NEW AGORA – 20TH ANNIVERSARY OF THE DENES AWARD_НОВА АГОРА – 20 ГОДИНИ НАГРАДА ДЕНЕС_

NEW AGORA – 20TH ANNIVERSARY OF THE DENES AWARD_НОВА АГОРА – 20 ГОДИНИ НАГРАДА ДЕНЕС_

\for English and Albanian scroll below\

 

НОВА АГОРА – 20 ГОДИНИ НАГРАДА ДЕНЕС

Изложба на тројцата добитници на наградата ДЕНЕС 2023 – Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Бурџу Мусли; документарна изложба за наградата ДЕНЕС; церемонија по повод јубилејот

 

14 септември 2023 година (четврток)

Национална галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам

13 часот – презентација на Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Бурџу Мусли и разговор со жири-комисијата

20 часот – отворање на изложбите и церемонија по повод јубилејот

Настанот е поддржан од американската фондација Trust for Mutual Understanding и кофинансиран во рамки на проектот „Острови на сроство“ поддршан од Европската Унија.

 

 

   Сите го тврдиме сличното. Младите се тие што се и треба да бидат во фокусот на секоја прогресивна (културна) политика и посветеното и критичко насочување на нивните аспирации водат кон пошироки хоризонти на сите колективни заложби. Начините на кои се развива општеството стануваат највидливи кога ќе се земе предвид третманот кон младите и валоризацијата на нивниот труд. Дали ќе се канализира, насочува, стимулира и развива надоаѓачката сила кон критичко-контекстуален пристап или ќе се одржува во непреиспитани и застарени формати зависи како и ќе се формира сцената во иднина. Но, развојот на нивната посветеност и обврска, мотивација, креативност и храброст зависи од поставениот контекст, од заложбите на тие што ја трасираат линијата за нив, но и од генералната општествено-политичка слика.

И додека за младите се зборува многу, преовладува размислувањето дека тие се генерално незаинтересирани. Во последниот национален извештај за потребите на младите и видливоста на младинските програми во областа на културата во земјава се вели дека неопходно е да се вложува повеќе кон јакнење на врските помеѓу културните институции и организации и младите и создавање услови за еднаков пристап до култура за сите млади. Додека младите генерално ја посочуваат несоодветната промоција или незастапеноста на содржини што се од нивен интерес, извештајот вели: „Тековните можности се ограничени и ограничувачки, односно недостигаат долгорочни програми за млади кои се спроведуваат во културните институции, а кои се внимателно планирани и спроведувани од страна на младински или културни работници со примена на методи на младинска работа во континуитет; а недостигаат и истражувања и податоци во областа на културата како би се поставила солидна основа за реално планирање во иднина“[1].

За младите уметници во земјава во минатото се мислело системски и темелно, кога имало и домови за млади во сите културни дисциплини и во сите градови, курсеви и воншколски активности, фондови за млади, ама и награди за млади. Во таков дух, но не во истата геополитичка и локална политичко-идеолошка констелација се формирала и наградата ДЕНЕС.

Наградата ДЕНЕС за млад визуелен/а уметник/чка до 35 години е платформа од единствен вид во земјава што во текот на дваесет години континуирано им нуди на младите уметници програма за престој на уметници во Њујорк, уникатно искуство во специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност, средби и презентации со интернационална жири-комисија и продукција на нови дела во рамките на изложба за наградата. Таа е основана во 2002 година како годишна награда за најдобар млад ликовен уметник до 35 години во земјава од страна на Центарот за современи уметности – Скопје во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, САД, но официјално по првпат доделена во 2003 година. Многу години, организацијата на наградата со сите домашни настани беа финансиски помогнати од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, додека за престојот во САД беше Trust For Mutual Understanding New York. Намерата на наградата ДЕНЕС е да им понуди повеќе можности на младите уметници да ги совладаат своите уметнички интереси и да ги прикажат пред пошироката публика, како и да се продлабочат дискусиите помеѓу институциите и младите уметници. Од 2015 година наградата локално ја организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ.

Во контекст на одбележувањето 20 години од првото доделување на наградата ДЕНЕС важно е да се потенцира иницијалниот и суштинскиот интерес за формирање на оваа награда, а тоа е „да се прикаже креативноста на младите уметници кон поширок круг на публика, создавање на нови можности за уметниците кои учествуваат, со вклучувањето на ликовните институции и професионалци во отворен и непристрасен годишен процес на размислување и одлучување за наградата, што би требало да резултира со нови модели на оперирање во културниот и институционалниот живот[2]. Од друга страна, наградата ДЕНЕС е релевантен показател на развојот на уметничкиот контекст на младата уметничка креативна сила. Како што вели историчарката на уметност Наде Пешева: „Од својот почеток до денес можеме да ја сметаме како валиден пресек и показател за тенденциите што постојат на младата македонска ликовна сцена, промовирајќи ги, речиси и без исклучок, идните зрели автори и носители на современата македонска ликовна мисла“.[3]

Две децении награда ДЕНЕС

Во 1990 година Венди В. Луерс, основачка и директорка на Фондацијата за граѓанско општество, заедно со претседателот Вацлав Хавел и група уметници дисиденти најпрвин ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка, за да оддаде признание на уметничката беспрекорност на младите визуелни уметници под 35 години и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Потоа се формира и наградата „Оскар Цепан“ во Словачка и по истиот модел е структурирана и наградата ДЕНЕС. Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – Young Visual Artists Awards[4]) во текот на неколку години беше востановена како интернационална мрежа на слични награди во централна и југоисточна Европа со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding. Денес, 12 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора[5].

