НЕМА ВРЕМЕ ЗА РАБОТА. НЕМА ВРЕМЕ ОСЛОБОДЕНО ОД РАБОТА. NO TIME TO WORK. NO TIME FREE OF WORK.

НЕМА ВРЕМЕ ЗА РАБОТА. НЕМА ВРЕМЕ ОСЛОБОДЕНО ОД РАБОТА. NO TIME TO WORK. NO TIME FREE OF WORK.

НЕМА ВРЕМЕ ЗА РАБОТА. НЕМА ВРЕМЕ ОСЛОБОДЕНО ОД РАБОТА.

Меѓународна изложба и јавна програма

3-24 септември, 2024

Национална галерија на Република Северна Македонија – Мала станицa

19. АКТО фестивал за современи уметности-Јавни простори во движење(кон) II

Курирано од: Здружение Јиндрих Халупецки кураторски колектив (Барбора Ципрова, Вероника Чехова, Тереза Јиндрова, Карина Котова) и Ивана Васева (Факултет за работи што не се учат-ФРУ/19. АКТО Фестивал на современи уметности)

Уметници учесници:

селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, Хевит Колектив, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, Стонителерс

 

 Јавна програма

3 Септември

18.30 часот – Дискусија – Колектив Стонителерс од Прага, Чешка и претставници на македонската независна уметничка сцена

20 часот – Официјално отворање и тура со водич направени од Карина Котова (Здружение Јиндрих Халупецки кураторски колектив, Прага) и Ивана Васева (Факултет за работи што не се учат – ФРУ/ 19. АКТО Фестивал за современи уметности, Скопје) и уметници кои изложуваат во рамки на изложбата

20.45 часот – Проекција на филмот Неименувано (Нешто што сакаме да го именуваме, но постојано не успеваме во тоа), 2024 (13’) од Јижи Скала

Тековна перформативна интеракција со делото Раце преку глава од Барбора Клајнхамплова

24. Септември

20:00 Промоција на брошурата Прекарно за почетници и публикацијата Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции и диџеј (DJ)

 

      Се чини дека без разлика колку упорно и ревносно се обидуваме, ние-слободните културни работници, уметници, куратори, културни продуценти-немаме доволно време, но уште поважно, време за работа.

Капиталот го има колонизирано концептот за распределба на времето: нема време за креативност и нема време за одмор. Немаме време да работиме, а истовремено нема момент без работа.

Под превезот на флексибилност, мобилност, слобода и автономија на избор, делување, правење значајни и политички напори, ние самите се правиме несигурни и нашите специфични и работни услови ја потхрануваат неолибералната машинерија оставајќи нѐ постојано исцрпени, прегорени, прекарни и на некој начин, лишени од време.

Како што Изабел Лорај објаснува: „Овие прекарни/несигурни културни продуценти, по природата на нештата, се субјекти кои може толку лесно да се експлоатираат затоа што се чини дека вечно го носат товарот на нивните животни и работни услови како резултат на вербата во сопствената слобода и автономија, а како резултат на мечтаењето за самореализација. Во неолиберален контекст, тие се експлоатирани до тој степен што Државата дури и ги претставува како пример кој треба да се следи”.[1]

***

НЕМА ВРЕМЕ ЗА РАБОТА. НЕМА ВРЕМЕ ОСЛОБОДЕНО ОД РАБОТА. е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија. Првата верзија на проектот има форма на групна изложба и дискурзивна програма во Националната галерија на Република Северна Македонија-Мала Станица во Скопје (поврзано со 19. АКТО фестивал за современи уметности) и ќе продолжи подоцна оваа есен во Прага.

