Каква галерија ни треба? – Битола
11ти јули 2019 година, со почеток во 19:00 часот
кафич „Радост“
Централна активност на овој настан ќе биде отворената јавна дискусија како и презентација со Владо Ѓоревски на тема „Каква галерија ни треба“, фокусот на презентацијата на Ѓоревски ќе биде најпрво врз историјатот на галериските простори кои порано функционирале во Битола, а потоа и врз потребата од еден таков галериски простор, како неопходен предуслов за развој на културниот живот, а со тоа и создавање подобри услови за развој на индивидуите, а со тоа и заедницата.
А после јавната дискусија следува диџеј сет „АКТО музика“ на добро познатите dj Gox и dj Ecei Partsam како и акција во јавен простор, стикери и интервјуа.
Овој настан се фокусира на проблемот со кој се соочуваат уметниците во Битола, а тоа е недостаток на сериозен галериски простор кој ќе понуди најпрво услови, а потоа и современа програма. Но исто и проблемот со кој се соочуваат сите граѓани на Битола, а особено младите, а тоа е опаѓање на културниот живот во градот, а со тоа и намалување на еден значаен предуслов за изградба и социјализација на личноста, што индиректно влијае и врз општото ниво на развој на заедницата.
Настанот е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ кој го имплементира „Факултет за работи што не се учат“, поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.
Изминатава година во склоп на овој проект, беа оддржани работилници чии резултат е овој настан кој има за цел активно вклучување на локалната заедница во креирање на јавни културни политики кои ќе произведат социјален дијалог на актуелни општествни теми.
Целта на овој настан е да се најдат креативни механизми како ќе се покажат проблемите со кои тековно се соочуваат уметниците, младите и воопшто граѓаните, предизвикувајќи дискусија во јавноста отворајќи ги прашањата за нивото и квалитетот на културниот живот,со надеж дека тоа ќе предизвика отворање на галериски простор кој ќе прерасне во активен простор за различни заедници.
Дизнајн на стикери и беџови: Сања Наумовска
Повеќе на https://www.facebook.com/events/486693628565167/permalink/487220905179106/