Во земјава, одборот за наградата составен од Соња Абаџиева, долгогодишна кустоска и поранешна директорка во Музејот на современа уметност во Скопје, Јован Шумковски, уметник и професор по сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Ибрахим Беди, уметник и професор по скулптура на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Емил Алексиев, кустос и тогашен директор на МСУ – Скопје и Мелентие Пандиловски, кустос и тогашен директор на ЦСУ – Скопје, одлучил наградата да биде насловена ДЕНЕС по еминентната македонска ликовна група од педесеттите години на минатиот век.

Структурата на наградата многу години подразбираше нејзино доделување на годишно ниво со избор во два круга. Во првиот круг Одборот или жири-комисијата, кој се менува секоја година, селектира четворица од сите пријавени уметници или номинирани од реномирани критичари во земјава, нивна групна изложба, а потоа и стипендија за престој во САД за првонаградениот и дополнителни три стипендии за престој во западноевропските земји за другите наградени уметници, како и самостојна изложба на првонаградениот уметник по враќањето од САД. Добитниците на наградата беа стипендирани со престој во Центарот за уметност „Хедлендс“, во Сан Франциско, САД, и во Меѓународната куќа, асоцирана со Универзитетот „Колумбија“, Њујорк, интернационалното студио ISCP, а во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на програмата и како домаќин на резиденцијалната програма во Њујорк.

Во 2015 година премина во биенална и се одвиваше во 2017 година, 2021 година (2019 година заради пандемијата беше одложена) и 2022 година. Со големо задоволство објавивме и дека од 2022 година наградата повторно се одржува секоја година!

Ретки можности

 Наградата ДЕНЕС е формирана во специфични постсоцијалистички околности и процеси што влијаеја на цели генерации млади уметници. Градењето на демократското општество во транзицискиот период на општеството во капиталистичко, означуваше и своевидна осовременета институционализација на визуелната уметност, носејќи ги младите уметници и во правци на хиперпродукција но и пасивизација и прекаризација на поривите што ги носеле преттехнолошките генерации.

Дваесет години подоцна, по многу општествено-политички премрежиња што се рефлектираа и на културен план, од отворени можности и различни грантови до стеснување на потребите формулирани под капите на националниот интерес влијаеше и на потребните нови модели на оперирање во културниот и институционалниот живот што сè уште се во развој. Контекстот сè уште пропушта многу можности и се потпира на модернистичката епистемолошка рамка и во начините на продукција на уметноста. Постојат поразвиени стандарди за презентација, продукција и дистрибуција на уметноста, но изобилството на импровизација, сè уште преовладувачките ретроградни теоретски рамки, општиот недостиг на интерес за уметностите, недостатокот на финансии, експерименталните простори итн. создадоа прекаријатна и недоволно силна сцена која постојано се наведнува пред своите предизвици.

Сепак, има примери на уметници кои ја радикализирале својата имагинација, т.е. експериментирале, се спротивставувале и наоѓале свои начини со користење на алтернативни стратегии за образование (самообразование) и продукција и преку создавање нови простори, симболични, метафорични и физички, но и со своите заложби придонеле кон подобрување на правата и позициите на културните работници и кон начините како современата уметност и култура може да се восприема и да се произведува. Шансата што наградата ДЕНЕС ја обезбеди е не само нивната појава туку и нивните уметнички дела што влијаеја на целиот контекст.

Одбележувањето на 20-годишнината на наградата ДЕНЕС почна во април оваа година со петдневната едукативно-дискурзивна програма за млади уметници „Совршениот уметник“ во НГРСМ – Мала станица, каде што млади уметници се стекнаа сo практично-теориски вештини во современата уметност и критички увид во својата практика, но и во локалниот контекст виден од интернационална перспектива. Потоа продолжи со изложбата „Прекаријатот има шанса: јавни простори во движење (кон)“ во Галеријата „Структура“ во Софија, каде што 20 уметници од земјава, дел од нив добитници, учесници или финалисти на наградата ДЕНЕС, ја претставија својата рецентна практика пред софиската публика. Одбележувањето кулминира со изложба на тројцата добитници на наградата ДЕНЕС 2023 – Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Бурџу Мусли; документарна изложба за наградата ДЕНЕС и церемонија по повод јубилејот придружена со музичка и дискурзивна програма.

Одбележувањето на 20 години од наградата ДЕНЕС ги слави ретките појави во уметноста што поттикнаа поинакви насоки на уметничко размислување и овозможија простор на различна рамка за историја што се разликува од линеарната историска нарација и бара различен образовен епистемолошки дискурс и производствена инфраструктура. Еднаквоста, антирасизмот, антинационализмот, одржливоста се клучните тенденции за преформулирање на современото општество и уметност, а со тоа и на наградата ДЕНЕС. Таа повторно ги враќа на некој начин истите параметри од нејзиниот зачеток – ќе се доделува на годишно ниво на три уметнички практики што подразбираат критичко и естетско промислување на општествените и културните состојби, а оваа „нова агора“ нека нè потсети за неопходните еднакви можности што се во основата на демократијата. Ова одбележување поттикнува и простор да се потсетиме и на потребните заеднички напори во потенцирање на важноста на создавање нови полемички и критички агори преку нови модели на оперирање во културниот и институционалниот живот преку создавање, пробување, изведување и експериментирање во рамките на реформирани едукативни процеси и институции, постојано вежбање и практикување во осовременети курикулуми и сесии и нови модели на институции, разни можности за јавни презентации и (креативна) интеракција со публиката, но и критичка поддршка и рефлексија од колегите и аналитичко и консолидирано учење и контекстуално разбирање.

