра практика бр.3 Промоција на фанзин „Примус бр. 2 – AKTO“, алтернативни средства за уметничко изразување
Презентација на Ивана Самандова, Ангела Савевска, Мартина Спасовска, Ивана Мирчевска, Дарко Трајковски, Марко Тасевски и Дарко Алексовски
Модератор: Филип Јовановски, уметник и уметнички директор на АКТО Фестивалот за современи уметности


18 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)/ 12 – 16 часот
Работилница за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ

Начин на пријавување

Пријавувањето на учесниците е до 16 октомври на следниов мејл organizationfru@gmail.com

Право на пријавување имаат сите оние кои имаат желба да научат или практикуваат слободно уметничко изразување преку цртеж а начинот е само преку оставање свои податоци (име, презиме и контакт – телефон и мејл).

Бројот на учесници е лимитиран на 15 луѓе.


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ:

Настанот „Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност“ обединува четри дискурзивни сегменти кои имаат за цел на различни начини да зборуваат за потребите, стремежите и одговорностите за развојот на современата уметничка сцена како и насоките за нејзино имагинирање.
Во ситуација во која се наоѓаме – каде сеуште владеат анахроните размислувања за уметничката генијалност и уникатност и каде времето оди линеарно хронолошки, потребно ни е, покрај потврдувањето на постоечките и имагинирање за поинаквите начини на делување. А појдовна точка за тоа ни се добрите пракси, кои помогнале и мотивирале да се зачуваат вредностите како одговорноста и свесноста за сопствените акции и чекори.
Настанот опфаќа презентација на 19-годишното делување на Ремонт – независна уметничка асоцијација и галерија, како простор основан од уметници и како место на среќавање, размена на информации и неформални дискусии. Потоа следува презентација на уметничката Верица Ковачевска, по нејзиното враќање од двомесечниот престој во Резиденцијата РУ во Бруклин, Њујорк како добитнчика на наградата ДЕНЕС и на крајот се претставуваат младите уметници од Факултетот за ликовни уметности од Скопје и промоцијата на фанзинот „Примус бр. 2 – AKTO“, кој рефлектира на содржината на 13. АКТО Фестивал за современи уметности.

Работилница за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ
Широка примена на цртежот како средство за ментална хигиена.
Цртежот како рефлективна мапа на душевно – духовните состојби и процеси и самото цртање како фокусирање на мисловниот тек.
Талент за цртање не е потребен! Работилниците се бесплатни.
Горан Стојчетовиќ е уметник кој својата работа и истражување ја посветил на истражувањето и сфаќањето на психолошките аспекти на уметничкото творештво. Преку својата лична уметничка практика има развиено посебен систем односно, релациона техника на длабински цртеж, која веќе неколку години ја практикува во соработка со тим на психолози и психијатри на клиниката за психијатрија на Воено-медицинската академија во Белград.
Работилниците за длабински цртеж покажуваат дека секој елемент говори за цртачот/чката, за неговиот/ нејзиниот карактер, за моделите на однесување, тенденции, внатрешните содржини и тензии, моменталната состојба. Цртањето може да биде еден вид на „пауза” за време на која се фокусираме и го поместуваме фокусот од хаосот на надворешните информации за внатрешните состојби и процеси. Покрај корисното, терапевтското и ослободувачкото дејство на цртањето, интересно е и што се случува преку работата/ соработката со граѓанството и со „лаиците” за уметност каде се создава една интересна, поинаква и свежа уметничка продукција.

„Добри практика“ се формирал од желбата да се укаже на клучните регионални феномени (индвидулаци, органзиации) кои постојат на овој нестабилен регион веќе подолго време, а кои имаат богато искуство и со својот пример влијаат на промени и поттикнување на нови иницијативи. Преку промовирањето на примерите на добрите пракси идејата е да се создаде поширок дебата и да се поттикнат помладите културни работници да превземат одговорност и иницијатива во создавање на подобар, мотивирачко опкружување за одржливост и развој на современата култура.
Проектот опфаќа серија на еднодневни настани преку кои се создаваат размени на искуства во формат на работилница и јани дискусии во кои се претставуваат иницијативи од Србија (Ремонт Галерија, Белград), Македонија (Организација Факултет за работи што не се учат (ФР~У), Битола/ Скопје) и Хрватска (Институт за современа уметност, Загреб).

Дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ е дел од биеналната награда ДЕНЕС, која од 2003 год. се доделува на млад визуелен уметник до 35 години (коорганизирана од ЦСУ и ФР~У) . „Совршениот уметник“ е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У), идејата е преку практично но и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се воспостави еманципација на младите уметници и да се понудат можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава, посебно во визуелната уметничка дисциплина.

Првиот број на фанзинот „Примус” излезе во мај 2018 година, осмислен, креиран и уреден од студентите на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (класа на доц. Слободанка Стевческа). Во текот на неколкуте фестивалски денови, студентите, под водство на Слободанка Стевчевска и Владимир Јанчевски, работеа на вториот број на фанзинот „кој е посветен на годинешното 13. издание на АКТО Фестивалот за современи уметности под темата „Општество во изградба“ во организаиција на Факултет за работи што не се учат (ФР~У).

Пoвеќе информации на:
www.remont.net
www.akto-fru.org
https://www.facebook.com/goran.stojcetovic/
https://theartstack.com/goran-stojcetovic

Настанот „Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност“ се одржува во рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“, поддржана од град Скопје и програмата „Добри практики“, поддржана од Министерство за култура и медиуми на Република Србија.

Фотографии од настанот:

https://www.facebook.com/pg/akto.festival/photos/?tab=album&album_id=2030882336932527