Активно кино за заедницата ДА ГО Задржиме Јавно!

Активно кино за заедницата ДА ГО Задржиме Јавно!

Активно кино за заедницата ДА ГО Задржиме Јавно!

дискусија и музички перформанс

11 јули 2019 година

Железничка зграда во Скопје

 

На 11 јули 2019 година, со почеток во 20 часот ќе се оддржи: – Дискусија со претставници на локална самоуправа, граѓански организации, индивидуални активисти и станари а потоа и музички перформанс со Мухамед Ибрахими, во дворот на Железничката зграда во Скопје.
Повод за настанот е и договорот за соработка помеѓу Општина Центар, Заедницата на станари во Железничка зграда и ФР~У. Договорот предвидува услови на користење и ставање во функција на киното во железничка зграда.

Говорници на настанот ќе бидат градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, станарите од железника зграда, Слободан Кочевиќ и Томе Каревски како и граѓанските активисти Филип Јовановски, Симона Димковска и Марија Гелмановска (Здружение Културно Ехо) и новинарот и граѓански активист Бојан Шашевски(Радио Моф). Мухамед Ибрахими ќе има музички перформанс по завршувањето на дискусијата.

Целта на овој јавен настан е да се изработи мапа на проблеми со кои се соочуваат станарите од оваа зграда со цел појасно и фокусирано да се комуницира со надлежните околу нивното решавање, како потребна помош и вклучување на локалната заедница во решавање на состојбата со киното во железничка зграда.Настанот е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ кој го имплементира Факултет за работи што не се учат, а е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.

Изминатава година во рамките на овој проект беа направени истражувања и анкети со станарите
со цел активно вклучување на локалната заедница.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Факултет за работи што не се учат e организација на културни работници која работи во полето на едукација и продукција на современи визуелни уметност. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница http://akto-fru.org/en/.

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации посетете ги нашите веб и Facebook страници: http://macedonia.usaid.gov и http://www.facebook.com/USAIDMacedonia