Ивана Васева

Кураторка и организаторка на наградата ДЕНЕС

 

[1] „Национален извештај: Потреби на младите и видливост на младинските програми во областа на културата во Северна Македонија“, реализиран од Сојузот за младинска работа во рамките на регионалниот проект „The Melting Pot“, кој го реализираат во партнерство со Музејот на град Неготино (Македонија), Националната асоцијација на практичари/ки на младинска работа – НАПОР и Галеријата Матице Српске – Нови Сад (Србија) и Мрежата на млади и Загрепскиот центар за независна култура и млади „Погон“ од Хрватска, и со колеги од сродни организации од Србија и Хрватска. (https://smr.org.mk/wp-content/uploads/2020/04/Nacionalen-Izvestaj_kultura.pdf)
[2] ДЕНЕС – Годишна награда за млад ликовен уметник (каталог), (Скопје: Центар за современи уметности – Скопје, 2003), стр. 3.
[3] Нада Пешева, „Изложбата денес, Музеј на град Скопје, мај 2008“ во: Големото стакло 23/24 2008-9 (Скопје: Музеј на современата уметност – Скопје, 2008-2009), стр. 119.
[4] https://www.yvaawards.org/
[5] Мрежата организирала неколку заеднички изложби како „Награди за млади визуелни уметници од Хрватска, Република Чешка, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и Словачка“ во Градската галерија во Прага во 2005 година; изложба и симпозиум во Приштина во 2006 година, изложба во Магацин и симпозиум во Дом омладине во Белград во 2008 година, потоа средба на мрежата и изложба во Братислава во 2011 година и многу интернационални средби во Тирана (2016); Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Балтимор (2016); Загреб и Риека (2018), Венеција (2022), Софија (2023).

 

AGORA E RE – 20 VJETORI I  ÇMIMIT DENES

ekspozita e tre fituesve të çmimit DENES 2023 – Gjorgji Despodov, Klelija Zhivkoviq, Burxhu Musli; ekspozitë dokumentare për çmimin DENES; ceremoni me rastin e jubileut

14 shtator 2023 (e enjte)

Galeria Kombëtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut – Çifte Hamam

Ora 13:00 – Prezantimi i Gjorgji Despodov, Klelija Zhivkoviq, Burxhu Musli dhe diskutim me jurinë

Ora 20:00 – hapja e ekspozitave dhe ceremonia me rastin e jubileut

 

Të gjithë pretendojmë të njëjtën gjë. Të rinjtë janë ata që duhet të jenë në fokus të çdo politike progresive (kulturore) dhe drejtimi i përkushtuar dhe kritik i aspiratave të tyre çon në horizonte më të gjera të të gjitha angazhimeve kolektive. Mënyrat se si zhvillohet shoqëria bëhen më të dukshme kur merret parasysh trajtimi i të rinjve dhe valorizimi i punës së tyre. Nëse forca në zhvillim drejt një qasjeje kontekstuale kritike do të kanalizohet, drejtohet, stimulohet dhe zhvillohet apo mbahet në formate të pashqyrtuara dhe të vjetruara, varet nga mënyra se si do të formohet skena në të ardhmen. Por zhvillimi i përkushtimit dhe angazhimit, motivimit, krijimtarisë dhe guximit të tyre varet nga konteksti i vendosur, nga angazhimet e atyre që trasojnë rrugën, por edhe nga tabloja e përgjithshme shoqërore dhe politike.

Por ndërkohë që flitet shumë për të rinjtë, mendimi mbizotërues është se ata në përgjithësi nuk janë të interesuar. Në raportin e fundit kombëtar për nevojat e të rinjve dhe shikueshmërinë e programeve rinore në fushën e kulturës në vend, thuhet se duhet investuar më shumë në forcimin e lidhjeve ndërmjet institucioneve dhe organizatave kulturore dhe të rinjve dhe krijimit të kushteve për akses të barabartë në kulturë për të gjithë të rinjtë. Ndërsa të rinjtë në përgjithësi theksojnë promovimin ose mospërfaqësimin e pamjaftueshëm të përmbajtjes që është me interes për ta. Në raport citohet: “Mundësitë aktuale janë të kufizuara dhe kufizuese, domethënë, mungojnë programet afatgjata për të rinjtë që zbatohen në institucione kulturore, të cilat planifikohen dhe zbatohen me kujdes nga të rinjtë apo punonjësit e kulturës duke aplikuar në vazhdimësi metodat e punës me të rinjtë; si dhe mungojnë kërkimet dhe të dhënat në fushën e kulturës për të hedhur një bazë solide për planifikim real në të ardhmen”[1].

Në të kaluarën mendoheshe sistematikisht dhe rrënjësisht për artistët e rinj në vend, kur kishte shtëpi rinie në të gjitha disiplinat kulturore dhe në të gjitha qytetet, por dhe aktivitete jashtëshkollore, fonde për të rinjtë, por edhe çmime për të rinjtë. Në një frymë të tillë, por jo në të njëjtën plejadë politiko-ideologjike gjeopolitike dhe vendase, u formua çmimi DENES.

