ЧЕТВРТ МОДУЛ: 24 и 25 јуни/ Мобилна/монтажна галерија
„Размислување надвор од рамката: независната културна сцена и културните работници“
Четвртиот модул од серијата од четри модули се однесува прекаријатните услови на независната културна сцена како и институционалното функционирање. Посебен фокус на овој модул е и независната продукција и начините на работење посебно кога ќе се земат предвид почетните обиди на младите автори и немањето можности за нивно стимулирање и развивање.
Дискусија „Форми на независна продукција“
24 јуни (сабота), Мобилна/ монтажна галерија на ЦАЦ (Парк на Франкофонија)/ 20 часот
Учесници во дискусијата се:
Наталја Алтхазуер, актерка, режисерка и продуцентка од Германија
Бујар Лума, театарски режисер од Македонија
Модератор: Ивана Васева, кураторка во визуелни уметности
По дискусијата ќе следува проекција на филмови од годинешното издание на филмскиот фестивал WatchOut! во Тетово.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДИСКУСИЈАТА
„Форми на независна продукција“
Стимулирањето на творештвото на помладите автори од било која уметничка дисциплина и соработката со институциите се чини дека не беше во фокус во изминатиов период во земјава за што многу од младите автори се соочуваа со екстрем – или да најдат алтернативни начини или воопшто да не продолжуват да работат. Токму оваа дискусија има за цел да ги отвори овие прашања, да ја зацврсти волјата и желбата за работа но и да даде увид во различни продукциски зафати.
БИОГРАФИИ НА УЧЕСНИЦИТЕ:
Наталја Алтхаузер (1991) работи и во театарската и филмската индустрија како актерка, режисерка и продуцентка. Таа студирала „Словенски студии и филозофија“ во Фрајбург но подоцна, во 2013 год. се придружила на Конзерваториумот за актерство. Таа веќе играла во неколку филмови (Once upon a time, 2013 ; Reel Distress, 2014) додека сеуште студирала.
Од 2015 год. таа е член на ансамблот „Театар на Неморалните“ (Theatre of Immorals), независен театар во Фрајбург. Во 2016 год. таа го превзела уметничкиот и организиски менаџмент на blackwood-films creative pool Freiburg, широка младинска филмска заедница која реализира кратки филмови и документарци во Југозападна Германија.
„Љубов“ е првиот краток филм кој таа го режирала и го напишала сценариото. Во 2016 год. таа била официјално лице за Филмскиот фестивал за германски филм во Македонија.
Во моментов, Алтхаузер живее во Лондон каде ги завршува магистерските студии во изведувачки уметности на Универзитетот Royal Holloway во Лондон.
Бујар Лума го основа Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“ во 1999/2000 год. како одговор на етничкиот конфликт во поранешна Југославија. Тој по вокација е театарски режисер, а во својата граѓанска работа вклучува модерни техники од театарот и новите медиуми за да создаде ефективен интеркултурен дијалог меѓу заедниците. Тој работел во професионални театри во Западен Балкан и во театарски иницијативи во Европа. Лума, исто така, работи како интеркултурален медијатор и е фасцилитатор во процесот на основање на Регионалната канцеларија за соработка меѓу младите во Западен Балкан (rycowesternbalkans.org).
WatchOut! е фестивал на отворено, организиран од Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“ од Тетово. Оваа година, фестивалот беше организиран по шести пат и тоа во градината на Музејот на комунизмот а секоја година се доделуваат и награди за најдобрите филмови.