Проектот црпи инспирација од текстот „Сета моќ за работничките совети”[2],на чешкиот теоретичар на уметност Јиндрих Халупецки, објавен 1969, во кој Халупецки ги критикува и “класичната демократија”  и “авторитативно измислениот и применет социјализам по 1948”. Неговиот повик за целосна преобразба на социополитичкиот систем, вистинската слобода и директно учество на “народот“ во јавната сфера и во доменот на културата, завршува со следните зборови: „Сета моќ на работничките совети, селаните, младите луѓе, интелектуалците. Како кога би можеле, уште еднаш, како за првпат, да ги отвориме првите страници на прирачникот за револуција и после сето разочарување и очај, уште еднаш, да посегнеме по слобода во овој свет”. За издавање на текстот, на Халупецки му беше забрането јавно да се произнесува цели 20 години.

Инспирирани од оваа револуционерна визија, нашиот проект се фокусира на темата на уметничката работа и условите во истата, и ги зема во обзир специфичните улоги кои современата уметност и културата можат да ги играат во пошироките општествени и политички контексти на своето време. Една од амбициите на проектот е да придонесе во меѓународните дискусии за Статусот на уметникот и можноста да се претстави универзален основен приход (не само) за културни работници. Тој исто така обезбедува и своевидна компаративна анализа и ги мапира потеклото и моменталната состојба на Стаусот на уметникот, пракса востановена во пост-југословенскиот регион, со различни привилегии, и новата иницијатива во Чешката Република на таа тема. Иако начинот на размислување произлегува од минатото, тој првенствено е засегнат со иднината на уметноста и уметничката работа, потенцијалот на уметноста да учествува во промената на социо-политичките системи и да може да си замисли подобри услови за живеење за сопствената егзистенција.

Природата на проектот е експериментална и се базира на блиската комуникација со уметниците вклучени во него. Целта е да се покаже концентрација на уметници и културни работници кои се соочуваат со тешкотии и прекаризација во моменталниот социо-економски систем. Во првата фаза, кураторскиот тим избра одредени уметници и нивни постоечки дела поврзани со темата на работа, како во буквална така и во преносна смисла. Кураторите потоа влегоа во дијалог со уметниците кои изложуваат, за реалните наспроти идеалните услови за создавање и изложување на конкретно дело (преку пишан прашалник, онлајн интервју и заеднички резултати). Мултилогот со учесниците беше дополнет со гледиштата на соработниците кои на различни начини помагаат во создавањето на изложбата и чие работење вообичаено е невидливо и непризнаено.

Врз основа на овие разговори, беше формулирана постапката и формата на изложбената инсталација, која има за цел не само конкретни уметнички дела, туку и да ги открие процесите зад нивното создавање и презентација – вклучувајќи ги и ограничувањата на тимот за имплементација и институционалната позадина (простор, буџет, време…).

Меѓу резултатите од овој колективен процес се и две нови форми: аудио дело кое произлегува од одговорите на уметниците на прашалниците, собирајќи ги нивните лични услови, критиката на постојниот систем, како и визиите за промени. Друго колективно дело е сет барања до (уметничките) институции, во кој кураторите на изложбата ги собраа и структуираа конкретните повици за промени од страна на уметниците, кои се движат од многу реални до утописки, но секако вредни за залагање.

Изложбениот потфат

Сите уметници ја признаваат различната степен на (само)експлоатација и (само)прекаризација. Некои од нив се занимаваат со овие прашања повеќе интуитивно и експресивно, додека други повеќе преку соработка и практично.

Скулптурите на глави од Павла Сцеранкова ја доведуваат во прашање одржливоста на нејзината работа во однос на еколошката одржливост, одржливоста на уметничката практика и во однос на нејзината лична семејна и животна ситуација. Доротеј Нешовски се навраќа на своите искуства со различни професии и преку серија цртежи и предмети направени од боици укажува на потребата за враќање кон корените на нашата креативност, поврзувајќи го светот на уметноста со остатокот од општеството. Преку својата инсталација, Јижи Скала се обидува да ја систематизира и структуира својата уметничка активност како дело со цел подобро да ги разбере различните нивоа кои ја условуваат, при што посебно внимание посветува на концептите на прокрастинирање и спиење како два начина за избегнување од предодредената траекторија на уметничко функционирање.

