XV Награда ДЕНЕС 2021/ XV DENES Award 2021

XV Награда ДЕНЕС 2021/ XV DENES Award 2021

/ For English scroll below/
НАГРАДА ДЕНЕС ЗА МЛАД(А) ВИЗУЕЛ(Е)Н/А УМЕТНИ(К)/ЧКА ДО 35 ГОДИНИ
Организација: Факултет за работи што не се учат -ФР~У во соработка со Центар за современи уметности – Скопје
21-29 април 2021 година
Скопје
Изложбата на четирите финалистки за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години – Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Симона Манчева и Елена Чемерска, премиерно ќе се може да се погледне од денес (21 април) на каналот Вимео Organization FR_U на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФР~У.
Изложбата е дел од годинешното, петнаесетто издание на престижната интерационална манифестација, доделувањето на наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години, која подразбира двомесечна резиденција во Њујорк, САД за добитни(кот)/чката. Таа ќе биде отворена од 21.04 до 29.04.2021.
Делата ќе може да се погледнат на следните линкови:
-Ана Јовановска https://vimeo.com/539296244
-Ана Лазаревска https://vimeo.com/539365281
-Симона Манчева https://vimeo.com/539287639
-Елена Чемерска https://vimeo.com/539312939

По изложбата на 28.04.2021 (среда) на платформа „Зум“ на ФБ каналот на ДЕНЕС Наградата од 18 – 20.30 часот ќе се одржи јавна презентација на уметничките и разговор со интернационалната жири комисија на англиски јазик во рамки на програмата „Совршениот уметник“. Линк од Фејсбук на ДЕНЕС Награда – Награда ДЕНЕС. DENES Award  https://www.facebook.com/Награда-ДЕНЕС-DENES-Award-2063487267273326

Следниот ден, на 29.04.2021 год. ќе се објави добитничката на наградата ДЕНЕС преку соопштение до медиумите како и на веб страната на ФРУ и социјалните мрежи на организацијата.
Интернационалното жири е составено од:
• Катја Крупеникова, кураторка и критичарка, доцент на ХКУ Универзитетот за уметности, Утрехт и дел од кураторскиот тим на Фондацијата В-А-Ц, Москва;
• Пол Ластер, писател, уредник, куратор, уметники предавач, уредник во ArtAsiaPacific и Whitehot Magazine of Contemporary Art;
• Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцентка, кураторка и истражувачка, претседателка на организацијата Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата;
• Алберт Хета, уметник, дизајнер, уметнички менаџер и уметнички директор на Стацион- Центарот за современа уметност, Приштина, Косово.
• Верица Ковачевска, уметничка и претходна добитничка на наградата ДЕНЕС;
Структура на настан на 28.04.2021:
18ч најава, претставување на финалистки и жири комисија
18.15ч Презентација на Ана Јовановска, Ана Лазаревска по 10 мин – прашања од жири – комисија;
19.15ч Презентација на Симона Манчева и Елена Чемерска по 10 мин – прашања од жири
<?php echo do_shortcode(“ “); ?>
НАГРАДА ДЕНЕС – НАГРАДА СО ДВОДЕЦЕНИСКИ КОНТИНУИТЕТ
Оваа значајна и независна награда е организирана во соработка со Residency Unlimited од Њујорк, поддржана е од The Trust for Mutual Understanding од Њујорк и се доделува на секои две години во Македонија. Победникот ќе има можност да присуствува на двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) во втората половина на 2021 година.
Наградата ДЕНЕС, која го носи името на истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во периодот од 1953 – 1955 во Македонија, се доделува по петнаесети пат во земјава.
Сите трошоци на победникот за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе му бидат покриени како трошоци за виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници од страна на The Trust for Mutual Understanding од Њујорк, додека органзиацијата за наградата т.е. изложбата и избирањето на победникот ги покрива локланата организација.
ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА
Во 1990 година Венди В. Луерс, основач и директорка на Фондацијата за отворено општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да одаде признание на уметничката извонредност на младите визулени уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – https://www.yvaawards.org/) во текот на неколку години беше востановена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, US foundation.
Денес 12 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Унгарија.
Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на оваа програма и како домаќин на резиденцијата на уметниците во Њујорк.
Факултет за работи што не се учат (ФР~У) е организација на културни работници кои функционираат во полињата на едукација и продукција на современи визуелни уметности и култура, со посебен фокус на истражувачката методологија, учеството и колективната акција во различни социополитички и културни контексти. Идејата на ФР~У се однесува на едукативни и на практични структури, содржејќи работи/предмети/часови кои предлагаат и истражуваат нови модели на предавање и учење, како и инсистирање на принципите на споделување, соработка, самоорганизација и заедничко учење. Формиран е во 2000 година како неформална платформа на повеќе уметници, студенти на драмски, архитектурни студии и визуелни уметности, додека во 2003 е основана организацијата за продукција на современи уметности и културни настани. Една од главните програми е АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 година.
XV Награда ДЕНЕС 2021 е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, и се организира во соработка со Europe House Скопје.

