AKTO 11 Skopje

POP UP AKTO


Kонцепт| Тим | Пдф каталог и Постер | Фото/Видео | Прес | Фундер

Concept | Team | PDF catalog & Poster | Photo/Video | Press | Founder
 

 
POP UP AKTO – СКОПЈЕ


Неколку факти за АКТО 11 Скопје:
Куратори на фестивалот: Филип Јовановски, Ивана Васева

Кокураторки: Биљана Тануровска – Ќулавковски, Ивана Драгшиќ

Битола – Скопје – Штип – Тетово www.akto-fru.com

POP UP АКТО (ПОП АП АКТО) оваа година се случува во четири града низ Македонија, со цел преку своите содржини да ги вклучи соработниците и публиката од различните простори и контексти, а и да сподели програми и содржини.

По Битола, АКТО продолжува во Скопје, и тоа е втората фаза од АКТО – Фестивалот за современи уметности, кој во Скопје ќе се одвива од 23 до 28 септември на локации како Кино Култура, Мобилна/монтажна галерија, Железничка зграда, Капан ан, а помали содржини ќе има и во Канал 103 и во кафулето Радио бар.

ПОП АП АКТО во Битола ги отвори темите за политичката моќ на колективите и за важноста од заедничкото дејствување, кое може да создаде нови односи и структури и да го менува застојаниот/постојниот тек на настаните.

На овие идеи се надоградува и програмата во Скопје и гради две линии преку кои ја остварува својата програма.

Од една страна, проблематизира состојба во која некогаш се наоѓаат самите општества, т.е. како заробениот дух понекогаш ги затапува и најизострените сетила и ги маргинализира, произведувајќи еден генерален „паланечки“ контекст, а, од друга, ја проблематизира улогата на граѓанинот во градењето на општеството, на јавното, како и на уметникот и на културниот работник.

Во првиот дел ПОП АП АКТО соработува со граѓанската акција „Деца на планетата Земја“, како акција што промовира безбеден и слободен соживот и надминување на омразата кон „различното“, но, исто така, и создава простор за анализа на различните облици на насилство и манипулација преку другите свои настани. Како дел од оваа соработка ПОП АП АКТО во Скопје соработува и развива содржини со МОФ, Хелсиншкиот комитет и дел од содржините ѝ ги посветува на антидискриминацијата.

Од друга страна, пак, самиот фестивал за првпат го отвора прашањето на заедничкото (Commons) и теоријата на заедничкото (Commons) на Елионор Остром, добитничка на Нобеловата награда, која дава насоки на модели на самоуправување каде што се практикува редистрибуција на моќ. Како дел од дискурзивните настани, поточно панел-дискусијата и предавањето, кои се дел од програмата во Скопје, ќе се говори за различните облици на commons (заедничкото) и механизмите на одбрана на природните добра, на јавните простори и на културата. На панелот ќе бидат претставници на колективи што практикуваат заедничко (Commons) во различни полиња и ќе предложиме платформа каде што понатаму ќе може да се теоретизира на овие прашања, преку призмата на Остром. Оваа панел-дискусија има цел да ги доближи самоорганизираните, самоуправувачки заедници и борби, кои егзистираат и функционираат како примери за добра практика, и да овозможи врска меѓу нив, да ги поврзе со нашето минато искуство на самоуправување и да се зборува за аплицирање на овие можности во поширок социокултурен простор.

Како дел од дискурзивната програма ќе се отвори прашањето за улогата на уметникот во политичка и во општествена криза, каде што во формат на интервјуа ќе говорат наши и меѓународни уметници и културни работници.

ПОП АП АКТО – Скопје соработува, директно или индиректно, со повеќе организации и иницијативи, фактори на независниот културен и активистички дух во Скопје и верува дека само со заемно помагање може да се дејствува посилно и поуверено.

23.09.2016 (ПЕТОК)

22:00–00:00 / Мобилна/ монтажна галерија (Парк на франкофонијата, Скопје)

Концерт во организација на ПОП АП АКТО, во соработка со граѓанската акција „Деца на планетата Земја“, чии партнери/ поддржувачи се Фондацијата Отворено општество – Македонија, Младинскиот образовен форум, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата Метаморфозис

Sweet Raspcallions/MKD/МКД

Rib/MKD

FC Apatride UTD/ SRB

00:00-05:00 / Капан ан

Музички настап во организација на ПОП АП АКТО, во соработка со De:sonanz Festival и граѓанската акција „Деца на планетата Земја“

