According to the measures and recommendations of the Government and the Ministry of Health of the Republic of North Macedonia to prevent the spread of COVID – 19 (coronavirus), Faculty of things that can`t be learned / AKTO Festival for Contemporary Arts in the coming period cancels already scheduled public events that were planned to take place at the Cinema of the Railway Residential building and Kino Kultura, which were part of the program Active Culture-Solidary Citizens, part of the annual AKTO 15th Anniversary Program.
КОНКУРС ЗА СТУДЕНТИ И МЛАДИ УМЕТНИЦИ ДО 35 ГОДИНИ
ЗА ИЗРАБОТКА (ДИЗАЈН) НА ВИЗУЕЛНО ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАКАТ НА ТЕМА:
АКТИВНА КУЛТУРА – СОЛИДАРНИ ГРАЃАНИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИ
1.1 Вовед
Се распишува конкурс за студенти кои студираат на ликовните академии, факултетите за дизајн и архитектонските факултети како и за млади уметници (до 35 години) за доставување на предлози со идејно графичко решение на плакат со димензии 50/70 на следната тема – АКТИВНА КУЛТУРА – СОЛИДАРНИ ГРАЃАНИ.
Идејното решение треба да биде изработено во слободна техника на изразување (покрај компјутерско графичко решение може да се достави и рачно изработено решение во различни графички техники но во зададените димензии 50/70 см).
1.2 Организација на конкурсот
Конкурсот се организира од страна на здружението на граѓани Факултет за работи што не се учат од Скопје/Битола, во рамки на годишната програма на организацијата насловена „Активна култура – солидарни граѓани“.
2. ПРОГРАМА и КРИТЕРИУМИ НА КОНКУРСОТ
2.1 Право на учество
Право на учество имаат студенти на факултетите за ликовни уметности, факултетите за архитектура, студенти за арт и дизајн како и сите други студенти кои ќе ги задоволат барањата на конкурсот како и млади професионалци што завршиле ликовно образование на возраст до 35 години.
2.2 Времетраење на конкурсот
Конкурсот се отвора на 5 март (четврток) и трае до 26 март (четврток) до полноќ.
Дополнителни прашања во врска со конкурсот може да се испратат на e/маил адресата organizationfru@gmail.com во периодот од 5 март (четврток) до 24 март (вторник), или на телефоните 070 700 998 и 077 719 579.
2.3 Конкурсна апликација
Секој заинтересиран учесник кој го исполнува правото на учество треба да поднесе конкурсна апликација со графичко идејно решение кои ги содржи следниве прилози:
- Идејно графичко решение (во електронски формат со димензии 50/70 см) и/или Идејно графичко решение рачно изработено во слободна графичка или ликовна техника со димензии 50/70 см.
- образложение на решението како текстуален дел кој треба да содржи од 300 до 500 зборови со кириличен фонт (македонска поддршка)
- Решението доколку е изработено рачно треба треба да се донесе лично на следната адреса ул. „Максим Горки 21/3А на 26.03.2020 година од 10 до 17 часот.
2.4 Дополнителни информации за темите и контекстот за кој треба да се изработи идејно графичко решение
Овој конкурс за дизајн на плакати има за цел креативно повикување на одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество.
Дизајните треба да мотивираат и инспирираат и да ги поддржуваат идеите за антинационализам, антифашизам, антидискриминација, почитување на соседите, меѓусебна солидарност, како и родова рамноправност.
2.5 Доставување на конкурсната апликација
Комплетната конкурсна апликација со потребните документи се доставува во:
- Рачно изработен формат – 50/70 см, вертикално поставени, фиксирани на тврда подлога од картон или сличен материјал и
- дигитален формат како слики (ЈПГ, ТИФФ, ДВГ и ПДФ во резолуција не помлаку од 150 dpi) на следната адреса: organizationfru@gmail.com
2.6 Анонимност на конкурсот
Секој учесник/ка има право да поднесе од едно до три решенија на зададените теми.
Електронски испратените решенија треба во пораката да содржат идентификациска шифра составена од 5 броја кои ќе бидат избрани од учесникот/та.
