СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК/ THE PERFECT ARTIST

/ For English scroll below/

СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК

Дискурзивно – едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

Партнери на едукативна програма: ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe и Центар за современи уметности – Скопје

Временски период: мај – јули 2017 год.

Локации: Скопје: Кино на Железничка зграда во Скопје, Мобилна/ монтажна галерија на ЦАЦ и Кино Култура

Партнери на наградата ДЕНЕС: ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје и Центар за современи уметности – Скопје

 

КРАТОК КОНЦЕПТ:

Дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ која за прв пат се случува оваа година е дел од биеналната нагарада ДЕНЕС, која од 2003 год. се доделува на млад визуелен уметник до 35 години.

Наградата ДЕНЕС досега ја организирал Центарот за современи уметности – Скопје  а од 2015 год. како коорганизатор се приклучува ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје.

Оваа програма е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје a во партнерство со Центарот за современи уметности – Скопје и Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe.  Тргнувајќи од самиот концепт на организацијата која инкорпорира знаења кои се споделуваат, разменуваат и взаемно надоградуваат а не се студираат или научуваат, оваа програма произлегува од потребата за едно консолидирано, посветено и артикулиано место за значења од областа на современата визуелна уметност.

Прекаријаните услови – немањето можности за работа на полето на уметноста, фондови за развој и унапредување на уметничките можности и аспирации, но и ретроградната и непосветена едукација се причина за развој на оваа програма. Оттаму, идејата е преку практично но и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се воспостави општествена инклузија на младите уметници но и нивната непосредна околина и да се понудат можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава посебно во визуелната уметничка дисциплина.

Програмата вклучува голем број на локални, регионални и интернационални гости, првенствено се однесува на млади уметници од цела Македонија (до 35 години) но сите јавни настани може да ги проследува поширока публика. Таа ќе се одржи на три локации во Скопје: Мобилна/ монтажна галерија, кино на Железничка зграда и Кино Култура. Таа е бесплатна и се одржува на македонски и англиски јазик.

 

СТРУКТУРА:

Едукативната програма е поделена на два семестри.

Првиот семестар ќе се случува во периодот од мај до јули и подразбира 4 модули на посебни теми како и неколку активности кои ги поврзуваат и се однесуваат на темите.

Вториот семестар ќе се случува во периодот од септември до декември и концепциски ќе се разликува од првиот бидјеќи ќе содржи повеќе јавни предавања и практични задачи.

Теми и дати на модулите од првиот семестар се:

ПРВ МОДУЛ: 13 и 14 мај/// „Fine Line Between Life and Art (…Draw Your Future)“ се однесува на развојот на социјално ангажираната уметност или поконкретно уметноста која станува блиска со животот и овозможува  поголема видливост на одредени и важни општествени прашања и се обидува да даде креативни идеи и начини на соочување со одредени проблематики.

ВТОР МОДУЛ: TBD ///„Inside and Outside contesting the frame: Contemporary curatorial and art practices“ се однесува на изложувања на историјат на поединечни но и групни изложби, кураторски практики како и на историјата на изложби на Балканот и во поранешна Југославија.

ТРЕТ МОДУЛ: TBD /// „Art market and its consequences. How should we continue living like this?“ се  однесува на економскиот контекст на уметноста и уметничкиот маркет со разните свои појавности: комерцијални галерии, уметнички саеми, биеналиња. Зашто го нема во земјава и дали треба воопшто да го има.

ЧЕТВРТ МОДУЛ: TBD /// „Thinking outside the frame. Independent cultural scene and cultural workers“ се однесува прекаријатните услови на независната културна сцена како и институционалното функционирање.

Завршувањето на првиот семестар ќе се заокружи со голем настан во јули во Скопје и публикација и е вовед кон ПОП АП АКТО Фестивалот во Битола.

Модулите во првиот семестар содржи затворени сесии само за учесниците и отворени сесии за сите оние кои се заинтересирани.

Затворените сесии содржат четри модули. Секој модул содржи дводневни активности вклучувајќи предавање и работилница со куратор/ теоретичар/ уметник од странство, практична работа со еден уметник од Македонија како и повеќе разговори и дискусии со различни профилирани актери од општествениот живот во земјава.

Учеството на затворените сесии ќе се гарантира преку отворен повик и по препорака на историчари на уметност, куратори, професори и теоретичари на уметност.

Отворените сесии се наменети за пошироката јавност и се во вид на дискусии со куратор/ теоретичар/ уметник од странство и нивен локален колега.

