ОТВОРЕН ПОВИК за наградата ДЕНЕС 2018 / OPEN CALL for DENES Award 2018

ОТВОРЕН ПОВИК за наградата ДЕНЕС 2018 / OPEN CALL for DENES Award 2018

/For English scroll below/

ОТВОРЕН ПОВИК

за наградата ДЕНЕС 2018 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години

 

Центарот за современи уметности – Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/ Скопје со задоволство го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2018 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години. Наградата ДЕНЕС се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и импементација  и е единствена награда на млад визуелен уметник во Македонија.

Оваа значајна и независна награда е организирана во соработка со Residency Unlimited од Њујорк, поддржана е од The Trust for Mutual Understanding од Њујорк и се доделува на секои две години во Македонија. Победникот ќе има можност да присуствува на двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) во периодот на септември и октомври 2018 година.

Бидејќи наградата се доделува во 2018 год., оваа година ќе се одржи специјална дискурзивно – едукативна програма насловена „Совршениот уметник“, која за прв пат се случува оваа година како дел од биеналната награда ДЕНЕС. Отворениот повик за учество во оваа програма се објавува на датумот кога се објавува и наградата ДЕНЕС. Она што е особено важно да се нагласи е дека учеството во оваа програма не ги квалификува уметниците директно во финалето за наградата ДЕНЕС 2018 но организаторите силно ги охрабруваат да земат дел од неа затоа што ќе значи дополнителна референца.

Наградата ДЕНЕС, која го носи името на истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во периодот од 1953 – 1955 во Македонија, се доделува по четринаесети  пат во земјава.

Крајниот рок за аплицирање за оваа награда е 01.11.2017, а резултатите ќе бидат објавени на 10.11.2017.

КРИТЕРИУМИ

– Наградата е наменета за индивидуални уметници до 35 години. Резиденцијалната програма е дизајнирана само за еден индивидуален уметник од земјата во дадената година кога се доделува наградата.

– Кандидатите може да поседуваат академска диплома, да бидат активни уметници најмалку 3 години во Македонија и да имаат значаен обем на дела кои биле изложени во уметнички институции како што се галерии, уметнички центри или музеи.

– Уметници кои не се жители на Македонија мора да бидат препознаени за нивниот придонес во развојот на уметничката сцена и нивната уметничка кариера мора да има значајна релација со Македонија. Уметници кои се емигранти би требало да се членови на македонската уметничка заедница и редовно да изложуваат во Македонија.

– Уметниците кои аплицираат треба да го познаваат разговорниот англиски јазик за да можат активно да учествуваат во програмата и за да можат да се поврзат со уметници и уметнички професионалци во Њујорк.

– Ако некој уметник е спречен да присуствува на резиденцијата во наведениот период тогаш тој/таа треба да земе превид да аплицира на подоцнежен датум.

– Уметници кои работат во полето на современата визуелна уметност вклучувајќи сликарство, вајарство, графика, цртеж, инсталација, фотографија, видео, нови медиуми и перформанс се охрабрени да аплицираат. Повикот не е наменет за уметници кои работат исклучиво во областа на применетите уметности, дизајн, театар, танц и филм но сепак интердисциплинарниот пристап во современата виулена уметност е охрабруван. На овој повик уметниците можат да се пријават индивидуално или можат да бидат номинирани од уметнички професионалци кои се активни на полето на современата уметност.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – ПОРТФОЛИО

 Портфолиото на уметниците треба да содржи:

  1. Име, презиме, адреса, телефон, е-маил на кандидатот;
  2. Професионална биографија (на македонски и англиски јазик) – задолжително со година на раѓање!;
  3. Визуелен и/или видео материјал презентирајќи до 10 уметнички дела дополнет со сите информации за делото во следниот редослед – наслов, година, техника, димензии, краток опис и каде било изложено. Видеата може да бидат презентирани и преку копирање на линк (во случај ако тие се ставени на YOUTUBE или VIMEO).
  4. Кратка изјава за работата на уметникот на македонски и англиски јазик.

