Култура за граѓански промени/ Culture for Civic Changes

Проектот „Култура за граѓански промени“ на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје се базира на ставот дека културата и уметноста придонесуваат, го обликуваат општеството и го менуваат во позитивна насока. Тие не се негова кулиса или блед и површен репрезент без никаква комуникација со секојдневните случувања и со општествените и полотички околности. Токму затоа проектот потенцира дека културата и уметноста имат политичка моќ и дека развивањето на креативното дејствување го стимулира поединецот појасно да ги артикулира своите проблеми и поинвентивно да дејствува кон нејзино решавање.

Во таа смисла проектот се фокусира на директна работа и вклучување на граѓаните со целиот свој креативен капацитет во продукција на неколку јавни културно уметнички настани кои содржински но и структурно ќе ја потенцираат доминантната локална проблематика. Преку формата на уметноста, овие настани имаат за цел да влијаат врз општествениот политички и социјален контекст и ќе овозможат на поефективен начин да се активираат граѓаните и со тоа полесно да влијаат на нивните локални проблеми.

До сега се продуцираа три истражувачко – уметнички проекти како К.У.Ц. Текстил (Културно уметнички центар Текстил) во Штип инициран како уметнички проект на Филип Јовановски, куриран од Биљана Тануровска Ќулавковси во соработка со Ивана Васева. Проектот К.У.Ц Текстил беше партерски инициран во соработка со иницијативата за заштита на правата на текстилните и кожарски работници ГЛАСНО од Штип кој во процесот на работа веќе преминува во платформа за развој на уметнички и социјални практики.

Проектот„Култура за граѓански промени“ е покренат од организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје одвивајќи се во периодот од јули 2015 до јули 2016 год. Тој беше поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија. Партнери на проектот се: Плоштад Слобода – Скопје, Центар за современи уметности – Скопје, Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата – Скопје и Фондација за развој на локалната заедница – Штип.


КУЦ (Културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ Штип
Уметнички проект на:
Филип Јовановски во соработка со организацијата ГЛАСНО (Кристина Ампева, Горан Трајков, Денис Ампев, Елена Трајков-Арсева, Лазе Арсов), Кристина Костова, Кристијан Панев, Владимир Лукаш).
Кураторка на проектот: Билјана Тануровска – Ќулавковски
Стручна соработничка: Ивана Васева

КУЦ Текстил е културно уметнички центар кој има за цел да организира активности кои се осмислени во соработка со повеќе штипјани и во насока на третирање на теми кои се поврзани со локалната индустриска гранка – текстилот.
Главната оска на овој центар, која го придвижува неговото функционирање е двонеделната програма која обликува уметнички концепт замислен од уметникот Филип Јовановски. Оваа програма вклучува повеќе дискусии за работнички права и формите на синдикално здружување, работилници за деца, дискусиони средби, музички настани и друго и преку неа се обидува да поттикне платформа за размислување и споделување искуства и да создаде релации.
Една од главните активности на центарот е и работењето на организацијата „Гласно“ која се обидува да ги промовира, поттикнува и анализира правата и начините на организирање на текстилните работници во Штип и штипско со цел подобрување на нивните работнички и животни права.

Структура на организирање на КУЦ ТЕКСТИЛ (Во КУЦ Текстил ќе бидат сместени канцелариите на организацијата ГЛАСНО):

Координатор на целиот проект: Филип Јовановски
Локални координатори на проектот: Кристина Костова и Кристијан Панев
Менаџер на просторот: Горан Трајков и Кристина Ампева

Културно уметнички центар Текстил-Штип, е дел од проектот КЗГП (Култура за граѓански промени) на организацијата Факултет за работи што не се учат во партнерство со организациите: Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје, Фондација за развој на локалната заедница, Штип, Плоштад Слобода , Скопје, Центар за современи уметности, Скопје.

