Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар/ 40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love

Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар/ 40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love

/For Englisg scroll below/

„Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“

Ретроспективна изложба на Власта Делимар

Кураторка: Ивана Васева

3 декември 2020 година (четврток), плоштад Македонија

12 часот

Продукција: Факултет за работи што не се учат – ФР~У

Поддржано од Министерство за култура на Република Северна Македонија

 

 

„Јас, Власта Делимар, ќерка на јажар, не поддржувам идентификација со или припадност на која било идеологија, религија, политичка партија или држава. Не поддржувам награди. Се залагам за човекови права, слобода на индивидуата, почитување на различностите и еколошка свест“[1].

МАНИФЕСТ

Голо тело – Елементарно тело

Елементарно тело – егзистенцијално тело, body art (физичко, мислечко, сексуално)

Егзистенцијално тело – еротика (симболизирана сексуалност)

Сексуалност (биолошка и психолошка манифестација на телесна блискост

Еротика и сексуалност – најсилна телесна сензација

Најсилна телесна сензација – најмоќна форма на постоењето

Најмоќна форма на постоењето – Ослободена личност

Ослободена личност – самосвесна личност

Самосвесна личност – можна провокација

 

 

                                                             

              

Ако за документацијата на живата уметност или зачувувањето на живата уметничка присутност во историјата е дискутирано екстензивно, посебно имајќи го предвид нејзиниот отпор кон репрезентативна медијација, тогаш како може да се направи ретроспектива на едно перформативно искушување кое се случувало 40 години, а за кое се знае најмногу по неговата документација? И дали архивата на истото тоа искушување не му ја одзело неговата радикалност и суровост? Дали фотографијата, текстот, видеото, филмот, документот или усното прераскажување како документација дозволува да се искуси оваа уметничка пракса во нејзината целовитост, наместо неможноста да се проследи во живо, или едноставно е неможно да се зборува за неа без уметниковото присуство? Теоретичарката и историчарка на уметност Амелија Џонс, вели дека ниту документацијата, ниту настанот „во живо“ нема привилегирана врска со историската „вистина“ на перформансот. Таа вели: „додека живата ситуација може да ги овозможи феноменолошките релации на ангажираност тело со тело, документарната размена (гледач/читач – документ) е исто така интерсубјективна“[2]. Од друга страна пак, интересот за минати настани или архивската ургентност која е актуелна во последните години, според Џонс е еден од најважните политички гестови во свет воден од идност и заборавање. Истражувањата на настаните од минатото и начините на нивното зачувување ја пројави и формата телото како архива или реенактментите (реизведбите кои според Андре Лепеки се како „жива архива“. Тој вели дека преку процесот на продукција на реенакменти, се активира креативниот потенцијал на ‘телото како архива’ и оргиналниот перформанс како документ. Односно, дека реенактемнтот или „волјата за архивирање“ не е директен превод или копија на изворниот материјал, туку станува збор за критичка, саморефлексивна интерпретација со која се открива иманентното поле на креативност на делото[3].

Идејата на оваа ретроспективна изложба во Скопје по повод четириесет години творештво на една од најпознатите хрватски уметнички со меѓународна репутација, Власта Делимар, е да се изведе еден реенакмент или еден обид на читање на нејзиното творештво од деколонијална перспектива, токму преку документацијата за нејзините дела во отсуство на нејзиното памтечко тело. Дали можеме да ги увидиме кодовите и да ги однаучиме широко прифатените знаења? Овој ангажман е да се види колку западниот канон на уметноста и неговата хиерархиска политичка поставеност влијаеле на нејзиното творештво, но и на нашите перцепции за нив. Исто така и колку нејзината субверзивност произвела друг однос кон нашите тела? Дали нашите тела успеваме да ги однаучиме или ослободиме од нормирачките хетеро–патријархални струи и малограѓанскиот морал? Марко Стаменковиќ, куратор, вели дека Власта Делимар е рефлексија на нејзината деколонијална Друга или: „Соблеченото тело на Власта Делимар е пан-афричко тело, ниту машко ниту женско, туку човечко. Ова тело нè повикува да го соблечеме гол нашиот колонизиран поглед од насилниот „нормативен“, сосила наметнат, наводно единствен, рационален и универзален поглед на светот и ја повикува нашата свесност да го вратиме нашето единствено, елементарно машко/женско тело во неговата природна состојба: ослободена и деколонизирана од паневропска, панхристијанска, бело-насочена, расистичка, шовинистичка, капиталистичка, империјалистичка матрица на моќ“[4] .

Власта Делимар е можеби најпрепознатлива по своите перформативни претставувања за кои вели дека телото, како едно од нејзините најупотребувани изразни средства, го гледа како жива скулптура, но во својот богат опус има и фотографии, фотоколажи, видеа и инсталации, а 10 години го организира и меѓународниот фестивал за перформанс во Штаглинец. Таа е блиска со експерименталната Група Шесторица (Младен Стилиновиќ, Свен Стилиновиќ, Федор Вучемиловиќ, Борис Демур, Владо Мартек и Жељко Јерман), а била и блиска пријателка на Том Готовац и е „женски двојник на неговиот егзибиционизам“[5]. Нејзината пракса се вцврстува во еден поширок југословенски уметнички контекст на бујно уметничко поставантгардно творечко експериментирање во концептуалното, како Група ОХО, Група Бош + Бош, Група КОД, Група 143, Горгона, Група Шесторица, Каталин Ладик, Раша Теодосијевиќ, или пак Априлските средби во СКЦ или настаните во Атеље 212…а нејзиното творештво се совпаѓа со почетоците на 80-тите години кога кај нас делуваат Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, или пак започнува да делува Групата Зеро со експерименти во сличниот манир.