Сите документи уредно треба да бидат доставени во електронска форма на мејлот nagradadenes@gmail.com

 

ПРОЦЕС НА ИЗБИРАЊЕ

Интернационална жири комисија составена од 5 члена ќе избере 4 финалисти во првиот круг на селекција а во вториот круг ќе ги интервјуира со цел да се избере победникот.

Четрите финалисти ќе бидат објавени на 10 ноември 2017 год. а тие ќе ги претстават своите дела во рамки на групна изложба кон средината на април 2018 година во Скопје. Во рамки на изложбата ќе биде организиран и вториот круг на интервјуа на македонски и англиски јазик од страна на жири комисијата по што ќе биде прогласен и победникот на наградата.

Финалистите ќе бидат избрани врз основа на заслугите од нивното портфолио, изложените дела на финалната изложба, според  претходните достигнувања и изложби и покажаниот потенцијал.

НАГРАДА ДЕНЕС: ДВОМЕСЕЧНА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО ЊУЈОРК

Сите трошоци на победникот за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе му бидат покриени како трошоци за виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници и дополнително, тој/ таа ќе има самостојна изложба во Скопје по враќањето од резиденцијата.

 ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА

Во 1990 година Венди В. Луерс, основач и директорка на Фондацијата за отворено општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да оддаде признание на уметничката изврсност на младите визулени уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – http://www.yvaa.tumblr.com/) во текот на неколку години беше установена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, a US foundation.

Денеска 10 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Бугарија.

Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на ЈВАА програмата и како домаќин на резиденцијалната програма во Њујорк.

За RESIDENCY UNLIMITED (RU)

Residency Unlimited (RU) е посветена на презентација, продукција и промоција на современа уметност преку неколку активности во рамки на резиденцијалните и јавни програми. Лоцирани во Бруклин, RU функционира како еден вид на динамичен простор кој организира средби на уметници, куратори, уметнички професионалци, изложби, проекции и дискурзивни програми. Во соработка со институции, организации и индивидуалци во Њујорк, САД и интернационално, RU има иницирано и развиено различни форми на професионална поддршка за корисниците на резиденцијалната програма во последните неколку години.

residencyunlimited.org

 

За сите прашања можете да се обратите кај:

Ивана Васева

ivana.vaseva@gmail.com

070 905 212

 

Или да ги консултирате веб страниците:

www.akto – fru.com

www.cac.org.mk

 

//////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

Open call

for the Denes Award 2018 for Young Visual Artist under the age of 35 in Macedonia

 

The Centre of Contemporary Arts – Skopje and FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned – Bitola/Skopje are pleased to announce the Open Call for the Denes Award 2018 for young visual artists under the age of 35 in Macedonia. The Denes award is granted for exceptional and established ongoing artistic practice, including critical and aesthetic reflection and implementation and is the only award for young visual artists in Macedonia.

This significant and independent award is organized in collaboration with Residency Unlimited from New York, supported by the New York Trust for Mutual Understanding, and is awarded biannually in Macedonia. The winner will take part in a two-month residency program for artists in New York, in Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) in the period of September – November 2018.

As the official award year is 2018, this year, for the first time a special discursive-educational program with the title “The Perfect Artists” will take place as part of the biennial Denes Award. The open call for participation in the program will be announced along with the Denes Award date. It is important to note that participation in  this program does not qualify the artists for the finale of the Denes Award 2018, however the organizers encourage artists to take part in the program, as this will provide them with additional reference.

The Denes Award, titled after the renowned art collective Denes, that existed in the period between 1953 – 1955 in Macedonia, is being awarded for the 14th time in Macedonia.

 

The application deadline for the award is 01.11.2017, and the results will be published on 10.11.2017

 

ELIGIBILITY CRITERIA

– The award is intended for individual artists up to 35 years of age. The residency program is designed for only one individual artist per country in the award year.