Затворените работни сесии ќе бидат на македонски јазик додека јавните сесии со гостите од странство ќе бидат на англиски јазик.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО МОДУЛИТЕ:

 За учество во затворениот дел од програмата се охрабруваат да се пријават сите студенти по визуелна уметност и млади визуелни уметници до 35 години. Сите пријавени ќе мора да учествуваат во четрите дводневни модули и ќе им биде обезбедено храна. За сите учесници кои се надвор од Макеоднија ќе им биде обезбеден пат, сместување и храна.

Овој повик се отвора на 18 април 2017 год. и трае до 05 мај 2017 год.

Изборот на учесници ќе го направат Ивана Васева, Филип Јовановски и Милан Живковиќ а тие ќе бидат објавени најдоцна 06 мај 2017 год.

Со овој повик се објавува и отворениот повик за нагарада ДЕНЕС 2018. Тој ќе трае до ноември 2017 год.

Она што е особено важно да се нагласи е дека учеството во оваа програма не ги квалификува уметниците директно во финалето за наградата ДЕНЕС 2018 но организаторите силно ги охрабруваат да земат дел од неа затоа што ќе значи дополнителна референца.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВА НА ЕДУКАТИВНАТА ПРОГРАМА: 

– Професионална биографија

– Кратко мотивациско писмо

– Електронско портфолио со јасно наведени активности

* Она што е особено важно да се нагласи е дека наградата е наменета само за уметници од визуелната уметничка дисциплина. Тоа значи дека уметниците може да имаат другa едукативна биографија но дека нивниот уметнички сензибилитет, како и нивната намера е да творат во визуелната уметност. Со тоа, едукативната програма т.е. затворените сесии се првенствено наменети за нив но тоа не ги исклучува исто така и оние кои се навистина заинтересирани да ја посетуваат.

 

КУРАТОРКА ИДЕЈА ЗАД ПРОГРАМАТА:

Порака од Ивана Васева

2017 почна толку несигурно и со багаж од 2016 што и веќе на средината на четвртиот месец, додека се подготвува оваа програма, сеуште има толку многу толкувања колку што можат да се замислат и неизвесности. Во моментов идејата за стабилно општество сеуште се раздрмува со различни постапки, сеуште немаме влада а со тоа ниту функционални институтуции.

Уметничката сцена е дезинтегрирана и без стратегија веќе долго време. Образовните институции продолжуваат со своите ретроградни курикулуми, институциите на културата и уметноста се нереформирани и неажурирани а во изминативе години едвај и да постојат неколку независни простори кои продуцираат поинакви размислувања во современата визуелна уметност.

Уметниците, поконкретно оние визуелните, како и целата околина околу нив, кураторите, историчарите на уметност, критичарите, теоретичарите, менаџерите итн.  исто така се  жртви на биполарната поставеност на општеството – додека едните го бранат својот интергритет промовирајќи национални вредности и работејќи согласност нив и ја деградираат уметноста и уметничките техники за чисто дневно партиски цели, останатите или се обидуваат на различни начини да ги отелотворат своите идеи или сосема ја напуштаат својата уметничка вокација прифаќајќи да работат нешто сосема друго.  Оттука се поставува и прашањето, до каде доспева уметничката етика?

Повеќето од уметниците се незаштитени и во погледот на нивните човекови ниту работнички права – најчесто се без осигурување и без финансиски средства.

Поради тоа не постои кохезивност, ниту пак заедничка основа, која би се изборила за своите права.

За да се согледа оваа, прилично апокалиптична ситуација која ја живееме, во неможност во целост да ја увидиме, една хипотеза би било да се суперпонираат двата екстреми кои би ја создале поволната клима за согледувањето на понатаможно надградување и фукционирање. Бинарната позиција која ја прават Јорген Лет и Ларс Фон Трир околу филмовите „Совремниот човек“ од 1967 год. на Јорген Лет и „Пет опструкции“ од  Ларс фон Трир и Лет од 2003 год.може да биде соодветна контекстуална предлошка – додека првиот го претставува совршениот човек, вториот му ги поставува првите пет замерки за несовременото функционирање.

Токму оваа дупка која ја отвораат преку предложената методологија но инверзно применета – од несовршеноста кон совршеноста – е можна да се примени и овде – како стојат работите и што сакаме од моментот.

Почеток

Оваа програма започнува тому со анализирање и дискутирање на  социјално ангажираните практики, кои би му дале позадина на општествениот  развој во земјава, потоа ќе се разгледуваат плејада од практики во светот но и регионот, па ќе се премине кон уметничкиот маркет за да се заокружи програмата со независни уметнички практики.

