Сеќавање на еден град: Микроутопии и стварности/ Memories of a city: Micro utopias and realities

(For English scroll Below)

СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: МИКРОУТОПИИ И СТВАРНОСТИ

регионална конференција и работилница

20 – 23 ноември 2013 год.

Концепт: Филип Јовановски, Ивана Васева

ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Проектот СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Микроутопии и стварности подразбира регионална конференција и работилница „Аутомакедонија – сигурно место?“ со Борис Бакал (Shadow Casters, Загреб) со цел да поттикне дијалог не само меѓу експерти туку и со пошироката јавност за прашања поврзани со јавниот простор како и местото на поединецот во него и неговата лична одговорност во време на негово целосно редефинирање, комодифицирање и контролирање.
Јавниот простор е сé повеќе узурпиран од неолибералните сили како приватизацијата и комерцијализацијата но и од државната контрола и идеолошки апарат при што се органичува идејата за заеднички, отворен и дискурзивен простор што доведува до сериозно нарушување на граѓанскиот идентитет со крајно сериозни политички импликации врз демократијата.
Преку разгледување на различни типови на  активистички и граѓански проекти кои го преиспитуваат моделот за јавен простор како отворена платформа за граѓанско делување, во рамките на различните презентации, дискусии и работилница, овој проект се стреми да ги постави но и разгледа прашањата: што е јавен простор и чиј е јавниот простор и од друга страна, што си замислуваме (или посакуваме) дека треба да биде јавен простор?
Конференцијата е составена од кратки презентации на иницијативи и проекти продуцирни  во земјава и регионот со цел пошироко да се поразговара за прашања поврзани со јавниот простор а во корелација со:
  1. Граѓански активизам ПРОМАШЕН ГРАД – кои се местата од јавен карактер и што тие им нудат на активистите? Јавниот простор како место каде се одвиваат движењата за социјална правда;
  2. Современи уметнички практики во јавен простор ОРНАМЕНТОТ Е ЗЛОЧИН? – (не)инволвираноста на уметниците и работниците во културата во менувањето на јавниот простор;
  3. Современата критичка теорија и перцепцијата на јавниот простор ГРАДОТ, ЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАРГИНА;
  4. Институциите на културата и уметноста како актери во јавната сфера ИМАМ ИНСТИТУЦИЈА, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ? – место на инклузивност, партиципација и отворена дебата.
  5. Правата на маргинализирани заедници – ЛГБТ заедница ГРАДОТ ИМА ЉУБОВ СКОРО ЗА СИТЕ– јавното место како антагонистичко место составено од многу различни светогледи и како извор на легитимитет на различни општествени групи;
Во време кога идејата за правото на град стана силен императив предизивикан од насилната желба за конструкција на нов урбан идентитет проследен со бројни закани по урбаното живеење, ургентна е потребата од контруирање на нови механизми со кои граѓаните ќе и се спротистават на оваа ситуација. Во последните години, сведоци сме на насилна узурпација на градскиот живот преку различни (пред сé физички) форми на бришењето на историјата и меморијата на едно веќе дефинирано градско јадро, коешто се одразува како метастаза и во други области (не само физички) од градот коишто го дефинираат неговиот културолошки идентитет.
Слични проблеми се препознаени во регионот, каде машинеријата на државниот капитализам безмилосно ги поттиснува правата на граѓаните чии механизми за отпор остануваат заглавени во доминантните владеачки позиции во силен спрег со моќта на пазарот.
Во таа смисла, овој проект се стреми да отвори нов простор за разговор, дискусија, размена на искуства со цел да се создадат нови идеи за решенија и видливост на проблемите.
За крај, само ќе се потсетиме на едно предавање на архитектот Живко Поповски од пред 10-тина години, во кое изјави „ Скопје ја изгуби професијата шетач, професијата шетач во еден град е многу сериозна работа“. Е, така некако го доживуваме овој град, шетачите се изгубија, градот остана празен, доволен на самиот себе.
Филип Јовановски, Ивана Васева

СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: МИКРОУТОПИИ И СТВАРНОСТИ

Регионална конференција
ГЕМ клуб, Скопје
22 и 23 ноември 2013 год.
Концепт: Филип Јовановски, Ивана Васева

Гости – предавачи: Никола Наумоски (Македонија), Теодор Целакоски (Хрватска), Тадеј Курепа (Србија), Максим Наумовски и Оливер Илиевски (Македонија), Васко Лазаревски (Македонија), Ивана Драгшиќ (Македонија), Иницијатива Кооперација (Македонија), Борис Бакал (Хрватска), Немања Цвијановиќ (Хрватска), Елена Вељановска (Македонија), Никола Гелевски (Македонија), Катерина Колозова (Македонија), Горан Јанев (Македонија), Артан Садику (Македонија), Зоран Петровски (Македонија), Славен Тољ (Хрватска), Искра Гешоска (Македонија), Никола Писарев (Македонија), Дина Јокановиќ (Хрватска), Ирена Цветковиќ (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Кочо Андоновски (Македонија).