Филип Јовановски / биографија/ види КОНТАКТ

Гласно е здружение на граѓани на текстилните и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ШТИП
Здружението има за цел да се бори за унапредување на правата на текстилните и кожарските работници.
Визија: Граѓаните да се здружени во здружениja поради остварување на поширок заеднички опшествен интерес.
Мисија: Да биде лидер во промовирање и охрабрување на работници од тивко мнозинство да преминат во гласно се со цел надминаување на децениските проблеми .
Основни цели и задачи на Здружението се:
1.Професионално и транспаретно а воедно и оттчетни во вршење на своите обврски како здружение спрема сите актери и чинители во Опшеството.
2. Подигнување на свеста меѓу релевантните актери во текстилната и кожарската индустрија
3. Запознавање на работниците од текстилната и кожарската индустрија со основните принципи на
професионалната етика за обезбедување на поквалитетна работна атмосвера и правни совети за сите работници од текстилната и кожарската индустрија во Македонија.
4. Воспоставување на систем за интегрирање работниците од текстилната и кожарската индустрија.
5. Подобрување на соработката на релевантните институции во областа на унепредување на работничките права на социјален економски и опшествен план.
6. Подобрена афирмација на работата на организацијата
7. Воспоставување на стандарди за квалитет на помошта и услугите кои ги нудат претставниците и работодавчите и работниците на текстилната и кожарската индустрија во Република Македонија согласно домашните и меѓународните стандарди и стандардите на Европската Унија
Претседател на здружението е Кристина Ампева, Горан Трајков е граѓански активист член на Гласно.


Потоа проектот КАКО МОЈОТ ЖИВОТ СТАНА КУЛТУРЕН РАБОТНИК , кој беше прикажан во форма на истражување околу правата на културните работници во форма на предлог закон за промена/дополнување на законот кој би ги регулирал професионалните права на културните работници и во форма на перфромативно предавање во авторство на Биљана Тануровска Ќулавковси и Ивана Васева и соработка со теоретичарот на современ танц, Рок Вевар од Словенија.

Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената
предавање/ презентација на Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева
06 јули 2016 (среда)
Кино Култура, Скопје
19.30 часот

„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“ е предавање/ презентација на Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева кое ќе се одржи во Кино Култура, Скопје во среда (06.07.2016) во 19.30 часот.

Недостатокот од работни услови кој продуцира своевиден кршлив, непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа како и постојаната преокупација со професионалните ангажмани за кои никогаш нема доволно време, е една од главните теми која авторките ја разработуваат.

„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“, презентација/ предавање, кое го изведуваат двете авторки има елементи на перформанс кој драматуршки го разработија со заедно со теоретичарот и драматург Рок Вевар од Словенија. Изведбата на оваа презентација/предавање е вид на експериментален формат и структура која има за цел да ги нагласи и истакне условите и контекстот во кој работат културните работници посебно оние кои се дел од независната културна сцена т.е. оние кои работат самостојно и не се дел од државниот или приватниот сектор во земјава.

Оваа нивна презентација се базира на подготовката на иницијативата „Работнички права на културните работници – Позиција на културните работници во независната културна сцена во Македонија“ која се подготвуваше во изминативе неколку месеци, во работни групи во кои учествуваа Биљана Тануровска – Ќулавковски, Ивана Васева, Виолета Качакова, Ивана Драгшиќ, Нада Пешева, Сафет Ахмети, Никола Узуновски, Мирко Попов, Ненад Тонкин, Гоце Наумов, Влатко Георгиев, Климент Попоски, Елена Ристеска, Сабрина Железник, Анастасија Петреска, Горјана Јордановска, Сања Арсовска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Милан Живковиќ.
Целта на оваа иницијатива е од позицијата на учесници во независната културна сцена да се преиспита терминот културен работник – слободен уметник и стручњак за култура, односно да се дадат предлози за негово (ре)дефинирање во рамки на „Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и нaчинoт на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет, на самостојните уметници“ како и Законот за култура.
Од истражувањето и праксата може да се заклучи дека во државата сеуште се практикува класичната поделеност на уметностите според која се одредуваат и верификуваат професиите во полето на уметноста и културата. Може да се заклучи дека не се пратат новите тенденции во уметноста и културата и „поновите“ професии не се вклучуваат во официјалниот дискурс или практика, или поточно во правната регулатива. Поради тоа, не се валоризира трудот, работата и учеството во градењето на сцената на одредени чинители на културната и уметничката сцена.

Васева и Тануровска – Ќулавковски претходно заедно соработувале на повеќе проекти меѓу кои и дискусијата/игра „Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра?“ која досега беше изведувана во Скопје, Битола и Љубљана. Со овој најнов проект тие ја продлабочуваат соработката во истражувањето, создавањето и изведувањето на нови формати на презентација и предавање на специфични теми во полето на културата.

Предавањето/ презентацијата како и иницијативата се разви во рамки на проектот „Култура за граѓански промени“ на организација на „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ Битола/ Скопје кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија. Партнери на проектот: Плоштад Слобода, Скопје; Центар за современи уметности, Скопје; Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје и Фондација за развој на локалната заедница, Штип.