Изложбата „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ во Скопје би се манифестирала преку архива на нејзини минати дела, како и понуда од реизведби на перформанси од самата авторка, во обид да се извлече архивата на времето во нејзиното тело или што точно нејзиното тело памети. Реенакментите или реизведувањето на идеите преку нејзиното тело нема за цел да ги повтори работите онака како што биле, туку критички да се пристапи кон нив – колку тие се промениле, дали биле доволно критички и јасни и дали токму таквата субверзија била „најправилниот“ пристап во овој свет преполн со манипулации.

Но во овој сегашен момент се соочуваме не само со тоа како да се „предаде“ перформансот од минатото туку и  флуидниот, ранлив и минлив карактер на самиот перформанс – дали во форма на реенактмент од самиот автор, како жива архива или како документација, се соочува со уште посериозен удар, а тоа е токму неговата изведба. Како да се изведе кога владее пандемија на коронавирус?Ангажирањето на тела во специфичен простор, време и начин стана ризична мисија, како впрочем и целото восприемање на уметноста и културата. Но се чини дека творештвото на една од најпознатите перформанс уметнички во Хрватска и пошироко, Власта Делимар, во овој меѓупериод, може да нè поттикне да размислуваме за работите – онака како што биле и како ќе бидат – и за тоа во каков свет живееме и каков свет посакуваме. Пандемијата нè соочи со уште едно нешто – сигурноста на домот на уметноста кој уште повеќе ја засилува автономијата на уметноста во нејзината најбуквална варијанта и доколку остане само таму, таа може да биде каква што сака, да биде сè – додека се наоѓа во својот дом. А уметноста на Власта Делимар не може да биде таква.

Таа не може да се конформира, особено затоа што постојано нè потсетува на неконформноста со секојдневниот шовинизам и сексизам, на неподлегнувањето на притисокот од нормирањето, од општествено наметнатите конвенции за женската сексуалност, сексуалниот идентитет и родовата рамноправност, на патријархалното општество и малограѓанскиот морал, на нескротувањето на уметниковата идеја сè додека трае ова, но и на човечноста, искреноста и веродостојноста. И на тоа таа постојано и неуморно нè потсетува, со присуството на нејзиното тело, како што нè потсетувала од почетоците на својата кариера, како што забележува и Розали Голдберг во своите еротизирани настани  како „Свадбата“, која ја истражувала сексистичката идеологија и ја вклучува во својата позната книга[6].

А присуството на нејзиното голо, природно,егзистенцијално, немирно, неразубавено и непоколебливо тело го потенцира неговото отсуство во земјава, но и постојано го потенцира отсуството на знаење за прифаќање на различноста, отуството на сфаќање за другиот, па и за себе си, етикетирањето, неискрената врска со себе и скриените и потиснати предрасуди. Делимар е бескомпромисна во она што го прави и во текот на сите 40 години. Останала доследна и не потпаднала под никакви трендови. Во целата општествена промена, таа е единствената константа – „за неа времињата не се менуваат.“ „Во некоја смисла може да се каже дека целокупниот опус на Власта Делимар е голем проект на (само)спознавање; деконструктивни (конструирачки) провокации на општествениот идентитет, структури и институции и нарушување на комфорноста која во вообичаени околности од нив и произглегува“[7].

Оваа нејзина изложба си игра со присуството и отуството. Со еден критички начин на кој функционирала сцената со својот институционализиран модернизам кој не се занимавал суштински со себекритика и преиспитување на својот самоколонијален или автоколонијален став од западните центри на моќ, а од друга страна и со она што таа треба да нè потсети – дека телото памети и не се откажува од својата борба за слободата на изразувањето во која било форма.

Изложбата „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ вклучува три видео перформанси: „Прошетка како Лејди Годива“, „Двајца мажи и една жена” и видео перформансот специјално подготвен за оваа изложба и насловен „Копнеж за Македонија“, кои ќе бидат прикажани на голем видео екран на плоштад Македонија.

Видеата, како нецелосна варијанта на архивирањето на уметничките дела на Власта Делимар или како нецелосно ехо на нејзината жива уметност, во неможност да се вклучат потенцијалните живи архивари на нејзините практики, или пак нејзината присутност, поради ограничувањата наметнати од незапирливата пандемија, се прикажуваат на најфреквентното место во градот, во сличен контекст во кој се изведувани и делата кои ги претставуваат. Нејзиното толку силно присутно тело не може да се претстави со изложување во галериски простор, туку мора да биде претставено онака како што било и конципирано, на јавен простор како еден вид на бунт против институционализираната моќ и како бунт против тешко совладливите партријархални догми. Иако сепак пренесено во форма на видеа но во центарот на Скопје.

