АКТО 11 Bitola

POP UP AKTO

КАТАЛОГ-ПОП АП АКТО БИТОЛА


11. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ [ПОП АП АКТО]

12–14 август 2016 год.

Битола

АКТО својата нова деценија постоење ја почнува во обид за преобмислување на идејата и форматот за фестивал и за политичката конотација на ваков вид случувања, но сè уште потпирајќи се на разновидната, мултимедијална и динамична програмска содржина.
Досега фестивалот традиционално се одвиваше во Битола кон средината на август и варираше во обемот на својата програма. Оставајќи значајно искуство зад себе, не само на своето фестивалско тело туку и на средината во која се движеше, се чини дека е сега моментот за испитување на својата оставштина и момент за позасилено продолжување, потенцирајќи ги горчливите и горечки теми во нашето општество.
АКТО, преку својот легален застапник, огранизацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје, во изминатата 2016 год. отвори голем број прашања за уметничката култура и екологија во земјава и иницираше серија настани за правата и работните услови на уметниците и културните работници, како и за солидарноста и заменото помагање меѓу различни ранливи категории граѓани во земјава. Исто така, се отворија и прашања за одговорноста на јавните институции (во овој контекст институциите на културата и уметноста) и за нивниот колективен ангажман, како и за потребата од нови простори, кои ќе понудат различно функционирање и модели на дејствување.
Она што се одвиваше во текот на 2016 год. е и завршувањето на истражувањето „Kолективното дејствување како политичка, а не организациска одлука“ на Ивана Васева и Филип Јовановски, куратори на овој фестивал, кое даде и една генерална рамка – колективноста  и важноста од работењето заедно.
Па, така, оваа година АКТО го крунисува она што се одвиваше континуирано, т.е. зборува за значењето да се биде заедно, манифестирано во форма на постоење на колективи (групи) и нивната политичка моќ, како и можностите и потенцијалите за формирање заедница што ќе ги истакнува антагонистичките принципи.
Исто така, присвојувајќи го моделот на поп ап (pop up) – „искрснување“, фестивалот ПОП АП АКТО оваа година има тенденција да се појавува на „неочекувани“ места и да ги промовира современите ангажирани уметнички тенденции во четри града во земјава, притоа нагласувајќи ги локалните проблематики. Започнувајќи од Битола, како место каде што е најдлабоко вкотвена идејата за фестивалот, понатаму тој ќе се одвива последователно – во Скопје во септември, во Штип во октомври и ќе ја заокружи својата патека на движење во Тетово во ноември.
Во своето десетгодишно постоење АКТО ги начна темите: АКТО_1 – Фестивал за современа уметност, АКТО_2 – Уметност и храна, АКТО_3 – Брзина, АКТО_4 – Поколенија, АКТО_5 – Свадби, АКТО_6 – Работи (никогаш), АКТО_7 – Публика, АКТО_8 – Час по природа и општество, АКТО_9 – ЧЕКАН, НЕ ОГЛЕДАЛО! и АКТО_10 –Врвна колекција на АКТО-сеќавања и иднини 2006–2015, вол. 2.
Програмата во Битола е кондензирана во три дена и ќе се случува на специјално дизајнирани и адаптирани хали во поранешниот комплекс хали на фабриката „Фрижидери“, а веќе долгодишниот партнер, кафе-барот „Јагода“, исто така ќе биде место за размена на искуства и различни настани.

 

ПЕТОК, 12.8.2016

12.00 –15.00, на повеќе локации низ Битола
АКТО – МУЗИКА ЗА ГРАДОТ
Акто – музички камион со диџеј-сетови на BERRYQYAT

 

 

12.00 – 15.00, на неколку локации на Широк сокак

МИКРОЗАЕДНИЦИТЕ И НИВНАТА (НЕ)МОЌ
АКТО/ ФРУ – Битола и Плоштад Слобода – Скопје, во партнерство со За нас се работи – Битола
– промоција на весникот „Активни заедници“

 

18.00, комплекс хали „Фрижидери“

КОЛЕКТИВНА ОДЛУКА (почеток на процес)
изложба
Уметнички колективи:
1. Свирачиња, Скопје;

2. КУЦ Текстил, Штип;

3. КУЛА, Скопје;

4. Група Елементи, Битола;

5. Мирјана Боба Стојадиновиќ, Белград.