Биографии:

Биљана Тануровска – Ќулавковски активно дејствува во полето на независниот културен сектор, иницира, програмира и раководи со многубројни проекти поврзани со современите изведувачки уметности, културни политики, модели на соработки, едукација, фестивали и институции. Коосновач и извршен директор е на НВО „Локомотива“ од 2003 година, што ги кооснова “Кино Култура“ – простор за современи изведувачки уметности и современа култура, и „Јадро” – Асоцијација на независната културна сцена, каде што е дел од Управниот одбор. Во 2005 година ја кооснова и активно ја развива „Номад Танц Академија“ – платформа за современ танц. Работи како консултант на програма за Европската фондација за култура, консултант за развој на методологија за стратегија за култура на град Скопје, и развој на регионалната стратегија за културен развој на пелагонискиот регион. Фокусот на нејзиниот професионален интерес е во истражувањето на културните политики, проблематизирање на нивното влијание врз развојот на социокултурниот систем, работните услови, уметничката практика и управувачките модели на институциите. Работи како предавач на ФМУ во Скопје, а и независно, и како (ко)уредник на публикации и списанија. Објавува стручни текстови во поле на изведувачките уметности, културна политика и менаџмент во културата. Таа е дипломиран историчар на уметност и магистер по интеркултурализам, менаџмент во културата и културна политика. Во моментот е докторанд на Факултетот на драмски уметности во Белград.

Ивана Васева / биографија/ види КОНТАКТ

***

How my life turned into a cultural worker – cultural workers take the stage” was shown in a form of a research analysing the rights of cultural workers resulting in an initiative towards change/ addition to the Law of culture that would regulate the professional rights of cultural workers and a lecture performance in authorship by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Ivana Vaseva in collaboration with contemporary dance theoretician Rok Vevar from Slovenija.

How my life turned into a cultural worker – cultural workers take the stage

lecture/performance by Biljana Tanurovska – Kjulavkovski and Ivana Vaseva

06 July 2016 (Wednesday)

19.30h

“How my life turned into a cultural worker – cultural workers take the stage” is a lecture performance by Biljana Tanurovska-Kjulavkovski and Ivana Vaseva.

The lack of working conditions, which produces a sort of fragile, volatile, uncertain, or insecure way of working, as well as the constant preoccupation with professional engagements for which there is never enough time, is one of the main subjects elaborated by the authors.

“How my life turned into a cultural worker – cultural workers take the stage”, presentation/lecture performed by the two authors, has elements of a performance, which has been dramaturgically developed together with the theorist and playwright Rok Vevar from Slovenia. The performance of this presentation/lecture is a kind of experimental format and structure, that aims at emphasizing and highlighting the conditions and the context in which cultural workers act, that is those who work independently and are not a part of the state or the private sector in the country.

This presentation is based in the preparation of the “Labor rights of the cultural workers – position of cultural workers in the independent cultural scene in Macedonia” initiative, which has been prepared in the past several months within working groups with the participation of: Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, Ivana Vaseva, Violeta Kachakova, Ivana Dragsic, Nada Pesheva, Safet Ahmeti, Nikola Uzunovski, Mirko Popov, Nenad Tonkin, Goce Naumov, Vlatko Georgiev, Kliment Poposki, Elena Risteska, Sabrina Zeleznik, Anastasija Petreska, Gorjana Jordanovska, Sanja Arsovska, Ivana Pavlakovic, Natalija Teodosieva, Simona Dimkovska, and Milan Zivkovic.

The aim of this initiative is to rethink the term “cultural worker” – freelance artist and culture professional from the position of participants in the independent cultural scene, or to make suggestions about its (re)defining within the frame of the “Rules for determining of the criteria, ways, and procedures of providing favorable conditions and compensations from the state budget funds to the freelance artists”, as well as of the Law on culture.

From research and practice, we can conclude that in the country is still practiced the classical division of arts, according to which are determined and verified professions in the field of art and culture. We can conclude that the latest trends in arts and culture are not followed, as well as the “more recent” professions are not included in the official discourse or practice, or rather in the legislation. Therefore, labor, work and participation of some factors on the culture and artistic scene in its building are not valorized.

Vaseva and Tanurovska-Kjulavkovski have previously collaborated on several projects, among which the discussion/play “How to make a festival with 100 euros and with 1 million euros?” which has so far been performed in Skopje, Bitola, and in Ljubljana. With this latest project, they deepen the cooperation in research, creating and performing of new formats of presentation and lecture on specific topic in the field of culture.