„Прошетка како Лејди Годива“ (2001година) е перформанс замислен да биде изведен на јавен простор, на најфреквентни градски улици и во период од денот кога има најголема раздвиженост. Тој бил замислен како спектакл, кон што допринела и ликовната поетика од бел коњ, жена на коњ без облека со црна ружа во устата која полека поминува низ урбаната, градска врева. Целта на овој перформанс, што се изведува во негалериски простор, е обраќање кон сите случајни минувачи. Според легендата, Лејди Годива се обидела со својот чин да ги спаси граѓаните од ново покачување на данокот, а Власта Делимар како Лејди Годива укажува на културната катастрофа која се случувала во Хрватска за време на војната за независност и по војната. Власта вели: „Секако дека реакциите на публиката беа очекувано негативни. Бидејќи ако укажав на културната катастрофа и исчезнувањето на културната сцена, реакциите на случајната публика можеа да бидат само негативни, односно „неразумни“. Помалку важно беше она што го говореше галериската публика и струка. Кога го осмислував перформансот ми се чинеше дека сме на самиот почеток на описменување на населението, како по Втората светска војна, и дека мораме овој народ повторно да го учиме да чита и да пишува. Легендата за Лејди Годива говори и за нејзините едукативни акции што ги работела со граѓаните. Психологијата на луѓето може да биде многу едноставна, а тоа значи: обрати се секому посебно и може да се случи и да успее да те разбере.“

Во перформансот„ Двајца мажи и една жена“ (2009 година) учествуваат Власта Делимар, Антонио Готовац Лауер[8] и Милан Божиќ. Перформансот се случува на урбаната улица „Илица“. Идејата е да се „изгуби“ разликата помеѓу уметникот, публиката и случајните минувачи и да се преобрази утилитарниот простор на улицата во уметнички простор. „Тука ги споивме сите свои дотогашни искуства на зрели уметници кои се познаваат преку својата уметност и испреплетеност на животот и се спротивставуваат на сите идеологии, на разните политички преобразби на општеството, за да ја сочуваат индивидуалноста и бескрајната храброст и неуморното укажување на човековите права и на почитувањето на различностите и да укажат на вистинските вредности на една човекова егзистенција. Вклучувањето на трета личност има силен емоционален набој што укажува на значењето на праисконската човекова блискост низ која се наѕира чувството на здравото колективно“, вели Делимар. Тука се прикажува во форма на видео кое било изработено за перформансот.

Видео перформансот или фотовидео инсталацијата„Копнеж за Македонија“ е специјално подготвен за оваа изложба и претставува колаж од фотографии и видео инсерти кои како музичка подлога ја имаат песната „Македонија“ на Дадо Топиќ. Она што е специфично за делата на Власта е што документацијата е истовремено и уметничко дело, фотографиите не се само фотографии од перформанси и акции туку и самите се уметнички дела кои добиваат призвук во зависност од контекстот во кој се претставуваат. Новото дело е инспирирано и од посетата на Власта на земјава кога истражуваше за проектот, во ноември 2019 година, со нејзниот престој во Титовата вила на Водно и на некој начин ја заокружува целината на 40-годишната работа. „Преку делото „Ова бев јас во 1980 година кога умре другарот Тито“  како почеток на моето формирање како уметничка во времето на екс-Југославија се преклопи одбележувањето токму во луксузниот простор на Титовата вила во кој живеев сама и со звуците на отчукувањата на часовникот што го пронајдов во кујната ја проживував сопствената историја. Токму овде, во Титовата вила, беше посебно возбудливо по четириесет години повторно да се спознае важноста на оптимизмот како креативна сила која е покренувач на нашата егзистенција и токму овде ми се причини како преку песната на Дадо Топиќ да се отвора широк простор на нашите слободи, на нашите посебности и дека најмалите меѓу нас имаат своја креација и свое незаменливо место. 1980 година, кога умре другарот Тито, беше година на „страв“ и „неизвесност“ на Југославија, но тоа не влијаеше на мојата уметничка егзистенција иако мојата работа на некој начин беше загрозена поради стравот на државната бирократија. Затоа и песната вели „таму каде сонцето вечно свети“…кое нам во овој момент ни е потребно повеќе од било кога,“ вели Власта.

Врската на Власта Делимар со институцијата на уметноста во Македонија речиси и да не постои во некоја физичка смисла. Таа никогаш, во својата 40-годишна кариера, не изложувала во земјава. Ниту една институција не ја поканила да изложува иако нејзината субверзивна практика наоѓала свој одзив секаде.Оваа изложба е прво нејзино компресивно претставување во земјава, освен нејзината изведба на перформансот „Cycle Erszebet Barthory” на АКТО 6 Фестивалот за современи умтности во Битола во 2011 година. Во рамките кога се означуваат местата каде што таа изложувала и имала врски, тука и да не постои сеќавањето за неа. Можеби и затоа што тука има слаб одзив во перформативно изразување и во самата историја на уметноста, како и во однос на смели и субверзивни претставувања на телото.

Но постои нешто што е интимно за неа, а тоа е копнежот, посакувањето или како што за неа секогаш бил Дадо Топиќ со неговиот стих за земјава „таму каде сонцето вечно свети“…- што според неа е песна за слободата, како што отсекогаш била и нејзината претстава за Македонија. Токму затоа е и создадено новото дело насловено „Копнеж за Македонија“.

Нејзините дела се силни гестуални потези кои во меѓупросторот на времето, од еден перформанс до друг или од една активност до друга, притискаат за размислување и за себепреиспитување. Сопствената симболика која ја користи за да изгради пероформативна атмосфера ја препознава секој и е многу важно што изгенерирале нејзините активности низ времето.

И сега, дали е доволно ова претставување?

Корона кризата оневозможи да видиме во живо она што сме го пропуштиле сиве овие години. Без разлика на причините.

Се надеваме дека петтата деценија од нејзиното творештво ќе ја отпочнеме токму тука.


