Сеќавање на еден град: Битола, Вагнер Лист

vagner

СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД
Две јавни дискусии и работилница
Копродукција на НУ Центар за култура – Битола, Факултет за работи што не се учат од Битола и Фрлачи на сенки од Загреб
Концепт: Филип Јовановски, Ивана Васева
23.01 – 26.01. 2013 год.

1. ЈАВНА ДИСКУСИЈА:
СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Битола, Вагнер и Лист
23.01.2013 (среда)
НУ Центар за култура – Битола (мала сала)
Старт: 19 часот

Гости:
Борис Бакал, директор и основач на меѓународната креативна платформа „Фрлачи на сенки“ (Bacači Sjenki/ Shadow Casters)
Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО фестивалот за современа уметност
Група ЕЛЕМЕНТИ (Биљана Петровска Исијанин и Љупчо Спировски Исијанин), уметничка група и Центар за современа јавна уметност „ЕЛЕМЕНТИ“
Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура – Битола
Александар Стерјовски, хроничар на Битола

Модератор:
Ивана Васева, независен куратор

Во време кога темата за зачувување на градот е силен императив поттикнат од желбата за насилно конструирање на нов урбан идентитет, кога се соочуваме со еден куп на закани по градското живеење, но не само во духовна туку и во физичка смисла, повикувањето на „романтичните вистински“ приказни за присуството на големи имиња на светската уметност во Битола, како Рихард Вагнер, Франц Лист, Исидора Данкан, претставува еден вид багаж од митови кои остануваат да живеат речиси непроменето. Тоа се митови околу кои кружи аурата за „градското“ битолско живеење, често олицетворени во многу пати раскажаната и често користена фраза „Еее дедо ми со Вагнер кафе пиеше“, како парадигма за граѓанинот.
Битолскиот граѓански дух до ден денес живее на стара слава а идејата за граѓанинот, во културна смисла, не е разгледуван како динамичен термин и однос којшто секојдневно треба да се преиспитува, туку напротив, како застарен музејски артефакт.
Токму оваа дебата и јавна дискусија насловена СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Битола, Вагнер и Лист има за цел да ги расчепка овие градски митови и нивниот однос кон актуелната градска култура и да покрене прашања за современото доживување на градот со посебен акцент на уметнички практики кои конкретно се однесуваат на теми за градот и на урбаната култура и развој. Идејата на настанот е да го преиспита потенцијалот и можностите кои ги нуди градот Битола во насока на поттикнување свежи размислувања за уметничко делување и да го сврти за момент фокусот од центарот кон периферијата.
Во оваа структура ќе се разгледа значењето на Центарот за култура како национална институција која презентира и продуцира проекти од областа на културата и уметноста како и идејата за создавање хибридни институции, функционирањето на единствениот независниот фестивал за современа уметност АКТО како и дваесетгодишното делување на на уметничката група ЕЛЕМЕНТИ и на нивниот Центар за современи јавни уметности. Ќе се даде краток историски преглед на ангажираната уметничка активност во насока на третирањето на градски теми. Гостите во Загреб, меѓународната креативна платформа „Фрлачи на сенки“ пак ќе ја презентираат нивната неколкугодишна работа на проекти кои се однесуваат на градот Загреб или поконкретно на политиката на јавниот простор како последица на транзициските процеси.

———————————————————————————————————————

РАБОТИЛНИЦА

„Сенчење на градот, урбана меморија, хипертекст“
НУ Центар за култура – Битола
24 – 26.01.2013 год.
(затворена сесија)

Ментори на работилницата: „Фрлачи на сенки“ (Борис Бакал, Петра Тежак, Барбара Бласин, Маре Шуљак)
Учесници: Снежана Алтипармак, Ивана Васева, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Јованка Попова

РАБОТИЛНИЦА – АГЕНДА:
(ова е само за учесниците)

Работилницата водена од тимот на „Фрлачи на сенки“ е насочена кон три теми и тоа:
– сенчење на градот (де/контекстуализација на градот)
– урбана меморија (изработка на појмовник, откривање на „врати“ или места за средби)
– урбан хипертекст (тагирање на градот, откривање на нови ориентациски точки, впишување на нови/ хибридни содржини).