Çmimi DENES për artist të ri të artit viziv nën moshën 35 vjeç është një platformë unike në vend, e cila për njëzet vjet u ka ofruar vazhdimisht artistëve të rinj një program rezidencial artistik në Nju-Jork, një eksperiencë unike në një fushë të veçantë projektimi të procesit arsimor në artet pamore, takime dhe prezantime me një komision ndërkombëtar jurie dhe prodhim të veprave të reja si pjesë e një ekspozite për çmimin. Është themeluar në vitin 2002 si çmim vjetor për artistin e ri më të mirë nën 35 vjeç në vend nga Qendra për Arte Bashkëkohore – Shkup në bashkëpunim me Fondacionin për Shoqëri Civile nga Nju-Jorku, SHBA, por zyrtarisht për herë të parë u nda në vitin 2003. Organizimi i çmimit me të gjitha manifestimet dhe eventet vendore për shumë vite është mbështetur financiarisht nga Fondacioni Instituti për Shoqëri të Hapur – Maqedoni, ndërsa qëndrimi në SHBA është mbështetur nga Trust For Mutual Understanding Nju-Jork. Qëllimi i çmimit DENES është t’u ofrojë më shumë mundësi artistëve të rinj për të zotëruar interesat e tyre artistike dhe për t’i prezantuar ato para një publiku më të gjerë, si dhe për të thelluar diskutimet ndërmjet institucioneve dhe artistëve të rinj. Që nga viti 2015, çmimi organizohet në nivel lokal nga shoqata Fakulteti i Gjërave që nuk Mësohen – FRU.

Në kuadër të përkujtimit të 20 vjetëve nga ndarja e parë e çmimit DENES, është e rëndësishme të theksohet interesi fillestar dhe thelbësor për vendosjen e këtij çmimi, i cili është “të tregojë krijimtarinë e artistëve të rinj për një audiencë më të gjerë, duke krijuar mundësi të reja për artistë që marrin pjesë, me përfshirjen e institucioneve të artit dhe profesionistëve në një proces të hapur dhe të paanshëm vjetor të të menduarit dhe të vendosjes për çmimin, i cili duhet të rezultojë në modele të reja funksionimi në jetën kulturore dhe institucionale”[2].. Nga ana tjetër, çmimi DENES është një tregues përkatës i zhvillimit të kontekstit artistik të forcës së re krijuese artistike. Siç thotë historiania e artit Nade Pesheva, “që nga fillimi i saj e deri më DENES, mund ta konsiderojmë si një pasqyrë të vlefshme dhe tregues të tendencave që ekzistojnë në skenën e re artistike maqedonase, duke promovuar pothuajse pa përjashtim autorët e ardhshëm të pjekur dhe bartës të mendimit artistik bashkëkohor maqedonas [3].

Dy dekada ÇMIMI DENES

Në vitin 1990 Uendi U. Luers, themeluese dhe drejtoreshë e Fondacionit të Shoqërisë Civile, së bashku me Presidentin Vaclav Havel dhe një grup artistësh disidentë, themeluan fillimisht Çmimin “Jindrih Çalupecki” në Çekosllovaki për t’i dhënë mirënjohje përsosmërisë artistike të artistëve të rinj të artit viziv nën 35 vjeç dhe për t’u lejuar atyre përvojën e qëndrimit rezidencial në SHBA. Më pas u formua edhe Oskar Cepan Award në Sllovaki dhe çmimi DENES është strukturuar sipas të njëjtit model. Programi i çmimeve për artistët e rinj të artiti viziv (YVAA – Young Visual Artists Awards [4]) u krijua gjatë disa viteve si një rrjet ndërkombëtar çmimesh të ngjashme në Evropën Qendrore dhe Juglindore me mbështetjen e fondacionit amerikan Trust from Mutual Understanding. Tani 12 shtete evropiane janë pjesë e këtij rrjeti si: Republika Çeke, Sllovakia, Kroacia, Kosova, Serbia, Maqedonia e Veriut, Bosnja dhe Hercegovina, Sllovenia, Shqipëria, Bullgaria, Hungaria, Mali i Zi [5].

artistëve të rinj të artit viziv nën 35 vjeç dhe për t’u lejuar atyre përvojën e qëndrimit rezidencial në SHBA.

Themelues   të   Çmimit   në   Maqedoni   janë   Qendra   e   Arteve   Bashkëkohore   –   Shkup   në bashkëpunim me Fondacionin për Shoqëri të Hapur në Nju-Jork, duke filluar nga viti 2002/2003. Që nga viti 2015 drejtimin e organizimit dhe implementimin e çmimit e ka marrë Organizata “Fakulteti i Gjërave që nuk Mësohen – FRU”. Juria fillestare e çmimit vendosi ta emërojë atë sipas grupit të shquar artistik SOT, i cili ekzistonte në Maqedoni në periudhën nga viti 1953 deri në vitin 1955.

Nga viti 2015, çmim i jepet çdo të dytin vit një artisti/artiste të ri/të re të artit viziv deri në 35 vjeç.   Gjithashtu,   FRU-ja   në   mes   të   vitit   organizon   programin   diskursiv-edukativ   “Artist   i përsosur”, i kuruar nga Ivana Vaseva, i përbërë nga një sërë ngjarjesh me qëllim forcimin dhe inkurajimin e njohurive të artistëve të rinj të artit viziv në vend.

Programi   ose   rrjeti   i   çmimeve   të   artistëve   të   rinj   të   artit   viziv   (YVAA   – https://www.yvaawards.org/)   është   krijuar   ndër   vite   si   një   rrjet   ndërkombëtar   çmimesh   të ngjashme me mbështetjen e Fondacionit Amerikan   Trust from Mutual Understanding. Sot, 12 shtete evropiane janë pjesë e këtij rrjeti si: Republika Çeke, Sllovakia, Kroacia, Kosova, Serbia, Maqedonia e Veriut, Bosnja dhe Hercegovina, Sllovenia, Shqipëria, Bullgaria, Hungaria, Mali i Zi. Në vitin 2015, Organizata Residency Unlimited (RU) u angazhua si organizator i programit dhe mikpritës i programit rezidencial të Nju-Jorkut.

artistëve të rinj të artit viziv nën 35 vjeç dhe për t’u lejuar atyre përvojën e qëndrimit rezidencial në SHBA.