Третиот истражувачки проект кој беше продуциран е Женското тело во јавните институции – женското тело во отпор, во авторство на Ивана Драгшиќ под дискурзивно и теориско менторство на Славчо Димитров и кураторство на Ивана Васева. Проектот беше претставен во форма на „Речник на искуството“ на женското тело во јавните институции и женското тело во отпор кој беше изведен во перформативна форма. Тој речник се состои од најчесто користени зборови од жените при споделување на искуствата, зборови со кои се именуваат предметите симболични за искуството и зборови до кои е дојдено преку сублимација на многу текстови и зборовни игри.


проект „Филм за граѓански промени“, Битола

Организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола распишa отворен повик за заинтересирани за создавање на непрофесионален краткометражен филм на тема „Филм за граѓански промени“ во времетраење од 3 до 5 минути. Повикот беше отворен во периодот од 10 – 17 јуни 2016 година. Сите заинтересирани работеа во просториите на Интимен театар Битола (ул. Стив Наумов бр.35 Битола), а право на учество имаа сите граѓани на Битола кои се заинтересирани во кратката филмска форма и мислат дека можат да го искажат својот став за средината во која живеат преку филм.

Пред создавањето на краткометражните филмови учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основните елементи од филмскиот јазик во рамки на 2 работилници (на 17 и 18 јуни 2016 год. и 18 и 19 јуни 2016 год.) кои ќе ги водат професионалци од областа на филмот а потоа заедно со монтажер, снимател и сценарист ќе работат на преточување на идејата во филм.

Учеството е бесплатно и бројот на учесници не е ограничен.

Пријавување најкасно 17 јуни (23 часот) на следната е-маил адреса: filmzagragjanskipromeni@gmail.com

Заинтересираните треба да пратат кратка биографија и идеја за филм за граѓански промени.

Сите филмови ќе бидат прикажани во Битола и Скопје (датумот ќе биде дополнително одобрен) при што ќе биде доделена награда за најдобар краток аматерски филм од страна на стручно жири.

Овој настан се одвива во рамки на проектот „Култура за граѓански промени“ кој во текот на 2015 и 2016 години во Битола, Скопје и Штип се обидува да вклучи млади луѓе, уметници, активисти, граѓани директно во процесот на креирање и продуцирање на уметнички настани кои во својата природа ќе ги вклучат општествените актуелни проблеми на локалниот контекст и ќе ги преточат во културно уметничко дело.

Во склоп на проектот „Култура за граѓански промени“ беа пријавени 7 учесници кои изработија три краткометражни филмови на тема „Филм за граѓански промени“.

1. „Гласот на средношколците“ Јани Патче
2. „Будење“ Златко Никодиновски
3. „Радио Б” Коста Дупчинов и Александар Џумковски
4. “Престап” Весна Ристовска, Ѓорги Пулевски и Симон С.

„Престап“ е еден вид на видео архивирање на институциите во Битола кој имаат или немаат обезбедено пристап за лицата со попреченост. Паралелно со кадрите од институциите, е интервјуирано лице кое 35 години се бави со оваа проблематика – прим. Д-р. Нико Јанков.

„Ќе те носам покрај брегот“ е документарен словенски филм, приказна за еден посебен пар, со попречености. Нина има целебрална парализа, која што ги грчи нејзините мускули, па е во инвалидска количка, а Домен доживеал тешка сообраќајна несреќа пред осумнаесет години, која го „обележува“ до крајот на животот. И двајцата поради нивните физички ограничувања знаат како е да си различен во очите на другите.

Филмот навлегува во интимата и врската на парот, со акцент на нивниот одмор на море, кога тие се првпат сами, првпат на море и првпат како и „сите други“, т.е. како останатите „нормални“ двојки.

Јавни настани:

Проекција на краткометражни филмови

Локација: Интимен театар, Битола
Дата: 15.07.2016
Час: 18:00-20:00 часот

Проекциите ќе се одржат во просториите на интимен театар во Битола.
По проекциите ќе следува изложба на фотографии од Фото Кино Клуб Битола
30 минутен музички перформанс од Дејан Петровски
Пред крајот ќе бидат доделени награди за учество во конкурсот.

Проекција на краткометражните  филмови: „Престап“ и „Ќе те носам покрај брегот“ и дискусија

Локација: Кино Култура – Скопје

Дата: 13.07.2016

Час: 20:00 часот

Лидер на настанот:

Ѓорги Пулевски и гостин – доктор од Скопје