Други уметници се обидуваат да ги здружат силите не само за да сочувствуваат туку и да излезат од рамките на самоизмачување и да се организираат политички. Перформансот на Барбора Клајнхамплова, претставен овде во форма на видео документација и просторна (интерактивна) инсталација, размислува за условите на кои се навикнуваме и приспособуваме за да влеземе во кругот на признавање, особено преку улогите на неплатени стажанти како дел од институционалната рамка на експлоатација и труд. селма баниќ, преку своето видео дело, дава поддршка на независната култура во градот Сплит, спротивставувајќи два настани – архивско видео од перформанс на Фрактал Фалус Театарот од 1994 година и снимка од никогаш завршениот Дом на млади. Во својот филм, Данило Прњат ги прикажува ефектите на деиндустријализацијата, отуѓувањето на работникот од неговиот труд и експлоатацијата преку тешкотиите на фабриката за шински возила ГОША и приказната на еден поранешен работник. Уметничката група Стонителерс создаваат инсталација за да поттикнат и отворат дискусија за новонастанатото здружение на непрофитни галерии и можни идни модели на соработка како и наоѓање возможни решенија за општото чувство на изцрпеност и незадоволство, од кои едно решение е градинарство.

Некои од уметниците одлучија да ја прикажат анксиозноста и немирот физички, преку телесни изобличувања и трансформации. Во нивното видео, Ленка Ѓороjeвиќ и Матеј Ступица метафорички го покажуваат телото покорено, седнато во соба, завртена под агол од 90 степени за да демонстрираат прифаќање на „нормалноста“ на работа во несигурни услови, како состојба на слободен пад. Лукаш Хофман, преку видео дело и инсталација, зборува за тоа како кожата, како повеќеслојна метафора, станува простор за манипулација, (само)повредување, сензација или експлоатација. Феминистичките гласови како Колективот Хевит, преку инсталацијата што ги прикажува нивните акции и перформанси изведени во јавен простор, но и во јавни институции, претставуваат континуирана борба против патријархалните и конзервативни гласови, како и невидливоста на женскиот труд во домот и уметничкиот труд. Уште едно дело на селма баниќ е изложено во оваа изложба, публикацијата и мобилниот мурал „Како живеат женските уметници“, заеднички направено со Нина Гојиќ и посветено на жените од Риека.

Здружување на силите

Оттаму, ги перцепираме изложените дела како почетни точки за демонстрирање на поопштите карактеристики, предизвици и замки на уметничката работа во неолибералниот капиталистички контекст. Изложбата има за цел да покаже како девалвираниот и слабо платен когнитивен труд се манифестира во уметничките животи и исто така да претстави различни пристапи и начини на справување со ситуацијата. На некој начин, сите учесници преку изложените дела се обидуваат да се справат со забрзаната динамика и интензитетот на (уметничкиот) свет, и да одговорат на императивот да испорачаат и создадат значајни, солидарни и емпатични контексти за заедничко справување со работите. Така, оваа изложба е начин не само да се препознаат проблемите и да се подигне свеста за прашањата што го окупираат нашиот секојдневен живот, туку и да се здружиме и да се обидеме да замислиме или да се сетиме на други форми на подобар живот.

Стресот од хиперпродуктивност води кон паника, депресија, лишување од емпатија, (виртуелна) изолација, интензивна економска конкуренција…Франко Берарди Бифо пишува дека резултатот од неолибералната политика е севкупно намалување на цената на трудот и осиромашување на когнитарците. „И индустрискиот труд, разместен на периферијата од светот, и когнитивниот труд, се девалвирани и недоволно платени, и истовремено прекаризацијата ја има фрагментирано и најпосле уништено општествената солидарност. Во оваа смисла, водени од прекаризацијата на когнитивниот труд, мора да го преиспитаме проблемот на субјективизација”.[3]

Според горенаведеното, прашањата се: Кои можат да бидат абнормалните и девијантните практики во неолибералната хегемонистичка функција на прекаризација, кои имаат субјективизирачки функции? Кои се новите/други начини на субјективизација, дејствување, и на крајот, на контра-однесување, како што би прашала и Лорај?