Themelues   të   Çmimit   në   Maqedoni   janë   Qendra   e   Arteve   Bashkëkohore   –   Shkup   në bashkëpunim me Fondacionin për Shoqëri të Hapur në Nju-Jork, duke filluar nga viti 2002/2003. Që nga viti 2015 drejtimin e organizimit dhe implementimin e çmimit e ka marrë Organizata “Fakulteti i Gjërave që nuk Mësohen – FRU”. Juria fillestare e çmimit vendosi ta emërojë atë sipas grupit të shquar artistik SOT, i cili ekzistonte në Maqedoni në periudhën nga viti 1953 deri në vitin 1955.

Nga viti 2015, çmim i jepet çdo të dytin vit një artisti/artiste të ri/të re të artit viziv deri në 35 vjeç.   Gjithashtu,   FRU-ja   në   mes   të   vitit   organizon   programin   diskursiv-edukativ   “Artist   i përsosur”, i kuruar nga Ivana Vaseva, i përbërë nga një sërë ngjarjesh me qëllim forcimin dhe inkurajimin e njohurive të artistëve të rinj të artit viziv në vend.

Programi   ose   rrjeti   i   çmimeve   të   artistëve   të   rinj   të   artit   viziv   (YVAA   – https://www.yvaawards.org/)   është   krijuar   ndër   vite   si   një   rrjet   ndërkombëtar   çmimesh   të ngjashme me mbështetjen e Fondacionit Amerikan   Trust from Mutual Understanding. Sot, 12 shtete evropiane janë pjesë e këtij rrjeti si: Republika Çeke, Sllovakia, Kroacia, Kosova, Serbia, Maqedonia e Veriut, Bosnja dhe Hercegovina, Sllovenia, Shqipëria, Bullgaria, Hungaria, Mali i Zi. Në vitin 2015, Organizata Residency Unlimited (RU) u angazhua si organizator i programit dhe mikpritës i programit rezidencial të Nju-Jorkut.

Në vend, bordi për çmimin përbëhej nga Sonja Abaxhieva, kuratore shumëvjeçare dhe ish-drejtor i Muzeut të Artit Bashkëkohor në Shkup, Jovan Shumkovski, artist dhe profesor i pikturës në Fakultetin e Arteve të Bukura në Shkup, Ibrahim Bedi, artisti dhe profesori i skulpturës në Fakultetin e Arteve të Bukura në Shkup, Emil Aleksiev, kurator dhe më pas drejtor i UNS-së – Shkup dhe Melentie Pandilovski, kurator e më pas drejtor i CSU- Shkup, vendosën që çmimi të titullohet DENES  sipas grupit të shquarit maqedonas të artit  të viteve pesëdhjetë të shekullit të kaluar.

Struktura e çmimit për shumë vite nënkuptonte dhënien e tij në nivel vjetor me përzgjedhje në dy raunde. Në raundin e parë, Bordi ose komisioni i jurisë, i cili ndryshon çdo vit, përzgjedh katër nga të gjithë artistët e regjistruar ose të nominuar nga kritikë të njohur në vend, ekspozitën e tyre në grup dhe më pas një bursë për të qëndruar në SHBA për fituesin e çmimit të parë dhe 3 bursa të tjera për të qëndruar në vendet e Evropës Perëndimore për artistët e tjerë të vlerësuar, si dhe një ekspozitë personale e artistit të parë të shpërblyer pas kthimit nga SHBA-ja. Fituesit e çmimeve u shpërblyen me një rezidencë në Headlands Center for the Arts, në San Francisko, SHBA, dhe në Shtëpinë Ndërkombëtare, të lidhur me Universitetin Columbia, Nju-Jork, Studion Ndërkombëtare ISCP, ndërsa në vitin 2015, organizata Residency Unlimited (RU ) u angazhua si organizator i programit dhe si mikpritës i programit të rezidencës në Nju-Jork.

Në vitin 2015, ai u bë dyvjeçar (bieanl) dhe u zhvillua në 2017, 2021 (2019 u shty për shkak të pandemisë) dhe 2022. Kemi shumë kënaqësi të njoftojmë se nga viti 2022 çmimi do të mbahet përsëri çdo vit!

Mundësi të rralla

Çmimi DENES u krijua në rrethana dhe procese specifike postsocialiste që ndikuan breza të tërë artistësh të rinj. Ndërtimi i një shoqërie demokratike në periudhën e tranzicionit të shoqërisë në atë kapitaliste, nënkuptonte edhe një lloj institucionalizimi të modernizuar të artit pamor, duke i çuar artistët e rinj në drejtim të hiperaktivitetit, konsumizmit të intensifikuar dhe pasivizimit e parakalizimit të shtysave të bartura, nga gjeneratat parateknologjike.

Njëzet vjet më vonë, pas shumë problemeve socio-politike që u reflektuan edhe në rrafshin kulturor, nga mundësitë e hapura dhe grantet e ndryshme e deri te ngushtimi i nevojave të formuluara nën petkun e interesit kombëtar, ndikoi në modelet e reja të nevojshme të funksionimit kulturor dhe institucional, jeta që është ende në zhvillim e sipër. Kontekstit ende i mungojnë shumë mundësi dhe mbështetetje në kuadrin epistemologjik modernist dhe në mënyrat e prodhimit të artit. Ka standarde më të zhvilluara për paraqitjen, prodhimin dhe shpërndarjen e artit, por bollëku i improvizimit, kornizat teorike retrograde ende mbizotëruese, mungesa e përgjithshme e interesit për artet, mungesa e financimit, hapësirave eksperimentale etj, ata krijuan një skenë prekariat dhe pamjaftueshme të fortë që përkulet vazhdimisht para sfidave të saj.