  • музички настап: Phill Refill meets Bob Dylan
Изложбата „Колективна одлука“ е процесуална, заедничка активност, која подразбира картонски паноа со големина 5 x 2 метри, кои во случајов можат да добијат облик, форма и замисла во зависност од идеите на поканетите автори.
Оваа изложба не претендира да претстави одредена тема или да повика на конкретни нефунционалности и недоумици, туку да го претстави колективното дејствување на уметниците што одлучиле да се нарекуваат група.
Важноста на групните дејствувања се чини дека е во зенитот во македонското општество последните години, па затоа оваа поставка има идеја да покаже како еден колектив може да излезе од рамките на своите вообичаени текови и да ја презентира својата динамика директно пред очите на јавноста.

 

комплекс хали „Фрижидери“ 

РЕВОЛУЦИЈА ВО ВТОРО ЛИЦЕ ЕДНИНА 
изложба на фотографии
 
Фотографи: Ванчо Џамбаски, Кети Талевска, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Елена Фиданска

Оваа изложба, како и КОЛЕКТИВНА ОДЛУКА (почеток на процес) се дел од кураторскиот концепт на фестивалот и се осмислени да дадат подлабок увид во идеите што стојат зад фестивалот.Конкретната поставка од фотографии сведочи за последните случувања поврзани со граѓанските изблици на незадоволство и немир во земјава и, всушност, го контекстуализираат самиот фестивал. Поставката покажува дека уметноста и културата не се засебни полиња, туку дека тие го потврдуваат или му се спротиставуваат на воспоставениот поредок и дека имаат важно влијание во средината во која се создаваат.

 

19.00, комплекс хали „Фрижидери“

КАКО МОЈОТ ЖИВОТ СТАНА КУЛТУРЕН РАБОТНИК – КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ ЈА ЗАЗЕМААТ СЦЕНАТА 
предавање/ презентација 
Ивана Васева, кураторка, Македонија 
Биљана Тануровска-Ќулавковски, менаџерка во културата, Македонија

„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја заземаат сцената“ е предавање/ презентација на Биљана Тануровска-Ќулавковски и Ивана Васева.  Недостигот на работни услови, кој продуцира своевиден кршлив, непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа, како и постојаната преокупација со професионалните ангажмани за кои никогаш нема доволно време, е една од главните теми што ја разработуваат авторките.
„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја заземаат сцената“, презентација/ предавање што го изведуваат двете авторки, има елементи на перформанс, кој драматуршки го разработија заедно со теоретичарот и драматург Рок Вевар од Словенија. Изведбата на оваа презентација/предавање е вид на експериментален формат и  структура, која има цел да ги нагласи и да ги истакне условите и контекстот во кој работат културните работници, посебно оние што се дел од независната културна сцена, т.е. оние што работат самостојно и не се дел од државниот или од приватниот сектор во земјава.
Оваа нивна презентација се базира на подготовката на иницијативата „Работнички права на културните работници – позиција на културните работници во независната културна сцена во Македонија“, која се подготвуваше во изминативе неколку месеци во работни групи во кои учествуваа: Биљана Тануровска-Ќулавковски, Ивана Васева, Виолета Качакова, Ивана Драгшиќ, Нада Пешева, Сафет Ахмети, Никола Узуновски, Мирко Попов, Ненад Тонкин, Гоце Наумов, Влатко Георгиев, Климент Попоски, Елена Ристеска, Сабрина Железник, Анастасија Петреска, Горјана Јордановска, Сања Арсовска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Милан Живковиќ.
Целта на оваа иницијатива е да се преиспита терминот „културен работник“ – слободен уметник и стручњак за култура од позицијата на учесници во независната културна сцена, односно да се дадат предлози за негово (ре)дефинирање во рамките на „Правилникот  за утврдување на критериумите, постапката и нaчинoт на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет на самостојните уметници“, како и на Законот за култура.
Од истражувањето и практиката може да се заклучи дека во државата сѐ уште се практикува класичната поделеност на уметностите, според која се одредуваат и се верификуваат професиите во полето на уметноста и културата. Може да се заклучи дека не се следат новите тенденции во уметноста и во културата и  „поновите“ професии не се вклучуваат во официјалниот дискурс или практика, или, поточно, во правната регулатива. Поради тоа не се валоризира трудот, работата и учеството во градењето на сцената на одредени фактори на културната и на уметничката сцена.
Васева и Тануровска-Ќулавковски претходно заедно соработувале на повеќе проекти, меѓу кои и дискусијата/игра: „Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра?“, која досега беше изведувана во Скопје, Битола и во Љубљана. Со овој најнов проект тие ја продлабочуваат соработката во истражувањето, создавањето и изведувањето на нови формати на презентација и предавање на специфични теми во полето на културата.
Предавањето/ презентацијата, како и иницијативата се развија во рамките на проектот „Култура за граѓански промени“.