Аутомакедонија – сигурно место?
Работилница
Лидер: Борис Бакал (Shadow Casters, Хрватска)
20 – 22 ноември 2013

Во денешно време кога поимот сигурност и сигурно место е целосно доведен во прашање, и во фигуративно, односно пренесено значење, но и во секојдневнието, испитувањето и проучувањето на значењето на сигурноста е речиси императив/предизвик.
Некои од прашањата кои ги адресира оваа работилница се: Што е сигурност? Како сме сигурни дека сме сигурни? Што е сигурно место? Зашто е градот (не)сигурен? Што е тоа што нас не прави несигурни (во себе)? Кој или што нас не осигурува и зашто? Зашто (не)сакаме (не)сигурност? Како изгледаме/ делуваме кога сме сигурни?
Овие и слични прашања ќе се разгледуваат, дискутираат и доведуваат во прашање (воспоставувајќи стварносна проверка на сите споменати/ напишани зборови и термини/ синтагми) низ една урбано/антрополошка работилница за вистинските, виртуелни и магиски/поетски аспекти на сигурноста (просторот/ градот).
Работилницата тргнува и се движи од и околу едно реално место во градот Скопје и се одредува според него, како кон место како локација(location/site)  и како простор (space).  Ова место е едвај забележливо модернистичко дело од 50-тите години на минатиот век познат како Аутомакедонија.
Во текот на работилницата ќе се откриваат неговите урбанистички, сеизмички, статички и естетски квалитети и мани, но и неговото симболично значење за градот. Ќе се фокусира на неговите реални но и имагинативни наративи, со неговата историја и акупунктурна важност за градот Скопје, македонската култура, но и можното значење за регионот во контекст на промислување на градот, сигурноста , заедништвото/соживотот/солидарноста.

Борис Бакал (Загреб) е театарски/филмски режисер и актер, интермедијален уметник, активист. Низ неговата, речиси триесетгодишна кариера, тој бил автор на театарски и филмски проекти, перформанси, инсталации и мултимедијални уметнички дела кои биле претставувани на фестивали и изложби во над 20 земји низ светот (вклучувајќи Bologna Cultural Capital of Europe 2000, Steirischer Herbst, Bollwerk Beluard International, Eurokaz, Urbanfestival, Thealter, Bitef, Interferences, MESS и други). Неговата работа меѓу другото е обележана со изразено истражување на специфичноста на одредено место/време и на интерактивните елементи на уметноста.

Shadow Casters е уметничка и продукциска платформа основана во Загреб, во 2002 година. Таа е посветена на интердисциплинарна соработка, создавање и рефлексија, како и на трагање по нови креативни јазици пред сѐ на полето на перформансот, урбаната и јавна уметност, новите медиуми и нивните хибриди. Shadow Casters ги преиспитуваат постоечките концепти на индивидуалните и колективните идентитети, работејќи со сите видови на социјална, политичка и културна нетолеранција и сегрегација, поттикнувајќи дебата за природата и противречностите на тековните глобализациски процеси.
За својата работа, Shadow Casters имаат добиено различни меѓународни признанија и награди а своите остварувања и проекти биле претставени и се продуцирани во повеќе од 30 земји и на три континенти (Азија, Европа, Северна Америка).


*Овој проект се надоврзува на настанот „СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД“ составен од две јавни дикусии и работилница одржани во НУ Центар за култура – Битола, во јануари, оваа година.

Проектот е во организација на партнерските организации : Факултет за работи што не се учат (ФРУ) во соработка со Shadow Casters -Загреб

Проектот е поддржан од Фондацијата Отворено Оштество Македонија (ФООМ) со поддршка на програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства.


RECOLLECTION OF A CITY: MICRO UTOPIAS AND REALITIES

Regional conference and a workshop

20 – 23 November 2013 год.