*

Изложбата во Скопје е дел од серијата изложби „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“, со кои Делимар одбележува 40 години од својата уметничка работа преку изложбена турнеја низ градовите на поранешна Југославија каде што работела на почетоците на својата кариера, во доцните 70-ти и 80-ти години на минатиот век. Во тој период била формирана силна уметничка сцена на современа уметност, сцена која на некој начин го формирало нејзиното творештво. Во текот на 2020 година требаше да се одржат изложби во градовите на поранешна Југославија, вклучувајќи ги Љубљана, Загреб, Ријека, Сараево, Цетиње, Нови Сад, Белград, Скопје, сите различни и со различен пристап кон нејзиното творештво. Во ноември 2019 година се одржа првиот настан во Културниот центар Месничка во Загреб, како најава за целиот проект. Тоа е и првиот настан бидејќи пред 40 години, во 1979 година, таа го извела својот прв јавен настан со Жељко Јерман. Потоа следуваше изложба во Загреб, во јануари 2020 година, во ХДЛУ и во Галерија Шкуц во Љубљана, а сега и во Скопје. Сите останати изложби, поради новонастанатата ситуација со светската пандемија, се одложени за 2021 година, кога ќе се произведе и заедничка книга како целина од кураторските и теориските текстови.


*

Власта Делимар (1956 година, Загреб) е една од најпознатите и најзначајните уметнички на денешнината. Таа е една од клучните фигури кои го дефинирале современиот перформанс низ призмата на сопственотот тело како медиум и содржина – женското, голо тело кое и во денешното општество сè уште не престанува да биде точка на контроверзии. Истражувајќи го во своето творештво феминитетот, женско-машките односи и стадиумите на животниот циклус – од младоста и желбата, преку партнерството и мајчинството, па сè до стареењето – во јавниот простор изнесува автобиографски наративи што го преиспитуваат разграничувањето помеѓу јавното и приватното и нормативите на политиката на идентитетот. Во 1977 година дипломирала на Факултетот за применета уметност во Загреб. Студирала историја на уметност и етнологија. Членува во Здружението на уметници на Хрватска и Здружението на хонорарни уметници на Хрватска. Делимар е уметничка директорка на организацијата „Мојата земја, Штаглинец” и е организаторка на Меѓународниот фестивал за перформанс во Штаглинец. Таа е бескомпромисна во критиките на идеологиите со кои се занимава во својата уметничка кариера што ја започнала во раните 70-ти години на минатиот век. Добитничка е на наградата „Седум секретари на СКОЈ“ во 1986 година. За себе вели дека не поддржува идентификација или припадност на која било идеологија, религија, политичка партија или држава, а се залага за човековите права, слободата на индивидуалноста, почитувањето на различностите и екологијата. Таа има богата интернационална кариера и досега се претставувала во Белград, Белфаст, Берлин, Болоња, Будимпешта, Бидгошчт, Бафало, Дуизбург, Франкфурт, Женева, Глазгов, Грац, Касел, Клагенфурт, Кјото, Лондон, Лион, Њујорк, Одензе, Париз, Питсбург, Квебек, Прага, Сараево, Сиднеј, Санкт Петербург, Солун, Тел Авив, Токио, Трст, Упсала, Виена, Вајмар, Загреб итн.

Ивана Васева е кураторка и истражувачка на кросдисциплинарни, соработнички и општествено ангажирани дела и програми во современата визуелна уметност. Досега курирала и претставила многу изложби, дискурзивни проекти и различни програми во земјава и во странство и издала и уредила повеќе публикации. За проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја доби престижната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година (кураторка на проектот). За истражувачкиот проект „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ (2015 година, коавторка) е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија, а е добитничка и на посебната награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија  (2014 година, коучесничка). Таа е програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) и е кокураторка на АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 година. Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметност при УКИМ во Скопје, а специјализирала кураторство на Кураторската програма на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.

Факултет за работи што не се учат (ФР~У) е организација на културни работници кои функционираат во полињата на едукација и продукција на современи визуелни уметности и култура, со посебен фокус на истражувачката методологија, учеството и колективната акција во различни социополитички и културни контексти. Идејата на ФР~У се однесува на едукативни и на практични структури, содржејќи работи/предмети/часови што предлагаат и истражуваат нови модели на предавање и на учење, како и на инсистирање на принципите на споделување, соработка, самоорганизација и заедничко учење. Формиран е во 2000 година како неформална платформа на повеќе уметници, студенти на драмски студии, архитектонски студии и визуелни уметности, додека во 2003 година е основана организацијата за продукција на современи уметности и културни настани. Својата форма ја гради на два типа на јавни програми и една платформа:

  1. ФР~У ПРОДУКЦИЈА – оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, естетиката и политиките, како и нивните последици во денешниот свет. Се манифестира преку хибридни формати на акција (изложби, перформанси, конференции, дебати, и др.) произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и интересните групи и индивидуи.
  2. ФР~У ЕДУКАЦИЈА – Оваа програма цели кон креирање на отворена и критичка едукативна пракса во земјата што ќе стимулира знаење стекнато преку заеднички напори и размена, наместо лесно стекнато или научено знаење. Една од дискурзивните и едукативни програми за млади уметници, СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК, се фокусира на дијалог, размена на искуства и дебата и преку теорија и пракса, а дел од истата програма е и Наградата за млад визуелен уметник „ДЕНЕС“.

Издаваштвото на книги, брошури и весници е придружна дејност на двете програми.

  1. ФР~У ПЛАТФОРМА: АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ – ФР~У започна да го организира фестивалот АКТО во 2006 година во Битола, по што АКТО се разви во отпорна, силна и контекстуална платформа за промоција и креирање на интердисциплинарни критички програми и концепти. АКТО е фестивал на современи уметности кој се обидува да ги отвори не само темите кои се важни за моменталната социјално- политичка и уметничка реалност туку и да стимулира формати на продукција кои ќе ја ‘размрдаат’ состојбата на status quo. Фестивалот се одржува секој август, во Битола, и претставува паралелен настан со субвертирачка и еманципирачка мисија кон настаните што ги организираат локалните општини и културни институции.

