CITY AS A STAGE, performance_Градот како сцена, перформанс

CITY AS A STAGE, performance_Градот како сцена, перформанс

ПРЕМИЕРА ВО РАМКИ НА 47. МОТ:

„ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – ИЗГУБЕНИ МОДЕРНИСТИЧКИ УТОПИИ“

Перформативна инсталација во јавен простор
Автори: Филип Јовановски и Миодраг Куч

Учесници/истражувачи/изведувачи во досегашниот (2021-2022) процес: Миодраг Куч, Филип Јовановски, Јана Брсакоска, Љубиша Арсиќ, Симона Димковска, Кристијан Караџоски, Борис Бакал, Културно ЕХО, City Scope, Луна Шаламон, Дениз Ајдаревиќ, Деница Стојковска како и студентите од архитектонски факултет Скопје: Тамара Џерков, Димитар Милев, Сандра Николовска, Бојана Исијанин, Стефан Танков  и студенти од Факултетот за Драмски уметности Скопје: Александар Јовановски, Мартина Данаиловска, Марија Талеска, Мартина Петреска, Иван Вртев.

Продукција: Борис Василески

Кураторска поддршка: Ивана Васева

Соработници на продукција: Александар Јовановски, Денис Ајдаревиќ, Луна Шаламон, Мартина Петреска

Музичка интервенција: Дуо „Алембик“

Локација: Во близина на објектот зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул. „Варшавска“ бр. 23

12:00-13:30 – Прва изведба

13:30-15:00 – Втора изведба

Напомена: Бројот на картите е ограничен. Истите можете да ги подигнете само онлајн преку www.bileti.mkc.mk

Во случај на лоши временски услови понесете си соодветна опрема.

 

„На 3 јули 1973, во Скопје, е пуштен во употреба еден објект кој припаѓа на бруталистичката постземјотресна архитектура, зградата на месната заедница Тафталиџе и воедно и културен центар, кој што граѓаните го викаат „Домче“. „Домче” е можеби најмалиот бруталистички објект во светот. „Домче“, во првите години по неговата изградба послужил за сместување на семејства чии домови биле разурнати од земјотресот во 1963 година. Овој објект подоцна ја опслужувал и потребата на заедницата на сите жители на населбата… Објектот на ДОМЧЕ е една бетонска хоризонтална скулптура, споменик на сеќавањето на заедницата во Тафталиџе. Кога за првпат го видов објектот во основа, ме потсети на павилјонот на Миес Ван Дер Рое во Барселона или можеби споменикот изграден во чест на Карл Лиебнихт и Роза Луксембург, посветен на револуцијата на Спартакистите од 1919 година во Берлин.  Кај споменикот на Миес, трагедијата и херојството како сеќавање на  историскиот настан, е претставено преку композицијата на апстрактни форми од тула, потсеќајки на ѕидовите од тула каде ги стрелаа спартакистите.

ДОМЧЕ, објект/скулптура/споменик со чисти и јасни апстрактни форми, бил излиен во бетон,  втопен во средината, доле, помеѓу дрвјата, во заедницата, блиску до улицата, на приземје, скоро невидлив, а важен. Во Скопје, бетонот бил израз на оптимизам, светлина, слобода на израз на градот на солидарноста којшто допрва требало да се изгради. Во 1926 година, споменикот од тула на Миес е срушен од нацистите, денес(1990-те), „споменикот” на Кирил Муратовски, ДОМЧЕ, е окупиран(приватизиран) од „капиталистите”. Тоа се тие историски аналогии на мачнината. „Текстот” во форма на дванаесет  приказни со наслов ДОМЧЕ (можеби) најмалиот бруталистички објект на светот,  се пишувани како дел од долгорочниот уметнички интердисциплинарен проект со наслов ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – Изгубени модернистички утопии. Проектот преку методологијата на читање на објектот, користејќи различни пристапи на истражување и вклучување на заедницата и експертите од различни области,  користејќи сценски средства, јавниот простор го трансформира во сцена на која се „изведуваат” проблемите на заедницата. Приказните се пишувани  низ процес на истражување, работни средби, работилници како и користење на архиви, библиотеки, видео и аудио интервјуа со корисници на просторот, разговори, архивски приватни видеа и фотографии од граѓани кои биле дел од животот во ДОМЧЕ.“

https://www.facebook.com/akto.festival/videos/523365292997587

Продукција:

ФРУ/АКТО фестивал за современа уметност www.akto-fru.org/en/

Центар за уметност и урбанизам (Берлин) www.zku-berlin.org/

Фрлачи на Сенки (Загреб) www.bacaci-sjenki.hr/en/about/