Всушност, програмата е креирана од основната потреба дека нешто недостасува и дека треба да се вкуси, дека постои интерес за тоа но дека нема можности. Таа е сместена во конкретни case study или три простори во Скопје кои се посебно значајни за развјот не само на институционалната, туку  и уметничка мисла во земјава – Мобилна/ монтажна галерија, кино на Железничка зграда и Кино Култура.

Исто така, дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ е курирана програма за уметници т.е. не е програма за куратори. Таа детектирајќи ги локалните проблеми ќе понуди еден кураторски развоен и процесен модел кој ќе се креира и развива според потребите на учесниците.

 

БИОГРАФИИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПРОГРАМАТА:

Ивана Васева / види повеќе КОНТАКТ

Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ / види повеќе ЗА НАС

Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија го поддржува процесот на трансформација на државата во следниве подрачја:

  • Граѓанско учество и активизам
  • Социјален дијалог
  • Приближување на Македонија кон Европска Унија
  • Регионална соработка на Западен Балкан

Во својата работа, фондацијата Фридрих Еберт се раководи според основните вредности на социјалната демократија: слобода, правда, солидарност и меѓународна соработка. Оваа задача фондацијата Фридрих Еберт ја следи и во Република Македонија, каде што има своја канцеларија од 1996 год.

 

Центарот за современи уметности – Скопје е органзиација која придонесува на поињата како култура, регионална соработка, едукација и градење на капацитети, уште од 1999 год., кога беше создадена како независна невладина институција.

ЦАЦ – Скопје е непрофитен културен центар кој се занимава со теми како култура, културна децентрализација и развој. Главните цели на ЦАЦ – Скопје се да иницира активности со цел да се подобри генералното ниво на уметноста и културата во Македонија, да се создаде одржлива културна сцена во земјава, да се подобри генералниот културен живот во Македонија и да создаде осноца за децентрализиран општествен и културен живот.

Во псоледните неколку години ЦАЦ – Скопје работи на развојот на рурални заедници, организација на мобилни кина по села, културни лета во рурални региони, уметнички изложби, работилници на полето на културата и живото наследство, проекти за зачувување со акцент на вклучување и ангажиранст на локалцие во активностите.

Генерална цел е да се овозможи слобода на изразување, да се стимулира анимација на културниот живот, да промовира културна и етничка разноликост, да контрибуира кон децентрализацијата на културата и да се ангажира во развојот на културен и општествен живот во руралните региони на Западен Балкан.

ДЕНЕС е награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од страна на Центар за современи уметности – Скопје уште од 2002 год. а во 2015 год. како партнер организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје која е организатор на настанот.

Оваа награда е дел од интернационалната мрежа на награди насловена „Програма на награди за млади визуелни уметници“ во Централна и Југоисточна Европа. Оваа програма е основана во 1990 год. од Фондацијата за граѓанско општество заедно со претседателот на Чешка, Вацлав Хавел и потоа се проширува со воспоставување на награди во уште 10 земји во регионот. Од 2016 год. оваа програма е менаџирана од резиденцијалната програма Residency Unlimited а наградата е два месеци престој во Њујорк.

///////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

THE PERFECT ARTIST

A discursive-educational program as part of the Denes Award

 

Partners: FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned – Bitola/Skopje, Friedrich Ebert Foundation Office – Skopje, and Center for Contemporary Arts – Skopje

Period: May-July 2017

Locations: Skopje: Zeleznicka Building Cinema, Mobile/montage gallery (CAC)

 

SHORT CONCEPT:

The discursive-educational program titled THE PERFECT ARTIST, taking place in Macedonia for the first time this year is part of the biennial Denes Award, which is awarded to a young visual artist under 35 years of age since 2003.

Up until 2015, the award organizer was the Center for Contemporary Arts – Skopje, but in 2015 FRU joins as a partner organization.

The program is curated by Ivana Vaseva and and initiated as one of the program units of FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned from Bitola/Skopje, in partnership with the Center for Contemporary Arts – Skopje and the Friedrich Ebert Foundation Office in Skopje. Starting from the very concept of an organization that incorporates knowledge that is subject to shared effort, exchange and shared growth, instead of being simply acquired or studied, this program is an attempt to create the much needed space for production of meaning in the field of contemporary visual arts that would be consolidated, dedicated, and articulated.

