/ For English Scroll Below/
Верица Ковачевска, добитничка на наградата ДЕНЕС
Почитувани,
Ве известуваме, дека на вчерашното отворање на изложбата Награда ДЕНЕС за млад(а) визуелен(а) уметник (чка) до 35 години на којашто се претставија четирите номинирани финалистки: Верица Ковачевска, Наташа Неделкова, Анастасија Пандиловска, Ивана Сиџимовска,
Жирито во состав: Лора Рајкович, Њујорк САД, Валентина Коча, Тирана, Албанија, Маја Чанкуловска – Михајловска, Славица Јанешлиева и Зорица Зафировска, ја доделија годинешната награда
“ДЕНЕС 2018” НАГРАДА ЗА МЛАД ВИЗУЕЛЕН УМЕТНИК
на уметницата: Верица Ковачевска, со делото: „Куќата во која пораснавме“, 2018
„Куќата во која пораснавме“ ја раскажува приказната за монтажните куќи изградени во Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Иако го наминале нивното однапред превидено времетраење, овие куќи сега полека, но сигурно исчезнуваат. Сепак, со текот на годините, тие станаа феномен. Со својата eдинствена, без авторска архитектура, тие го обликуваа градот и животот на три генерации луѓе, вклучувајќи го и тој на уметницата.
Верица Ковачевска (1982, Скопје) дипломирала на одделот за визуелна уметност со театар и перформанс на Универзитетот во Плимут во 2004 год. и магистрирала на уметност, култура и образование на Универзитетот во Кембриџ во 2007 год.
Досега има учествувано на голем број меѓународни иэложби и фестивали меѓу кои Манифеста 11, Кабарет Волтер (Цирих); Ре.акт.феминизам #2 – Перформативна Архива, Фондација Антонио Тапиес (Барселона) / Музеј на современа уметност (Роскилде) / Академија за уметност (Берлин); 4то Биенале на современи уметности (Москва); 255 804 км2, ХилгерБрот Кунстхале (Виена); Видео.ит, Фондација Мерц (Торино); Белград: Неместа, Музејот за современата уметност (Белград). Во нејзините самостојни изложби се вбројува Секојдневна уметност, Уметноста на секојдневието, Музеј на современа уметност (Скопје). Ковачевска има добиено уметнички резиденции и грантови за работа во Фондација Антонио Рати (Комо); Крајст Колеџ – универэитет „Кембриџ“ (Кембриџ); Касино Луксембург – Институт за современи уметности (Луксембург); [BLOK] – локална база за освежување на културата (Загреб); Ротационо ателје, ОГ9 (Цирих). Во 2017 година добитник е и на наградата „работна стипендија на градот Цирих“.
—————————————————————————————————————————————–
Verica Kovacevska, winner of DENES Award
Dear,
from the four finalists for DENES Award for Young Visual Artist up to the age of 35, Verica Kovacevska, Natasha Nedelkova, Anastasija Pandilovska and Ivana Sidzimovska,
the specially invited jury members for the DENES Award and THE PERFECT ARTIST program:
Laura Raicovich, writer and art worker, until recently director of the Queens Museum in New York,
Valentina Koca, founder and director of ZETA – an exhibition space for contemporary visual art in Tirana,
Maja Cankulovska Mihajlovska, critic, researcher and curator at the National Gallery of Macedonia in Skopje,
Slavica Janeshlieva, visual artist and professor at the Faculty of fine arts in Skopje
Zorica Zafirovska, visual artist and former winner of the DENES award
awarded Verica Kovacevska with the work “The House We Grew Up In”, 2018.
The House We Grew Up In tells the story of the prefabricated houses built in Skopje after the devastating earthquake in 1963. After long having surpassed their intended lifespan, these houses are now slowly disappearing. Over the years, however, they have become a phenomenon. A unique, but authorless architecture, they have shaped the city and the lives of three generations of people, including the artist’s.
Verica Kovacevska (1982, Skopje) graduated in BA (Hons) Visual Arts with Theatre and Performance at the University of Plymouth in 2004, and achieved her MPhil in Arts, Culture and Education at the University of Cambridge in 2007.
Kovacevska has taken part in many international exhibitions and festivals, such as Manifesta 11, Cabaret Voltaire (Zurich); re.act.feminism – A Performing Archive, Fundación Antoni Tàpies, (Barcelona) / Museum of Contemporary Art (Roskilde); Akademie der Künste (Berlin); 4th Moscow Biennale of Contemporary Art (Moscow); 255 804 km2, HilgerBROT Kunsthalle (Vienna); Video.it, Fonbdazione Merz (Turin); Belgrade: Nonplaces, Museum of Contemporary Art (Belgrade). Among her solo exhibitions was Everyday Art, Art of the Everyday, at the Museum of Contemporary Art (Skopje).
She has received art residences and grants in Fondazione Antonio Ratti (Como); Christ‘s College – University of Cambridge (Cambridge); Casino Luxembourg – Forum d‘art contemporain (Luxembourg); [BLOK] – Lokalna baza za osvježavanje kulture (Zagreb); Rotations Atelier, OG9 (Zurich); and in 2017 was awarded the Werkstipendium by the city of Zurich.