AKTO 13 Општество во изградба_Society under construction

/ For English Scroll Below/ 

13. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ
ОПШТЕСТВО ВО ИЗГРАДБА
23-25.08.2018 БИТОЛА

Во 2018 година се случува 13-то издание на АКТО Фестивалот за современи уметности во Битола. Ќе има 5 програми: АКТО Уметничка програма, АКТО Музика, АКТО Агора, АКТО за заедницата и АКТО Воз, некои од нив специјално создадени за фестивалот. Ќе има многу соработници кои го градат неговото социјално, културно-уметничко и урбано заедништво, а како простори за своите активности ќе ги користи јавните ресурси кои ги нуди градот.
Сето ова е основата на 13. АКТО, но прашањето е – во кој контекст се создава фестивалот и каков контекст тој создава?
Промената на општествено-политичката констелација во земјава отвори серија на прашања, недоумици и фрустрации во сите сфери на јавниот живот. Нетрпеливоста и тешкиот пат на ослободување од напластениот гнев, но и изразените партикуларни интереси проследени со силна пропаганда на успешност, се кочница во сериозната анализа на случувањата и проекциите за иднината. Слабите стратегии на разединетите институции може повторно да ги заглават потентните нови форми на вонинституционално делување, кои можат да бидат инспирација за многумина.
Културата и уметноста, изманипулирани и разулавени, нè соочуваат  со основните прашања – дали ќе дозволиме тие да бидат алатка на лични интереси, национал-клиентелизам и/или либерални стратегии, или пргаво и одлучно ќе овозможиме да свртат друг правец во градење на стабилна и силна социо-културна и уметничка сцена?
Во таков контекст, АКТО е подготвено да погледне во она што го застапува и претставува – во уметноста и културата, но и во некои нејзини минати практики, и да ја потенцира важноста за оваа општествена стварност низ параметрите на јавното и општественото, наместо вообичаената самомаргинализираност. Идејата на ова АКТО е преку продуцираните и селектирани дискусии, изложби, работилници, музички програми и уметнички проекти да запраша, како да се продолжи по патот, а да се гради посериозна и стратешка изградба на позицијата на културата и уметноста? Што ни нуди минатото – југословенското, модернистичкото, кое толку беше негирано во изминатиов период? Какви колективни вредности се заборавени, а какви се во фаза на покренување? И, дали е можна изградба на општеството, но соочено со сите трауми и фрустрации кои ги имаше минатиот период, без брза рехабилитација и кратка меморија?
Треба да се стремиме за плански поставено општество изградено заеднички, со сите свои антагонизми и несогласувања, но водено од критички дух и цели кои ќе го дефинираат општеството преку заемна почит, доверба, разбирање.
Па оттаму, „Општество во изградба“ значи заедница која  ние секоја година ја обновуваме во АКТО, ние прекаријатните и самостојни културни работници, ние и нашиот прогресивен глас.  „Општество во изградба“ значи моментум на поинакви идеи и некоја друга насока наспроти нео(и)либералната парадигма, имајќи го предвид наследството на силната социјална компонента на уметноста. „Општество во изградба“ значи сите заедно, со сите гости и програми на АКТО, кои се курирани, да го вратиме полето на слободна мисла и прогресивност, на идеи во чекор со времето и на идеи кои му пркосат на секојдневието.
АКТО да биде простор каде ќе се создава заедно, каде сите ќе бидат вклучени и ќе се создава активна култура!
Програмата на 13. АКТО Фестивал за современи уметности го градат уметнички продукции кои го оспоруваат општествено–политичкиот и социјален момент кој го живееме од поглед на идните перспективи на земјата, но и од минатите уметнички искуства, и ќе се обиде да ги воочи актуелните социјални нееднаквости и прекаријатности како поттик за солидарност и заедничка работа.
АКТО ќе работи и за локалната заедница преку своите работилници, промовирајќи ја колективноста, заедничкото учење и еманципација како водечки парадигми на фестивалот, а и преку музичката програма не само да го мотивира локалниот контекст, но и да ги акцентира важните музички достигнувања.
АКТО Агората, како еден најголем јавен собир, ќе ги отвори прашањата токму за контекстот, односно во каков контекст (треба да) се создава културата, а АКТО Возот, како една континуирана практика на фестивалот, ќе се обиде да создаде проток на луѓе и размена на идеи.
 Ве очекуваме!

