СТАНИЦА ПРОПАГАНДА
Јонас Стал
Отворање – 1 март 2024 година (петок) / 20 часот
Школа за пропаганда – 2 март 2024 година (сабота) / 12 часот
Музеј на современата уметност – Скопје
Кураторка: Ивана Васева
Станица пропаганда е нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда, како и алатките и можностите на формите на (контра)пропаганда кои произлегуваат од еманципаторските грасрут и ослободителни движења.
Ова е негово прво самостојно претставување во Северна Македонија, а го организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје во рамките на меѓународниот проект „Острови на сродство: Колективен прирачник за одржливи и инклузивни уметнички институции“.
Станица пропаганда има за цел да ги направи видливи различните современи пропаганди кои активно го обликуваат нашиот свет денес. Централната инсталација е дизајнирана како обратен паноптикон: наместо да го надгледува посетителот, му обезбедува на гледачот позиција на контранадзор над работата на пропагандистите кои влијаат на нашиот секојдневен живот.
Терминот „станица“ во Станица пропаганда може да се сфати на повеќе начини. Изложбата функционира како место каде што се „стационираат“ различни модели на пропаганда како што се ултранационалистичка пропаганда, пропаганда на алт-десницата, либерална пропаганда, финансиска пропаганда, пропаганда на империјата, климатска пропаганда и геолошка пропаганда. Се заснова на повеќе од една деценија уметничко истражување спроведено од Стал за пропагандата и контрапропагандата.
Во центарот на инсталацијата е „школа за пропаганда“, каде различни уметници, академици, новинари, теоретичари, поборници и активисти одржуваат предавања, работилници и обуки од областа на анализа на пропагандата и (контра)пропагандното делување.
Школата за пропаганда во Скопје насловена „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ има намера да создаде привремена дискурзивна платформа која ќе ја деконструира комплексноста на антиквизациската пропаганда отсликана во проектот Скопје 2014. Преку излагања на повеќе теоретичари, активисти, уметници и новинари од Северна Македонија, оваа програма ќе понуди интервенционистички придонес во правните, медиумските, семиотичките, општествените и уметничките аспекти на проектот подигнат во „заробената држава“ и ќе се обиде да го промисли неговото идно постоење, соочувајќи се со подготовките и продукцијата на капиталниот проект Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.
Повеќе информации за Школата за пропаганда: www.akto-fru.org; www.msu.mk
Проектен тим: Јонас Стал (уметник); Ивана Васева (кураторка); Филип Јовановски (соработник на Школа за пропаганда, Факултет за работи што не се учат – ФРУ); Надин Гаудер (координатор Студио Јонас Стал); Ивана Самандова, Димитар Милев, Тамара Џерков (продукција Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје); Илиана Петрушевска (графички дизајн – постер, Музеј на современата уметност – Скопје); Пол Киперс (архитект); Ремко ван Бладел (графички дизајн); Рубен Хамелинк (камера и видео монтажа); Ивана Самандова (титл); Невенка Николиќ (превод и лектура).
Во партнерство со: Здружение Јиндрих Чалупецки, Прага, Чешка (Карина Котова) и МСУ Музеј на современа уметност, Загреб, Хрватска (Зденка Бадовинац).
Поддржано од: Фонд Мондријан, Амстердам, Холандија; кофинансирано од Европската Унија во рамките на меѓународниот проект „Острови на сродство: Колективен прирачник за одржливи и инклузивни уметнички институции“.
PROPAGANDA STATION
Jonas Staal
Opening – 1 March 2024 (Friday)/ 8pm
Propaganda School – 2 March 2024 (Saturday)/ 12pm
Museum of Contemporary Art – Skopje
Curator: Ivana Vaseva
Propaganda Station is a new complex installation and live program by Dutch artist Jonas Staal, exploring the involvement of art and culture in the dominant forms of contemporary propaganda as well as the tools and possibilities of (counter)propaganda—forms that emerge from emancipatory grassroots and liberation movements.
This is his first solo presentation in North Macedonia and is organized by the organization Faculty of things that can’t be learned – FRU in collaboration with the Museum of Contemporary Art – Skopje within the scope of the international project Islands of Kinship: A Collective Manual for Sustainable and Inclusive Art Institutions.
Propaganda Station aims to make visible the various contemporary propagandas that actively shape our world today. The central installation is designed as an inverse panopticon: instead of surveilling the visitor, it provides the viewer a position of counter-surveillance over the work of propagandists who influence our everyday life.
The term “station” in the Propaganda Station, can be read in multiple ways. The exhibition-project operates as a place where different propaganda models are “stationed” such as Ultranationalist Propaganda, Alt-Right Propaganda, Liberal Propaganda, Financialization Propaganda, Empire Propaganda, Climate Propaganda and Geological Propaganda. It is based on more than a decade of artistic research conducted by Staal on propaganda and counterpropaganda.
At the center of the installation is a “propaganda school,” where different artists, academics, journalists, theorists, campaigners and activists give lectures, workshops and trainings in the field of propaganda analysis, and (counter)propaganda work.
The Propaganda School in Skopje titled “ANTIQUIZATION PROPAGANDA From Skopje 2014 to Skopje Capital of Culture 2028” intends to create a temporary discursive platform deconstructing the complexity of the antiquization propaganda mirrored in the project Skopje 2014. Through presentations of several theoreticians, activists, artists and journalists from North Macedonia, this program will offer interventionist contributions in the legal, media, semiotic, social and artistic aspects of the project erected in the “captured state” and try to ponder of its future existence, facing the preparations and production of the capital project Skopje – European Capital of Culture 2028.
More info about the Propaganda School on: www.akto-fru.org; www.msu.mk
Project team: Jonas Staal (artist); Ivana Vaseva (curator); Filip Jovanovski (collaborator of the Propaganda School, Faculty of things that can’ be learned – FRU); Nadine Gouders (coordinator Studio Jonas Staal); Ivana Samandova, Dimitar Milev, Tamara Djerkov (production Faculty of things that can’t be learned – FRU, Skopje); Iliana Petrushevska (graphic design – poster, Museum of Contemporary Art – Skopje); Paul Kuipers (architect); Remco van Bladel (graphic design); Ruben Hamelink (camera and video editing); Ivana Samandova(subtitles), Nevenka Nikolikj (translation and proofreading).
In partnership with: Jindřich Chalupecký Society, Prague (Karina Kottová) and MSU Museum of Contemporary Art, Zagreb, Croatia (Zdenka Badovinac).
Supported by: Mondriaan Fund, Amsterdam, Netherlands; co-funded by the European Union within the scope of the international project Islands of Kinship: A Collective Manual for Sustainable and Inclusive Art Institutions.