Потребна е целосна систематска промена заедно со демистификација, признавање и вреднување на уметничкиот и културниот труд и прифаќање на нивниот еманципаторски потенцијал во функција на поодржливи и еднакви долгорочни форми на здружување и солидарност. Како што пишува Катја Празник, „додека еманципаторското разбирање на уметноста не стане наша реалност и сѐ додека мораме да се ангажираме во елиминирање на капиталистичката принуда да се работи за да се преживее, треба во меѓувреме да бараме плата за уметничкиот труд“.[4]

Колективната свест е неорганизирана/раштракана и обично неволно игра според правилата диктирани од натпреварувачки ориентираните национални културни политики. Се потпираме на јавното финансирање, бидејќи веруваме во јавниот карактер на уметноста и културата, но тоа не е доволно, и како тактика за преживување научивме да ги прилагодуваме нашите потреби на желбите и визиите на различните фондации. Вообичаено сме ретроактивни и лесно се приспособуваме на новите политички и општествени промени и нивните поединечни визии. Повеќето обиди што се стремат да создадат мали анти-капиталистички оази на различни начини на производство, нагласувајќи ја јавната функција на уметноста, различните начини на работа и живеењето заедно, се краткотрајни, но произведуваат значајни сознанија и заклучоци.

Но ние сме отпорни и упорни, како и мобилни и флексибилни. Овој заеднички напор е уште еден обид да се тестираат различни форми на заедничко постоење и работа, како и да се размислува за трансформативни антикапиталистички форми на колективизација, самозаштита и зајакнување преку заедничка борба во културниот сектор.

***

Оваа изложба е една фаза од долгорочната посветена борба за подобрување на работничките права во уметноста и културата во Северна Македонија. ФРУ беше еден од основачите на Јадро – асоцијација на независната уметност и култура, иницијативата „Културата е насловна страница на секое општество“ преку која нејзиниот член Ивана Васева беше дел од подготовката на новиот Закон за култура, а Филип Јовановски беше дел од иницијативата за поддршка на фриленсерите за време на корона пандемијата. ФРУ го организираше меѓународниот симпозиум за преиспитување на иднината од перспектива на трудот, „Прекарни во капиталистичката култура. Дали треба да продолжиме да живееме вака?“ во Кино Култура во 2019 година, и го направи предавањето-перформанс „Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја заземаат сцената“ од Ивана Васева и Биљјана Тануровска-Ќулавковски во 2016 година, како и Културниот и уметнички центар Текстил, долготраен колаборативен проект на Филип Јовановски (2016 – 2020). ФРУ исто така ја започна иницијативата за истражување и анализа на слободните културните работници во Република Северна Македонија, заедно со Виолета Качакова во 2019 година и оваа изложба е продолжение на тоа.

Здружение Јиндрих Халупецки е платформа и невладина непрофитна организација на чешката постреволуционерна и современа уметност во меѓународен контекст со седиште во Прага. Здружението, именувано во чест на водечкиот чешки теоретичар и критичар на визуелните уметности и литературата, есеист и филозоф Јиндрих Халупецки (1910–1990), има за цел да иницира и поддржува иновативни и експериментални уметнички, кураторски и истражувачки активности и да придонесе за зајакнување на улогата на современата чешка уметност на локалната и меѓународната сцена, вклучувајќи ги и регионите надвор од главните културни центри. Здружението е симбол на значаен континуитет и флексибилност, постојано преиспитувајќи ги своите форми и можности како организација која активно пристапува кон најсовремените настани како на, така и надвор од уметничката сцена. Здружението Јиндрих Халупецки е дел од иницијативата Феминистичка (уметничка) институција и го следи нивниот Кодекс на работење: www.feministinstitution.cz. Од 1990 година, Здружението ја доделува Наградата Јиндрих Халупецки за млади визуелни уметници како член на платформата Награди за млади визуелни уметници (Young Visual Artists Award-YVAA), мрежа на награди за млади уметници од Централна и Источна Европа.