Во 2016 и 2017 година, поради разгорените локални проблеми и потреби, АКТО се ребрендираше во ПОП АП АКТО, привремен концепт за креирање на фестивалот во другите градови во Македонија. Покрај Битола, АКТО досега се организирал во Скопје, Тетово, Штип и Кочани, а за својата 15-годишнина во 2020 година се одржа во 7 градови: Битола, Скопје, Велес, Кавадарци, Кочани, Прилеп и Гевгелија.


[1] Vlasta Delimar: To sam ja, katalog, Muzej suvremene umjetnosti, Zagreb, 2014

[2] Amelia Jones, “Presence” in Absentia: Experiencing Performance as Documentation https://www.academia.edu/3336410/Presence_in_absentia_Experiencing_Performance_as_Documentation

[3] André Lepecki, “The Body as Archive: Will to Re -Enact and the Afterlives of Dances,” Dance Research Journal 2 (2010): 28

[4]Marko Stamenkovic, Vlasta Delimar Put Your Faith in Women, Galerie Michaela Stock (2017)

[5] Amy Bryzgel, Performance art in Eastern Europe since 1960, Manchester University Press (2017):129

[6] RoseLee Goldberg, Performance Art From Futurism to the Present, Thames&Hudson world of art (2001):214

[7] Tomislav Cop, ‘Nagost Vlastitosti’, Vlasta Delimar Pokusaj Poistovecenja (2019)

[8] Том Готовац, во последните години од неговото творештво, во чест на неговата мајка Елизабета Бешка Лауер, го менува своето име во Антонио Готовац Лауер.


“40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love”

Vlasta Delimar  – A Retrospective Exhibition

Curator: Ivana Vaseva

3 December 2020 (Thursday), Macedonia Square

12h

Production: Faculty of things that can’t be learned (FR~U)

Supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia

 

 

“I, Vlasta Delimar, the ropemaker’s daughter, don’t support identification or affiliation with any ideology, religion, political party or state. I don’t support awards. I stand for human rights, freedom of the individual, respect for diversity and environmental awareness.”[1].

 

MANIFESTO

Naked Body – Elementary Body

Elementary BodyExistential Body, body art (physical, mental, sexual)

Existential BodyEroticism (symbolized sexuality)

Sexuality (biological and psychological manifestation of bodily intimacy)

Eroticism and Sexuality – strongest bodily sensation

Strongest bodily sensationmost powerful form of existence

Most powerful form of existencea liberated person

A liberated persona self-aware person

A self-aware person – possible provocation

                                                                        

If the documentation of live art or the preservation of the live artistic presence in history has been extensively discussed, especially given its resistance to representative mediation, then how is it possible to do a retrospective of a performative urge that has been around for 40 years, and is mostly known after its documentation? And, has the archive of that same urge not robbed it of its radicalism and naturalness? Does photograph, text, video, film, document or oral retelling as documentation allow this artistic practice to be experienced in its entirety, rather than the inability to witness it live, or is it simply impossible to talk about it without the artist’s presence? Art historian and theorist Amelia Jones says neither documentation nor a “live” event has a privileged relationship to the historical “truth” of the performance. She adds: “while the live situation may enable the phenomenological relations of flesh-to-flesh engagement, the documentary exchange (viewer/reader <-> document) is equally intersubjective” [2]. On the other hand, the interest in past events or the archival immediacy that has prevailed in recent years is, according to Jones, one of the most important political gestures in a world driven by future and oblivion. Research on past events and the ways in which they are preserved has also revealed the form of the body as archive or re-enactments (re-enacting which according to André Lepecki is like a “living archive”). According to Lepecki, the process of production of re-enactments activates the creative potential of the “body as archive” and the original performance as a document. Namely, the re-enactment or the “will to archive” is not a direct translation or a copy of the original, but a critical, self-reflective interpretation that effectuates the immanent field of inventiveness and creativity[3].

The idea of this retrospective exhibition in Skopje on the 40th anniversary of the work of one of the most prominent artists in Croatia and beyond, Vlasta Delimar, is to perform a re-enactment or an attempt to read her work in art from a decolonial perspective, precisely through documentation of her works in the absence of her memory body. Can we make out the codes and unlearn the widely accepted knowledge? This engagement is to see how much the Western canon of art and its hierarchical political set-up have influenced her work, and our perceptions of them. Also, to what extent has her subversiveness produced a different attitude towards our bodies? Do we manage to unlearn our bodies or liberate them from the normative hetero-patriarchal currents and the petty bourgeois morality? Marko Stamenković, curator, says Vlasta Delimar is the reflection of her decolonial Other or: “Vlasta Delimar’s undressed body is a pan-African body, neither male nor female but essentially human. This body invites us to strip our colonized gaze bare from a violently ‘normative’, forcefully installed, allegedly singular, rational and universal worldview and calls upon our consciousness to have our one and only, elementary fe/male body restored to its natural, indigenous state: liberated and decolonized from the pan-European, pan-Christian, white-minded, racist, chauvinist, capitalist and imperialist matrix of power“[4] .