Рачно изработените решенија треба да се достават спакувани во хартиена обвивка на која ќе ја пишува идентификационата шифра, а исто така учесниците се должни да достават и запечатен мал коверт со нивната идентификациска шифра и со следните информации внатре во ковертот:
– идентификациска шифра
– име и преземе на авторот / авторите
– контакт адреса, телефон, е-маил адреса
2.7 Комисија
Доставените идејни решенија ќе бидат разгледани и оценети од страна на стручна комисија во состав:
Ладислав Цветковски – професор на Факултетот за ликовни уметности, Скопје;
Јана Јакимовска – професорка на Ликовната академија при УГД – Штип;
Небојша Гелевски – графички дизајнер.
Комисијата ќе ги избере трите најдобри решенија кои ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда.
2.8 Критериуми за оценување
Пристигнатите конкурсни решенија ќе бидат оценувани од страна на жири комисијата согласно следните критериуми:
– креативност на решението;
– концептуална и визуелна издржаност на решението;
– општествена и политичка релевантност на решението.
2.9 Дисквалификација
Од понатамошна постапка за оценување ќе бидат исклучени сите конкурсни решенија за кои комисијата ќе утврди дека:
- конкурсното решение е пристигнато по крајниот рок, како час и датум, за доставување на решенијата;
- темата на предлог идејното решение не е во релација со зададените теми;
- постои обид од авторот да се влијае на работата на жири комисијата.
Одлуката за дисквалификација на конкурсното решение може да ја донесе само жири комисијата на основа на дефинираните услови, и откако ќе направи увид во сите пристигнати конкурсни решенија.
2.10 Награди
Согласно изборот направен од страна на комисијата, ќе бидат доделени 3 симболични парични награди:
Прва награда 15.000 денари бруто
Втора награда 9.000 денари бруто
Трета награда 6.000 денари бруто
2.11 Авторски права
Со предавање на конкурсната апликација регистрираните учесници и авторите на конкурсните решенија ги прифаќаат и се согласни со сите услови дефинирани со оваа документација, програмата, условите и критериумите на конкурсот.
Авторите на наградените конкурсни решенија се согласни дека сумата за наградата или откупот се крајниот надомест за безусловно користење на авторските дела-конкурсните решенија. Со доделувањето на наградите организаторот се стекнува со право на користење на авторските дела-конкурсните решенија за целите за кои тие се изработени, нивна реализација и изведба на начин и на места за кои ќе оцени дека се соодветни за таа намена.
Авторите на наградените конкурсни решенија се согласни дека нема да побаруваат дополнителен ангажман или надомест во било која форма врз основа на добиената награда и исплатените суми.
2.12 Резултати од конкурсот
Резултатите од конкурсот, врз основа на направениот записник од работатата на жири комисијата ќе бидат објавени најдоцна до 28 март 2020 година на веб страната на организаторот www.akto-fru.org
2.13 Доделување на наградите
Доделувањето на наградите ќе биде јавно во рамки на настан од јавен карактер организиран во Кино Култура. Настанот ќе се реализира кон крајот на март 2020 година. Датумот и часот ќе бидат дополнително објавени на веб страната на организаторот.
Во рамки на настанот ќе биде организирана ИЗЛОЖБА на сите или избор од пристигнатите конкурсни решенија.
Во рамки на овој настан сите учесници на конкурсот ќе добијат Сертификат за учество.
3. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Конкурс за идејно графичко решение е во рамки на проектот „Активна култура – солидарни граѓани“ во организација на здружението за култура и уметност Факултет за работи што не се учат – ФРУ (Битола/Скопје) како дел од програмската целина ФР~У ПРОДУКЦИЈА. Оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектурно наследство, естетиката и политиките, како и нивните последици во денешниот свет. Се манифестира преку хибридни формати на акција (изложби, перформанси, конференции, дебати, и др.) произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и интересните групи и индивидуи.
Факултет за работи што не се учат (ФР~У) е организација на културни работници кои функционираат во полињата на едукација и продукција на современи визуелни уметности и култура, со посебен фокус на истражувачката методологија, учеството и колективната акција во различни социополитички и културни контексти. Идејата на ФР~У се однесува на едукативни и на практични структури, содржејќи работи/предмети/часови кои предлагаат и истражуваат нови модели на предавање и учење, како и инсистирање на принципите на споделување, соработка, самоорганизација и заедничко учење. Формиран е во 2000 година како неформална платформа на повеќе уметници, студенти на драмски, архитектурни студии и визуелни уметности, додека во 2003 е основана организацијата за продукција на современи уметности и културни настани.