Grimes Adhesif / GBR

Pizza Noise Mafia / БЕЛ

Kanton6 / МКД

Darko Jordanov/ МКД

Визуализации: Lazy Kidz Visualz / МКД

24.09.2016 (САБОТА)

11:00–14:00 / Киносала на Железничка зграда

Град за сите: Работилница за читање ДУП-ови (проект на Плоштад Слобода – Freedom Square, со поддршка од Heinrich Böll Stiftung)

12:00 – 14:30/ Мобилна/ монтажна галерија (Парк на франкофонијата, Скопје)

Јавна дискусија: УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ Одговорноста на уметникот во време на политичка и општествена криза (во соработка со ПОП АП АКТО)

Соговорнички парови:

Владимир Милчин, театарски режисер/ Македонија – Златко Паковиќ, театарски режисер/ Србија

Слободан Унковски, театарски режисер/ Македонија – Зоја Бузалковска, театарски режисер/ Македонија

Небојша Миликиќ, уметник и куратор/ Србија – Алберт Хета, уметник и уметнички менаџер/Косово

10:00 – 19:00

ДиЏеј сетови со Ивана Низам и Гето Руди (во соработка со РадиоМОФ)

16:30–18:30

Јавна дискусија: Млади работници и перспективи (во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје)

Модераторка: Дона Костуранова

Говорници:

Марија Топузовска Латковиќ – Институт за социолошки и политичко-правни истражувања на РМ

Андреј Јованчевски

Кирил Дончов

Горан Трајков – граѓански активист и член на „ГЛАСНО“

19:00– 20:00

Перформанс „Нивниот пат“ (во соработка МОФ и Наталија Теодосиева и Јаков Спасов)

20:30 –21:00

Lepii X Xhoni, акустична музичка изведба (во соработка со ПОП АП АКТО)

11:30 – 19:00

Отворени пунктови, уметнички инсталации, изложби, работилници и проекции:

– Изложба „Ана Франк – Историја за денес”, МОФ и Ана Франк Хаус – Холандија

– Изработка на стенсил со Стелиос Цивас, Кипар на тема: Бегалци на отворено, МедиаАрт – МОФ

– Работилница за изработка на маици со пораки

– Друштвена игра „До новиот почеток“, МОФ

– Плакати/ ѕидни весници насловени „Човек на патот 3“, посветени на мигрантите, проект на Небојша Миликиќ, Ана Виленица и Тадеј Курепа

Пунктови и ВИДЕО БОКС – поставка „Слики за масите“

Уметници и дела:

Пункт 1: Желимир Жилник – филм „Србистан“

Презентација: Тадеј Курепа

Пункт 2: Проекција на

– видеосторијата „Поделен град“ на Љубиша Арсиќ, во рамките на проектот „Скопје ретровизор“ на Плоштад Слобода

– видео стории „Разоткривање“ во продукција ЦИВИЛ – Центар за слобода:

– Поткуп на гласачи

– Полицајци вршеле партиски притисоци на локалните избори

– Сведоштво за изборен поткуп и политичка дискриминација

– Снимки во протести во рамки на шарена револуција

– Дерала: граѓанските новинар(к)и се на барикасите на слободата и демократијата

– Ирена Стеријовска, режисерка: Се на светот почнува со идеја!

– Интервју со Зоран Стојаноски

– Интервју со Драган Додевски

– Бени Шаќири – човек ако нема слобода нема ништо

Пункт 3: Селекција на видеа во соработка со регионалната мрежа „Урбано зуење“

– Урбано зуење ви претставува: Филмови кои прават разлика:

„Како во филмовите“ од Франческо Фарали

„Љубов на прв поглед“ од Марк Плејн

„Јас и Рипката“ од Бабак Хабибифар

„Татко Храброст“ од Анамарија Ганза Хабјан

Пункт 4: Селекција на видеа во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Скопје

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија:

– „22 јули – Европски ден на жртвите од криминал од омраза“

– „Говор на омраза: Пријави и Спротивстави се!“

– „Пријави и Спротивстави се!“

– „Извлекување од толпа – Лилјана Георгиевска од здружение на стечајци „УНИТ”

– Омразата раѓа злосторства/22 July European Day of Solidarity with Victims of Hate Crime

– “Член 3” – Граѓанска иницијатива за хармонизација на националното антидискриминациско право со правото на ЕУ

– „Не во мое име!“

– „20 години Хелсиншки комитет“ (документарен филм)

– Toward justice; „Кон правдата“

– RadioHRD Macedonia –Kочо Анодовски

– Кампања „Македонија има љубов за сите“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“:

– „Кој ја пее нацијата: медиуми, молк и хетеронормативна јавност“

– „Досие за едно насилство, игнорирање и гордост“

– „Не за хомофобија во образованието“

– „Хомофобија во медиумите“

Пункт 5: Уметнички видеа:

– видео „Белвил“ од Владан Јеремиќ и Рена Радле, Србија

– видео „Легендарниот пес“ од Албан Муја од Косово

– видео „10 дена Грција 2016“ од Матија Краљ, Хрватска

– видео „Centro di Permanenza temporanea“ од Адриан Пачи, Албанија/ благодарност на уметникот и Galerie Peter Kilchmann

25.09.2016 (НЕДЕЛА)

11:00-17:00 – настан во кампот Винојуг во Гевгелија оргнизиран во соработка со граѓанска иницијатива „Деца на планетата земја“ и ПОП АП АКТО

21:00-23:00 – настан на
Sweet Raspcallions/MKD во живо во Канал 103 во рамки на емисијата „Ако никој не свири“.

26.09.2016 (ПОНЕДЕЛНИК)

17:00-22:00/ Радио бар

AFTER WORK POP UP AKTO PARTY

Соња Исмаил

Зоки Бејбе

Tanchevski

T:Zobe

27.09.2016 (ВТОРНИК)

12:00-14:00

КИЧ ТУРА низ Градот

Концепт: Плоштад Слобода и ПОП АП АКТО

17:00-20:30/ Кино Култура

Панел дискусија „Вадење од контекст: самоуправа и одржливост како алтернативи на неуспешните модели на владеење“

Адем Сулејманоски, месни заедници од реканскиот регион

Душица Радојчиќ, КЦ Ројц, Пула

Марко Брумен, Ветрињски двор – Народни дом, Марибор

Корадо Џемини, Театро Вале, Рим, Ex-Asilo Filangieri, Неапол и мрежата CTRL

Концепт и модерирање: Ивана Драгшиќ

21:00 – 23:00

Колективна одлука

изложба во киното на Железничка зграда

1. Владан Јеремиќ и Рена Радле (Белград)

2. Ивана Ивковиќ, BADco.(Загреб)

3. Нада Прља и Даниел Серафимовски (Скопје)

4. проект „Културен лифт“, Јелена Пашиќ и Матија Краљ, (Загреб)

Настап на DSPH showcase/ МКД

28.09.2016 (СРЕДА)

12:00-14:00

Прошетки низ местата на борба на 12-та скопска бригада

Конципирана од Плоштад Слобода во соработка Aнтифа историски клуб

Презентација на „Антифашистички вјесник“ на Ловро Крниќ

10:00-12:00 / Железничка зграда

Работилница во рамки на проектот IBCT (If buildings can talk)

Прошетка низ зградата во соработка со станарите од куќниот совет

19:00-20:30 / Кино сала на Железничка зграда

Предавање „Вадење од контекст: самоуправа и одржливост како алтернативи на неуспешните модели на владеење“

Ведран Хорват, Институт за политичка екологија, Загреб

21:00-22:30 / Кино Култура

претстава

ФИЛОЗОФИЈА НА ПАЛАНКАТА

Божиќен ораториум за Радомир Константиновиќ

Режија:Златко Паковиќ

Композитор и пијанист: Божидар Обрадовиќ

Сопран: Катарина Јовановиќ

Сопран: Јана Јовановиќ

Баритон: Вук Зекиќ

Оратор: Златко Паковиќ

Продукција: Центар за културна деконтаминација – Белград

23:00-01:00

ДЈ сет на Виолета Качакова

—-

ТИМ:

Филип Јовановски / уметнички директор и куратор

Ивана Васева / програмска директорка и кураторка

Биљана Тануровска-Ќулавковски / ко- кураторка

Ивана Драгшиќ / ко- кураторка

Анастасија Петревска / координаторка на програма

Барбара Петруловска / координаторка на програма

Марија Димитрова/ координаторка на програма

Ана Кнежевиќ/ хостеса

Марија Петровска/ хостеса

Мартин Чаначевиќ/ координатор за музика

Павле Игновски / продукција

Иванчо Велков/ техничка изведба

Дејан Ивановски / соработник за дизајн

Ѓорге Јовановиќ / соработник за дизајн

КОМА / графички дизајн

Кети Талевска /фотографка

Владимир Поповски/ фотограф и видео продукција

Александра Бубевска / односи со јавност

Виолета Качакова / финансиска менаџерка

Проектот ПОП АП АКТО е поддржан од УСАИД.

Каталог 
 
POP UP AKTO 11 СКОПЈЕ

AKTO - 50x70cm poster SKOPJE - ZA PECAT