Megjithatë, ka shembuj të artistëve që kanë radikalizuar imagjinatën e tyre, d.m.th. ata eksperimentuan, rezistuan dhe gjetën rrugët e tyre duke përdorur strategji alternative për edukimin (vetëedukimin) dhe prodhimin dhe duke krijuar hapësira të reja simbolike, metaforike dhe fizike, por edhe me angazhimet e tyre kontribuan në përmirësimin e të drejtave dhe pozitave të liderëve kulturorë dhe mënyrat se si arti dhe kultura bashkëkohore mund të perceptohen dhe prodhohen. Mundësia që dha çmimi DENES nuk është vetëm shfaqja e tyre, por edhe veprat e tyre artistike që ndikuan në të gjithë kontekstin.

Shënimi i 20-vjetorit të çmimit DENES filloi në prill të këtij viti me programin 5 ditor edukativo-diskursiv për artistë të rinj “Artisti Perfekt” në GKRMV – Stacioni i Vogël, ku artistët e rinj fituan aftësi praktiko-teorike në artin bashkëkohor dhe një pasqyrë kritike në praktikën e saj por edhe në kontekstin lokal parë nga një perspektivë ndërkombëtare. Më pas ai vazhdoi me ekspozitën “Prekariati ka një shans: hapësirat publike në lëvizje (drejt)” në Galerinë e Strukturës në Sofje, ku u prezantuan 20 artistë nga vendi, disa prej tyre fitues, pjesëmarrës apo finalistë të çmimit DENES, si praktikë e fundit për audiencën e Sofjes. Festa kulmon me ekspozitën e tre fituesve të çmimit DENES 2023 – Gjorgi Despodov, Klelija Zhivkoviq, Burxhu Musli; një ekspozitë dokumentare për çmimin DENES dhe një ceremoni me rastin e jubileut shoqëruar me një program muzikor dhe diskursiv.

Festimi i 20 vjetorit të çmimit DENES feston dukuritë e rralla në art që kanë inkurajuar drejtime të ndryshme të të menduarit artistik dhe kanë krijuar hapësirë ​​për një kornizë të ndryshme për historinë që ndryshon nga rrëfimi historik linear dhe kërkon një diskurs të ndryshëm epistemologjik edukativ dhe infrastrukturë prodhimi. Barazia, anti-racizmi, anti-nacionalizmi, qëndrueshmëria janë tendencat kryesore për riformulimin e shoqërisë dhe artit bashkëkohor dhe rrjedhimisht çmimi DENES. Rikthen në një farë mënyre të njëjtat parametra që në fillim – do t’i jepet çdo vit tre praktikave artistike që nënkuptojnë një pasqyrim kritik dhe estetik të kushteve sociale dhe kulturore dhe le të na kujtojë kjo “agorë e re” mundësitë e nevojshme të barabarta që janë në bazën e demokracisë. Ky përkujtim inkurajon dhe hap hapësirën për të kujtuar përpjekjet e përbashkëta të nevojshme për të theksuar rëndësinë e krijimit të agorave të reja polemike dhe kritike përmes modeleve të reja të funksionimit në jetën kulturore dhe institucionale përmes krijimit, gjykimit, performancës dhe eksperimentimit brenda proceseve dhe institucioneve të reformuara arsimore, ushtrimit dhe praktikës së vazhdueshme në kurrikulat dhe sesionet e modernizuara dhe modelet e reja të institucioneve, mundësi të ndryshme për prezantime publike dhe ndërveprim (kreativ) me audiencën, por edhe mbështetje kritike dhe reflektim nga kolegët dhe të mësuarit analitikë dhe të konsoliduar dhe të kuptuarit kontekstual.

Ivana Vaseva

Kuratore dhe organizatore e çmimit DENES

[1] Raporti kombëtar: Nevojat e të rinjve dhe vënia në dukie e programeve rinore në fushën e kulturës në Maqedoninë e Veriut”, realizuar nga Sindikata e Punëve Rinore në kuadër të projektit rajonal “The Melting Pot”, i cili realizohet në partneritet me Muzeun e qytetit të Negotinës (Maqedoni), Shoqata Kombëtare e Praktikuesve të Punës Rinore – NAPOR dhe Galeria Matice Sërpske – Novi Sad (Serbi) dhe Rrjeti Rinor dhe Qendra e Zagrebit për Kulturë dhe Rini të Pavarur “Pogon” nga Kroacia, dhe me kolegë nga organizatat përkatëse nga Serbia dhe Kroacia. (https://smr.org.mk/wp-content/uploads/2020/04/Nacionalen-Izvestaj_kultura.pdf
[2]  Çmimi vjetor DENES për artist të ri të artit pamor(katalog), (Shkup: Qendra për Arte Bashkëkohore – Shkup, 2003), f. 3
[3] Nada Pesheva, “EKSPOZITA DENES, Muzeu i Qytetit të Shkupit, maj 2008” në: Xhami i madh 23/24 2008-9 (Shkup: Muzeu i Artit Bashkëkohor – Shkup, 2008-2009), 119
[4] – https://www.yvaawards.org/
[5] Rrjeti organizoi disa ekspozita të përbashkëta si “Çmime për artistët e rinj vizivë nga Kroacia, Republika Çeke, Kosova, Maqedonia, Serbia dhe Mali i Zi dhe Sllovakia” në Galerinë e Qytetit në Pragë në vitin 2005; një ekspozitë dhe simpozium në Prishtinë në vitin 2006, një ekspozitë në Magacin dhe një simpozium në “Dom omladine” në Beograd në vitin 2008, pastaj një takim dhe ekspozitë në rrjet në Bratislavë në 2011 dhe shumë takime ndërkombëtare në Tiranë (2016); Nju- Jork, Uashington, Filadelfia, Baltimore (2016); Zagreb dhe Rijeka (2018), Venecia (2022), Sofje (2023).

