SYMPOSIUM_Precarious in capitalist culture_29-30.11.2019/ Kino Kultura, Skopje

SYMPOSIUM_Precarious in capitalist culture_29-30.11.2019/ Kino Kultura, Skopje

(For English scroll below)

 

Прекаријатното во капиталистичката култура – Дали да продолжиме да живееме вака?

СИМПОЗИУМ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ИДНИНАТА ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ТРУДОТ

Кино Култура, Скопје, 29-30 ноември, 2019 година

Организиран од Факултет за работи што не се учат (ФР~У) – Северна Македонија, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Роза Луксембург Штифтунг Југоисточна Европа

Курирано од Ивана Васева

Говорници:

Антонија Алампи, Кристина Ампева, Корина Л. Апостол, Ѓорѓе Балмазовиќ, Карла Црнчевиќ, Илијана Фокијанаки, Владан Јеремиќ, Филип Јовановски, Виолета Качакова, Биљана Тануровска–Ќулавковски, Крунослав Стојаковиќ, Тара Рукеци, Бојана Пишкур, Тјаша Пуребер, Кире Василев

 

Кога станува збор за работничките права, културните работници се во особено очајна ситуација, бидејќи нивната работа често не се разгледува како труд и не се валоризира како таква. Експлоатацијата и маргинализацијата на културната работа, како и генералниот недостаток на разбирање за еманципаторскиот потенцијал на уметноста и културата, се ретко разгледувани прашања за кои има потреба од систематска промена. Неолибералните сурови мерки на шетедење, кои се практикуваат со декади, ги туркаат уметниците и културните работници во краткорочни договори или фриленсерски односи. Најчесто неплатени, тие не заработуваат дури ни за основнa плата (living wage) и повеќето  од нив живеат во периоди на должење и сиромаштија.

Нееднакви и прекаријатни услови на труд се очигледни и во други сектори во Северна Македонија, но и во регионот. Во транзицијата кон постсоцијализмот, големите југословенски фабрики се распаднаа на стотици приватни компании кои го искористија евтиниот труд во трката за профит и во силно ривалство со нивните конкуренти. Непредизвиканиот неолиберален дискурс пенетрираше во општеството и односите на трудот се променија, синдикалните активности се потиснаа и трудовата легислатива се неутрализираше. Сево ова доведе до занемарување на работничките права и основната плата (living wage). На државните институции им недостасуваат систематски процедури и политички одлуки кои ќе ја поттикнат еманципаторската култура и ќе ги подобрат работничките права на прекаријатните културни работници и работниците воопшто.

 Како прекаријатните културни работници можат да се организираат во борбата за подобри работни услови во овој контекст? Каков вид на уметничка и културна продукција може да ја поддржи борбата за работнички права и може да ги направи еманципаторските социјални движења посилни во иднина?

 Симпозиумот обединува повеќе луѓе од регионот и од Европа со институционална, невладина и вонинституционална позадина во областа на културата и уметноста, како и луѓе кои се дел од социјални движења и активисти за работнички права, за да разменат искуства, да разговараат за постоечките модели и да споделат стратегии за организација на трудот во културата и уметноста.

Започнувајќи од анализата на прекаријатните и на фриленсерските работни односи во културата и, воопшто, секаде, симпозиумот ќе разгледува можни нови односи во културната продукција надвор од неолибералните, конзервативни и етнонационалистички парадигми. Во овој дел, уметничкиот и културниот контекст има потреба од силен придонес од еманципаторските сили во општеството. Затоа, ќе бидат презентирани примери на еманципаторски практики во културата, во контекстот на борбата за трудот, потоа ќе се разговара за функцијата и капацитетите на јавните институции и ресурси, а ќе се обрне внимание и на можностите за транснационална организација во борбата за работничките права.

 

АГЕНДА

 

Петок, 29 ноември, 2019 година, Кино Култура

9-18ч: Работилници (затворени сесии)

– 9-13ч Работилница за работничка анкета во македонскиот контекст, водена од Бојана Пишкур (МСУМ, Словенија) и Ѓорѓе Балмазовиќ (група Шкарт, Србија/ Словенија)

– 14-18ч Работилница на тема „Застапување на културните работници за работнички права“, водена од Тјаша Пуребер (културна работничка и поранешна раководителка за застапување на Асоцијација – мрежа на независни културни работници во Словенија).