20.00, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за дискусии

ПОП АП КОНФЕРЕНЦИЈА 
II ПАНЕЛ – I дел: И УМЕТНИЦИТЕ СЕ РАБОТНИЦИ Културни работници и слободни уметници: услови и права

 

  1. Анела Бешо, координаторка на Асоцијација, Асоцијација за уметнички и културни невладини организации и фриленсери, Словенија
    2. Сања Арсовска, актерка и претставничка на Синдикатот за култура на РМ, Македонија
    3. Златко Теодосиевски, историчар на уметноста и експерт за Компендиум за културни политики, Македонија
    4. Рок Вевар, независен драматург и архивар на современиот танц, Словенија
    5. Милан Живковиќ, експерт за работнички права, Македонија, раководител на канцеларијата во Скопје на Фондацијата Фридрих Еберт 
    Модератор: Марко Стаменковиќ,
    историчар на уметноста и куратор, Србија
ПОП АП конференцијата е креирана и организирана како општествен простор, кореографиран преку различни акции (дискусии, перформанси, места за разговор итн.) каде што учесниците и публиката ќе преиспитуваат, ќе ревалоризираат и ќе рефлектираат на условите во кои се продуцирани уметноста и културата, како и улогата на уметникот, културниот работник и граѓанското општество во времиња на социо-политичка криза.
Движењето низ кореографираниот простор ќе ни овозможи да означиме имагинативна социјална сфера/агора, каде што јавните дискурси се отвораат, се рефлектираат, се преиспитуваат и се мултиплицираат. Ние немаме амбиција да продуцираме нови теориски дискурси, туку да отвориме јавна дебата која ќе поттикне понатамошни методолошки анализи на одредени теми. 
Нашата цел е да го посочиме ангажманот на културните и на политичките акции на различните актери во поширокиот социо-културен контекст, кои ја менуваат динамиката во која современата уметност како социјална институција и естетска практика е продуцирана. Ние би сакале заемно да го дивертираме секојдневното, но ретроградно мислење дека  уметноста е само естетска практика и на соодветен начин да ја артикулираме улогата во пошироките општествени процеси и акции што го реформираат општествениот стратум.
Живееме и дејствуваме во услови на социо-политичка критична состојба – практично една политичка партија раководи со сите структури и создава конзервативна и ксенофобична средина, консумирајќи ги сите делови од општеството и трансформирајќи ги општествените столбови во нефункционални и негрижливи институции, апсорбирани од идеологијата. Во овој контекст, ние како културни работници бевме принудени да рефлектираме и да отвориме дискусии за трудовите и за работничките права во условите во кои ние продуцираме, како и нашата улога и улогата на уметниците во однос на социо-политичкиот и на економскиот контекст.
ПОП АП конференцијата е организирана во три модули. Првиот е посветен на темата за трудот и работничките права, на работните услови на уметниците и културните работници на  независната културна сцена, во граѓанските организации, како и оние во државните институции.
Вториот дел е посветен на преиспитувањето на улогата на уметникот и културните работници во општествено-политичка криза.
Третиот дел е замислен во соработка со ENGAGE – конференција за друштвен активизам, коорганизиран со МОФ (Младински отворен форум – Скопје), во кој различни формални и неформални групи, како и индивидуалци од граѓанскиот сектор ќе презентираат и ќе разговараат за различни методи, пристапи и акции низ кои застапуваат, го искажуваат своето мислење и интервенираат во општествено-политичкиот контекст.
Покрај дискусиите, ние, исто така, вклучуваме и предавања/ презентации и перформанси што се занимаваат со темите на дискусија и ќе се одвиваат во собата за перформанси, какви што: предавањето/презентација „Како мојот живот стана културен работник – Културните работници ја заземаат сцената“ на Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски, перформансот „Јас сум изведувач“ на Сабрина Железник и перформансот во два дела „Каква власт таква архитектура“ на Бруно Исаковиќ.
Дискусиите ќе се одвиваат на македонски, српски и на англиски јазик. Ќе биде обезбеден превод.

