АКТО 8

АКТО_8 ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ТЕМА [ АКТО ЧАС ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО ]


АКТО 8 ПРОГРАМА_fin

 

АКТО 8: АКТО ЧАС ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

 9-11.08.2013

Don’t Act. Just Think!!!
Славој Жижек
Стигнавме до 8 – мото издание на фестивалот, 8 години, 2 факултети се завршуваат за тоа време. Во претходните осум години создадовме можност за отворање/оживување на непознати простори во културната меморија на градот како нови отворени и јавни и демократски јадра за одново преиспитување на еден културен контекст и тоа преку голем број на активности, работилници, дебати, дискусии, продукција на театарски претстави, изложби, конференции.
Претходната година се посветивме на работа со публиката како клучен елемент во креирањето на жива и активна култура. Потенцијалот од волонтери коишто учествуваа директно во процесот на креирање на програмата и оваа година повторно ќе биде активиран во функција на едукација и креирање на знаење. Тоа се оние коишто ќе имаат за задача активно да ја создаваат идната културна и општествената клима.
Во таа смисла секое издание на фестивалот одново го поставува прашањето дали воопшто и каква смисла има да се создава култура во одреден општествен и политички контекст? Која форма треба да ја има тој фестивал? И следствено на тоа, која содржина? Каква е смислата на бавење со култура денес, во 2013-та година?
Затоа сакавме да направиме жива и активна врска со граѓанскиот контекст, да создадеме спрега помеѓу авторите и конзумерите во заедничкото креирање на програмата на фестивалот, како заеднички јавен интерес. Да создадеме жива библиотека, како скулптура создадена од лични, граѓански искуства и знаења.
И од тука се поставува прашањето: Кон што овој фестивал треба да реферира и дали воопшто треба да биде реакција на одреден контекст или пак само негова репрезентација?
Сведоци сме да еден куп на културни продукти коишто само ја илустрираат апатичноста на самата идеја за културата како фасада, а не културата како жив процес на континуирано градење на вредности.
Зар една култура треба да биде репрезентација на стварноста или пак чекан со кој таа жестоко и силно ќе ја формира, обликува, пресоздава и влијае врз идните генерации како основа за изградба на здраво и современо општество.
Во таа смисла сите овие прашања во ова издание ги посветуваме на учењето, на мислењето, на обидот одново да се препрочита градот, историјата, културата како меморија која што треба да се одржува и надоградува.
Ова издание на фестивалот креираме платформа преку која ќе се создаде отворен демократски простор за МИСЛЕЊЕ, можност слободно да се мисли!!
Слободниот простор како архива на слободната мисла создадена од потребата на граѓаните да ја создадат таа библиотека од лични искуства и знаења.
Don’t Act. Just Think!!! што вика Жижек,….!!!! Можеби треба да си оставиме малку време за мислење!!!!! Да се собереме многу мнооогу граѓани и да мислиме, публиката на ова издание на фестивалот очекуваме не да гледа и доживува уметност, туку да МИСЛИ!
Повторно она што го вика Жижек „In the 20-th century , we maybe tried to change the world too quickly, the time is to interpret it again, to start thinking”.
АКТО 8, на тема ЧАС ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО претставува форма на слободно мислење, како контратежа на актуелното бурно, грандиозно и доминантно продуцирање на култура.
Филип Јовановски
Уметнички директор на фестивалот

 


ПРОГРАМА

ПЕТОК, 9.08.2013г.

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА/ Локација: ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

 20:00 –  21:00 ч.

A DAY AFTER, кореографско деби на Вероника Валдес; продукција: Плесни театар Љубљана

ОFF ПРОГРАМА/ Локација: AKTO КАФЕ ЈАГОДА

 21:00 ч.

DJ set: Sonja Ismail

 САБОТА 10.08.2013

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА/ Локација:  ПРЕД AKTO КАФЕ ЈАГОДА                             .

ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: АРХИВИ НА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ

Кураторски проект на: Ивана Васева, Филип Јовановски, Јованка Попова

Напорен и осиромашувачки е каприцот да се создаваат обемни книги; да се распространува на петстотини страници идеја чиешто совршено усно излагање трае неколку минути. Подобар начин е да се симулира дека тие книги веќе постојат и да се понуди некое резиме, коментар. Така направил Карлајл во Сартор Ресартус, така и Батлер во The Fair Heaven; дела што ја имаат несовршеноста да се книги, не помалку тавтолошки од другите. Јас, како поразумен, поневешт, помрзелив, одбрав да напишам забелешки за измислени книги.
Хорхе Луис Борхес
ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ, АРХИВИ НА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ е долгорочен кураторски проект кој подразбира процес на собирање и дистрибуирање на литература која се однесува на граѓанска партиципација, активност и реакција по пат на донации од индивидуалци, претставници на невладиниот сектор и организации и здруженија кои се согласни да делуваат во насока на градењето на отворено и современо демократско општество.
Живата библиотека претставува отворена збирка од колективно знаење формирано од страна на самите граѓани. Таа постојано се гради и надополнува, преиспитувајќи ја идејата за тоа што претставува „знаењето“ и како тоа се манифестира во услови на радикални промени во социо-политички контекст.
Карактеристика на „живата библиотека“ е лесно применлива едукативна структура и еманципаторска стратегија. Таа наметнува низа прашања за процесот на учење, селективност во однос на  меморијата, методологијата на архивирање, преиспитување на позициите на моќ и стручното, систематско и стратегиско вложување во образованието. Нејзин предмет на интерес е запознавање со општествените проблеми, нивно анализирање и критичко промислување, и тоа преку литература чии референтни теми се слободата на говор, демократска отвореност, инклузивност, граѓанскиот активизам и делување.
Притоа, индивидуалното и јавно искажување став како и поттикнување партиципација, преку избор и донирање на конкретна книга поврзана  со претпоставената тема, е основа која допринесува во обликување  на содржината на „живата“ библиотека, но во исто време станува сведоштво на колективно разбирање на актуелните состојби и креира критички дискурс кон истите.
Сосема накратко, живата библиотека генерира нови форми на граѓанско здружување и се наоѓа во функција на отворена платформа која промовира принцип на директна демократија.
Структурата на проектот подразбира две тематски целини::
– „Вагнер и Лист – Конструкции на современи митови“, која се однесува на литература поврзана со создавањето на современи митови и нивно распознавање и влијание  во современиот македонски контекст и го отвора прашањето – Како и зошто имаме потреба од митови, кои се тие и зашто погрешниот избор и толкување претставуваат опасност во денешнината?
– “Захарија Шумљанска – Симбол на пожртвуваност и активизам“, која се однесува на литература која иницира граѓанско делување и корелира со истото.
Третиот дел, кој го сочинуваат две читачки групи со гости од Македонија и регионот, претставува обид за одново исчитување на литература која се смета за значајна во денешен социјално-политички и културен контекст и чија содржина повторно подложи на коментари кои поттикнуваат граѓански активизам.
Создавањето на „нов“ и поинаков дискурс, преку одново препрочитување на дел од книгите, дозволува библиотеката којашто физички се гради, оформува и надополнува да добие статус на “жива“ библиотека.
Отворената библиотека ќе служи и како јавен простор за дебата, ќе стреми кон ефикасно и бесплатно ширење на знаење преку различни форми на дистрибуирање на истото (нови медиуми, читачки групи, акции и работилници), и ќе понуди достапност и можност за демократски пристап до литература која се смета за „субверзивна“ и која не се употребува во универзитетските курикулуми.
Во својата последна фаза, процесот на реализација на проектот подразбира креирање  на алтернативно катче, физички простор кој ќе постои независно, како контрапункт на официјалните и доминантни унивeрзитетски структури на образование.
  • 11:00 – 12:30 ч.