 

18ч: Отворање на симпозиумот

Презентација на програмата, гостите, генералниот контекст и фокусот на симпозиумот од Ивана Васева (ФР~У, Северна Македонија), Крунослав Стојаковиќ и Владан Јеремиќ (РЛШ ЈИЕ)

„Уметничките работници помеѓу прекаријатот и отпорот: Генеалогија“, предавање од Корина Л. Апостол (Талин Арт Хол и ArtLeaks, Естонија/Романија)

„Состојбата на самостојните културни работници во Северна Македонија“, презентација од Ивана Васева и Виолета Качакова (Локомотива, Северна Македонија)

 

Сабота, 30 ноември, 2019 година, Кино Култура

10-11:30ч: Јавно презентирање на работата од работилниците

Работничка анкета во македонскиот контекст, од Бојана Пишкур и Ѓорѓе Балмазовиќ и „Застапување на културните работници за работнички права“ од Тјаша Пуребер

 

11:30-12ч: Пауза за кафе

 

 12-14ч: Сесија I: Прекаријатното во капиталистичката култура

Модераторка: Биљана Тануровска-Ќулавковски (Локомотива, Северна Македонија)

„Future Climates“, од Антонија Алампи (Savvy Contemporary, Германија) и Илијана Фокијанаки (State of Concept Athens, Грција)

Платформа „ArtLeaks“, од Корина Л. Апостол и Владан Јеремиќ (РЛШ ЈИЕ/ArtLeaks)

 

16-18ч: Сесија II: Прекаријатното во деиндустријализираните општества

Модератор: Филип Јовановски (ФР~У, Северна Македонија)

– „Доста со кратењата, Загреб“, од Карла Црнчевиќ (драматург и филмски работник, Хрватска)

– Презентација на различни борби во локалниот контекст, од Тара Рукеци (Зрењански социјален форум Работнички видео клуб, Србија)

– „Текстилните работници од Штип во долгиот пат кон прекаријатот“, од Кристина Ампева (Гласен Текстилец, Северна Македонија)

– „Девалоризација на трудот“, од Кире Василев (активист за трудот, Северна Македонија)

18–18:30ч: Пауза за кафе

 

18:30ч: Кратка филмска проекција „Обрани берачи“

Зрењански социјален форум Работнички видео клуб, Србија

 

19ч: Завршна сесија

 

*За време на симпозиумот ќе биде организиран мини саем на книга каде ќе бидат претставени публикации од сите учесници.

 

————————————————————————————————————————-

Симпозиумот на размислување за иднината од перспектива на трудот „Прекаријатното во капиталистичката култура – Дали да продолжиме да живееме вака?“ е организиран од Факултет за работи што не се учат (ФР~У) и е поддржан од Роза Луксембург Штифтунг Југоисточна Европа во рамките на иницијативата „Лева култура“.

Симпозиумот ќе се одржува на англиски јазик, а работилниците се или на англиски јазик или на БХС. Симпозиумот ќе биде видео документиран и поставен онлајн, а по неговото завршување ќе биде објавена „Работничка анкета“.

Учесници во работилниците се млади уметници и културни работници, како и сите кои се заинтересирани, а кои се пријавија на отворениот повик (објавен во почетокот на ноември, 2019 година). Оваа активност е дел од дискурзивната и едукативна програма „Совршениот уметник“, организирана од ФР~У и делумно поддржана од Град Скопје и Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Работилницата со Тјаша Пуребер е организирана од Локомотива – Центар за нови иницијатии во уметноста и културата, во рамките на годишната програма „Современа култура и јавни политики“ 2019, курирана од Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски, развиена како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура“, поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Цртежот употребен за промоција на настанот е на Ѓорѓе Балмазовиќ  и е дел од работилницата за работничка анкета во македонскиот контекст, водена од Бојана Пишкур и Балмазовиќ.


Precarious in capitalist culture – Should we continue living like this? 

SYMPOSIUM ON THINKING THE FUTURE FROM A LABOR PERSPECTIVE

Kino Kultura, Skopje, November 29-30, 2019

Organized by Faculty of things that can’t be learned (FR~U), North Macedonia in partnership with Lokomotiva- Centre for New Initiatives in Arts and Culture and Rosa Luxemburg Stiftung South East Europe

Curated by Ivana Vaseva

Speakers:

Antonia Alampi, Kristina Ampeva,  Corina L. Apostol, Djordje Balmazović, Karla Crnčević, iLiana Fokianaki, Vladan Jeremić, Filip Jovanovski, Violeta Kachakova, Biljana Tanurovska – Kjulavkovski, Krunoslav Stojaković, Tara Rukeci, Bojana Piškur, Tjaša Pureber, Kire Vasilev 

 

When it comes to labor rights, cultural workers are in a particularly desperate condition, because their work often is not regarded as labor and is not valorized as such. The exploitation and marginalization of cultural work, as well as the overall lack of understanding of the emancipatory potential of arts and culture, is rarely addressed as an issue in need of systemic change. For decades now, neoliberal austerity measures push artists and cultural workers into short-term contracts or freelance relations. Often unpaid, they do not even earn a living wage, and most of them live in a cycle of debt and poverty.

Unequal and precarious labor conditions are also evident in other sectors in North Macedonia and the region. In the transition to post-socialism, Yugoslavia’s big factories were dispersed into hundreds of private companies that took advantage of cheap labor in the race for profit in a strong rivalry with their competitors. The unchallenged neoliberal discourse penetrated society and labor relations changed, union activities have been oppressed and labor legislation has been neutralized. All this led to the neglect of labor rights and living wages. The state institutions lack systematic procedures and political resolutions that would foster emancipatory culture and improve the labor rights of precarious cultural workers and all workers in general.