 И УМЕТНИЦИТЕ СЕ РАБОТНИЦИ Културните работници и уметниците: услови и работнички права

Вибрантна, хетерогена, но и мала независна сцена во Македонија е новата социјална структура во која современата уметност и култура е организиранa и продуциранa, која промовира регионална соработка, нови уметнички и културни проекти и програми. Исто така, оваа сцена вклучува активности на организации, индивидуалци и неформални групи, кои доаѓаат од поширокиот општествен контекст и соработуваат со организации од културниот сектор, кој конституираше динамична средина со потенцијал да интервенира во општествена трансформација и во трансформацијата на јавниот простор.
Културните работници беа инволвирани во демократизација на јавната сфера заедно со останатиот граѓански сектор, како дел од пошироката борба за заедничкото.
Како сите овие напори да се продуцира ново заедничко, нова културна средина, која не е само во полето на естетичкото туку и во социјалните ангажмани, можат да се валоризираат кога нема институционални инструменти за тоа?
Институциите во Македонија потфрлија во одговарањето на глобалните политички, општествени и економски промени и станаа херметички простори, кои ги фасцилитираат политичките агенди на естаблишментот.
Културните работници на независната културна сцена работат во супстандардни услови, а оние во институциите се соочуваат со инструментализација на нивната уметничка работа и редефиниција на нивните работнички права, изоставени од каква било дискусија за тоа. Двете групи културни работници и уметници се огласуваат преку групи, синдикати и други форми на соработка.
Прашањата за кои ние сакаме да дискутираме овде се: Кои се стандардните услови за работа што културните работници треба да ги имаат за да можат да учествуваат во продукција на (некомерцијални) културни добра за јавни цели?
Дали е возможно да се биде слободен уметник и културен работник во постсоцијалистички дисторзиран неолиберален контекст? Кој ја валоризира работата на уметниците во контекст на делегитимизирани и нестабилни институции на културата? Како можеме да ја валоризираме нашата работа во клиентелистичка средина, која не ги обезбедува минималните услови за тоа?
Што го конституира терминот „културен работник“ на независната културна сцена? Како треба да бидат заштитени слободните уметници и културните работници за да можат да работат и да придонесат во културниот јавен простор? Како да се овозможат стандардни работнички услови за сите културни работници надвор од институциите? Како е валоризирана нивната работа и труд, ако институциите не ги содржат овие специфични уметнички форми и изрази на кои работат уметниците и културните работници?
Насоки за дискусијата:
– Статусот на независните и културните работници и уметници во Словенија, Македонија и во Србија. Што треба да се промени? Дали постојат услови за работа во независниот културен сектор? Дали овие услови дозволуваат културните работници и уметниците да учествуваат во реформирањето и обликувањето на јавната сфера, во создавањето на јавните добра, или нивната работа станува комодифицирана од страна на пазарот или политичко-клиентелистичките елити?
– Компаративни анализи на различните контексти (македонски, словенечки, српски), но, исто така, и на независната сцена и институционалниот контекст, како и на домените (театар/современ танц/музика).
– Начини на соработка и застапување за нормативни/законски промени што се однесуваат на работничките права на културните работници.
– Што може да се очекува ако овој проблем (супстандардни услови/немање поддршка за одредени професионалци кои дејствуваат во различни полиња) е изложен во јавниот дискурс.