-Candidates can hold an academic degree, must be active in Macedonia as artists for at least 3 years and must have a notable scope of works exhibited in art institutions such as galleries, art centres and museums.

-Artists that are not citizens of Macedonia must be recognized for their contribution to the art scene in Macedonia, and their artistic career must have a meaningful connection to the Macedonian artistic community. Artists who are emigrants should be members of the Macedonian artistic community and have exhibitions regularly in Macedonia.

-Artist applicants should have a good grasp of colloquial English in order for them to be able to participate actively in the program, and communicate with artists and art professionals from New York.

-If an artist is unable to attend the residency program in the appointed period, then, s/he should consider applying at a later date,

-We really encourage the applications of artists working in the field of contemporary visual art including painting, sculpting, graphics, drawing, installation, photography, video, new media and performance . The call is not intended for artists working exclusively in the field of  design, theatre, dance and film, however we encourage an interdisciplinary approach to contemporary visual arts. Artists can individually apply during the call, or they can be nominated by artistic professionals active in the field of contemporary art.

 

Documents for submission:

The artists’ portfolio should include the following:

  1. Name, surname, address, phone, e-mail of the applicant
  2. Professional curriculum vitae (in Macedonian and English) – with the mandatory year of birth!
  3. Documentation of the submitted works of art, marked with all the information about the author and the work (title, year, technique, dimensions, short description and where the work was exhibited). Videos can be submitted by sharing a public link (if they have been uploaded on Youtube or Vimeo)
  4. A short statement about the artist work in Croatian and English.

All applications should be submitted electronically to : nagradadenes@gmail.com

 

SELECTION PROCEDURE

A five member jury of established professionals will select four finalists  in the first selection round who will be interviewed in order for the jury to choose the winner.

The identity of the four finalists will be revealed on the 10th of November, 2017 and they will present their works in a group exhibition in the middle of April 2018 in Skopje. As part of the exhibition, the second round of interviews will be conducted both in English and Macedonian, after which the jury will proclaim the winner of the award.

Finalists will be selected on the merit of their portfolio, exhibited artwork in the finalists’ exhibition, prior accomplishments and exhibitions, and demonstrated potential.

The Denes Award: A two-month residency in New York

The award winner will have all the expenses covered for the full duration of stay in New York (costs of visas, health insurance, travel expenses, accommodation and per diems) and additionally, s/he will be granted with a solo exhibition in Skopje  after the return from New York.

 

History of the Award

In 1990 Wendy W. Luers, founder and director of Foundation for a Civil Society, together with President Vaclav Havel and a group of dissident artists first established the Jindrich Chalupecky Award in Czechoslovakia to recognise artistic excellence in young visual artists, under 35 years old, and provide them with a U.S. residency experience.

The Young Visual Artists Awards program (YVAA – http://www.yvaa.tumblr.com/) was established over several years as an international network of similar awards with support from the Trust for Mutual Understanding, a US foundation.

Today 11 European countries are part of this network: Czech Republic, Slovakia, Croatia, Kosovo, Serbia, Macedonia, Bosnia and Herzegovina, Slovenia, Albania, Bulgaria.

In 2015, Residency Unlimited (RU) was engaged as the organiser of the YVAA program and host of the NY residency program.

 

About Residency Unlimited

Residency Unlimited (RU) supports the presentation, production and promotion of contemporary art through several activities as part of its residency and year-round public programs. The Brooklyn location of RU is a creative hub where we organize meetings of artists, curators, art professionals, as well as exhibitions, screenings and discursive programs.  In collaboration with institutions, organizations and individuals in New York, USA and internationally RU has developed various forms of professional support for the residency program users in recent years.

residencyunlimited.org

 

For any questions please contact:

Ivana Vaseva

ivana.vaseva@gmail.com

+389 (0)70 905 212

 

Or consult the following pages:

www.akto – fru.com

www.cac.org.mk