АКТО 10

The ultimate golden collection of AKTO memories and futures 2006-2015


Kонцепт| Учесници | Пдф каталог и Постер | Фото/Видео | Прес | Фундер

Concept | Participants | PDF catalog & Poster | Photo/Video | Press | Founder

 

 



Видео/ After movie
Неколку факти за АКТО 10:

Јубилејното 10-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност кое годинава ќе се одржи од 14 до 16 август во Битола се организира без никаква финансиска и инфраструктурна поддршка од општина Битола. Фестивалот кој во текот на изминативе девет години добиваше различна сума од општината, оваа година ја креира програмата не само со нула јавни пари туку и без дозвола за користење на јавен простор каде може да ги прикаже своите содржини. АКТО како и секоја година аплицира на  јавниот повик за учество во програмата на битолското културно лето „БитФест“  а годинава не доби писмено известување дека е одбиен туку резултатите ги дозна од испечатената програма на „БитФест“. АКТО како и секоја година бара дозвола од општината да користи јавни простори за своите содржини но известувањето од општина Битола на нашето барање гласи: „Општина Битола во принцип не поддржува културни настани кои не се предвидени во програмата на Општината за реализација на културни настани“.  На барањето за користење на паркот на Офицерски дом беше одбиен поради тоа што „парк на Дом на АРМ во Битола не е во сопственост на општина Битола како и го немаме правото на користење“.  На барањето за користење на друг простор сеуште немаме одговор. Инаку „БитФест“ е финансиран од општина Битола а покровител е м-р Владимир Талески. Поради тие причини АКТО 10 ќе се случува во приватни дворови и во приватни локали. Кои се причините зошто битолско културно лето не сака да вклучи фестивал што се занимава со современа култура и по „возраст” e врсник на „БитФест“? Сеуште немаме одговор/образложение од општината. Дали на Битола некој одлучи дека не и е потребна современа култура? Кој и како одлучи да не биде поддржан АКТО ова јубилејно 10-то издание? Се надеваме дека на овие прашања наскоро ќе добиеме одговор. Дотогаш ќе се обидеме да не ја изневериме публиката (пред сé локалната битолска) и да го реализираме фестивалот, кој активно го претставувал градот Битола во национални, регионални и интернационални рамки во изминатите 9 години. Теми офпатени до сега на АКТО:  АКТО_1 Фестивал за современа уметност,  АКТО_2 Уметност и Храна, АКТО_3 Брзина, АКТО_4 Поколенија, АКТО_5 Свадби, АКТО_6 Работи (никогаш), АКТО_7 Публика, АКТО_8 Час по природа и општество, АКТО_9_ЧЕКАН НЕ ОГЛЕДАЛО! Инаку од првото издание на АКТО во 2006 година во рамките на деветте изданија на фестивалот имало 338 учесници од 13 земји,  се реализирани 101 уметнички настани на 44 различни локации низ градот, 49 перформанси и 9 театарски претстави, 12 изложби и имало 41 музички настан. На фестивалот тимот го сочинувале 165 соработници и биле вклучени и 200 волонтери. Во текот на деветте години, се организирале околу 20-тина бесплатни АКТО превози со воз на релација Скопје – Битола – Скопје.


Учесници:

ВРВНА ЗЛАТНА КОЛЕКЦИЈА НА АКТО МЕМОРИИ И ИДНИНИ 2006 – 2015 вол.2 -Изложба на архивски материјали од девет изданија на АКТО Фестивалот за современи уметности. Соработници: Благојче Цветковски, Христијан Атанасовски, Кети Талевска, Михајло Џима, Ана Џима, Вера Христовска, Наташа Бошковска, Елена Ѓорѓиевска, Барбара Петруловска, Сташа Божиновска, Андријан Наумовски и Димитра Јовановска.

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ -Инсталација, Никола Узуновски

„УБАВА НАША“ – Перформанс, Славен Тољ, (Ријека, Хрватска)

„366 РИТУАЛИ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАГРЕБ“ -Серија фотографии од акции во јавен простор, Игор Грубиќ, Загреб (Хрватска)

„ДРАГА, ИЗВИНИ ШТО НЕ ТИ ПИШАВ ПОРАНО“-Видео инсталација  на Фокус група (Ива Ковач, Елвис Крстуловиќ) од Ријека (Хрватска)

„НА БИТОЛА СО ЉУБОВ, ОДНОВО“-Проект со публика, Ѓорѓе Јовановиќ

„СПОМЕНИК“-Филм , Игор Грубиќ, Загреб (Хрватска)

„ИБЗЕНОВСИОТ НЕПРИЈАТЕЛ  НА НАРОДОТ КАКО БРЕХТОВА ПОУЧНА ДРАМА-Театарска претстава, режисер и автор: Златко Паковиќ Продукција: Центар за културна деконтаминација, Белград (Србија) Актери: Игор Филиповиќ, Владислава Ѓорѓевиќ, Јелена Илиќ, Божидар Обрадиновиќ и Златко Паковиќ Композитор и пијанист: Божидар Обрадиновиќ Сценограф и костимограф: Златко Паковиќ

