POP UP АКТО АКЦИЈА!
12. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ
01-02 септември, Битола
ПРОГРАМА
01 септември 2017 (петок)
12:00-16:00
AKTO ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ
Локација: Плато спроти мезе – бар Jагода
AKTO музичка работилница за грамофони
Ментор: Flooder
20:30
АКТО ПЕРФОРМАНС
Локација: мезе – бар Јагода
– Зоо приказна– перформанс во изведба на Здравко Стојмиров
21:00
АКТО ИЗЛОЖБА
Локација: мезе- бар Јагода, Задруга Артикултура, кафе бар Радост
– Со окото на маргините – изложба на квир-фотографии, финален производ на истоимениот курс за фотографија под менторство на Жарко Чулиќ, Драшко Костовски и Славчо Димитров.
Автори на фотографии: Стефан Богески, Биљана Гинова, Јана Тодоровска, Аммар Качар, Никола Велков, Афродита Џафери, Орнела Милевиќ, Љупчо Петрески, Симона Манчева, Ненад Мицов, Елена Петровска.
21:00 – 01:00
AKTO МУЗИКА
Локација: Плато спроти мезе – бар Jагода
Настап на DJ- и учесници од AKTO музичката работилница за ДЈ-и за електронска музика под менторство на Flooder
DJ Flooder
DJ Зоки Бејбе
02 септември 2017 (сабота)
10:00-12:00
AKTO ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ
Локација: паркот на Oфицерски дом
– БитолаЕ дечињата за Офицерски – работилница за деца
– Мал битолски монмартр за Офицерски, настан на сликање и цртање за деца и младинци
– Библиотеката на тркала на Фондацијата „Чекор по чекор“ – Македонија
– Децата и урбаниот простор – Да создадеме креативно шарен Офицерски!, Интимен Театар и Театарска Школа ФАБРИКА ЗА МЕЧТИ
12:00
АКТО ИЗЛОЖБА
Локација: мезе- бар Јагода, Задруга Артикултура
Футуристички споменици од старата Југославија, изложба на постери од Зоран Кардула
12:00-14:30
Локација: паркот на Oфицерски дом
АКТО АГОРА
КАКОВ ОФИЦЕРСКИ НИ ТРЕБА?
дискурзивен проект изработен во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“ во парнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста Учесници: Роберт Алаѓозовски, Министер за култура на РМ, активисти од Битола и Скопје, парламентарци од повеќе политички партии како и парламентарци – членови на комисија за култура, членови на совет за култура на општина Битола од повеќе политички партии, граѓани на град Битола, активни и заинтересирани за ова прашање, луѓе од раководни позиции од јавни институции во Битола, експерти за културно наследство, членови на независна културна сцена од Битола, Скопје, Тетово, Струга, вработени во министерства во РМ
14:30 – 18:00
АКТО МУЗИКА
Локација: плато пред мезе – бар Јагода
JUNE
РИБ
18:00 -19:30
АКТО ДИСКУСИЈА
Локација: паркот на Oфицерски дом
Продукција на музика во студио, гаража или дома? Разлика во пристапот на творење на електронска и гитарска музика, бенд и соло артист.
Модератор Саша Павловиќ
20:00
АКТО ИЗЛОЖБА
Локација: Изложбен простор на КЦ Магаза при НУ Завод и Музеј Битола
СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК, групна изложба на учесниците на дискурзивно – едукативната програма СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК
Кураторка: Ивана Васева
Координатори – ментори на програмата: Ивана Драгшиќ, Филип Јовановски, Оливер Мусовиќ, Биљана Тануровска – Ќулавковски
Учесници и дела:
Ана Јовановска, Амир Карахасан, Анастасија Пандиловска – Para Atlas, истражувачко – едукативен процес со продукција на уметничка книга/ фанзин
Марија Конеска – Ангелот, инсталација/ Немања Трајковиќ – Сина Срча, инсталација
Драган Мишев, Елена Чемерска – Споменик на слободата, инсталација
Настап на Lepi Xhoni во рамки на инсталацијата
Наташа Неделкова, Николче Славевски, Зоран Шеќеров – Трудови, групен концепт и изложба
Оваа програма е реализирана во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје
*Изложбата ќе биде отворена до 4.09.2017
21:00-01:00
AKTO МУЗИКА
Локација: Задруга Артикултура
Промоција на деби албумот „If…” на култниот битолски бенд Land /Green Grass Dreams/
DJ Соња Исмаил
DJ Вера Умка
03 септември 2017 (недела)
12:00-13:00
АКТО ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ
Локација: мезе – бар Јагода
Изложба од настанот Мал битолски монмартр за Офицерски
КОНТЕКСТ
Солидаризирањето во одбраната и враќањето на заедничкото добро или јавното добро, доброто кое е наменето да го користат сите, е предизвик кој постојано е на тест и со различни варијации, посебно во изминатава декада во земјава. Сведоци бевме на ригидно спроведуваната идеја за отуѓување на заедничките добра под притисокот на пазарната логика но и под везот на ситнограѓанските и националистички интереси. Оневозможувањето на силен колективен глас беше спроведувано од различни притисоци, од оние кои ја запираа секоја прогресивна идеја до оние кои влијаеа на лично ниво доведувајќи до автоцензура, но и до ограничување на колективниот дух.