 

 

18.00 – 21.00, на повеќе локации низ Битола

АКТО – МУЗИКА ЗА ГРАДОТ 
Акто – музички камион со диџеј-сетови на: 
DEJAN DEX\HAUZ MUSIC
DANNY L

 

 

21.00, мезе-бар Јагода

SHURBE 
C-PURE B2B T:ZOBE

 

 САБОТА, 13.8.2016


10.30, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за дискусии

ПОП АП КОНФЕРЕНЦИЈА 

II ПАНЕЛ: УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ Одговорноста и улогата на уметникот и на културниот работник во општествена и политичка криза

  1. Душан Којиќ Која, Дисциплина кичме, Србија и Саша Павловиќ – Фрешко, музички критичар, основач на порталот kritika.mk, Македонија
    2. Горан Ињац, драматург и уметнички директор на Словенско младинско гледалишче, Словенија и Звонимир Добровиќ, основач, куратор и продуцент на фестивалите Квир Загреб и Квир Њујорк, Хрватска

    На периферијата на капиталистичкиот (западноевропскиот) систем повеќе од една декада се соочуваме со криминализирана приватизација на јавната сфера, но, исто така, и со побарување за воспоставување уметнички пазар како лек за современата уметничка сцена, која конечно ќе стане независна од државата. Во услови каде што јавната сфера е корумпирана со мејнстрим-содржини, кои ги задоволуваат, а не ги развиваат културните потреби и социо-културниот капитал, и каде што мејнстримот е користен за манипулација на масите, таква изјава/побарување е само оправдување на естаблишментот за понатамошна капитализација на неонационалистичките наративи, кои долгорочно ги уништуваат не само културните туку и општествените вредности.
Државата станува сервис и партнер на бизнисите, кои заедно ги модификуваат сите јавни добра и јавната сфера.
Тврдењето дека уметноста има јавна улога, или дека улогата на уметниците и културните работници е јавна, не треба да биде само фраза, туку потребно е и да се направат детални анализи за тоа да се потврди, но и да се поддржуваат различни акции преку кои ќе се врати заедничкото, јавното добро.
Одбраната на јавното добро е во фокусот на пошироката културна сфера, но не само во нејзиниот фокус туку и во фокусот на различни општествени движења, а особено во сферата на уметноста. Треба да се прашаме која е нашата улога во такви услови? Комодифицирањето на уметноста и културната содржина (за потребите на пазарот или потребите на политичките елити во градењето и одржувањето на нивните режими, пропагандни машини и националистички наративи) е само уште еден чекор кон легитимирање на режимските политики на неолибералните влади, кои ги редистрибуираат стоките (комодитетите) за нивно репозиционирање или легитимација на репродукцијата и перпетуирањето на политиките на доминација.
Социјално ангажираните уметнички практики во регионот повеќе се темелат на отпор кон доминантните националистички наративи на државите, традиционалните поими на улогата на уметноста и културата во конструирањето на националните идентитети, транзицијата и политиките на приватизација, старите и нови форми на дискриминација, сегрегација итн. Вмрежувањето, застапувањето, продукцијата на нови современи уметнички содржини се некои од тактиките на социјално ангажираните уметнички практики, кои се самоексполоатирани и маргинализирани.
ПОП АП конференцијата цели овие акции и практики да ги постави во јавниот дискурс и да ги направи видливи.
Не сакаме да навлегуваме во старите дискусии за релацијата меѓу политичките тенденции и квалитети, или дискусии за релацијата меѓу формата и содржината на таканаречените ангажирани уметности, да ја потврдуваме или да ја браниме „модернистичката улога“ на уметноста, теоријата, културата само преку естетското поле, а не преку сферата на поширокиот социо-политички контекст.
Исто така, ние не сакаме да одиме во апстрактни полемики за политичноста како инхерентна позиција на современата уметност, туку да анализираме конкретни ситуации во кои уметниците и културните работници работат, да анализираме живи, а не апстрактни идеи за контекстите во кои се формираат преку продукциските релации.
Нашите прашања се: Дали позицијата на уметникот и на културниот работник е клучна во реформирањето на социо-политичката реалност? И – ако да – како? Која е нивната позиција во политичките и во економските релации што ја формираат нашата општествена реалност?
Насоки за дискусија:
– Која е позицијата на уметноста и на културата во општествените констелации (опишани претходно или други што не се споменати), во продукциските релации и нивните идеолошки репродукции? Дали уметноста во социо-политички кризи, каде што режимите преку пропагандната машинерија ги редистрибуираат новите вредности, а левицата е сè послаба, зема поинтензивна политичка улога и агенда?
– Дали позицијата на уметникот и културниот работник е клучна во реформирањето на социо-политичката реалност? И – ако да – како? Која е нивната позиција во политичките и во економските релации што ја формираат нашата општествена реалност?
Секој од учесниците поставува и одговара прашања. Секој има 10 мин. да постави прашање и да добие одговор. Публиката, исто така, има 10 мин. за прашања и одговори. Секое „интервју“ трае 30 мин.