[1] Изабел Лорај, Владетелствување и себе-прекаризација, За нормализацијата на културните продуценти, https://transversal.at/transversal/1106/lorey/en#_ftn16

[2] Насловот на текстот е превод на класичнaта девизa на руските револуционери, а за Халупецки печатењето на истото на првата страница на списанието „Литерарни Листи“ значело бес на Москва и забрана за објавување на следните дваесет години. Повикот на Халупецки за вистинска слобода и учество на „народот“ во јавната сфера и, се разбира, културата и уметноста, завршува со зборовите: „Сета моќ на работничките совети, селаните, младите луѓе, интелектуалците. Како кога би можеле, уште еднаш, како за првпат, да ги отвориме првите страници на прирачникот за револуција и после сето разочарување и очај, уште еднаш, да посегнеме по слобода во овој свет”.

[3] Франко Берарди Бифо, Когнитивна субјективизација во: Аранда Џ., Кван Вуд Б., Видокал А. (уредници) Дали работите премногу? Пост-фордизам, прекаритет и  трудот на уметноста,(Стернберг Прес, 2011)

[4] Катја Празник,  Плати за и против уметничката работа: За економијата, автономијата и иднината на уметничкиот труд https://reshape.network/article/wages-for-and-against-art-work-on-economy-autonomy-and-the-future-of-artistic-labour

Продукција: Ондреј Хоуштава, Зузана Шрамкова, Ивана Самандова

Координатор за инклузија и одржливост: Никола Лудлова

Дизајн на изложба: Куратори и Димитар Милев

Графички и изложбен дизајн: КОМА дизајн студио

Лектура и превод: Никола Лудлова, Долорес Атанасова

Комуникација: Кристина Судкова, Биљана Стојановска

Монтажа на звук за аудио делото: Јонаш Рихтер

Уредници на брошурата Прекарно за почетници: Виолета Качакова, Ивана Васева


NO TIME TO WORK. NO TIME FREE OF WORK.

International exhibition and public program

3-24 September, 2024

National Gallery of the Republic of North Macedonia – Mala Stanica

19. AKTO Festival for Contemporary Arts – Public Spaces in Movement (Toward) II

 

Curated by Jindřich Chalupecký Society curatorial collective (Barbora Ciprová, Veronika Čechová, Tereza Jindrová, Karina Kottová) and Ivana Vaseva (Faculty of things that can’t be learned – FRU/ 19. AKTO Festival for Contemporary Arts)

Participating artists:

selma banich, Lenka Đorojević and Matej Stupica, Haveit Collective, Lukáš Hofmann, Barbora Kleinhamplová, Dorotej Neshovski, Danilo Prnjat, Pavla Sceranková, Jiří Skála, StonyTellers

 

Public program

 3 September

 

18.30h – Discussion – Collective StonyTellers from Prague, The Czech Republic and representatives of the Macedonian independent art scene

20h – Official opening and guided tour made by Karina Kottová (Jindřich Chalupecký Society curatorial collective, Prague) and Ivana Vaseva (Faculty of things that can’t be learned – FRU/ 19. AKTO Festival for Contemporary Arts, Skopje) and exhibiting artists

20.45h – Screening of the film Untitled (Something we want to name, but we are constantly failing in it), 2024 (13’) by Jiří Skála

An ongoing performative interaction with the work Hand over Heels by Barbora Kleinhamplová

 

24 September

8pm Launch of the booklet Precarious for Beginners and the publication Islands of Kinship: A Collective Manual for Inclusive and Sustainable Art Institutions and a DJ

 

 

 

        It seems that no matter how persistently and zealously we try, we – freelance cultural workers, artists, curators, cultural producers – are lacking time, but more essentially, time to work.

Capital has colonized the concept of the division of time: there is no time for creativity and no time to rest. We have no time to work but at the same time no time free of work.

Under the guise of flexibility, mobility, freedom and autonomy to choose, act, produce meaningful and political endeavours, we are self-precarizing ourselves and our specific living and working conditions are fueling the neoliberal machine leaving us constantly fatigued, burned out, precarious and somewhat time-less.