Градење на библиотеката насловена како „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ:АРХИВИ НА ГРАЃАНСКАТА НЕПОСЛУШНОСТ“, кратка презентација и отворање на официјалниот штанд каде се донираат книги;

  • 12:30 – 13:30 ч., дискурзивен настан;

ЛЕКЦИЈА БРОЈ 1: ВАГНЕР И ЛИСТКОНСТРУКЦИИ НА СОВРЕМЕНИ МИТОВИ

Овој дискурзивен настан подразбира кратки презентации на книги поврзани со создавањето на современи митови и нивно распознавање и влијание  во современиот македонски контекст. Исто така, го отвора прашањето: – Како и зошто имаме потреба од  митови, кои се тие и зашто погрешниот избор и толкување претставуваат опасност во денешнината?

Учесници:

  1. Роберт Алаѓозовски
  1. Никола Гелевски
  1. Бојан Иванов
  1. Билјана Исијанин
  1. Илина Јакимовска
  1. Александар Ковачевски
  1. Здравко Савески 
  1.  Александар Стерјовски
  1. Синоличка Трпкова
  1. Никос Чаусидис 

 

  • 13:45 – 14:45, дискурзивен настан;

ЛЕКЦИЈА БРОЈ 2: ЗАХАРИЈА ШУМЉАНСКАСИМБОЛ НА ПОЖРТВУВАНОСТ И АКТИВИЗАМ

Овој дискурзивен настан подразбира кратки презентации на книги во чиј фокус е литература која иницира различни видови на граѓанско делување и корелира со нив.
Захарија Василева-Шумљанска живеела во периодот од 1864 до 1937 година. Таа била основач на Домот за сираци во Битола, кој бил изграден веднаш по Илинденското востание, каде покрив над главата нашле многу деца што за време на револуционерните борби останале без своите родители. Подоцна, за време на Балканските војни, Захарија основала болница во Солун каде поткрепа и нега нашле десетици македонски борци, а основала и Дом за сираци во Софија за илјадната емиграција од Македонија.[1]

Учесници:

  1. Кочо Андоновски
  1. Наде Геневска Брачиќ 
  1. Александар Букарски 
  1. Искра Гешоска
  1. Ивана Драгшиќ
  1. Горан Јанев
  1. КООПЕРАЦИЈА (Презентацијата ќе ја води Владимир Јанчевски).
  1. Никола Миновски
  1. Оливер Мусовиќ 
  1. Софија Ристевска
  • 17:00 – 18:30 ч./ Локација: Резиденција Хаџи – Коста Милевски (ул. Славко Лумбарко бр.6)                                                                                                                                                                                ЛЕКЦИЈА БР. 3: ЧИТАЧКА ГРУПА „ПОСТ-АВТОНОМЕН ИНТЕЛЕКТ И ЛИНИИ НА ОДЛЕТУВАЊЕ ОД ДЕПРЕСИЈА“, со АРТАН САДИКУ, истражувач и предавач на Институтот за Општествени и хуманистички науки – Скопје и активист од Левичарското движење „Солидарност“ и Културниот клуб „Синдиката“.

Предложена литература: „После иднината”, Франко Берарди Бифо

Читање на поглавјето „Активизам“ од книгата „После иднината” на Франко Берарди Бифо и дискусија околу концептот на активизмот во поставтономната ера на семиокапитализмот. Разгледување на антагонизмите помеѓу Бифо и Делез во однос на политиката. Дали повлекувањето на политиката од општественото сигнализира потреба за гест на евакуирање од волјата кон интелектот?
Обновено читање на политичкото присуство во сé што постои и истовремено де-мобилизирање на желбата.
  • 19:00 – 20:30 ч. /Локација: ул. Славко Лумбарко бр. 8 А      

ЛЕКЦИЈА БР. 4: ЧИТАЧКА ГРУПА: КРИТИКА НА ПОЛИТИКАТА НА СОПСТВЕНОСТА И ГРАЃАНСТВОТО со БРАНИМИР СТОЈАНОВИЌ од „УЧИТЕЛ НЕЗНАЈКО И НЕГОВИТЕ КОМИТЕТ“И, Белград.