 

NEW AGORA – 20TH ANNIVERSARY OF THE DENES AWARD  

Exhibition by the winners of the 2023 DENES Award – Gjorgji Despodov, Klelija Zhivkovikj, Burju Musli; documentary exhibition on the Denes Award; ceremony on the anniversary

 

14 September 2023 (Thursday)

National Gallery of the Republic of North Macedonia – Chifte Hammam

1 pm – presentation by Gjorgji Despodov, Klelija Zhivkovikj, Burju Musli and conversation with the jury panel

8 pm – opening of the exhibition and ceremony on the anniversary

The event is supported by the foundation Trust for Mutual Understanding, NY and the international project Islands of Kinship : A Collective Manual for Sustainable and Inclusive Art Institutions co-funded by the European Union.

 

We all claim the same thing. Young people are the ones who are and who should be in the focus of any progressive (cultural) policy and the committed and critical targeting of their aspirations leads to broader horizons of all collective efforts. The ways in which society develops become most visible when considering the treatment of young people and the valorization of their efforts. Whether the emerging force will be channeled, directed, stimulated and developed towards a critical and contextual approach or whether it will be maintained in unexamined and outdated formats also depends on how the scene will be formed in the future. But the development of their commitment and obligation, motivation, creativity and courage depends on the context set, on the efforts of those who trace the line for them, as well as on the general socio-political constellation.

While there is a lot of talk about young people, the prevailing thinking is that they are generally uninterested. The latest national report on the needs of young people and the visibility of youth programs in the area of culture in the country, states that it is necessary to invest more in strengthening the ties between cultural institutions and organizations and young people and creating conditions for equal access to culture for all young people. While young people generally point to the inadequate promotion or lack of content that is of interest to them, the report reads: “Current opportunities are limited and limiting, i.e. there is a lack of long-term youth programs that are implemented in cultural institutions, which are carefully planned and implemented by youth or cultural workers applying youth work methods in continuity; and there is also a lack of research and data in the area of culture in order to lay a solid foundation for real planning in the future”[1].

Young artists in the country were taken in consideration systematically and thoroughly in the past, when there were youth hubs in all cultural disciplines and in all cities, courses and extracurricular activities, funds for young people, as well as awards for young people. In such a spirit, but not in the same geopolitical and local political and ideological constellation, the DENES Award was established.

The DENES Award for Young Visual Artist up to the age of 35 is a one-of-a-kind platform in the country that has continuously, for twenty years, offered young artists an artist residency program in New York, a unique experience in a specially designed educational process in the visual arts, meetings and presentations with an international jury panel and production of new works as part of an exhibition for the award. The award was established in 2002 as an annual award for best young artist up to the age of 35 in the country, by the Contemporary Art Center – Skopje in collaboration with the Foundation for Civil Society in New York, United States, but it was officially awarded for the first time in 2003. For many years, the organization of the award alongside all local events was financially supported by the Foundation Open Society Institute – Macedonia, while the residence in the United States was supported by the Trust For Mutual Understanding, New York. The intention of the DENES Award is to offer more opportunities to young artists to master their artistic interests and present them to a wider audience, as well as to deepen discussions between institutions and young artists. Since 2015, the award has been organized locally by the association Faculty of things that can’t be learned – FRU.

In the context of marking the 20th anniversary since first awarding the DENES Award, it is important to highlight the initial and essential interest in establishing the award, which is “to present the creativity of young artists to a wider audience, create new opportunities for the artists who participate, by including art institutions and professionals in an open and impartial annual process of consideration and decision-making on the award, which should result in new operating models in cultural and institutional life[2]. On the other hand, the DENES Award is a relevant indicator of the development of the artistic context of the young artistic creative force. As art historian Nade Pesheva says: “Ever since its beginning, we can consider it as a valid cross-section and indicator of the tendencies that exist on the young Macedonian art scene, promoting, almost without exception, the future mature authors and bearers of the contemporary Macedonian artistic thought”.[3]

Two decades of the DENES Award

In 1990, Wendy W. Luers, founder and director of Foundation for a Civil Society, together with President Vaclav Havel and a group of dissident artists first established the Jindřich Chalupecký Award in Czechoslovakia to recognize artistic excellence in young visual artists under 35 years of age, and provide them with a U.S. residency experience. The Oskár Čepán Award was then established in Slovakia, and the DENES Award is structured according to the same model. The Young Visual Artists Awards program (YVAA – Young Visual Artists Awards[4]) was established over several years as an international network of similar awards with support from the U.S. foundation Trust for Mutual Understanding. Today, 12 European countries are part of this network, including the Czech Republic, Slovakia, Croatia, Kosovo, Serbia, North Macedonia, Bosnia and Herzegovina, Slovenia, Albania, Bulgaria, Hungary, and Montenegro[5].

In North Macedonia, the award’s jury panel includes Sonja Abadzhieva, long-time curator and former director of the Museum of Contemporary Art (MoCA) – Skopje, Jovan Shumkovski, artist and professor of painting at the Faculty of Fine Arts in Skopje, Ibrahim Bedi, artist and professor of sculpture at the Faculty of Fine Arts in Skopje, Emil Aleksiev, curator and former director of MoCA – Skopje and Melentie Pandilovski, curator and former director of the Contemporary Art Center – Skopje, who decided to name the award DENES after the renowned Macedonian art group from the fifties of the past century.