24.01.2013/ четврток
Претпладне (11 – 14 ч.)
1. средба/претставување/вовед
2. прошетка низ градот/ изработка на појмовник на работилницата/ дефинирање на проблемите во Битола/Македонија/ регионот
→ interactive self

14.30-16:00 ручек

Попладне (16. 30 – 19 ч.)
→ примери од проектот за урбана меморија, comunity art и артивизам
→ „читање“ на метологијата на тие проекти и примена/промена во Bitola Case
→ interactive self

25.01.2013/ петок
Претпладне (11 – 14 ч.)
→ кратки урбани „патувања“; вклучување во реалната ситуација/ произведување на ситуации
→ работа во групи или индивидуално на поединечни локации (реално и/или виртуелно)
→ interactive self

14.30-16:00 ручек

Попладне (16. 30 – 19 ч.)
→ вежби reality check, архиви и архивирање, сеќавање и заборавање
→ ручек (како вежба за просторот) + → interactive self

26.01.2013/ сабота
Претпладне 11ч.
За време на дебатата накратко ќе бидат презентирани резултатите од работилницата од страна на учесниците.

————————————————————————————————————————–

2. ЈАВНА ДИСКУСИЈА:
СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Микроутопии и стварности
26.01.2013 (сабота)
НУ Центар за култура – Битола (мала сала)
Старт: 12 часот – 15:00 ч

Гости:
Јованка Попова, независен куратор/ презентација на проектот СКОПЈЕ: ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 -2010 вол. 1/ SKOPJE: THE ULTIMATE GOLDEN COLLECTION OF PERSONAL MEMORIES 1960 – 2010 vol. 1 создаден во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ (6 октомври, 2012 год.)
Јане Чаловски, уметник/ презентација на проектот Мастер план, претставен на биеналето Манифеста 7 (19 јули – 2 ноември, 2008 год.)
Владимир Јанковски, писател / презентација на книгата „Лицата на невидливиот град“, изработена заедно со Иван Блажев (2010 год.)
Ѓорѓе Јовановиќ, уметник/ презентација на проектот „На Битола со љубов” , кој е добитник на специјалната награда на АKTO 7- Фестивал за современи уметности
(09 – 12.08.2012)
Презентации на резултатите од работилницата: „Сенчење на градот, урбана меморија, хипертекст“
„Фрлачи на сенки“(Bacači Sjenki/ Shadow Casters)

Модератори: Ивана Васева и Борис Бакал

Идејата на дебатата и јавната дискусија насловена СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Микроутопии и стварности е да се презентираат уметнички и кураторски проекти кои го преиспитуваат градот и градската структура како отворена платформа за уметничко делување притоа адресирајќи низа прашања кон поединецот и неговата лична одговорност и искусување.
Што можеме денес да искористиме од градот, кога доминира генералната политика на насилно преобликување и дизајнирање на градскиот живот? Што претставува еден град, дали е само слика, само сеќавање, или секојдневна одговорност која што треба да се одржува? И како уметноста може да поттикне нови перцепции за градот и за ангажираноста, односно која е нејзината општествена и социјална компонента?, се некои од подтемите на оваа дебата.
Јавната дискусија има за цел уште еднаш да ги отвори прашањата за она што го сведочиме сега, во актуелната политичка и општествена констелација, и кои се можните насоки за поконзистентно пристапување кон нивно демистифицирање.

15:30 – 17:00 заеднички ручек

„Фрлачи на сенки“ (Bacači Sjenki/ Shadow Casters) е уметничка и продукциска платформа основана во Загреб во 2002 година. Таа е посветена на интердисциплинарна соработка, создавање и рефлексија како и трагање по нови творечки јазици, пред се на полето на перформансот, урбаната и јавната уметност, новите медиуми и нивните хибриди. „Фрлачи на сенки“ ги преиспитуваат постоечките концепти на индивидуланите и колективните идентитети занимавајќи се со сите видови на социјална, политичка и кулурна нетолеранција и сегрегација поттикнувајќи дебата за природата и противречностите на тековните глобализаторски процеси.

За својата работа, „Фрлачи на сенки“ добиле различни меѓународни признанија и награди, меѓу другите, ArtsLink специјалната наградата во 2003 година за проектот Shadow Casters во Њујорк, специјалната награда од жирито на БИТЕФ во 2007 година и наградата Облак на ПУФ во 2009 година за претставата Ex-pozicija: Proces_grad, drugi deo, нагарадата Avazovog zmaja на МЕСС во 2008 година за целокупната трилогија Proces_grad, специјалната награда од жирито на БИТЕФ во 2009 година и наградата Облак на ПУФ во 2010 година за претставата Odmor od povijesti: Proces_grad, prvi deo.