 

12.30, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за перформанс
ЈАС СУМ ИЗВЕДУВАЧ
перформанс
Сабрина Железник, Словенија

 

 

13.30, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за дискусии
ПОП АП КОНФЕРЕНЦИЈА 

II ПАНЕЛ – II дел: УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ Одговорноста и улогата на уметникот и на културниот работник во општествена и политичка криза


4.Мирјана Боба Стојадиновиќ, уметница, Србија и Мирослав Кариќ, историчар на уметноста и куратор, Србија
5. Филип Јовановски, уметник и коавтор на проектот КУЦ Текстил, Македонија – Бојан Иванов, историчар на уметноста, Македонија

 

 

14.30, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за перформанс
КАКВА ВЛАСТ ТАКВА АРХИТЕКТУРА, прв дел
перформанс 
Бруно Исаковиќ, Хрватска

 

 

17.00, комплекс хали „Фрижидери“

Соба за дискусии

ПОП АП КОНФЕРЕНЦИЈА 

III ПАНЕЛ ENGAGE: Движења

1. Емилиано Кампањола, актер, режисер, видеoтеатарски уметник, член на Teatro Valle Occupato, Италија 
2. Ксенија Радовановиќ, активистка, членка на иницијативата Не да(ви)мо Београд, Србија
3. Јернеј Кастелиќ, активист, член на автономниот културен центар Фабрика Рог, Словенија
4. Критос Џиованопулос, активист, член на движењето Direct Democracy Now!, Грција
5. Ѓорѓи Пулевски, член на дебатното кино „Контракадар“, Македонија
6. Драгана Велковска, активистка, членка на граѓанската иницијатива Охрид СОС, Македонија 
7. Иван Чулаковски, активист, претставник на иницијативата „Битолско Движење“, Македонија

ENGAGE е конференција за друштвен активизам, каде што странски активисти, новинари, креатори на граѓански и онлајн-иницијативи споделуваат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, образование, животна средина, проток на информации и можности за граѓанска мобилизација преку интернет. Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно дејствување, како онлајн така и во физичкиот простор.

 

 

20.00, НУ Центар за култура – Битола, нова сцена

БИТКАТА НА НЕРЕТВА, Хрватска 
претстава
Автор на концептот и режисер: Борис Бакал
Драматургија на претставата: Ања Плетикоса
Сценографија и коавтор: Лео Вукелиќ
Изведувачи: Борис Бакал, Лео Вукелиќ
Автор на музиката и на звучните слики: Томислав Бабиќ
Костимографија: Ивана Бакал
Техника: Домагој Класниќ
Видеообликување: Ведран Сењановиќ
Графички дизајн: Иван Клис
Продукција: Фрлачи на сенки, Загреб
21.00, комплекс хали „Фрижидери“
MAIN STAGE
TI / SRB
FOLTIN / MKD
DISCIPLINA KITSCHME / SRB
RIKVERC / MKD
JIMPSTER /freerange/ UK
MIKE STEVA / Yoruba Records. Deeproots Music / AUS
MACHKI /Pollux/ MKD

 

FRINKO STAGE 
GORAZD / MKD
BOBBAN MANEVICH / MKD
BERKANT KIDASZ / MKD
KRISTIJAN PETROVSKI/ MKD

 

НЕДЕЛА, 14.8.2016

11.00, мезе-бар Јагода 

МАЛА РАЗРАБОТКА НА ЦЕВКАТА
работилница
Борис Бакал, Хрватска

 