As Isabell Lorey explains: “these precarious cultural producers, by design, are subjects that can be exploited so easily because they seem to bear their living and working conditions eternally due to the belief in their own freedom and autonomy, due to self-realization fantasies. In a neoliberal context they are exploitable to such an extreme that the State even presents them as role models”[1].

***

NO TIME TO WORK. NO TIME FREE OF WORK. is an international exhibition project featuring artists from the Czech Republic, Slovakia and the countries of former Yugoslavia. The project’s first iteration has a form of a group exhibition and a discursive program at the National Gallery of the Republic of North Macedonia – Mala Stanica in Skopje (in connection with 19. AKTO festival for contemporary arts) and it will continue later this autumn in Prague.

The project draws inspiration from the 1969 text by Czech art theorist Jindřich Chalupecký All Power to the Workers’ Councils[2], in which Chalupecký criticizes both “classical democracy” and “authoritatively invented and applied socialism after 1948”. His call for a complete reinvention of the sociopolitical system, real freedom and direct participation of the “people” on the public sphere and the cultural realm concludes with the following words: “All power to the councils of workers, peasants, young people, intellectuals. As if we could, once again, open the first pages of the revolutionary textbook and after all the disappointment and despair we could, once more, strive for freedom in this world.” For publishing the text, Chalupecký was banned from public expression for 20 years.

Inspired by this revolutionary vision, our project focuses on the topic of artistic work and its conditions and considers the specific roles that contemporary art and culture can play in the wider social and political contexts of its time. One of the ambitions of the project is to contribute to the international discussions on the Status of the Artist and the possibilities of introducing a universal basic income (not only) for cultural workers. It provides a loose comparative analysis and maps the origins and current state of the Status of the artist, a practice utilized in the post-Yugoslav region although, with varying privileges, and the new initiative in the Czech Republic on this matter. Although the line of thinking stems from the past, it is primarily concerned with the future of art and artistic work, the potential of art to participate in the change of socio-political systems and imagine livable conditions for its own existence.

The nature of the project is experimental and based on a close dialogue with the artists involved. It aims to show a concentration of artists and cultural workers experiencing difficulties and precarization in the current socioeconomic system.  In the first stage, the curatorial team selected specific artists and existing works related to the topic of work in both literal and symbolic sense. The curators then entered into a dialogue with the exhibiting artists about real vs. ideal conditions for the creation and exhibition of the given work (through a written questionnaire, online interview and collaborative outputs). The multilogue with the participating artists was complemented by the perspectives from collaborators who in differing capacities help to produce the exhibition, and whose work tends to be invisible or unacknowledged.

Based on these conversations, the procedure and form of the exhibition installation was formulated, which aims not only at the particular artworks, but also reveals the processes behind their creation and presentation – including the limitations of the implementation team and institutional background (space, budget, time…).

Among the results of this collective process are also two new forms: an audio work stemming from the artists’ responses to the questionnaires, compiling their personal conditions, criticism of the existing system as well as visions for change. Another collective piece is a Set of demands to (art) institutions, in which the exhibition curators collected and structured the particular calls for change from the artists, ranging from very realistic to utopian, yet much worth striving for.

The Exhibition Endeavour

All of the artists have acknowledged the various levels of (self)exploitation and (self)precarization. Some of them deal with these issues more intuitively and expressively and others more collabouratively and practically.

Pavla Sceranková’s sculptures of heads question the sustainability of her work in terms of environmental sustainability, sustainability of artistic practice itself and in regards to her personal family and living situation. Dorotej Neshovski reflects on his experiences with various professions and through a series of drawings and crayon objects he points to the need of returning to the roots of our creativity while connecting the world of art to the rest of our society. Through his installation Jiří Skála is trying to systematize and structure his artistic activity as a work in order to better understand the various levels that condition it and gives a special attention to the notions of procrastination and sleep as two ways out of the predetermined trajectory of artistic functioning.