Vlasta Delimar is perhaps best known for her performances on which she says she has always viewed the body, her central medium of expression, as a living sculpture, but her rich opus encompasses photographs, photo-collages, video-documents and installations, and she has also been running the international performance festival in Štaglinec for 10 years now. She was close to the experimental Group of Six Artists (Mladen Stilinović, Sven Stilinović, Fedor Vučemilović, Boris Demur, Vlado Martek and Željko Jerman), and was a good friend of Tomislav Gotovac being often referred to as the “female double of his exhibitionism“[5]. Her practice is embedded in a broader Yugoslav artistic context of lush artistic post-avantgarde creative experimentation in the conceptual, including the OHO Group, Bosch + Bosch Group, KOD Group, 143 Group, Gorgona, the Group of Six Artists, Katalin Ladik, Raša Todosijević, or the April meetings at SKC Gallery, as well as events in Atelje 212… while her work coincides with the beginnings of the 80s when Milosh Kodzhoman аnd Dragoljub Bezhan were active in our country, and the Zero Group emerged and started experimenting in a similar manner.

The exhibition “40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love” in Skopje in “that time that was before” would have been manifested through an archive of her past works, as well as an offer of re-performances of performances by the author herself, in an attempt to lure the archive of time from her body or what exactly her body remembers. The re-enactments or the re-performance of ideas through her body is not to repeat things the way they were, but to approach them critically – how much they have changed, have they been critical and clear enough, and has such subversion been the “most correct” approach in this world full of manipulation.

But in this present moment we’re not only facing the issue of how to “convey” the performance from the past, but also the fluid, vulnerable and transient nature of the performance itself – whether in the form of re-enactment by the author herself, as a living archive or as documentation, is facing an even more serious blow, which is exactly its performance. How to perform it amid a coronavirus pandemic? Engaging bodies in a specific space, time and way has become a risky mission, but so has the perception of art and culture as a whole. Yet, it seems that the work of one of the key performance artists in Croatia and beyond, Vlasta Delimar, in this in-between time, can encourage us to reflect on things – as they were and as they will be – as well as on the kind of world we live in and on the kind of world we wish to live in. The pandemic has confronted us with one more thing – the safety of the home of art which even further enhances the autonomy of art in its most literal form, and if it is the only place where it remains, it can be whatever it wants to be, it can be everything – while at its home. And Vlasta Delimar’s art cannot be like that.

It cannot be conformed, especially because it constantly reminds us of the non-conformity with everyday chauvinism and sexism, of not succumbing to the pressure of standardization, of socially imposed conventions on female sexuality, sexual identity and gender equality, of the patriarchal society and the petty bourgeois morality, of not taming the artist’s idea as long as this lasts, but it also reminds us of humanity, sincerity and integrity. She constantly and tirelessly reminds us of that too, with the presence of her body, as she has been reminding us since the beginnings of her career, as RoseLee Goldberg notes, in her eroticized events such as “The Wedding”, who has explored the sexist ideology and incorporates it into her famous book[6].

And the presence of her bare, naked, natural, existential, restless, unadorned and relentless body emphasizes its absence here in the country, but also constantly emphasizes the absence of knowledge on accepting diversity, the absence of understanding for the other, and even for the self, labeling, the insincere relationship with the self and the hidden and repressed prejudices. Delimar is uncompromising in what she has been doing throughout all these 40 years. She has remained consistent and hasn’t succumbed to any trends. She is the only constant in all social change – “times are not changing for her.” “In a sense, it can be said that the entire opus of Vlasta Delimar is a great project of (self)cognition; deconstructive(constructive) provocation of social identity, structures and institutions and disruption of the comfort that arises from them in ordinary circumstances.”[7].

This exhibition of hers plays with presence and absence. In a critical way in which the scene functioned with its institutionalized modernism that hasn’t been substantially dealing with self-criticism and re-examination of its self-colonial or auto-colonial attitude from the Western power centers, and on the other hand, with what she should remind us of – that the body remembers and doesn’t give up on its fight for freedom of expression in any form.

The exhibition “40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love” features three video performances: “Taking a Stroll as Lady Godiva”, “Two Men and A Woman” and the video performance specially prepared for this exhibition in Skopje – “Longing for Macedonia”, which will be shown on a large video screen at the Macedonia Square. This video screen is an exhibition space at the same time which can be a white cube or a black box and in this case it is the only space when the retrospective is happening.

The videos, as an incomplete variation of the archiving of Vlasta Delimar’s works of art or as an incomplete echo of her live art, being unable to include the potential living archivists of her practices or her presence due to the restrictions imposed because of the surging pandemic, will be screened at the most frequent place in the city, in a similar context in which the works they represent are performed. The presence of Delimar’s body is so strong, that it cannot be presented by exhibiting in a gallery space, but it needs to be presented the way it was conceptualized, in a public space as a kind of rebellion against institutionalized power and as rebellion against hard-to-overcome patriarchal dogmas. Though still conveyed in the form of videos, but in Skopje’s downtown.

“Taking a Stroll as Lady Godiva” (2001) is a performance intended to be performed in public space, on the most frequent city streets during the busiest time of the day. It was conceived as a spectacle, and thus the fine art poetics of a white horse, a completely naked woman with a black rose in her mouth slowly riding on a horse through the urban, city noise. The purpose of this performance intended for a non-gallery space is to address all passers-by. The legend says that Lady Godiva has been riding naked a horse through medieval Coventry to free citizens from oppressive taxation, and Vlasta Delimar as Lady Godiva points to the cultural catastrophe in Croatia during and after the war of independence. Vlasta says: “Of course, reactions of the public were negative as expected. Because I pointed to the cultural catastrophe and the disappearance of the cultural scene, reactions of the random audience could be nothing but negative, or “unreasonable.” What the gallery audience and profession said was less important. In conceiving the performance it seemed to me that we’re at the very beginning of making the population literate, like after the Second World War, and that we had to teach these people how to read and write all over again. The original Lady Godiva is also said to have performed together with the citizens many educational actions. People’s psychology can be very simple, which means: Speak to everyone individually, and someone might end up understanding you.”