13.00, јавен простор

КАКВА ВЛАСТ ТАКВА АРХИТЕКТУРА, втор дел
перформанс 
Бруно Исаковиќ, Хрватска
14.00, мезе-бар Јагода
ГРАЃАНСКОТО НОВИНАРСТВО ПРОТИВ МЕДИУМСКИОТ МРАК

кратки прилози од граѓански новинари и дискусија

Џабир Дерала, Караван на слободата, ЦИВИЛ

 

 

18.00–20.00, комплекс хали „Фрижидери“

МОЖНОСТИ ЗА ГРАЃАНСКО ЗДРУЖУВАЊЕ
разговор меѓу повеќе организации

  1. Душко Груевски, Илија Балтовски, За нас се работи, Битола
  2. Христијан Томаноски, ИНКА/ Дримон фестивал, Струга
  3. Филип Јовановски, ФРУ – Факултет за работи што не се учат/ Фестивал за современи уметности АКТО, Битола
  4. Џабир Дерала, Цивил – Центар за слобода, Скопје

Модератор: Кире Василев, активист, Битола

Идејата на овој разговор меѓу граѓанските организации е да се споделат некои нелогичности, неразбирања, недоумици и неможности за дејствување во Битола, но и пошироко – во македонскиот контекст. Кои се прашањата што ги мачат граѓанските организации и како да се дејствува во една средина која е пасивна за содржини што бараат учество, партиципатиност и споделување артикулирани и аргументирани ставови? Како да се дејствува континуирано и ангажирано?

 

20.00, НУ Народен театар, Битола

КАМПАКАМ, Словенија
перформанс, концерт
Автори: Репник = Холц + Трампуш = Прашникар = Прашникар
Сценарио и режија: Владо Г. Репник
Музика: Коала воис
Изведувачи: Тилен Прашникар, Миха Прашникар, Манца Трампуш, Домен Дон Холц
Во филмот се појавуваат: Маја Делак, Бојана Кунст, Антони Пол, Џон Кејџ и други
Надгледување: Симон Кардум
Камера, монтажа: Владо Г. Репник, Домен Дон Холц
Продукција: Кино Шишка, Љубљана

 

22.30, комплекс хали „Фрижидери“

УТРЕ Е ДЕН – РЕЧЕ МАКС
перформанс
Воин де Воин и Андрју Фремонт Смит, Бугарија/ САД

 

 

23.15, комплекс хали „Фрижидери“
КОЛЕКТИВНА ОДЛУКА 
изложба (затворање на процесот)

23.00, комплекс хали „Фрижидери“

FRINKO STAGE 
BRUSSELS PONY CLUB/ BEL
THE GOVERMENT / MKD
MIRKO POPOV / MKD

 

——————————————–

——————————————–

——————————————–

 

Партнери на POP UP AKTO – Битола:

Младински образовен форум Скопје, Радио МОФ, мезе-бар Јагода Битола, Канал 77, Плоштад Слобода Скопје, ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата Скопје

 

POP UP АКТО – Битола / ТИМ:

 

Филип Јовановски – уметнички директор и куратор

Ивана Васева – програмска директорка и кураторка

Биљана Тануровска-Ќулавковски – кокураторка

Анастасија Петревска – координаторка на програма

Марија Димитрова – координаторка за визуелна програма и програма на изведувачки уметности

Владимир Лазороски – координатор за музичка програма

Ана Џима и Мики Џима – координатори на волонтери

Барбара Петруловска – координаторка на хостови

Ѓорѓи Пулевски – координатор за транспорт

Иванчо Велков– координатор за техничка изведба

Илија Куртевски / менаџер на локација

Леонард Божиновски – координатор за музичка програма

Огнен Поповски – координатор за музичка програма

Миле Гроздановски – координатор за музичка програма

Виктор Ристевски – координатор за музичка програма

Слободан Ташковски – координатор за музичка програма

Мартин Трајковски – координатор за музичка програма

КОМА – графички дизајн

Кети Талевска – координаторка на тимот фотографи

Весна Ристовска – координаторка на тимот сниматели

Јана Колева – односи со јавноста

Ана Василева – преведувачка

Бобан Карапејовски – јазична редакција

Виолета Качакова – финансиска менаџерка

 

———–

 

Проектот ПОП АП АКТО е поддржан од УСАИД.

