АКТО 9

АКТО_9 ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ТЕМА [ ЧЕКАН, НЕ ОГЛЕДАЛО! ]


PROGRAMA.AKTO 9

Поаѓајки од идејата на Брехт, дека уметноста не треба да биде огледало издигнато во лицето на реалноста туку чекан со кој ќе се обликува, годинешното, девето по ред издание на Фестивалот за современи уметности АКТО во Битола (22 – 24 август, 2014) ќе се обиде да го преиспита односот на уметноста, или уметноста која се создава во актуелниот, современ момент во релација и како однос на постојани преговори и конфликт со општествените и политички конструкции. За таа цел, речиси целата програма на годинешното АКТО ќе се одвива во Мобилна/монтажната галерија на Центарот за современи уметности во Скопје која се отвори во април годинава во Скопје а која ќе биде специјално донесена во Битола за потребите на фестивалот и ќе бидe лоцирана во јавен простор во центарот на градот.
 – Оваа година ќе се обидеме во денешен актуелен социо-политички контекст одново да ја редефинираме релацијата на уметноста со општествените промени, и тоа особено во време на надоаѓање на силни националистички и конзервативни тенденции кои доминирааат со земјава но и глобално, со европскиот културно политички контекст–вели Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО.
Тој додава во рамките на ваквата концепција и како дел од официјалната програма на фестивалот ќе се случуваат неколку настани кои се поделени во три целини.
Еден дел е посветен на серијата на диксусии насловен „Возможно/невозможно –  дијалектиката помеѓу политичкиот активизам и уметноста“ во концепција на активистот и теоретичар Артан Садику. Потоа, меѓу другите настани ќе има две претстави од Скопје како и визуелен дел во кој спаѓаат изложбата You made me so sad. Now that doesn’t have anything to do with you, курирана од Ивана Васева и дела на уметници како Алексис Дебуф од Франција и уметници од Хрватска меѓу кои Маријан Црталиќ, Група АБС, Немања Цвијановиќ и Пино Иванчиќ во соработка со мрежата BCC /Balcan can contemporary.
Во рамките на ОФФ програматa ќе се одржат настани во Мобилна/монтажната галерија, напуштените хангари на Фабриката “Битолатекс” и Oфицерскиот дом а свои настапи ќе имаат Kisobran од Србија, SIZ, Мирко Попов, Васо, Igor Zotic, K.Petrovsky, Goran Tech и голем дел од локалната електронска сцена.
АКТО фестивалот со својата музичка програма останува препознатлив во поддршката на македонската електронска и indie сцена надополнета со откривање на нестандардни локации и зацврстување на нераскинливата врска на архитектурата и музиката – вели Александар Јовановски, програмски координатор за музика на АКТО.
И оваа година, за фестивалот ќе се организира АКТО ТРАНСПОРТ, бесплатниот воз Скопје-Битола, кој е неколку годишен проект на музички и уметнички настани на релација Скопје-Битола, со цел да се анимира публиката.

ПЕТОК 22.08.2014

ОFF ПРОГРАМА

14:30 – 18:30/ Локација. ВОЗ/СКОПЈЕ – БИТОЛА

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА

21:00 – 22:00 /Локација:  Мобилна/монтажна галерија на ЦАЦ (паркот до Офицерски дом)

Отворање на галеријата со изложбата на Алекси Дебуф

Коктел

ОFF ПРОГРАМА

Локација: Мобилна галерија

21:30 Концерт

МАЗНО АМА НЕ Е (Битола)

СИЗ (Куманово)

 DJ set Vaso (Pollux, Скопје)

САБОТА 23.08.2014

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА

Локација: МОБИЛНА ГАЛЕРИЈA (паркот до Офицерски дом)

CAC_Центар за современи уметности Скопје

11:00 – 12:00  Изложба: You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you.

Кураторка: Ивана Васева

12:00 – 13:30 Дискусија „Пат низ светот. Неколку причини да се биде во депресија“.

Модератори: Ивана Васева, Дејан Ивановски

13:30 – 15:30 Дискусија „Чекан или огледало? – Уметноста како алатка за подобро општество’

Модератор: Филип Јовановски

18:00 – 20:00 Перформативни шетања

Локација: Јавен простор

Учесници: Група ABS (Хрватска)

                     Јосип Иванчиќ – Пино (Хрватска)

                      МАЈМУНИ ШТО ЧИТААТ – перформанс САКАМ (Македонија)

19:00-20:00 КОНТРОЛА / перформанс

Локација: Градски автобус (поаѓање пред Мобилна галерија)

Режија: Теа Беговска

20:00-21:30 Дискусија „САКАМ“

Локација: Приватна куќа

Модератор: Мариглен Демири

21:30-22:30 КОНТРОЛА / перформанс

Локација: Градски автобус (поаѓање пред Мобилна галерија)

Режија: Теа Беговска

ОFF ПРОГРАМА

Локација: Фабрика „Битолатекс“

19:00 Критична маса –  Битола  ( збирно место–паркот до Офицерски дом )

21:00            DJ set Kišobran  ( Белград/Србија )

                        Мирко Попов ( ПМГ/Скопје )

                        Igor Zotik ( Extravaganza/Berlin )

                        K.Petrovsky ( Walk&Talk/Bitola )

НЕДЕЛА 24.08.2014

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА

Локација: Мобилна/монтажна галерија на ЦАЦ (паркот до Офицерски дом)

10:00 – 15:00  Велофест (МОФ / Скопје)

12:00-14:00 ДАЛИ БАЛКАНОТ МОЖЕ СОВРЕМЕНО? / јавна дискусија

Локација: Приватна куќа

Модератор: Артан Садику

ОFF ПРОГРАМА

Локација: Офицерски дом / AKTO 9 & Jagoda meze bar

12:00 Dj set Saso Recyd

            Sonja Ismail

            Victouer

            Dejan Dex

            Boban Manevich

            T!hoto & Hi Kick

             Berkant Kidas

             Kunich

oficijalen poster_AKTO (2) Mobilna.montazna galerija1 (1)