 Предложена литература: „Феноменологија на политичко-идеолошкото функционирање на средната класа во Југославија“, Милан Кангрга

Читачката група на колективот „Учителот незнајко и неговите комитети“ повторно го покренува мислењето на заборавениот концепт на општествената сопственост. Тектот на Милан Кангрга се воспоставил како последен текст во историјата на југословенската хуманистика кој повторно го поставил прашањето на клучниот расцеп во рамките на југословениот социјализам и кој авторот го маркирал со едноставна апсолутна дисјункција – граѓанин  или работник. Целта на читањето на овој текст е да го поставиме прашањето за актуелноста на овој текст и последиците кои ги остава оваа анализа на современите општества.
  • 20.45 – 21.30 ч.

ЛЕКЦИЈА БР. 5: ПРОЕКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ФИЛМОТ „ФАРЕНХАЈТ 451“ И КРАТКА ДИСКУСИЈА, во организација на ДЕБАТНО КИНО „КОНТРА КАДАР“, Битола.

Филмот „Фаренхајт 451“ е базиран на истоимениот роман на Реј Бредбери. Гај Монтаг е пожарникар кој живее во осамено, изолирано општество каде книгите се забранети со закон, затоа што владата се плаши од независна мислечка маса. Должност на секој пожарникар е да ги гори сите книги што ќе ги види или книги што ќе бидат пријавени од доушниците. Луѓето во ова општество, вклучувајќи ја жената на Монтаг, се конформирани, и своите информации ги добиваат од големи ѕидни екрани. Откако Монтаг ќе се заљуби во Кларис – жена која складира тајно книги, почнува да чита конфискувани книги. Преку оваа љубовна врска Монтаг почнува да се сомнева во мотивите на владата за палењето на книгите. Тој наскоро е откриен од службите и ќе мора да реши дали да се врати на својата работа или да побегне. Ако побегне, свесен е дека ќе ги сноси последиците ако биде фатен.

ОFF ПРОГРАМА

Локација. ФИМСКИ ГРАД

21:00 ч.

Концерт:

THE JOHN

ХАХАХА

 

DJ’s:

CHVARE

MACKI

TOMI BOJADJI

K.PETROVSKY

 

НЕДЕЛА 11.08.2013

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА                                   .

 Локација: AKTO КАФЕ ЈАГОДА

  • 11.00-12.30 ч.                                                                                                                                                   ЛЕКЦИЈА БРОЈ 6: ИСЦРТУВАЊЕ ПОЕЗИЈА, РАБОТИЛНИЦА СО ДЕЦА И РОДИТЕЛИ, со ХРИСТИНА ИВАНОСКА и ЈАНЕ ЧАЛОВСКИ одПРОЕКТЕН ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ“, Скопје
Идејата за оваа креативна работлница е да се потсетиме ние возразните и да споделиме со нашите деца избор од убавите и проникливи песни и раскази напишани од македонски автори, како Васил Куновски, Волче Наумчески, Оливера Николова, Стојан Тарапуза и многу други. Ние уметниците ќе подготвиме избор на творби и истите заедно ќе ги исчитаме а потоа и разработиме на креативен начин преку цртежи со креда на платото на АКТО фестивалот. На тој начин, сите заедно, децата со нивните родители, кои ќе бидат креативно водени од нас уметниците, ќе се обидеме да ги пронајдеме и да ги споделиме убавите и значајни пораки за детството, слободата и иднината.
  • 13:00-14:00: ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДА „ДРАГИША НАНЕВСКИ“

 

ОFF ПРОГРАМА

 Локација. AKTO КАФЕ ЈАГОДА

 13:00 –

DJ set:

Viktor Ristevski

 

21:00

DJ set: Goran Tech

 

* 09.08 / 10.08.2013

АКТО ТРАНСПОРТ

Бесплатен превоз со воз на релација Скопје-Битола-Скопје

 09.08.2013 – 14:30 ч. – Поаѓање од Скопје за Битола; 
03:10 ч. Враќање од Битола за Скопје;

10.08.2013 – 14:30 ч. – Поаѓање од Скопје за Битола;
03:10 ч. Враќање од Битола за Скопје;

 *Посебна благодарност за поддршката од семејство Хаџи – Коста Милевски и Поп – Андонови;
[1] Оваа информација е добиена од истражувањето на битолскиот историчар Никола Миновски а е превземена од дневниот весник Дневник.

MAPA KONECNA DA