For many years, the structure of the award was such that it was awarded annually with two rounds of selection. In the first round, the Board or the jury panel, whose composition changes every year, selects four of all the artists who apply or are nominated by renowned critics in the country, including their group exhibition, and then a scholarship for a residence in the United States for the first prize-winner, additional three scholarships for a residence in Western European countries for the other prize-winning artists, as well as a solo exhibition for the first prize-winning artist upon returning from the United States. Award winners have been awarded residencies at the Headlands Center for the Arts, San Francisco, United States, and the International House associated with Columbia University, New York, the ISCP International Studio, and in 2015, the Residency Unlimited (RU) organization was engaged as program organizer and host of the residency program in New York.

In 2015, the award became biennial and took place in 2017, 2021 (in 2019 it was postponed due to the pandemic) and 2022. We were very pleased to announce that as of 2022 the award will be held every year again!

Rare opportunities

 The DENES Award was established in specific post-socialist circumstances and processes that influenced entire generations of young artists. The building of a democratic society in the transition period of society into a capitalist one, also implied a kind of modernized institutionalization of visual art, taking young artists in the direction of hyperproduction, as well as passivization and precarization of the urges that pre-technological generations carried.

Twenty years later, after many socio-political ordeals also reflected on the cultural level, from open opportunities and various grants to narrowing of the needs formulated under the guise of national interest, it also influenced necessary new operating models in cultural and institutional life that are still under development. The context still misses many possibilities and relies on the modernist epistemological framework and in the modes of art production. There are more developed standards for presentation, production and distribution of art, but the abundance of improvisation, the still prevailing retrograde theoretical frameworks, the general lack of interest in the arts, the lack of funding, experimental spaces, etc. have created a precarious and insufficiently strong scene that constantly bends before the challenges.

However, there are examples of artists who have radicalized their imagination, i.e. experimented, resisted and found their own ways by using alternative strategies for education (self-education) and production and by creating new spaces, symbolic, metaphorical and physical, and with their commitments, they have contributed to promoting the rights and positions of cultural workers and the ways on how contemporary art and culture can be perceived and produced. The chance that the DENES Award provided is not only their emergence, but their artworks that influenced the whole context.

The celebration of the 20th anniversary of the DENES Award began in April 2023 with a five-day educational and discursive program for young artists “The Perfect Artist” at the National Gallery – Mala Stanica, where young artists acquired practical and theoretical skills in contemporary art and critical insight into their practice, as well as into the local context seen from an international perspective. It then continued with the exhibition “Preacrity has a chance: Public spaces in movement (toward)” at the Structura Gallery in Sofia, where 20 artists from the country, some of whom winners, participants or finalists of the DENES Award, presented their recent practice before the audience in Sofia. The celebration peaks with an exhibition by the three winners of the 2023 DENES Award – Gjorgji Despodov, Klelija Zhivkovikj, Burju Musli; a documentary exhibition about the DENES Award and a ceremony on the anniversary accompanied by a musical and discursive program.

The 20th anniversary of the DENES Award celebrates the rare occurrences in art that encouraged different directions of artistic thinking and made room for a different framework for history that differs from the linear historical narrative and requires a different educational epistemological discourse and production infrastructure. Equality, anti-racism, anti-nationalism, sustainability are the key trends in reformulating contemporary society and art, and thus the DENES Award. In a way, it reinstates the same parameters from its conception – it will be awarded annually to three artistic practices that imply a critical and aesthetic reflection of the social and cultural conditions, while this “new agora” should remind us of the necessary equal opportunities that are at the base of democracy. The celebration of this anniversary also encourages space to remember the necessary joint efforts in highlighting the importance of creating new polemical and critical agoras through new operating models in cultural and institutional life by creating, trying, performing and experimenting within the reformed educational processes and institutions, constant training and practice in updated curricula and sessions and new models of institutions, various opportunities for public presentations and (creative) interaction with the audience, as well as critical support and reflection from colleagues and analytical and consolidated learning and contextual understanding.

Ivana Vaseva

Curator and organizer of the DENES Award

[1] „Национален извештај: Потреби на младите и видливост на младинските програми во областа на културата во Северна Македонија“, реализиран од Сојузот за младинска работа во рамките на регионалниот проект „The Melting Pot“, кој го реализираат во партнерство со Музејот на град Неготино (Македонија), Националната асоцијација на практичари/ки на младинска работа – НАПОР и Галеријата Матице Српске – Нови Сад (Србија) и Мрежата на млади и Загрепскиот центар за независна култура и млади „Погон“ од Хрватска, и со колеги од сродни организации од Србија и Хрватска. (https://smr.org.mk/wp-content/uploads/2020/04/Nacionalen-Izvestaj_kultura.pdf)
[2] ДЕНЕС – Годишна награда за млад ликовен уметник (каталог), (Скопје: Центар за современи уметности – Скопје, 2003), стр. 3.
[3] Нада Пешева, „Изложбата денес, Музеј на град Скопје, мај 2008“ во: Големото стакло 23/24 2008-9 (Скопје: Музеј на современата уметност – Скопје, 2008-2009), стр. 119.
[4] https://www.yvaawards.org/
[5] Мрежата организирала неколку заеднички изложби како „Награди за млади визуелни уметници од Хрватска, Република Чешка, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и Словачка“ во Градската галерија во Прага во 2005 година; изложба и симпозиум во Приштина во 2006 година, изложба во Магацин и симпозиум во Дом омладине во Белград во 2008 година, потоа средба на мрежата и изложба во Братислава во 2011 година и многу интернационални средби во Тирана (2016); Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Балтимор (2016); Загреб и Риека (2018), Венеција (2022), Софија (2023).