Others are trying to join forces not only to sympathize but to go beyond self-victimization and organize politically. Barbora Kleinhamplová’s performance presented here in the form of a video documentation and spatial (interactive) installation, ruminates on the conditions that we accustom to and adjust to so we can get in the circle of recognition, especially though the roles of unpaid internships as part of the institutional framework of exploitation and labour. selma banich, through her video work, gives support to the independent culture in the city of Split by counterpositioning two events – archival video of a performance from Fraktal Falus Theater in 1994 and footage of the never finished House of Youth. In his film Danilo Prnjat displays the effects of deindustrialization, the worker’s alienation from his own labour and exploitation through the hardships of the GOŠA rail vehicle factory and the story of one former worker. StonyTellers create an installation in order to stimulate and open discussion about the emerging association of non-profit galleries and possible future models of cooperation as well as to find possible answers for the general sense of fatigue and dissatisfaction, one of them being garden care.

There are some that decided to display the anxiety and unrest physically, though bodily distortions and transformations. In their video, Lenka Đorojević and Matej Stupica metaphorically show the physical body subjugated, sitting in a room, rotated for 90 degrees in order to demonstrate the acceptance of ‘normality’ of working under the precarious conditions, as a state of free fall. Lukáš Hofmann, through the video work and the installation talks how the skin, as a multi-layered metaphor, becomes a space for manipulation, (self)violation, sensation, or exploitation. The feminist voices like Haveit Collective, through the installation presenting several of their actions and performances done in public spaces but also in public institutions are presenting continuous struggles against the patriarchal and conservative voices, as well as the invisibility of women’s domestic labour and artistic labour. A second work by selma banich is displayed in this show, the publication and mobile mural How Do Female Artists Live, jointly made with Nina Gojić and dedicated to the women of Rijeka.

Joining forces

We thus perceive the exhibited works as starting points for demonstrating the more general features, challenges and pitfalls of artistic work in the neoliberal capitalist context. The exhibition aims to show how the devalued and underpaid cognitive labour is manifested in the artistic lives and also present various approaches and manners of coping with the situation. In a way, all participating artists through the exhibited works try to deal with the accelerated dynamics and intensity of the (art) world, and to respond to the imperative to deliver as well as produce meaningful, solidary and empathic contexts of coping things together. Thus, this exhibition is a way not only to acknowledge the problems, to raise awareness about the matters that occupy our everyday life but also to get together and try to envision or to remember other forms of living better.

The stress of hyperproductivity leads to panic, depression, de-activation of empathy, (virtual) isolation, intense economic competition… Franco Berardi Bifo writes that the result of neoliberal politics is a general reduction of labour cost and an impoverishment of the cognitarians. “Both industrial labour, delocalized to the peripheral areas of the world, and cognitive labour, are devalued and underpaid, as precarization has fragmented and finally destroyed social solidarity. In this new context, defined by precarization of cognitive labour, we must rethink the question of subjectivation”[3].

Deriving from the abovementioned, the questions are what can be the abnormal and deviant practices in a neoliberal hegemonic function of precarization, which have subjectivating functions? What are the new/ other modes of subjectivation, agency, and ultimately of counter-behavior as would also Lorey ask?

An overall systematic change is needed along with demystification, recognition and valorization of the artistic and cultural labour and an embrace of their emancipatory potential towards a more sustainable and equal long-term forms of interdependence and solidarity. As Katja Praznik writes, “until an emancipated understanding of art becomes our reality and while we must engage in eliminating the capitalist compulsion to work to live, we should in the meantime demand wages for art work”[4].

Collective intelligence is scattered and usually unwillingly plays by the rules dictated by the competition-oriented national cultural policies. We lean on public funding, as we believe in the public character of art and culture, but that doesn’t suffice and as a survival tactic we’ve also learned to adjust our needs to the different foundations’ desires and visions. We are usually retroactive and easily adapt to new political and societal shifts and their respective visions. Most of the endeavours that try to create small anti-capitalist oasis of different modes of production, emphasizing the public function of art, different ways of working and living together, are short-lived but produce meaningful insights and conclusions.