The precarious conditions – the lack of opportunities for work in the field of art, the lack of development funds and funds that would stimulate a rise in artistic possibilities and aspirations, as well as the regressive education system are the reasons behind the development of this program. Consequently, the idea is to focus on dialogue, the exchange of experience and debate, through both practice and theory, an endeavor that could establish social inclusion of the young artists and their circles.

The Perfect Artist program includes a number of local, regional and international guests, it primarily focuses on young artists from Macedonia (under 35 years of age), however all public events are open to a wider audience. The program will take place in 3 different locations in Skopje: Mobile/montage Gallery, the Zeleznicka building Cinema and Kino Kultura. It’s a free program and it will be carried out in both English and Macedonian.

 

STRUCTURE:

 The educational program is divided into  two semesters.

The first semester will take place in the period between May and July, through four two-day long modules on different subjects, as well as several other activities related to the chosen subjects.

The second semester will take place in the period from September to December, and will be conceptually different than the first, as it will include a greater number of public lectures and practical tasks.

 

FIRST SEMESTER MODULE THEMES AND DATES:

FIRST MODULE: 13.05-14.05/// “Fine Line Between Life and Art (…Draw Your Future)” refers to the development of socially engaged art, or more specifically art which becomes close to life and enables greater visibility to certain important social issues, while attempting to provide creative ideas and ways of tackling certain problems.

SECOND MODULE: TBD ///„Inside and Outside contesting the frame: Contemporary curatorial and art practices“ will include lectures on the histories of specific or group exhibitions and curatorial practices, as well as the history of exhibitions in the Balkans and in former Yugoslavia.

THIRD MODULE: TBD /// „Art market and its consequences. How should we continue living like this?“ refers to the economic context of art and the art market with its various manifestations: commercial galleries, art fairs, biennales. It also touches upon why they lacking in our country and whether we should have them at all.

FOURTH MODULE: TBD /// „Thinking outside the frame. Independent cultural scene and cultural workers“ refers to the precarious conditions of working as a part of the independent cultural stage, as well as well as the conditions in institutions.

The first semester will be closed with a big event in Skopje, scheduled in July, which will also serve as an introduction to the new edition of the POP UP AKTO festival in Bitola.

The first semester modules include closed sessions for participants only and public sessions for any interested individual.

Closed sessions are comprised of four modules. Each module contains two-day long activities including a lecture, a workshop held by a curator/theoretician/artist from abroad, practical work with an artist from Macedonia, as well as a number of conversations and discussions with differently profiled participants from social life in the country.

The closed session participation will be guaranteed through an open call, and on the recommendation of art historians, curators, professors and art theoreticians.

The open sessions are devised for a wider audience and are conceptualized as discussions between a curator/theoretician /artist from abroad and their colleague.

The closed sessions will be led in Macedonian, while the public sessions with the guests will be in English.

 

REQUIREMENTS FOR MODULE PARTICIPATION:

We encourage visual arts students and young visual artists under 35 to participate in the closed program module. All applicants must participate in the four two-day modules, food will be provided. All participants coming from abroad will have travel, accommodation and food costs covered. The call opens on 18.04.2017, and closes on the 05.05.2017.

The selection of participants will be made by Ivana Vaseva, Filip Jovanovski and Milan Zivkovic, and will be published no later than 06.05.2017.

With the announcement of this call, the call for the Denes Award 2018 is officially open as well, and will close in November, 2017.

It is important to note that participation in this program does not qualify the artists for the finale of the Denes Award 2018, however the organizers encourage artists to take part in the program, as this will provide them with additional reference.

 

DOCUMENTS REQUIRED FOR APPLICATION IN THE EDUCATIONAL PROGRAM:

 -A professional biography

-A short motivational letter

-An e-portfolio with precise activities

*What is important to note is that the award is intended for artists belonging to the visual artistic disciplines. Consequently, artists can have different educational biographies, but their artistic sensibility as well as their intent should be to work in the visual arts. The educational program, that is, the closed sessions are primarily for them, which does not exclude other interested individuals to attend.

 

THE CURATORIAL CONCEPT BEHIND THE PROGRAM:

A message from Ivana Vaseva

2017 started with such uncertainty, and carrying dead weight from 2016, that already in the middle of the fourth month, while we are preparing this program, there are as many interpretations as you can imagine, and a lot of suspense.

The art scene has been in a state of disintegration, and with no strategy for a long time now. The educational institutions continue to teach regressive curriculums, culture and art institutions have been out of date for a while now, and the last several years there are barely any independent spaces that produce a different line of thought in the contemporary visual arts.