Борбата на повеќе нивоа, изминатиов период не оддалечи од она што би требало да биде централно за сите нас – култура изградена на силни човечки вредности и етика, култура на споделување и делење.
Се чини дека сега, во еден ветувачки период од поновата историја, е потребно да се здружиме и да го бараме од што им припаѓа на сите – почнувајќи од симболот на Битола, Офицерски дом.
По 11 години постоење и по работењето и во повеќе различни средини, АКТО Фестивалот за современи уметности, на почетокот на својот 12 роденден повторно ја отвора темата за заедницата но овој пат повикуваќи ги сите индивидуалци, заедници и сектори во Битола за приклучување за ревитализирање на еден од најзначајните културни знаци во градот – Офицерски дом.
Минатата година АКТО ја отвори уште еднаш темата и значењето да се биде заедно, манифестирано во форма на постоење на колективи (групи) и нивната политичка моќ како и можностите и потенцијалите на формирањето на заедница која ќе ги истакнува антагонистичките принципи. Оваа година, тоа искрснува во силни заложби за зачувување на еден важен објект во градот – Офицерски дом!
Во изминатиот период се случија многу иницијативи кои се обидоа да дадат внимание на објектот толку значаен но се чини тенденциозно оставен да пропаѓа. АКТО користејќи го своето наследство на активности кои се случиле таму повикува уште еднаш на згрижување на овој објект и на негова заштита.
Приклучете ни се за да помогнеме Офицерски да биде културно наследство, заштитено за да не може да се менува!
За Офицерски дом!
Сите активности на 12 издание на АКТО Фестивалот за современи уметности ќе говорат за значењето на Офицерски дом а програмата ќе вклучува дебати, работилници за деца, изложби и музички настани!
Останете со нас! Целосната програма наскоро!
ПОП АП АКТО АКЦИЈА е поддржан од Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, Скопска пивара, Цивика мобилитас – Македонија и ЛГБТИ Центар за поддршка.
–||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– –||– —
АКТО ЛИСТА НА НАСТАНИ ОДРЖАНИ ВО ОФИЦЕРСКИ ДОМ
АКТО 2 [ УМЕТНОСТ И ХРАНА] /11-15.08.2007
–||– Петок / 10.08.2007
20:00 Отворање на Фестивалот Акто_2
Live music performance
Роботек / Македонија
Gamad^2 / Македонија
Визуелни уметности
“Art food, eat art “, Изложба на принтови
Марко Стојановиќ / Србија
Видео,
Иван Николов – opnn / Бугарија
Видео,
Борјана Пандова (Бугарија)
“Празна маса”, Изложба на фотографии
Домагој Блажевиќ (Хрватска)
–||– Недела / 12.08.2007
23:00 Театарска претстава
“One hour before midnight [it feels like love but it smells like fear]”, театарска претстава,
Група “23H” / Бугарија
Петок – Вторник/ 10.-14.08.2007
Работилница за физички театар
“Телото проговорува”, води: Јулијана Сајска / Бугарија
————————–
АКТО 5 [ СВАДБИ ] /11-15.08.2010
–||– Среда/ 11.08.2010
Акто Павиљон на современа уметност
20:00 Отворање на Фестивалот Акто_5
Групна изложба на уметници од Словенија, Хрватска, Србија, Македонија
– Sunshine AKTO, Никола Узуновски / Македонија
– Суперматистичка интервенција бр.2 или Апотеоза на ордеверите., инсталација, Игор Тошевски / Македонија
– Ташаци, видео инсталација, ОПА / Македонија
– Tra(NS)dition , инсталација, Ф.Р.И.К. / Македонија
– “28.03.1934”, инсталација