 

 ПРОГРАМА

 

 

III 23.08 четврток III
10:00 Парк на Офицерски дом / НУ Центар за култура Битола
—АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА—
-Затворена работилница за продукција на електронска музика со Александар Видиновски (Учесниците се пријавени на отворен повик)
-Затворена работилница за дизајн на омоти за музички изданија со Јана Ацевска (Учесниците се пријавени на отворен повик)
-Затворена работилница за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО, во соработка со Слободанка Стевческа и Владимир Јанчевски (Учесниците се пријавени на отворен повик)

11:00 Парк на Офицерски дом
—АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА—
ОТВАРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ И КОКТЕЛ

Уметнички акции и интервенции во јавен простор:

– „Соларна кујна“ на Никола Узуновски/ Скопје, колаборативен проект, продуциран во рамките на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ на ФРУ како Проект на УСАИД за граѓанско учество
– „Растечки споменик“ на Катарина Поповиќ/ Белград

18:30 НУ Завод и музеј Битола
—АКТО МУЗИКА—
Изложба на омоти на плочи на македонски музички изданија
Дискусија „Продукција на македонска музика издадена на плочи и дизајн на омоти, некогаш и сега”

Учесници: Бодан Арсовски, Мирослав Грчев, Тошо Филиповски, Мирко Попов, Филип Тасевски – Фиц
Модератор: Виолета Качакова

20:30 НУ Народен театар Битола
—АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА—
Предавање – перформанс
„NAME – Readymade“ -Јанез Јанша/ Љубљана

21:30 Мезе бар Јагода
—АКТО МУЗИКА—
„Чиста битолска шминка“

Диџеј сет на:
Виолета Качакова / Скопје
Илина Ангел / Скопје
Иле Косата / Битола
______________________________
III 24.08 петок III

10:00 Парк на Офицерски дом/ НУ Центар за култура – Битола
—АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА—
Отворени работилници „За сите во нашата заедница, од 1 до 101 година“ на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија, во соработка со АКТО
– Совети за здрави читачки навики
– Играме, учиме и се забавуваме
– Драмарама
– Артивизам
– Танцуваме заедно
– Јога за смеење
– Ајде малку да спортуваме!

-Затворена работилница за продукција на електронска музика со Александар Видиновски
-Затворена работилница за дизајн на омоти за музички изданија со Јана Ацевска
-Затворена работилница за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО, во соработка со Слободанка Стевческа и Владимир Јанчевски

12:00 Парк на Офицерски дом и Широк сокак
—АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА—
Уметнички акции и интервенции во јавен простор:
12:00ч/ „Глуви чевли“на Рена Радле и Владан Јеремиќ/ Белград
12:30ч/ „Текстил и тага“ на Филип Јовановски/ Битола/ Скопје

13:00 Мезе бар Јагода
—АКТО МУЗИКА—
Промоција на „Македонска РОК енциклопедија (1963-2018)“ од Тошо Филиповски, издавач: Corpus Delicti Records

18:00 НУ Завод и музеј Битола
—АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА—
-„За сите во нашата заедница, од 1 до 101 година“ на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија, во соработка со АКТО
-Кафуле „Спомени и воздишки“
-Кино во музејот

20:00 Пред споменик на Стив Наумов
—АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА—
Уметнички акции и интервенции во јавен простор:
„Кој е Марко Марковиќ?“ на Марко Марковиќ/ Загреб

20:30 Парк на Офицерски дом
—АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА—
-Филм „Комунисто Футуро“ од Андреа Гроплеро ди Тропенбург со Франко Берарди Бифо
-Филмови од Раднички видео клуб од Зрењанин

21:30 Кафе Радост
—АКТО МУЗИКА—
Марко Рикаловски / Скопје, диџеј сет
Uj Pa Gaz / Тирана, настап во живо
Миле Гроздановски / Битола, диџеј сет
________________________________________

III 25.08 сабота III

10:00 Парк на Офицерски дом/ НУ Центар за култура – Битола
—АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА—
-Затворена работилница за продукција на електронска музика со Александар Видиновски
-Затворена работилница за дизајн на омоти за музички изданија со Јана Ацевска
-Затворена работилница за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО, во соработка со Слободанка Стевческа и Владимир Јанчевски

11:00 Парк на Офицерски дом
—АКТО АГОРА—
Дискусија: ВО КАКОВ КОНТЕКСТ СЕ СОЗДАВА КУЛТУРАТА?

