УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ

УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ

24 септември 2016 (сабота) Мобилна/монтажна галерија ЦАЦ, Парк на Франкофонија (Градски парк)

12.00 – 14.30 – Јавна дискусија: УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ, одговорноста на уметникот во време на политичка и општествена криза (во соработка со ПОП АП АКТО)
Тврдејќи дека уметноста има јавна улога, или дека уметниците и културните работници не треба да бидат само фраза во таква средина туку потребно е да се идентификуваат преку детални анализи, а исто и преку различни акции преку кои ќе го вратат заедничкото, јавно добро. Одбраната на јавното добро е во фокусот на пошироката културна сфера, но не само во нејзиниот фокус, таа е и во фокусот на различни општествени движења, а специфично во сферата на уметноста треба да се прашаме која е нашата улога во такви услови? Комодифицирањето на уметноста и културната содржина (за потребите на пазарот или потребите на политичките елити во градењето и одржувањето на нивните режими, пропагандни машини и националистички наративи) е само уште еден чекор кон легитимирање на режимските политики на неолибералните влади, кои ги редистрибуираат стоките (комодитетите) за нивно репозиционирање или легитимизација на репродукцијата и перпетуирањето на политиките на доминација.
Соговорнички парови:
Владимир Милчин, театарски режисер/ Македонија – Златко Паковиќ, театарски режисер/ Србија
Слободан Унковски, театарски режисер/ Македонија – Зоја Бузалковска, театарски режисер/ Македонија
Небојша Миликиќ, уметник и куратор/ Србија – Алберт Хета, уметник и критичар/Косово