Филип Јовановски / Македонија
– Трио, видео. Неограничена инсталација, Владимир Периќ – ТАЛЕНТ / Србија
Куратор: Марија Радош / РЕМОНТ независна уметничка асоцијација, Белград, Србија
– Мидва – Партнери, перформанс, Ива Ковач и Елвис Крстуловиќ / Хрватска
– Правено по порачка, инсталација, Ана Хорват / Хрватска
– Ручек, видео, Ана Хусман / Хрватска
– Терезија на љубовниците, инсталација, Борис Шитум / Хрватска
– Валцер, Инсталација, Никол Хјуит / Хрватска
– Тука сум за да задоволам, инсталација, Влатка Хорват / Хрватска
Куратори:
Наташа Бодрожиќ / Слободно везе, Загреб, Хрватска
Тонка Малековиќ / Слободно везе, Загреб, Хрватска
Ивана Мештроф / Хрватска
Во потрага по име, различни дела
– Богдан Александров / Бугарија
– Стела Василева / Бугарија
– Станимир Генов / Бугарија
– Продан Марков / Бугарија
– Стефаниа Батоева / Бугарија
– Камен Старчев / Бугарија
– Александар Ангелов / Бугарија
– Јасен Марков / Бугарија
– Викенти Комитски / Бугарија
Куратор: Јово Панчев / Дау Хаус Софија, Бугарија
Oppera Internetika – Робо: Свадба, инсталација / перформанс
Игор Штромајер / Словенија
–||– Четврток/ 12.08.2010
Акто Павиљон на современа уметност
19:00 ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност, перформанс
Свадбено готвење во живо
21:00 Sunshine AKTO,
Никола Узуновски / Македонија
21:30 Aкто Музика
EXPERIMENTAL STAGE
Disfilharmonia / Македонија
Aндреј Анчевски / Македонија
–||– Петок/ 13.08.2010
Акто Павиљон на современа уметност
18:00 Акто Конференција на тема “Свадби”
Модератор: Марко Стаменковиќ / Србија
20:00 Oppera Internetika – Робо: Свадба, инсталација / перформанс
Игор Штромајер / Словенија
21:00 ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност, перформанс
Свадбено готвење во живо со Драги и Силвана Филевски
–||– Сабота/ 14.08.2010
Акто Павиљон на современа уметност
17:00 Акто Конференција на тема “Свадби”
Модератор: Марко Стаменковиќ / Србија
19:00 ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност, перформанс
Свадбено готвење со “Вешта жена”
“Суперматистички чочек – Концептуален мерак”, перформанс
Ѓорѓе Јовановиќ, Љубиша Камењаров, Владимир Лукаш / Македонија
21:00 “YES – замотај се околу мене и заборави дека бев нешто друго”, мултимедијален перформанс
Јаша Мревље / Словенија
Марк Пожлеп / Словенија
Виктор Берник / Словенија
Јанез Видрих / Словенија
Лука Уршиќ / Словенија
Мета Гргуревиќ / Словенија
Урша Видиќ / Словенија
Паоло Дегуин / Словенија
Куратор: Примож Немец / Ганес пратт галерија, Љубљана,
Словенија
–||– Недела/ 15.08.2010
Акто Павиљон на современа уметност
18:00 “Идеален проект”, Берза на уметнички проекти
19:00 АКТО Награда “Драгиша Наневски”
Доделување на Акто награда за интерсциплинарност
20:00 Модробрадиот, Театарски проект / Хрватска
Младен Вукиќ – Феџа /режија/, Лилјана Загорац /кореограф/танчерка/, Јадран Бобан/видео обликување/, Мирта Јуриљ / виолончело/
————————–
АКТО 6 [(NE) TRAVAILEZZ (JAMAIS) (NEVER) WORK! РАБОТИ (НИКОГАШ)] / 11 – 14.08.2011
–||– Четврток/ 11.08.2011
Отворање на Фестивалот Акто_6
20:00 Локација: Офицерски дом, пред споменик на Стив Наумов
Портрет на уметникот како културен работник
Перформанс на Зоран Попоски
21:00
КАНАЛ 103 – 20 ГОДИНИ СЛОБОДНИ, изложба
“ЛЕЛЕ” МЕТОД / SIMULAKREDENEC / LABOR PARTY, инсталација