Artists, more specifically visual artists, along with their environment, curators, art historians, critics, theoreticians, managers, etc, have all been the victims of the bipolar structure of our society – while some defend their integrity promoting national values and working in accordance with it, others degrade art and artistic techniques purely for the sake of the party, the rest are either trying to bring their ideas to life in completely new and different ways, while others leave their artistic call in entirety and accept working something completely different. So consequently, we have to ask ourselves – what is the limit of the artist’s ethics?

Most of the artists are vulnerable when it comes to their human and worker rights – they often have no insurance and no financial resources. Because of all this, there is no cohesion, no common ground to bring people together in the fight for their rights.

In order to understand this apocalyptic situation that we live in, when we are unable to fully realize the breadth of it, one possible hypothesis would be the superimposition of two extremes that would create a suitable environment for envisioning possible ways of later improvement and function.  The binary opposition made by Jorgen Let and Lars Von Trier in the films the Perfect Human (1967, Jorgen Leth) and Five Obstructions and Flight (2003, Lars Von Trier) can provide the relevant contextual mold – while the first gives a representation of the perfect human, the second imposes on him  five initial remarks on his anachronistic functioning.

The space this type of methodology allows for (but used in reverse, from imperfection to perfection) makes it applicable here as well – we can use it to show how things are and what we want.

Beginning

The program starts with analysis and discussion on the subject of socially engaged practices, that provide the background for social development in the country, after which we will reviewing a plethora of practices from the world and the region, and then focus on the subject of the artistic market, only to end with the subject of independent artistic practices.

In fact, the program was devised as a result of the simple realization that something is missing, and that we miss it sorely, but there are no opportunities leading to fulfillment. It is situated in three particular case studies, or three spaces in Skopje which are of special importance to the development, not only of the institutional, but also of the artistic thought in the country – Mobile/montage gallery, the Zeleznicka building Cinema and Kino Kultura.

The discursive/educational Perfect Artist program is curated as a program for artists, not for curators. First by detecting local problems, it will offer a stage-by-stage, developed curatorial model,  that will be further directed according to the needs of the participants.

 

PROGRAM ORGANIZERS BIOGRAPHIES:

Ivana Vaseva / see more CONTACT

 

The organization for art and culture FRU – Faculty of things that can’t be learned from Bitola/Skopje/ see more ABOUT US

 

The Friedrich Ebers Stiftung in Macedonia supports the transformation process of the state in the following areas:

  • Civil society engagement and activism
  • Social Dialog
  • Macedonia’s EU Integration process
  • Regional cooperation in the Western Balkan

The Friedrich Ebert Stiftung, in its work is guided by the basic values of social democracy: freedom, justice, solidarity and international cooperation. Friedrich Ebert Stiftung is also performing this task in the Republic of Macedonia where it has an office since 1996.

 

Center for contemporary arts – Skopje is an organization that has been contributing to the fields of Culture, Regional Cooperation, Education and capacity Building, since 1999, when it was established as an independent nongovernmental institution. CAC – Skopje is a non-profit cultural centre dealing with issues of culture, cultural decentralization and development. The main aims of CAC – Skopje are to initiate activities in order to improve the general level of art and culture in Macedonia; to establish a sustainable cultural scene in the country; to improve the overall cultural life in Macedonia and to create a ground for de-centralized social and cultural life. For the last several years, CAC – Skopje has been working on the development of rural communities, the organization of mobile village cinemas, cultural summers in the rural regions, art exhibitions, workshops in the fields of culture and living heritage, preservation projects, with the emphasis on the inclusion and engagement of locals in the activities.

Its overall aim is to enable freedom of expression, to stimulate the animation of cultural life, to promote cultural and ethnic diversity, to contribute to the decentralization of culture and to engage in the development of cultural and social life of rural regions of Western Balkans.

 

The Denes Award is a biannual award for young visual artist under 35 years of age in Macedonia. The award organizers are Center for Contemporary Arts – Skopje, since 2002, and since 2015, FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned from Bitola/Skopje as a partner organization.

This award is part of the international award network titled “Award Progam for Young Visual Artists” in Central and South-East Europe. The program was established in 1990, by the Foundation for Civil Society in Czechoslovakia, together with president Vaclav Havel, but later on expands in 10 more countries from the region. As of 2016, this program is managed by the Residency Unlimited residency program, and the award includes a two-month long residential stay in New York.