Bacači sjenki (Shadow Casters) is an international artistic and production platform founded in 2002 in Zagreb. It is dedicated to interdisciplinary collaboration, creation and exploration, as well as the reflection of new artistic languages, especially in the domain of performing arts, urban and public art and new media and its hybrids. Bacači sjenki questions the existing concepts of individual and collective identity, instigating the debate on the nature and contradictions of the ongoing globalization process and dealing with those social, political and cultural issues that reveal the acute problems and issues of a modern society.
For its activity Bacači sjenki (Shadow Casters) have been awarded with many international recognitions and awards such as special award ArtsLink in 2003 for their project Shadow casters in New York, the special award from the jury on BITEF in 2007 and the award Oblak on PUF in 2009 for the theatre play Ex-pozicija: Proces_grad, drugi deo, the award Avazovog zmaja on MESS in 2008 for the gross trilogy Proces_grad, the special award from the jury on BITEF in 2009 and the award Oblak on PUF in 2010 for the theatre play Odmor od povijesti: Proces_grad, prvi deo.

RECOLLECTING OF A CITY
Two public discussions and a workshop
Coproduction between NI Center of Culture – Bitola, Faculty of things that can’t be learned from Bitola and Shadow Casters from Zagreb
Concept: Ivana Vaseva, Filip Jovanovski
23.01 – 26.01. 2013

1. PUBLIC DISCUSSION:
RECOLLECTING OF A CITY: Bitola, Wagner and Liszt
23.01.2013 (Wednesday)
NI Center of Culture – Bitola (Small Hall)
7 pm

Guests:

Boris Bakal, director and founder of the international creative platform Bacači Sjenki/ Shadow Casters
Filip Jovanovski, art director of AKTO Festival for Contemporary Arts
Art group ELEMENTI (Biljana Petrovska Isijanin and Ljupcho Spirovski Isijanin) and Center for Contemporary Public Arts ELEMENTI
Borce Dimitrovski, director of NI Center of Culture – Bitola
Aleksandar Sterjovski, autor of Bitola chronicle
Moderator: Ivana Vaseva, independent curator

In times when preservation of the city has become a strong imperative galvanized by the desire of violent construction of new urban identity we face with a bunch of threats on the city dwelling (not only in spiritual but also in physical sense). In this constellation evoking the “true romantic” stories about the presence of big names from international art scene in Bitola like Richard Wagner, Franz Liszt, Isadora Duncan, seems like a baggage of myths that stayed alive unaltered. These are myths, which constitute the aura of the city living in Bitola, mostly incarnated in the too often narrated and used phrase “My grandfather used to drink coffee with Wagner” as a paradigm for the citizen.
The citizen spirit in Bitola continues to live on its old fame and the idea of the citizen, in cultural sense, is not regarded as a dynamic term and attitude, which need constant reconsideration, but instead as a long-standing museum artifact.
Hence, this public discussion entitled RECOLLECTING OF A CITY: Bitola, Wagner and Liszt aims to pick over these city myths and their relation to the actual city culture and to raise questions about the contemporary experience of the city accentuating the art practices that focus on subjects about the city and its urban cultural development. The goal of the event is to reassess the potential and the possibilities that the city of Bitola is offering in order to stimulate fresh reflections about art’s agency and to turn for a brief moment the focus from the center to the periphery.
Structured like this, the event is going to offer thoughts about the significance of the Centre for culture from Bitola as a national institution, which presents and produces projects from the field of arts and culture and the idea of creating hybrid institutions. Moreover, this event will present the functioning of the only independent festival for contemporary arts AKTO along with the 20-years long activity of the art group ELEMENTI and their Center for Contemporary Public Arts. In addition, a short historical overview of the engaged art practice concerning city issues and activity will be presented. The quests from Zagreb, the international creative platform Shadow Casters will show their long term activity on projects concerning the city of Zagreb or more concretely on the politics of public space as a consequence of the transitional processes.

