Започнува АКТО 11- Скопје

Започнува АКТО 11- Скопје

Де:сонанз Фестивалот во соработка со Акто Фестивал, Ако никој не свири, PMG Recordings и граѓанската иницијатива „Деца на планетата Земја“ Ве канат на гостувањета на Grimes Adhesif (Greta Cottage Workshop / Freerotation / UK) и Pizza Noise Mafia [Белгија] како и на концертната промоција на новиот материјал на Kanton6 – “Монархија во Македонија”.

Pizza Noise Mafia се белгиско електронско дуо од Брисел составено од TG Gondard и Carrageenan. Нивната музика е мешавина од cold funk, EBM и аналогни acid модулации. Првиот LP “I Canti della malavita” е издаден во 2014 година за Slaaploos Records.

https://pizzanoisemafia.bandcamp.com/

Grimes Adhesif (Greta Cottage Workshop / Freerotation / UK)

Grimes Adhesif пушта и продуцира електронска музика уште од 1990-те години. Неговата приказна започнува со впивањето на „новите“ футуристички звуци на Bleep’n’Bass Records што беа издавани во Манчестер и во Северна Англија. Настапува пред бројна публика на забави и клупски промотери од Манчестер, Њукасл, Лондон, Бирмингем, Кардиф, Париз и Детроит во 1990-те и 2000-те години. Во моментов Grimes Adhesif е резидент артист на фестивалот Freerotation. Во 1994 година започнуваа да експериментира со сопствениот звук, но дури во 2000 година почнува да прави избор од своите песни за нивно објавување. Неговиот албум „Wilmslow Road“ од 2005 година за издавачката куќа Mind Your Head и ден-денес може да се слушне на многу диџејски настапи. Последниов период Grimes Adhesif создава музика исклучиво за живи настапи.


https://www.residentadvisor.net/dj/grimesadhesif

Kanton6 е херметичка ројалистичка организација, која делува во правец на воспоставување на монархија во Македонија. Императив е возобновување на кралската лоза на Македон, преку воспоставување на монарх во Скопје, со цел обединување на сите Македонци и враќање на териториите на земјата од 125.000 години пред нашата ера, кога цел свет беше населен од Македонци кои дојдоа од планетата Македон.
Синиша Евтимов и Мирко Попов се андроиди во служба на монархијата, кои служат да го затскријат вистинскиот идентитет на членовите на Kanton6, кои ги демне опасност од владата во сенка, илуминатите, американците и секако масоните. Масоните се особено гадни.
Музиката на Kanton6 е вештачка, како впрочем и тие самите. Но вештачка е и потребата од република, кога парламентарна монархија е правиот пат.

http://www.pmgrecordings.com/artists.php?id=5

+ ДЈ Сет на Дарко Јорданов [PMG Recordings]

Дарко Јорданов, активен како дј од почетокот на 90те, делува како член на PMG Collective од крајот на на 90те, долгогодишен музички соработник на Канал 103, како дј, во своите дј сетови опфаќа широк дијапазон на house/tehno/electro/acidhousе музики.

Визуелизации: Lazy Kidz Visualz
https://www.facebook.com/LazyKidzVisualz

Капан Ан
Петок, 23.09.2016
Старт, 00ч
Влез, 200 мкд.