18:00 Парк на Офицерски дом
—АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА—
Презентација на резултатите од:
-Работилниците за продукција на електронска музика и дизајн на омоти за музички изданија
-Работилницата за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО

19:00 Парк на Офицерски дом
—АКТО МУЗИКА—
АКТО ЗЕМЈОТРЕС Showcase
Fosfen / Битола
Sweet Rapscallions / Битола
PMG Kolektiv / Скопје
Новиот Почеток / Скопје
Sethstat / Скопје
Ki / Куманово

*24 и 25.08.2018/ АКТО ВОЗ во соработка со клуб Епицентар од Скопје и ЛГБТИ Центарот за поддршка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија

** 23 – 25.08.2018 (за времетраењето на фестивалот) / АКТО МУЗИКА/ Мезе бар Јагода/ Штанд со македонски и странски изданија на плочи
__________________________________
*Организација: Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Битола
www.akto-fru.org
Куратори на 13. AKTO: Ивана Васева, Филип Јовановски
Куратори на програмата АКТО МУЗИКА: Виолета Качакова, Мирко Попов (АКТО Земјотрес)
Куратори на програмата АКТО АГОРА: Ивана Васева, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Филип Јовановски
АКТО ТИМ: Елена Ристеска, Стефан Јосифовски, Матеј Шунда, Огнен Поповски, Анџела Петровска, Ана Џима, Никола Славевски, Елена Димитровска, Нена Николиќ
FB: https://www.facebook.com/akto.festival/
Twitter: aktofestival
Мејл: festival.akto@gmail.com
filipsj@gmail.com
ivana.vaseva@gmail.com

**Фестивалот годинава е поддржан од кампањата Мрдни со прст / Lëviz me gisht Министерство за култура, Фондацијата Фридрих Еберт – Македонија, Град Битола

Партнери на фестивалот се: Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје, Гласен Текстилец од Штип, НУ Центар за култура – Битола, НУ Завод и Музеј Битола и НУ Народен театар Битола, Македонски Железници, Мезе бар Јагода, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“, ЛГБТИ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права, Кафе Радост, и Клуб Епицентар.