But we are resilient and persistent as well as mobile and flexible. This joint endeavour is another attempt to test various forms of being together and working together as well as pondering upon transformative anticapitalistic forms of collectivizing, self-protection, and strengthening through collective struggles in the cultural sector.

***

This exhibition is one phase of a long-term dedicated struggle for improving labour rights in arts and culture in North Macedonia. FRU was one of the founders of Jadro – an association of independent arts and culture, the initiative “Culture is a A Frontpage of Any Society” through which its member Ivana Vaseva was part of the preparation of the new Law of Culture and Filip Jovanovski was part of the initiative for supporting freelancers during the corona pandemics. FRU produced the international symposium on rethinking the future from a labour perspective, Precarious in capitalist culture. Should we continue living like this? in Kino Kultura in 2019, and produced the lecture performance “How my life turned into a cultural worker – cultural workers take the stage” by Ivana Vaseva and Biljana Tanurovska – Kjulavkovski in 2016 as well as the Cultural and artistic centre Textile, durational collabourative project by Filip Jovanovski (2016 – 2020). FRU also started the initiative for research and analysis about the freelance cultural workers in the Republic of North Macedonia, jointly with Violeta Kachakova in 2019 and this exhibition is a continuation of that.

Jindřich Chalupecký Society is a platform and a non-state, non-profit organisation of Czech post-revolutionary and contemporary art in an international context based in Prague. The Society, named in honour of leading Czech theorist and critic of visual arts and literature, essayist and philosopher Jindřich Chalupecký (1910–1990), aims to initiate and support innovative and experimental artistic, curatorial and research activities and to contribute to the strengthening of the role of contemporary Czech art in the local and international environment, including the regions outside the main cultural centers. The Society stands both for significant continuity and flexibility, constantly re-examining its forms and possibilities as an organisation that is actively approaching the most contemporary events both on and outside the art scene. The Jindřich Chalupecký Society is part of the Feminist (art) institution initiative and follows its Code of practice: www.feministinstitution.cz. Since 1990, the Society awards the Jindřich Chalupecký Award for emerging visual artists as a member of the platform Young Visual Artists Awards (YVAA), a network of awards for young artists from Central and Eastern Europe.

 

[1] Isabell Lorey, Governmentality and Self-Precarization

On the normalization of cultural producers, https://transversal.at/transversal/1106/lorey/en#_ftn16

[2] The title of the text is a translation of the classic motto of Russian revolutionaries, and for Chalupecký its printing on the first page of the magazin Literární Listy meant the outrage of Moscow and a ban on publication for the next twenty years. Chalupecký’s call for real freedom and participation of the “people” in the public sphere and of course culture and art ends with the words “All power to the councils of workers, peasants, young people, intellectuals. As if we could once again open the first pages of the revolutionary reader and, after all the disappointments and despair, we could once again strive for freedom in this world.

[3] Franco Berardi Bifo, Cognitarian Subjectivation in: Aranda J., Kuan Wood B., Vidokle A. (eds.) Are You Working Too Much? Post-Fordism, Precarity and the Labour of Art, (Sternberg Press, 2011), p. 139

[4] Katja Praznik, Wages for and against Art Work: On Economy, Autonomy, and the Future of Artistic Labour https://reshape.network/article/wages-for-and-against-art-work-on-economy-autonomy-and-the-future-of-artistic-labour

 

Production: Ondřej Houšťava, Zuzana Šrámková, Ivana Samandova

Inclusion and Sustainability Coordinator: Nikola Ludlová

Exhibition Design: Curators and Dimitar Milev

Exhibition Graphic Design: KOMA Design Studio

Proofreading and translation: Nikola Ludlová, Dolores Atanasova

Communication: Kristýna Sudková, Biljana Stojanovska

Sound Editor of the Audio Piece: Jonáš Richter

Booklet “Precarious for Beginners” editors: Violeta Kachakova, Ivana Vaseva