Concept: Filip JovanovskiIvana Vaseva

PROGRAM_conference_RECOLLECTION OF A CITY_MICROUTOPIAS AND REALITIES

The project “Memory of a City : Micro utopias and realities” involves regional conference and a workshop “AutoMacedonia – a safe place?” with Boris Bakal (Shadow casters, Zagreb) in order to encourage dialogue among experts but also in the public regarding the questions related to public space, the individual, his place and his responsability in times of redefining, comodifying and control.
The public space has been usurped by the neoliberal forces, privatized, comercialized, but also by the government control and the ideology which confines the idea of common, opened discursive space which leads to serious disturbance of the civil identity with extreemly serious political implications in democracy.
By examining different types of activist and civil projects which reconsider the model of public space as an open platform for citizen activity, within the frames of various presentations, discussions, workshops this project strives to impose and review the questiones: what is public space and who does it belong to, how do we imagine or wish that a public space should look like?
The conference includes short presentations of initiatives and projects produced in the country and the region in order to raise issues related to public space in corelation with:
  1. Citizen activism FAILED city – Which places are public and what do they offer to activists? Public space as a place for social justice movements;
  2. Contemporary art practices in public space IS THE ORNAMENT A CRIME? – (un)involvement of the cultural workers and artists in changing the public space;
  3. Contemporary theory of critisism and perception of public space THE CITY, CENTRAL MARGINE;
  4. Institutions of art and culture as active participants in the public sphere I OWN AN INSTITUTION- THEREFORE I EXIST? – place for inclusion, participation and open debate.
  5. The rights of marginalized communities- Lesbian Gay Bisexual Transexual Community THE CITY LOVES EVERYONE- public space as a place of antagonist activity, a source of different ideas, points of view and legitimacy of different social groups;
In times when the idea of a right to a city became a strong imperative caused by the outrageous desire for construction of a new urban identity and many perils to the urban living, the urge of construction new mechanisms as a way of expressing resistance to this situation is necessary. In the last few years we have witnessed an usurpation of public life through different (in the first place physical) forms of erasing history and the memory of an already defined city core, which influences and expands metastatically in other areas (not only physical) of the city which defines his cultural identity.
There are common problems in the region where the machinery of the state capitalism ruthlessly undermines the rights of the citizens whose resistance mechanisms remain stuck by the dominant ruling forces and the power of the market.
In this context, the project has the goal to open a new space for discussion, exchange of experiences so that new ideas would develope and new ideas for solutions and transparency of issues would be found.
At the very end we will remind you of a lecture from Zhivko Popovski, the architect where he said “Skopje had lost its walker proffession, walker proffesion in a city is a very important thing”. This is the feeling we have, the walkers are gone, the city is empty, full of itself.
Filip Jovanovski, Ivana Vaseva

RECOLLECTION OF A CITY: MICRO UTOPIAS AND REALITIES

Regional Conference

Club GEM, Skopje

November 22-23, 2013
Concept: Filip Jovanovski, Ivana Vaseva

Guests – Lecturers: Nikola Naumoski (Macedonia), Teodor Celakoski (Croatia), Tadej Kurepa (Serbia), Maxim Naumovski and Oliver Ilievski (Macedonia), Vasko Lazarevski (Macedonia), Ivana Dragsik (Macedonia), Iniciative Cooperation (Kooperacija) (Macedonia), Boris Bakal (Croatia), Nemanja Cvijanovic (Croatia), Elena Veljanovska (Macedonia), Nikola Gelevski (Macedonia), Katerina Kolozova (Macedonia), Goran Janev (Macedonia), Artan Sadiku (Macedonia), Zoran Petrovski (Macedonia), Slaven Tolj (Croatia), Iskra Geshoska (Macedonia), Nikola Pisarev (Macedonia), Dina Jokanovic (Croatia), Irena Cvetkovic (Macedonia), Velimir Zernovski (Macedonia), Kocho Аndonovski (Macedonia).


AUTOMAKEDONIJA – a safe place?
Workshop
Leader: Boris Bakal (Shadow Casters, Croatia)
November 20-22, 2013

Nowadays, the term security and a safe place is being questioned, also in a figurative sense, but in everyday practices, the investigation and examination of the meaning of the term-security is an imperative, a challenge.
Some of the questiones addressed in this workshop are: What is security? How are we sure that we are safe? What is a safe place? Why the city is not safe? Why aren’t we (self)confident? Who is keeping us safe and why? Why do(not) we like (un)security? How do we look like/react when we are safe?
These and similar questions will be discussed and question (checking all the words and terms written above/syntagmes) through an urban/anthropological workshop about the real, virtual, magical/poetical aspects of security (space/city).
The workshop starts and moves toward a real place in the city of Skopje, is defining itself as a location/site and as space. This location is barely visible modernist creation from the 50’s in the last century known as Automakedonija.
During the workshop, its urban, seismical, statical and esthetical qualities and flaws will be discovered, but also its symbolical meaning for the city. The real and imaginative naratives will be in the focus along with the history and its acupunctural importance for Skopje, Macedonian culture, but also the possible meaning to the region in the context of analysing the city, the security/solidarity/coexistence.

Boris Bakal (Zagreb) is a theater/film director and actor, intermedia artist and activist. In his 30-year long carrier he has been an author of theater and film projects, performances, installations and multimedia artworks presented at festivals and exibitions in more than 20 countries worldwide (including Bologna Cultural Capital of Europe 2000, Steirischer Herbst, Bollwerk Beluard International, Eurokaz, Urbanfestival, Thealter, Bitef, Interferences, MESS and many other). His work among other things is marked by the research of the specificity of certain time/space and interactive elements of art.

Shadow Casters represents an art and production platform, founded in Zagreb in 2002. It is dedicated to inter-disciplinary cooperation, creation and reflection searching for new creative languages in the field of performance, urban and public art, new media and hybrids. Shadow Casters examine the existing concepts of individual and collective identities working on social political and cultural intolerance and segregation, encouraging debates about nature and contradictions of the actual globalization processes.They have received many international prizes and awards and their projects have been presented and pruduced in over 30 countries on three continents (Asia, Europe, North America).


 

* This project is in the same line/aligns with the event “Memories of a city” composed of two public discussions and a workshop that took place in the Center of Culture -Bitola in January, this year.

The project is organized and supported by partnership organizations : Faculty for things that can’t be learned (ФРУ) in cooperation with Shadow Casters -Zagreb

The project is supported by the Foundation Open Society (FOS) with the support of the programme East-East for international cooperation.