——————————————————————————————-

13. AKTO FESTIVAL FOR CONTEMPORARY ARTS
SOCIETY UNDER CONSTRUCTION
23-25.08.2018 BITOLA

The 13th edition of the AKTO Festival for Contemporary Arts is taking place in Bitola, in 2018. There will be 5 programs: AKTO ART PROGRAM, AKTO MUSIC, AKTO AGORA, AKTO COMMUNITY and AKTO TRAIN, some of which specially created for the festival. There will be many collaborators building its social, cultural-artistic and urban community, and the public resources offered by the city will be used as spaces for its activities.
All this is the basis of the 13. AKTO, but the question is – what is the context in which the festival is created and what is the context which it creates in turn?
The change of the socio-political constellation in the country has opened a series of questions, doubts and frustrations in all spheres of the public life. The impatience and the difficult road of liberation from the piled wrath, but also the considerable particular interests accompanied by strong success propaganda, are an obstacle to the serious analysis of the events and the projections for the future. The weak strategies of the disunited institutions may again obstruct the potent new forms of non-institutional action, which can be an inspiration to many.
Culture and art, manipulated and enraged, confront us with the basic questions – will we allow them to be a tool of personal interests, national-clientelism and/or liberal strategies, or we will ardently and resolutely enable them to take a different direction in building a stable and strong socio-cultural and artistic scene?
In such context, AKTO is ready to look at what it stands for and represents – in art and culture, but also in some of its past practices, and emphasize the importance for this social reality through the parameters of the public and the social instead of the usual self-marginalization.  The idea of this AKTO is to ask, through the produced and selected discussions, exhibitions, workshops, music programs and art projects, how to proceed along the road, but to build a more serious and strategic construction of the position of culture and art? What does the past offer us – the Yugoslavian, the modernist, which was so much denied over the last period? Which collective values are forgotten, and which are at the stage of initiation? And, is a construction of a society possible, but of a society faced with all the traumas and frustrations in the past period, without quick rehabilitation and short memory?
We should strive for a systematically set up and jointly constructed society, with all of its antagonisms and discords, but guided by a critical spirit and goals that will define the society through mutual respect, trust, understanding.
Therefore, “Society under Construction” means a community that we are reconstructing every year at AKTO, we, the precarious and independent cultural workers, we and our progressive voice. “Society under Construction” means a momentum of different ideas and another direction against the neo(-and-)liberal paradigm, having in mind the legacy of the strong social component of art. “Society under Construction” means all of us together, with all the guests and programs of AKTO, which are curated, to bring back the field of free thought and progressivity, of ideas in step with the times and ideas which defy the everyday.
AKTO as a space for joint creation, where everyone will be included and an active culture will be created!
The program of the 13th AKTO Festival for Contemporary Arts is built by artistic productions that contest the socio-political and social moment we are living from the aspect of the future perspectives of the country, but also the past artistic experiences, and it will try to spot the current social inequalities and precarities as an incentive for solidarity and joint work.
AKTO will also work for the local community through its workshops, promoting collectivity, joint learning and emancipation as the leading paradigms of the festival, and also through its music programs, not only to motivate the local context, but also to emphasize the important musical achievements.
The AKTO Agora, as a largest public gathering, will open precisely the questions of context, or what is the context in which culture (should be) is being created, and the AKTO Train, as a continuous practice of the festival, will try to create a flow of people and an exchange of ideas.
We look forward to seeing you!

PROGRAM

III 23.08 Thursday III

10.00 Park of the Officers’ House / NI Center of Culture – Bitola
—-AKTO COMMUNITY—
– Closed workshop for production of electronic music with Aleksandar Vidinovski (Participants selected through an open call)
– Closed workshop for design of covers for music editions with Jana Acevska (Participants selected through an open call)
– Closed workshop for production of the fanzine Primus No.2 – AKTO in collaboration with Slobodanka Stevcheska and Vladimir Janchevski (Participants selected through an open call)

11.00 Park of the Officers’ House
—-AKTO ART PROGRAM—
Opening of the Festival and Cocktail
Artistic actions and interventions in public space:

– ”Solar Kitchen” by Nikola Uzunovski/ Skopje, a collaborative project produced within the frameworks of the project “Active Community Spaces for Citizen Changes” prepared by FRU as USAID’s Civic Engagement Project
-” Growing monument“ by Katarina Popović / Belgrade

18.30 NI Institute and Museum Bitola
—AKTO MUSIC—
Exhibition of covers of vinyl records of Macedonian music editions
Discussion “Production of Macedonian music published on vinyl records and design of covers, then and now”
Participants:
Bodan Arsovski
Miroslav Grchev
Tosho Filipovski
Mirko Popov
Filip Tasevski – Fitz
Moderator: Violeta Kachakova

20.30 NI National Theatre Bitola
—AKTO ART PROGRAM—
Lecture – performance
“NAME – Readymade”
Janez Janša / Ljubljana

21.30 Meze Bar Jagoda
—AKTO MUSIC—
“Chista Bitolska Shminka”
DJ set by:
Violeta Kachakova / Skopje
Ilina Angel / Skopje
Ile the Hair / Bitola
______________________________

III 24.08 Friday III

10.00 Park of the Officers’ House / NI Center of Culture – Bitola
—АКТО COMMUNITY—
Open workshops “For everyone in our community, from 1 to 101”, project by Foundation for Educational and Cultural Initiatives “Step by Step” – Macedonia in collaboration with AKTO
– Healthy Reading Habits Corner
– We play, we learn, and we have fun
– Dramarama
– Artivism
– We all Dance
– Laughter Yoga
– Let’s do some sports!