„БИТОЛСКИ ГИБАЊА“-Перформанс, актер: Иван Јерчиќ

„ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТА“ -Кореографско дело, коавтори: Викторија Илиоска, Климент Попоски,Тања Рибарска, изведувачи: Викторија Илиоска, Климент Попоски, Тања Рибарска

„СВЕЖА ВДОВИЦА“-Перформанс, автор: Ана Јањатовиќ Зорица, Загреб (Хрватска)

„ШЕПОТИ НА ЅИДОВИТЕ“-Работилница за деца и млади, проект на „Фрлачи на сенки“, Загреб (Хрватска). Лидери на работилница: Ања Плетикоса, Борис Бакал, Сандра Ускоковиќ, Ведран Сењановиќ и Иван Јерчиќ

„КАКО ДА НАПРАВИШ ФЕСТИВАЛ СО 100 ЕВРА И СО 1 МИЛИОН ЕВРА?“-Дискусија/игра, концепт: Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски. Учесници: Сенка Анастасова, Виолета Качакова, Борис Бакал, Филип Јовановски, Жарко Трајаноски и други.

ЧИТАЧКА ГРУПА: Устав на РМ со Жарко Трајаноски во рамки на проектот „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“

ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност- Марко Стојановиќ, Мирко Попов, Жанета Вангели, Милчо Манчевски, Шкарт и Оливер Мусовиќ. Дизајн: Инвент ИВЕНТ – агенција за испорака на настани

„БИТОЛА Е ЖЕНСКО!“-Радио возење, Tiiiit! Inc., Скопје. Учесници: Ана Василева, Јасмина Василева и други.

„ТОТАЛНА СВАДБА“-Настан во организација на Инвент ИВЕНТ – агенција за испорака на настани. Гости: Супрематистички чочек

АКТО МУЗИКА:

Victouer

Mиле Гроздановски

Мирко Попов

Mузиката за градот! Berkant Kidas, T!HOTO & HI KICK

Тhe Government

Ивана Драгшиќ

Аndreas Hz

Martchin

Музички перформанс на ДЕЈВИ Д’  БОВИ  и ПАДНАТИТЕ ОД МАРС

Соња Исмаил

Dejan Dex

Васо

Aлександар Танчевски

 

Few facts about AKTO 10:

The iubilee edition of AKTO Festival for contemporary arts [1416.08.2015] is being organized with no financial or infrastructural support whatsoever from the Municipality of Bitola. The festival had the Municipal support in different amounts of money each year, but this time, it creates its program not only with public funds equal to zero, but also without the necessary permits for public space usage, where it can showcase its contents. Like every other year, AKTO sent out an application answering the public call for participation at the Bitola cultural summer festival – BitFest, but did not receive any notice in writing about it being rejected from the program and found out about it from the printed out promotion material for BitFest. Like every other year, AKTO applied for municipal permits for public space usage and the official notice from the Municipality stated: “The Municipality of Bitola on principle does not support cultural events which are not forseen in the Municipality’s program for cultural events realization”. The request for permit to use the park at the Officers’ House was rejected with the following explanation: “[…] The park in front of the old Officers’ House in Bitola is not municipal property and as such we do not hold the rights for its use”. The request for permit to use other public spaces remains unanswered. For the record, BitFest is financed by the Municipality of Bitola and its patron is the mayor of Bitola, Mr. Vladimir Taleski. For reasons above-mentioned, AKTO 10 will take place in private house yards and private locales. What are the reasons for BitFest not wanting to include a contemporary arts festival in its program, one that is engaged in contemporary culture and is its peer by age? We still haven’t received any explanation to date. Did someone made an executive decision that Bitola doesn’t need contemporary culture? Who and how made a decision not to support AKTO in its iubilee 10th edition. We hope to receive answers to these questions soon. Until then, we will do our best not to fail the audience (the local one, first and foremost) and to materialize this festival – an active representative of Bitola in national, regional and international levels in the past 9 years.
AKTO 1 through 9 themes: AKTO_1 Festival for contemporary arts; AKTO_2 Art and food; AKTO_3 Speed; AKTO_4 Generations; AKTO_4 Weddings; AKTO_6 (Never) work!; AKTO_7 Public/Audience; AKTO_8 Lesson in nature and society; AKTO_9 Hammer, not a mirror!
Since AKTO 1 in 2006, during its nine editions, it hosted 338 participants from 13 different countries, produced 101 artistic events at 44 different locations throughout the city, 49 performances and 9 theatre plays, 12 exhibitions and 41 music events. The festival’s team included 165 associates and 200 volunteers. During the past 9 years it organized around 20 free-of-charge train transportations in Skopje-Bitola-Skopje relation.