 How can precarious cultural workers organize to struggle for better working conditions in this context? What kind of artistic and cultural production can support the struggle for labor rights and make emancipatory social movements stronger in the future?

This symposium brings together actors from the region and across Europe with institutional, non-governmental and non-institutional backgrounds from the field of culture and art, as well as people who are part of social movements and activists for labor rights, to exchange experiences, discuss existing models and share strategies for labor organization in culture and art.

Starting from the analysis of precarity and freelance working relationships in culture and elsewhere, the symposium will discuss possible new relations of cultural production beyond neoliberal, conservative and ethno-nationalist paradigms. Here, the artistic and cultural context needs strong input from the side of emancipatory forces in society. For this, examples of emancipatory practices in culture in the context of labor struggle will be presented, the function and capacities of public institutions and resources will be discussed, and possibilities of transnational organisation will be addressed.

 

AGENDA

 

Friday, November 29, 2019, Kino Kultura

9am-6pm: Workshops (closed sessions)

– 9am-1pm: Workers Inquiry workshop in the Macedonian context by Bojana Piškur (MSUM, Slovenia) and Djordje Balmazovic (skart, Serbia/Slovenia)

– 2pm-6pm: Workshop “Advocacy of cultural workers for labour rights” with Tjaša Pureber (cultural worker and former head of advocacy for Asociacija, network of independent cultural workers in Slovenia).

 

6pm: Opening of the Symposium

– Presentation of the program, guests,  general context and focus of the symposium by Ivana Vaseva (FR~U, North Macedonia), Krunoslav Stojaković (RLS SEE) and Vladan Jeremić (RLS SEE)

– “Art Workers Between Precarity and Resistance: A Genealogy”, lecture by Corina L. Apostol (Tallinn Art Hall and ArtLeaks, Estonia/Romania)

– “The condition of freelance cultural workers in North Macedonia” presentation by Ivana Vaseva and Violeta Kachakova (Lokomotiva, North Macedonia)

 

 

Saturday, November 30, 2019, Kino Kultura

 

10-11:30am: Public presentations and reports on workshop results

From the Workers Inquiry workshop in the Macedonian context by Bojana Piškur and Djordje Balmazović and “Advocacy of cultural workers for labour” rights by.Tjaša Pureber

 

11:30am-12pm: Coffee break

 

12-2pm: Session I: Precarious in capitalist culture

Moderator: Biljana Tanurovska – Kjulavkovski (Lokomotiva, North Macedonia)

– Future Climates by Antonia Alampi (Savvy Contemporary, Germany) and iLiana Fokianaki (State of Concept Athens, Greece)

– ArtLeaks platform by Corina L. Apostol (Tallinn Art Hall and ArtLeaks) and Vladan Jeremić (RLS SEE/ArtLeaks)

 

4-6pm: Session II: Precarious in deindustrialized societies

Moderator: Filip Jovanovski (FR~U, North Macedonia)

– Enough with the cuts, Zagreb by Karla Crnčević (dramaturgist and film worker, Croatia)

– Presentation of different fights in local context by Tara Rukeci (Zrenjanin Social Forum Workers Video Club, Serbia)

Textile workers in Shtip on the long road to precarity by Kristina Ampeva (Loud Textile Worker, North Macedonia)

Devalorization of labour by Kire Vasilev (labor activist, North Macedonia)

 

6pm-6:30pm: Coffee break

 

6:30pm: Short film projection “Picked pickers”

Zrenjanin Social Forum Workers Video Club

 

7pm: Concluding session

 

*During the symposium there will be mini book fair organized with publications from all participants.

 ————————————————————————————————————————

The symposium on thinking future from a labor perspective “Precarious in capitalist culture – Should we continue living like this?“, organized by Faculty of things that can’t be learned (FR~U), is supported by Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe in the framework of the Left Culture Initiative. The symposium is presented in English and the workshops are conducted in English, Macedonian and Bosnian-Croatian-Serbian. The symposium will be documented on video and posted online and the Worker’s Inquiry will be published.

The attendees of the workshops are young artists and cultural workers and all interested parties who applied through the open call (published in early November 2019). This activity is part of the discursive and educational program “The Perfect Artist”, organized by FR~U and partially supported by the City of Skopje and the Ministry of Culture of North Macedonia.

The workshop with Tjaša Pureber is organized by Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture in the framework of the yearly program “Contemporary culture and public policies” 2019, curated by Violeta Kachakova and Biljana Tanurovska Kjulavkovski, developed as part of the project “Program of Lokomotiva in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and contemporary culture” supported by the Ministry of Culture of North Macedonia.

The drawing used for event promotion is by Djordje Balmazovic and is part of the Workers Inquiry workshop in the Macedonian context by Bojana Piškur and Balmazovic.