-Closed workshop for production of electronic music with Aleksandar Vidinovski
-Closed workshop for design of music editions covers with Jana Acevska
-Closed workshop for production of the fanzine Primus No.2 – AKTO in collaboration with Slobodanka Stevcheska and Vladimir Janchevski

12.00 Park of the Officers’ House /Shirok sokak
—AKTO ART PROGRAM—
Artistic actions and interventions in public space:
– 12:00h/ “Deaf Shoes” by Rena Rädle and Vladan Jeremić/ Belgrade
– 12:30h/ “Textile and Sorrow” by Filip Jovanovski / Bitola / Skopje

13.00 Meze Bar Jagoda
—AKTO MUSIC—
Promotion of “Macedonian ROCK Encyclopedia (1963-2018)” by Tosho Filipovski, publisher: Corpus Delicti Records

18.00 NI Institute and Museum Bitola
—AKTO COMMUNITY—
“For everyone in our community, from 1 to 101”, project by Foundation for Educational and Cultural Initiatives “Step by Step” – Macedonia in collaboration with AKTO
Memory Café
Film Screening in Museum Bitola

20.00 In front of the monument of Stiv Naumov
—AKTO ART PROGRAM—
Artistic actions and interventions in public space:
“Who is Marko Marković?” by Marko Marković / Zagreb

20.30 Park of the Officers’ House
—AKTO ART PROGRAM—
-Film “Comunismo Futuro” by Andrea Gropplero featuring Franco Berardi Bifo
-Film “City of Heros” by Workers’ Video Club, Zrenjanin

21.30 Radost Café
—AKTO MUSIC—
Marko Rikalovski / Bitola DJ set
Uj Pa Gaz / Tirana Live performance
Mile Grozdanovski / Bitola DJ set

________________________________________

III 25.08 Saturday III

10.00 Park of the Officers’ House / NI Center of Culture – Bitola
—АКТО COMMUNITY—
-Closed workshop for production of electronic music with Aleksandar Vidinovski
-Closed workshop for design of covers for music editions with Jana Acevska
-Closed workshop for production of the fanzine Primus No.2 – AKTO in collaboration with Slobodanka Stevcheska and Vladimir Janchevski

11.00 Park of the Officers’ House
—AKTO AGORA—
Discussion: What is the context in which culture is being created?
Participants: TBC

18.00 Park of the Officers’ House
—AKTO COMMUNITY—
Presentation of the results from:
– The workshops for production of electronic music and design of covers for music editions
– The workshop for production of the fanzine Primus No.2 – AKTO

19.00 Park of the Officers’ House
—AKTO MUSIC—

AKTO EARTHQUAKE Showcase
Fosfen/ Bitola
Sweet Rapscallions/ Bitola
PMG Kolektiv/ Skopje
Noviot Pochetok/ Skopje
Sethstat/ Skopje
Ki/ Kumanovo

***24 and 25.08.2018/ АКТО TRAIN in collaboration with Club Epicentar, Skopje and LGBTI Support Centre – Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia.
__________________________________
Organization: Faculty of Things that can’t be Learned (FRU), Bitola
www.akto-fru.org
Curators of 13. AKTO: Ivana Vaseva, Filip Jovanovski
Curators of the program AKTO MUSIC: Violeta Kachakova, Mirko Popov (AKTO Earthquake)
Curators of the program AKTO AGORA: Ivana Vaseva, Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, Filip Jovanovski
AKTO TEAM: Elena Risteska, Stefan Josifovski, Matej Shunda, Ognen Popovski, Andzela Petrovska, Ana Dzima, Nikola Slavevski, Elena Dimitrovska, Nena Nikolik
FB: https://www.facebook.com/akto.festival/
Twitter: aktofestival
E-mail: festival.akto@gmail.com
filipsj@gmail.com
ivana.vaseva@gmail.com

**
The festival this year is supported by the campaign Мрдни со прст / Lëviz me gisht, the Ministry of Culture, the Friedrich-Ebert-Stiftung in Macedonia, the City of Bitola, the USAID’s Civic Engagement Project (CEP).

Partners of the festival: Lokomotiva – Center for New Initiatives in Arts and Culture, Skopje, NI Center of Culture – Bitola, NI Institute and Museum Bitola and NI National Theatre Bitola, Macedonian Railways, Meze Bar Jagoda, Radost Café, Foundation for Educational and Cultural Initiatives “Step by Step”, the LGBTI Support Centre – Helsinki Committee for Human Rights and Club Epicentar.

KLIPING AKTO 10 avg 2018-compressed