The performance “Two Men and a Woman” (2009) includes Vlasta Delimar, Antonio Gotovac Lauer[8] and Milan Božić. The performance is taking place on the urban “Ilica” street. The idea is to “lose” the difference between the artist, the audience and the passers-by and transform the utilitarian space of the street into an art space. “Here we brought together our experiences of mature artists who know each other through their art and the entanglements of life and oppose all ideologies and various political transformations of society, in order to preserve individuality and endless courage and the tireless advocacy for human rights and respect for diversity and to point to the true values of a human existence. Involving a third person carries a strong emotional charge that points to the significance of the primordial human closeness through which a sense of a healthy collective can be seen,” says Delimar. Here it is presented in the form of a video that was made for the performance.

The video performance or photo-video installation “Longing for Macedonia” is specially prepared for this exhibition and represents a collage of photographs and video inserts with the song “Macedonia” by Dado Topić playing as a musical background. The specific thing about Vlasta’s works is that the documentation is at the same time a work of art, the photographs are not just photographs of performances and actions, but they themselves are works of art that get an overtone depending on the context in which they are presented. The new work is inspired by Vlasta’s visit to the country when doing research on the project, in November 2019, with her stay in Tito’s villa on Vodno and in a way it wraps up her 40 years of work. “The work “This was I in 1980 when Comrade Tito died” as the beginning of my formation as an artist in the time of ex-Yugoslavia overlapped with the observance exactly in the luxurious space of Tito’s villa where I lived by myself and with the sounds of a clock that I found in the kitchen I was re-living my own history. Right here, in Tito’s villa, it was especially exciting after 40 years to reawake the importance of optimism as a creative force that is the driver of our existence, and it is right here that it appeared to me as if through Dado Topić’s song a wide space for our freedoms got opened, for our peculiarities and that the smallest among us have their own creation and their own irreplaceable place. 1980, when Comrade Tito died, was a year of “fear” and “uncertainty” in Yugoslavia, but this didn’t affect my artistic existence, although my work was in a way threatened due to the fear of the state bureaucracy. That’s why the song says “there where the sun forever shines”… which at this point we need more than ever before,” Vlasta says.

Vlasta Delimar’s connection with the institution of art in Macedonia is almost non-existent in a certain physical sense. She has never in her 40 years of career held an exhibition in the country. No institution has invited her to put on an exhibition, although her subversive practice echoed everywhere. This exhibition is her first compressive show in the country, apart from her performance “Cycle Erszebet Barthory” at the 6th AKTO Festival for Contemporary Arts in Bitola in 2011. In the context of the places where she exhibited and had relations, there’s not even a memory of hers. Maybe also because there is a weak response here in the performative expression and in the history of art itself, and in terms of bold and subversive representations of the body.

But there’s something that is intimate for her, and that is the longing, the desire, or as Dado Topić has always been for her with his verse about the country “there where the sun forever shines”… – which according to her is a song about freedom, as has always been her idea of Macedonia. That’s why her latest work titled “Longing for Macedonia” was created.

Delimar’s works are potent gestural movements that in the in-between space of time, from one performance to another or from one activity to another, push for reflection and self-contemplation. Her own symbolism, which she uses to build a performative atmosphere, is recognized by everyone and it is very important what her activities have generated over time.

And now, is this enough to present the artist?

The coronavirus crisis has prevented us from seeing live what we have missed all these years. Whatever the reasons.

We hope that the fifth decade of her work will start right here.

*

The exhibition in Skopje is part of a series of exhibitions “40 Years of Vlasta Delimar’s Artistic Love”, marking forty years of Delimar’s own artistic activity through a mini art tour of the post-Yugoslav art space and the cities throughout former Yugoslavia where she worked at the beginnings of her career in the late 1970s and the 1980s. During that time, a strong artistic scene of contemporary art was formed, a scene that has in a way formed her work. 2020 was to see her exhibitions displayed in cities throughout former Yugoslavia, including Ljubljana, Zagreb, Rijeka, Sarajevo, Cetinje, Novi Sad, Belgrade, Skopje, all of them different and with a different approach to her work. In November 2019, the first event as part of this exhibition series took place at the Mesnička Cultural Center in Zagreb to announce the whole project. It is also the first event because 40 years ago, in 1979, Delimar performed her first public event with Željko Jerman. Then followed an exhibition in Zagreb in January 2020, in HDLU, in ŠKUC Ljubljana, and now in Skopje. All other exhibitions, due to the global pandemic situation, have been postponed for 2021, when a joint book will also be produced as a whole of curatorial and theoretical articles.

