ВТОР МОДУЛ: 20 и 21 мај/ ЛГБТИ центар за поддршка/ (Наум Наумовски Борче 83)
„Внатрешно и надворешно контестирање на рамката: современи кураторски и уметнички практики“
Вториот модул од дискурзивно – едукативната програма преиспитува поединечни но и групни изложби и кураторски практики кои се јавија како „последици“ од настаните за време и по распадот на државата Југославија и зголемениот интерес на Западот за „балканската уметност“. Додека интересот во за ова подрачје од светот беше очигледен, а цветањето на проекти во Европа за ‘балканските уметнички дострели‘ на почетокот на милениумот беа во зенитот, сега се чини дека е повторно еден не толку динамичен период во развојот на регионалната уметничка мисла.
Колку сите овие случувања оставиле траги не само на образовната етика туку и на развојот на уметничката сцена?
ПРЕДАВАЊЕ: Неколку примери во современото кураторство: три изложби 2014-2017
Џон Блеквуд, Универзитет „Роберт Гордон“, Абердин
и разговор со Бојан Иванов , историчар на уметност, Скопје
Ова предавање ќе потенцира три изложби од современата уметност во кои Блеквуд бил вклучен, на директен начин или индиректно како набљудувач. Првата е изложбата „Паралелни универзиуми“ во галеријата „дуплекс100м2“ во февруари 2014; втората е канонската изложба „Патека на меморијата“ курирана од Пјер Куртин во галеријата „Агнес б“ во Париз во јуни 2014 год. а третата е изложба која ја курирал во „Самерхил“ во Единбург во 2017 год. насловена „Архипелаго“ во која биле вклучени дела од три современи шкотски уметници.
Ова предавање ќе служи како средство за опишување на некои од предизвиците со кои се соочуваат кураторите кои работат во современата уметност во работењето со мали буџети и во оформувањето и развивањето на кураторски концепти од почетната идеја до финалната реализација. Меѓу идеите кои ќе се разговараат се и екосистемите на современата култура, периферијалноста и „онтологија на прогонетоста“.
Др. Џон Блевуд е предавач на „Критички и контекстуални студии“ на Греј школата за уметност на „Роберт Гордон“ Универзитетот во Абердин. Тој е активен како куратор и писател во Шкотска но и во земјите од поранешна Југославија. Помеѓу 2011 и 2014 год. тој живеел во Сараево, Босна и Херцеговина. Блеквуд курирал изложби во Сарево, Загреб, Цетиње, Лондон, Единбург и Абердин.
Тој е автор на книгата „Критичка уметност во современа Македонија“ („мала галерија“, Скопје 2016 год.) и „Вовед во современата уметност во Босна и Херцеговина“ („дуплекс 100м2“, Сараево, 2015 год.).
Блеквуд работи на релацијата Шкотска – Босна и Херцеговина и Македонија и во неколку поединечни проекти во овие три земји.
Бојан Иванов (1958, Скопје) e историчар на уметноста и ликовен критичар. Тој завршил додипломски и постдипломски студии на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Иванов работел како соработник на Институтот за историја на уметноста и археологија во Скопје (1986–1993) и бил претседавач на првиот состав на Програмскиот одбор на Сорос – Центарот за современи уметности, Скопје (1994–1998). Исто така, тој бил и вршител на должноста управител на Музејот на Македонија, Скопје (2002–2004) и бил претседавач на Управниот одбор на Музејот на современа уметност, Скопје (2004–2005).
Иванов ги објавил изданијата: „Осум предавања за историјата на уметноста“; „Корени и ризоми“ (во коавторство со Бранислав Саркањац); „Мојот занает“. Од 2007 год., како основач на Мала галерија, ја води излагачката програма на ова друштво за дејности во културата.