_____________________________________________________________________________

WORKSHOP
“Shadowing the city, urban memory, urban hypertext”
NI Center of Culture – Bitola
24 – 26.01.2013
(closed session)
Workshop leaders: Shadow Casters (Boris Bakal, Petra Težak, Mare Šuljak)
Participants: Snezana Altiparmak, Ivana Vaseva, Gjorgje Jovanovik, Filip Jovanovski, Vladimir Lukash, Vuk Mitevski, Jovanka Popova

AGENDA
(only for the participants)

The workshop is lead by the team of Shadow Casters and is considering three topics:
– shadowing the city (de/contextualization of the city);
– urban memory (production of a POJMOVNIK, discovering “doors” or places for encounters)
– urban hypertext (tagging the city, discovering new landmarks, inscribing new/hybrid contents).

24.01.2013/ Thursday
Morning session (11am – 2pm)
1. meeting/introducing/ introduction
2. stroll in the city/ production of POJMOVNIK of the workshop/ defining the problems in Bitola/ Macedonia/ the region
→ interactive self

2.30 – 4pm lunch

Afternoon session (4.30 – 7pm)
→ examples of the project about urban memory, community art and artivism
→”reading” of the methodology of these projects and its application/ change in Bitola Case
→ interactive self

25.01.2013/ Friday
Morning session (11am – 2pm)
→ short urban “excursions”, inclusion in the real situation/ making situations
→ work in groups or individually on singular locations (in reality and/or virtually)
→ interactive self

2.30 – 4pm lunch

Afternoon session (4.30 – 7pm)
→ exercises reality check, archives and archiving, remembering and forgetting
→ lunch (as an exercise of the space) + → interactive self

26.01.2013/ Saturday
Morning 11 am
During the public discussion, the participants will shortly present the results of the workshop

————————————————————————————————————————–

2. PUBLIC DISCUSSION
RECOLLECTING OF A CITY: Micro – utopias and realities
26.01.2013
NI Center of Culture – Bitola (Small Hall)
12 – 15 pm

Guests:
Jovanka Popova, independent curator/ presentation of the project СКОПЈЕ: ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 -2010 вол. 1/ SKOPJE: THE ULTIMATE GOLDEN COLLECTION OF PERSONAL MEMORIES 1960 – 2010 vol. 1 produced in the frames of the event White nights in Skopje (6 October, 2012)
Yane Calovski, artist/ presentation of the project Master Plan, shown on Manifesta 7 Biennial (19 July – 2 November 2008)
Vladimir Jankovski, writer/ presentation of the book “The Faces of the invisible city”, made together with Ivan Blazev (2010)
Gjorgje Jovanovik, artist/ presentation of the project “To Bitola with love” which received a special award on the Festival for contemporary arts AKTO 7 (09 – 12 August 2012)
Presentation of the results from the workshop “Shadowing the city, urban memory, urban hypertext” and Shadow Casters
Moderators: Ivana Vaseva and Boris Bakal

The idea of the public discussion entitled RECOLLECTING OF A CITY: Micro – utopias and realities is to present artistic and curatorial projects that reassess the city and the city structure as an open platform for artistic activity thereto addressing range of questions to the individual and his/hers personal responsibility and experiencing.
Some of the subthemes of this debate are: What can we “use” nowadays from the city, in times of domineering general politics of its violent reshaping and designing of city life? What a city represents? Is it only an image, a recollection or is it an everyday responsibility that needs nurturing and caring? And how can art stimulate new perceptions about the city and about engagement i.e. which is its societal and social component?
The public discussion aims to open questions once again of what we are witnessing now, in the current political and societal constellation and which are the possible direction of more consistent approach towards its de-mystification.

3:30 – 5 pm joint lunch

Bacači sjenki (Shadow Casters) is an international artistic and production platform founded in 2002 in Zagreb. It is dedicated to interdisciplinary collaboration, creation and exploration, as well as the reflection of new artistic languages, especially in the domain of performing arts, urban and public art and new media and its hybrids. Bacači sjenki questions the existing concepts of individual and collective identity, instigating the debate on the nature and contradictions of the ongoing globalization process and dealing with those social, political and cultural issues that reveal the acute problems and issues of a modern society.
For its activity Bacači sjenki (Shadow Casters) have been awarded with many international recognitions and awards such as special award ArtsLink in 2003 for their project Shadow casters in New York, the special award from the jury on BITEF in 2007 and the award Oblak on PUF in 2009 for the theatre play Ex-pozicija: Proces_grad, drugi deo, the award Avazovog zmaja on MESS in 2008 for the gross trilogy Proces_grad, the special award from the jury on BITEF in 2009 and the award Oblak on PUF in 2010 for the theatre play Odmor od povijesti: Proces_grad, prvi deo.