DENES AWARD FOR YOUNG VISUAL ARTIST UP TO 35
Organization: Faculty of things that can’t be learned (FR~U) in collaboration with Contemporary Art Center – Skopje
21-29 April 2021
Skopje
The exhibition of the four finalists for the DENES Young Visual Artist Award up to 35 – Ana Jovanovska, Ana Lazarevska, Simona Mancheva an Elena Chemerska, can be seen from today (April, 21) on Vimeo channel Organization FR_U of the organization Faculty of things that can’t be learned (FR~U).
The exhibition is part of the 15th edition of the prestigious international manifestation, DENES Award for Young Visual Artist up to 35, which is consisted of a two-month residency in New York, USA, for the winning artist. The exhibition will be open from April 21st till April 29th, 2021.
The new works, specially created for this occasion can be seen on:

After the exhibition, on 28th of April (Wednesday) on Zoom FB Channel of DENES Award from 18-20.30h, there will be public presentation by the artists finalists and conversation with the international jury in the frames of the program “The Perfect Artist”. Link from the FB page of the DENES Award Награда ДЕНЕС. DENES Award https://www.facebook.com/Награда-ДЕНЕС-DENES-Award-2063487267273326

The next day, 29th of April, the winner artist will be announced by press release published in the media, web page of FR~U and the social media.
The international jury is composed of:
• Katia Krupennikova, curator and critic, docent at HKU University of Arts, Utrecht and part of the curatorial team of the V-A-C Foundation, Moscow;
• Paul Laster, writer, editor, curator, artist and lecturer, contributing editor at ArtAsiaPacific and Whitehot Magazine of Contemporary Art;
• Biljana Tanurovska Kulavkovski, producer, curator and researcher, president of the organization Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture -Skopje;
• Albert Heta, artist, designer, art manager and artistic director of Stacion – Center for Contemporary Art Prishtina, Kosovo;
• Verica Kovacevska, artist and previous winner of the DENES award.
Event structure:
– 18h announcement, presentation of finalists and jury
– 18.15h Presentation by Ana Jovanovska, Ana Lazarevska 10 minutes each and followed by questions from the jury;
– 19.15h Presentation by Simona Mancheva and Elena Chemerska after 10 minutes each and followed by questions from the jury;
<?php echo do_shortcode(“ “); ?>
DENES AWARD – AWARD WITH CONTINUITY OF TWO DECADES
This significant and independent award is organized in collaboration with Residency Unlimited from New York, is supported by The Trust for Mutual Understanding from New York and is awarded every two years in North Macedonia. The winner will have the opportunity to attend a two-month residency program for artists in New York at Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) in the second half of 2021.
The DENES Award, which bears the name of the prominent art group DENES (English: today), which existed in the period from 1953 to 1955 in North Macedonia, is awarded for the fifteenth time in the country.
All expenses of the winner during the two-month stay in New York will be covered as expenses for visa, health insurance, travel expenses, accommodation and per diems by The Trust for Mutual Understanding from New York, while the organization of the prize ie. the exhibition and the selection of the winner are covered by the local organization.
HISTORY OF THE AWARD
In 1990 Wendy W. Luers, founder and director of the Open Society Foundations, together with President Vaclav Havel and a group of dissident artists first founded the Jindrich Chalupetsky Award in Czechoslovakia to recognize the artistic excellence of young visual artists under 35, and allow them the experience of residing in the United States. The Young Visual Artists Awards Program (YVAA – https://www.yvaawards.org/) has been established over the years as an international network of similar awards with support from the Trust for Mutual Understanding, US foundation.
Today, 12 European countries are part of this network: Czech Republic, Slovakia, Croatia, Kosovo, Serbia, Macedonia, Bosnia and Herzegovina, Slovenia, Albania, Bulgaria, Montenegro and Hungary.
In 2015, Residency Unlimited (RU) was hired as the organizer of this program and as the host of the artists’ residence in New York.
Faculty of things that can’t be learned (FR~U) is an organization of cultural workers operating in the fields of education and production of contemporary visual arts and culture, with a distinct focus on methodology of research, engagement and collective action in different socio – political and cultural contexts. The idea of the faculty is referring to an educational as well as practical structure, consisting of things/ subjects/ classes that propose and research new models for teaching and learning, as well as insist on the principle of sharing, collaboration, self organization and mutual learning. It was created in 2000 as a informal platform of several artists, theatre, visual arts and architecture students and in 2003 it was established as an organization for production of contemporary arts and cultural events. One of its main activities is AKTO Festival for contemporary arts, existing since 2006.
XV DENES Award is supported by the Ministry of culture of the Republic of North Macedonia and Delegation of European Union and is organized in collaboration with Europe House Skopje.