Неколку факти за АКТО 11:
Единаесеттото издание на фестивалот за современи уметности, АКТО, оваа година под мотото Pop Up, или искрснување, ќе се одржи во четири градови низ Македонија. Од 12 до 14 август ќе биде во Битола, а потоа со нови содржини продолжува во Скопје во септември, Штип во октомври и Тетово во ноември.

Покрај секојдневната музичка програма, сижејната на линија на 11 издание на АКТО ќе биде политичката моќ на колективите, а оваа тема ќе се отвори од повеќе аспекти преку дискусии со уметници и членови на независни иницијативи од балканот.

Тридневната програма во Битола ќе се одвива во специјално дизајнирана хала во поранешниот комплекс на фабриката фрижидери, како и во кафе барот „Јагода“. Во рамки на програмата ќе има музички настапи, конференции, изложби, претстави и работилници.

Во музичкиот дел од програмата ќе настапат бендовите Дисциплина Кичме, Фолтин, Ти, диџејот Џимпстер од Англија, како и многу локални бендови и диџеи од битолската сцена.

Во театарскиот дел помеѓу другото ќе може да се погледнат претставите „Битката на Неретва“ (Хрватска) на Борис Бакал, како и претставата „Кампакам“ (Словенија) на Владо Репник.

Фестивалот вклучува конференција поделена во три панели на кои ќе се дебатира на темите поврзани со правата и условите на културните работници и слободните уметници, како и одговорноста на уметниците во општество во време на политичка криза.

На фестивалот ќе се одржи и конференцијата ENGAGE на организацијата Младински образовен форум. Во склоп на програмата, ќе бидат поставени и изложби на фотографии од повеќе автори, а под мотото „Микрозаедниците и нивната (не)моќ“ ќе се собираат пораки од граѓани на повеќе локации низ Битола, во облик на тура со камион низ градот.

Поп ап АКТО е организиран од ФРУ – Факултет за работи што не се учат, а финансиски е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.


куратори: Ивана Васева и Филип Јовановски
ко-кураторка на конференцијата: Биљана Тануровска – Ќулавковски

BERRYQYAT
DEJAN DEX
DANNY L
Свирачиња, Скопје
КУЦ Текстил, Штип
КУЛА, Скопје
Група Елементи, Битола
Phill Refill meets Bob Dylan”
Ванчо Џамбаски
Кети Талевска
Роберт Атанасовски
Томислав Георгиев
Елена Фиданска
Анела Бешо
Сања Арсовска
Златко Теодосиевски
Рок Вевар
Милан Живковиќ
Марко Стаменковиќ
C-PURE
T:ZOBE
TBD
Горан Ињац
Звонимир Добровиќ
Сабрина Железник
Мирјана Боба Стојадиновиќ
Мирослав Кариќ
Бојан Иванов
Бруно Исаковиќ
Емилиано Кампањола
Ксенија Радовановиќ
Јернеј Кастелиќ
Критос Џиованопулос
Ѓорѓи Пулевски
Драгана Велковска
Борис Бакал
Фрлачи на сенки
TI
FOLTIN
DISCIPLINA KITSCHME
RIKVERC
JIMPSTER
MIKE STEVA
AUS MACHKI
Pollux
BOBBAN MANEVICH
BERKANT KIDASZ
KRISTIJAN PETROVSKI
Бруно Исаковиќ
Воин де Воин
Андрју Фремонт Смит
КАМПАКАМ, Словенија
THE GOVERMENT
PONY CLUB/ BEL
MIRKO POPOV

Каталог 

POP UP AKTO 11

akto golema

Објавени текстови на медиуми:
http://okno.mk/node/57856
http://www.time.mk/c/10cf191f4c/akto-festival-za-mokta-na-kolektivnoto-dejstvuvanje.html

http://www.telegraf.mk/kultura/muzika/ns-newsarticle-dusan-kojik-disciplina-kicme-mokta-e-najgolema-droga-za-covekot-intervju.nspx

Викендов ќе бидеме на АКТО во Битола