Participants:

Exhibition:  The ultimate golden collection of AKTO memories and futures 2006-2015 vol.2  Associates: Blagojce Cvetkovski, Hristijan Atanasovski, Keti Talevska, Mihajlo Djima, Ana Djima, Vera Hristovska, Natasa Boskovska, Elena Gorgievska, Barbara Petrulovska, Stasa Bozinovska, Andrijan Naumovski and Dimitra Jovanovska.

“BLACK DEATH BLOWS THROUGH”- Installation: Nikola Uzunovski

“OUR BEAUTY”-Performance: Slaven Tolj, Rijeka (Croatia)

“366 LIBERATION RITUALS”-Series of photos from actions in public space, Igor Grubic, Zagreb (Croatia)

“DARLING, I’M SORRY I DIDN’T WRITE SOONER”- Video installation, Fokus Grupa (Iva Kovac, Elvis Krstulovic), Rijeka/Zagreb (Croatia)

“TO BITOLA WITH LOVE, AGAIN”-Project with audience participation: Gjorgje Jovanovik

“MONUMENT”-Film: Igor Grubic, Zagreb (Croatia)

“IBSEN’S AN ENEMY OF THE PEOPLE AS A BRECHT’S TEACHING-PLAY”- Theatre play. Author and director: Zlatko Pakovic.
Production: Cultural Decontamination Center, Belgrade (Serbia); Ibsen Scholarships, Skien (Norway) Actors: Igor Filipovic, Vladislava Gorgevic, Jelena Ilic, Bozidar Obradinovic and Zlatko Pakovic; Composer and pianist: Bozidar Obradinovic; Misenscène and costumes: Zlatko Pakovic

“TURMOIL IN BITOLA”-Performance: Actor: Ivan Jercic

“CAUSE OF DISEASE”-Choreography piece;  Performers: Viktorija Ilioska, Kliment Poposki, Tanja Ribarska

“FRESH WIDOW” -Performance , Ana Janjatović-Zorica

“WHISPERS AT THE WALLS”-Workshop for children and youngsters.  Project by: Shadow Casters, Zagreb (Croatia) Workshop leaders: Anja Pletikosa, Boris Bakal, Sandra Uskokovic, Vedran Senjanovic and Ivan jercic

“HOW TO MAKE A FESTIVAL WITH 100 AND 1.000.000 EUROS”-Discussion/game. Participants: Senka Anastasova, Violeta Kachakova, Boris Bakal, Filip Jovanovski, Zarko Trajanoski and others. Concept by: Ivana Vaseva and Biljana Tanurovska – Kjulavkovski

READING GROUP: Constitution of the Republic of Macedonia with Zarko Trajanoski, as part of the project “Living Libraries: Archives of civil disobedience”

HNU_Food, Science and Art Research Studio. Marko Stojanovic, Mirko Popov, Zaneta Vangeli, Milco Mancevski, Shkart and Oliver Musovic. Design: Invent EVENT – event management agency

“BITOLA IS A GIRL!”Radio drive by Tiiiit! Inc., Skopje Participants: Ana Vasileva, Jasmina Vasileva and others.

“TOTAL WEDDING”-Event in production of Invent EVENT – event management agency Guests: Suprematist Chochek

AKTO MUSIC 

Victouer

Mile Grozdanovski

Musical performance by DAVID D’BOWIE and THE FALLEN FROM MARS

Shurbe

Mirko Popov

Music for the city! Berkant Kidas, T!HOTO & HI KICK

The Government

Ivana Dragsic

Andreas Hz

Martchin

Sonja Ismail

Dejan Dex

Vaso

Aleksandar Tanchevski

 

 

Каталог 

 

АКТО 10: Врвна колекција на АКТО сеќавања и иднини 2006-2015 вол.2 /
AKTO 10: The ultimate golden collection of AKTO memories and futures 2006-2015 Vol. 2

11822564_970825679604870_1359281485170296477_n

 

 

 

Објавени текстови на медиуми:

Со многу гости и ументички проекти АКТО го слави десеттото издание

АКТО или насушна потреба од фестивал за современа уметност

Започна јубилејното 10-то издание на АКТО Фестивалот за современи уметности

АКТО 10: Врвна колекција на АКТО сеќавања и иднини 2006-2015 вол.2 / The ultimate golden collection of AKTO memories and futures vol.2

Десеттото издание на „Акто“ од 14 до 16 август во Битола

Се подготвува јубилејното издание на фестивалот за современи уметности АКТО

Фестивалот за современи уметности АКТО годинава слави јубилеј

Меморија, анализа и креација на нови реалности ја носат програмата на „Акто_10“

Јубилејното издание на „Акто“ остана без финансиска поддршка од општина Битола

АКТО: Општина Битола не одвои пари за јубилејното издание на Фестивалот

Акто годинава без финансиска поддршка од Општина Битола

Претставата Ибзеновиот непријател на човекот како дел од АКТО

Повеќе реномирани уметници од светот гости на АКТО 10
Фундер