Contact

Filip Jovanovski/ art director and artist
filipsj@gmail.com

Ivana Vaseva / program director and curator
ivana.vaseva@gmail.com

PR POP UP AKTO Festival for contemporary arts

festival.akto@gmail.com

pressakto@gmail.com

YOUTUBE

FACEBOOK

 

BIOS:

Филип Јовановски (1979, Битола) е визуелен уметник и граѓански активист. Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје (2012).Учествувал на повеќе групни изложби: Биенале на млади уметници (2009/2011/2013); SEAfair (Саем на електронскиуметности) – Музеј на современа уметност Скопје (2010); Фестивал Перфорације – Загреб (2010); Фестивал Синхронзирани градови (2010), Victory Obsessed(2013), Познан, Полска, Паралелни светови(2014) Дуплекс 100м2, Раскажувањето како уметничка пракса, T.I.C.A Tirana institute for contemporary arts, 2014, Самостојни изложби: Одлука (2010),Три лесни парчиња:Предлог за опера во три чина(2012) Центар за Култура Битола, Glotzt nicht so romantisch(2011) Прима Центар Берлин, Силата на Спартактистите или Моќта на љубовта (2014) Отворено Графичко студио –Скопје. Everything is eternity when we are victory obsessed, Галерија СИЗ, Ријека, Where (not) to go?, Македонски центар во Њу Јорк, во организација на Press to exit project space. ДЕНЕС (уметноста), заедничка изложба заедно со Велимир Жерновски, Иван Ивановски, Чифте Амам, Октомври 2015. Изработил околу 20-тина сценографии за театарски претстави, видео и документарни проекти. Добитник е на неколку награди за дизајн, сценографија и видео, како наградата за најдобра сценографија на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп (2010). Претставник е на Македонија на Прашкото квадриенале за сценски дизајн и простор (2011). Добитник на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС 2013 како и за специјалната награда за архитектура за проектот Мобилна монтажна Галерија на Центарот за современи уметности од Скопје, добитник е и на наградата Ладислав Баришиќ од областа на ликовната критика за проектот „Колективното делување како политичка, а не организациска одлука” (заедно со Ивана Васева). Неговите дела се во полето на истражувачки интердисциплинарни проекти кои често користат кураторски пристап и претставуваат трансформација на политички и социјални категориии во просторни слики.Еден од основачите на Факултет за работи што не се учат (2000), платформа за проекти од областа на современата култура и уметност , од 2007-ма година уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола, исто така член и еден е од основачите на Плоштад Слобода (2010), Иницијативата КООПЕРАЦИЈА(2012-2015), ЈАДРО(2012) асоцијацијата на независната културна сцена како и неколку други неформални граѓански и активистички иницијативи како платформата за граѓанска политика АЈДЕ, иницијатива ГО САКАМ ГТЦ и други.

Ивана Васева (1984, Скопје) курира, организира, менаџира и координира програми и активности поврзани со современата визуелна ументост но често и мултимедијални и интердисциплинарни проекти. Таа живее и работи во Скопје каде, заедно со уметникот Филип Јовановски, ја раководат организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје и се куратори на годишниот АКТО Фестивалот за современи уметности. Во моментов таа ја курира и менаџира едукативно – дискурзивната прогарама „Совршен уметник “ во рамки на ДЕНЕС наградата за млад визуелен уметник како и долгорочниот проект за модернистичкото архитектонско наследство и мисла  „Кога зградите би зборувале“ а учествува и во неколку истражувачки проекти и изложби во повеќе земји. Во интерес на нејзината кураторска работа и истражувања се различните формати на претставувања во современата визуелна уметност  како и колаборативните практики кои би ја потенцирале потенцијалноста и политичката моќ на уметноста во различни контексти. Во 2016 год., таа заедно со Биљана Тануровска – Ќулавковски го започна истражувањето за културни работници кое препрасна во иницијатива за менување на Законот за култура во РМ.  Досега ги спроведувала проектите„ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓански непослушност“, големите истражувачки проекти СКОПЈЕ: ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 – 2010 вол. 1, „Уметникот и Диктатурата“ и др. Заедно со Филип Јовановски е добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија за истражувачкиот проект „ Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“. Досега ги курирала изложбите You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you, МСУ има магарешки уши, ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА и др. Васева завршила студии на Факултетот за историја на уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје а била една од учесниците на проектот „Расшколувано знаење“, колективно самообразование во уметноста и културата. Има специјализирано во областа на кураторството на Кураторската програма (2011/2012) на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.

Ivana Vaseva (1984) curates, organizes and manages programs and activities in the field of contemporary visual arts and interdisciplinary practice whilst constantly exploring new formats for production and presentation. She lives and works in Skopje, and jointly with Filip Jovanovski manages the organization FRU – Faculty of things that can’t be learned. They are both curators of the past four editions of AKTO Festival for contemporary arts. At the moment, Vaseva is curating the Perfect Artist discursive/educational program connected to the DENES Young Visual Artist Award, as well as the long term project on the modernist architectural legacy and thought “If Buildings Could Talk”, while also participating in several research projects and exhibitions from a number of countries. The different formats of exhibition of contemporary visual art are in the focus of her curatorial work and, as well as the collaborative practices that highlight the potential and the political power of art in different contexts. In 2016,. She started a research on cultural workers that became an initiative for changing the culture law  in Macedonia, together with Biljana Tanurovska Kjulavkovski. Up until now, she has coordinated the projects “Living Libraries: archives of civil disobedience”, the large research projects Skopje: The Ultimate Collections of Personal Memories 1960 – 2010 Vol.1, “The Artist and Dictatorship” etc. She is the winner of the award Ladislav Barisic of AICA – Macedonia for the research project Collectictive action as political not organizational decision, together with Filip Jovanovski. She has curated the following exhibitions: You made me so sad, Now that doesn’t have anything to do with you, MSU Has Donkey’s Ears, Five Variations of Stasis: Silence, and etc. She has graduated at the Faculty of Art History in Skopje. She has a specialization in the field of curating acquired through the Curatorial Program at de Appel Arts Centre in Amsterdam (2011/2012).