Драгана Заревска / Јасна Димитровска / Македонија
НЕ ЗЈАПАЈТЕ РОМАНТИЧНО!, / настан, инсталација
Филип Јовановски / Македонија
ПОРТРЕТ НА РАБОТНИКОТ КАКО УМЕТНИК, перформанс
Филип Јовановски / Македонија
ТАЛКАЊЕ, видео инсталација
Игор Тошевски / Македонија
PERCEVEZ(PLUS), инсталација
Beatrice Andre / Франција
LOVE THE FUTURE, инсталација
Никола Узуновски / Македонија
АНП / АВТОРСКИ НИЗ ПОЈАВНОТО, видео инсталација
Група автори / Македонија
ЈAM, / инсталација
Неда Фирфова / Македонија
YUGOSTALGIA, / перформанс, инсталација
Walter Steinacher / Австрија
ПОДМУКЛИ ПРОЦЕС, инсталација
Анонимен Автор
20:00 ОFF ПРОГРАМА
КАНАЛ 103 ВЕЧЕР – 20 ГОДИНИ СЛОБОДНИ
MILLKO
SOUND POLLUTION
КАНАЛ 103 DJ’s
–||– Недела/ 14.08.2011
Затворање на фестивалот
20:00 АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ, ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ, / Проекција на филм
Режија: Ѓорѓи Јаневски / Македонија
21:00 ДОДЕЛУВАЊЕ НА АКТО НАГРАДА
22:00 ОFF ПРОГРАМА
We pretend home parties & Sin.Us
————————–
АКТО 7 [ ПУБЛИКА ] / 9 -12.08.2012
–||– Четврток/ 09.08.2012
22:00 OFF ПРОГРАМА
DJ’s:
Zoki Bejbe / Mакедонија
Dejan Dex / Mакедонија
–||– Петок/ 10.08.2012
18:00 Клацкање – Шкарт – Дискусија на Kлацкалките
–||– Сабота/ 11.08.2012
21:00 Филмски маратон 2
Сашо Станојковиќ / Mакедонија
истражувачко – партиципативен проект во три дела
23:00 OFF ПРОГРАМА
Andreas Saag / Берлин / Германија
Tomi Boјadji / Mакедонија
K.Petrovsky / Mакедонија
Goran Tech / Mакедонија
Недела/ 12.08.2012
18:00 Kругови – Генц Кадриу / Косово
сaјт-специфик инсталација
20:00 На Битола со љубов
Ѓорѓе Јовановиќ / Македонија
Партиципативен проект со публика
20:30 Затворање на фестивалот и доделување на наградата за
интердисциплинарност “Драгиша Наневски”
21:00 „Аплауз за публиката“
музички перформанс – Саша Павловиќ
23:00 “И фабриките имаат душа”
Наташа Гелева и Јане Алтипармаков
+ селектиран видео материјал на Јане Алтипармаков
Проекција на аудио–визуелно патување на режисерското дуо
+ dub_techno/trippy/
————————–
АКТО 8 [АКТО ЧАС ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО] / 9-11.08.2013
–||– Недела/ 11.08.2013
13:00-14:00 ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДА „ДРАГИША НАНЕВСКИ“
————————–
АКТО 9 [ ЧЕКАН, НЕ ОГЛЕДАЛО ] / 22 – 24.08.2014
*Речиси целата програма на АКТО 9 се случуваше во Мобилната/ монтажна галерија која беше лоцирана во паркот на Офицерски дом во Битола.
На платото пред Офицерски се одвиваше дел од музичката програма:
–||– Недела/ 24. 08. 2014
12:00
SasoRecyd / Mакедонија
Sonja Ismail / Mакедонија
Nikola Kunich / Mакедонија
Berkant Kidas / Mакедонија
Viktor Ristevski / Mакедонија
DejanDex / Mакедонија
T!hoto& Hi kick / Mакедонија
BobanManevich/ Mакедонија
————————–
AKTO 10 [Врвна колекција на АКТО сеќавања и иднини 2006-2015 вол.2] / 14-16.08.2015
–||– Петок/ 14.08.2015
12:00 Пред влезот на Офицерски дом на Широк Сокак до
улица „Томаки Димитровски“ бр. 18 1
Перформанс „Битолски гибања“
Актер: Иван Јерчиќ
*Перформансот е дел од кураторскиот концепт на фестивалот.
————————–
АКТО 11[ ПОП АП АКТО ] / 12 – 14.08.2016
–||– Недела/ 14.08.2016
13:00 / КАКВА ВЛАСТ ТАКВА АРХИТЕКТУРА, втор дел
перформанс
Бруно Исаковиќ / Хрватска
————————–