*

Vlasta Delimar (1956, Zagreb) is one of the most prominent and popular artists of today. She is among the key figures who defined contemporary performance through the prism of her own body as the primary means of expression and as the object of content at the same time – the female, naked body that in today’s society still remains a point of controversy. Exploring in her work the femininity, female-male relations and the stages of the life cycle – from youth and desire, through partnership and motherhood, to old age – she brings forward in the public space autobiographical narratives that revisit the distinction between the public and the private and the norms of identity politics. In 1977, she graduated from the Faculty of Applied Arts in Zagreb. She studied art history and ethnology. She is a member of the Association of Artists of Croatia and the Association of Freelance Artists of Croatia. Delimar is the artistic director of the project My Land – Štaglinec and she runs the International Performance Festival in Štaglinec. She is uncompromising in her critique of the ideologies she deals with in her artistic career, which began in the 1970s. She won the Seven Secretaries of SKOJ award in 1986. Delimar refuses to support identification or affiliation with any ideology, religion, political party or state, and stands for human rights, freedom of the individual, respect for diversity and environmental awareness. Her rich international career spans across Belgrade, Belfast, Berlin, Bologna, Budapest, Bydgoszcz, Buffalo, Duisburg, Frankfurt, Geneva, Glasgow, Graz, Kassel, Klagenfurt, Kyoto, London, Lyon, New York, Odense, Paris, Pittsburgh, Quebec, Prague, Sarajevo, Sydney, St. Petersburg, Thessaloniki, Tel Aviv, Tokyo, Trieste, Uppsala, Vienna, Weimar, Zagreb, etc.

Ivana Vaseva (1984, Skopje) is a curator and researcher of cross-disciplinary, collaborative and socially engaged works and programs in contemporary visual arts. She curated several exhibitions and programs both in the country and abroad and was an editor of several publications. She won the prestigious Golden Triga Award at the 2019 Prague Quadrennial of Performance Design and Space for the project “This Building Talks Truly” (curator of the project). She won the “Ladislav Barishikj” Award of AICA – Macedonia for the research project “Collective actions as a political, and not organizational decision” (2015, co-author), and the Special Architecture Award from the Association of Architects of Macedonia (2014, co-participant). She is program director of the organization “Faculty of things that can’t be learned (FR~U)” and is co-curator of the AKTO Festival for Contemporary Arts since 2006. Vaseva graduated from the Faculty of History of Art at the University “Ss. Cyril and Methodius” in Skopje, and specialized at the Curatorial Program (2011/2012) at de Appel Arts Centre in Amsterdam, the Netherlands.

Faculty of things that can’t be learned (FR~U) is an organization of cultural workers operating in the fields of education and production of contemporary visual arts and culture, with a distinct focus on methodology of research, engagement and collective action in different socio – political and cultural contexts.  The idea of FR~U is to focus on educational and practical structures, consisting of things/ subjects/ classes that propose and research new models for teaching and learning, as well as insist on the principles of sharing, collaboration, self-organization and common learning. It was created in 2000 as an informal platform of several artists, theatre students, architectural studies and visual arts, while in 2003,  the organization was set up for the production of contemporary arts and cultural events. It builds its form out of two kinds of public programs and one platform:

  1. FR~U PRODUCTION – this program critically addresses, revisits and researches issues of modern visual and architectural heritage, aesthetics and policies, as well as their effects in the world today. It is manifested through hybrid formats for action (exhibitions, performances, conferences, discussions etc.) produced through engaged dialogue and cooperation between cultural workers and interest groups and individuals.
  2. FR~U EDUCATION – this program is aimed at creating open and critical educational practice in the country to stimulate knowledge obtained through shared efforts and exchange instead of being simply acquired or studied. One of the discursive and educational programs for young artists, THE PERFECT ARTIST, focuses on dialogue, exchange of experience and debate, through both practice and theory. DENES Young Visual Artist Award in Macedonia is also part of the program.

An accompanying activity of both programs is the publishing of books, booklets and newspapers.

  1. FR~U PLATFORM: AKTO FESTIVAL FOR CONTEMPORARY ARTS – FR~U started organizing the AKTO Festival in 2006 in Bitola and the festival has since developed into a resilient, strong and contextual platform in promoting and creating interdisciplinary critical programs and concepts. AKTO is a festival for contemporary arts which tries to open not only topics relevant for the current socio-political and artistic reality, but also to stimulate production formats that ‘shake up’ the status quo. AKTO is an annual festival held in August in Bitola, and is a parallel event with a subverting and emancipatory mission in terms of events organized by local municipalities and cultural institutions.

In 2016 and 2017, due to burning local issues and needs, AKTO re-branded into POP UP AKTO, a temporary concept of creating the festival in other cities in Macedonia. In addition to Bitola, AKTO has so far been organized in Skopje, Tetovo, Shtip and Kochani. On its 15th anniversary in 2020, it was held in 7 cities across the country: Bitola, Skopje, Veles, Kavadarci, Kochani, Prilep and Gevgelija..

[1] Vlasta Delimar: To sam ja, katalog, Muzej suvremene umjetnosti, Zagreb, 2014

[2] Amelia Jones, “Presence” in Absentia: Experiencing Performance as Documentation https://www.academia.edu/3336410/Presence_in_absentia_Experiencing_Performance_as_Documentation

[3] André Lepecki, “The Body as Archive: Will to Re -Enact and the Afterlives of Dances,” Dance Research Journal 2 (2010): 28

[4]Marko Stamenkovic, Vlasta Delimar Put Your Faith in Women, Galerie Michaela Stock (2017)

[5] Amy Bryzgel, Performance art in Eastern Europe since 1960, Manchester University Press (2017):129

[6] RoseLee Goldberg, Performance Art From Futurism to the Present, Thames&Hudson world of art (2001):214

[7] Tomislav Cop, ‘Nagost Vlastitosti’, Vlasta Delimar Pokusaj Poistovecenja (2019)

[8] Tomislav Gotovac, in the late years of his work, in honour of his mother Elizabeta Beška Lauer, changed his name to Antonio Gotovac Lauer.