/For English Scroll Below/
Изложба и јавен настан за награда ДЕНЕС
за млад(а) визуелен(а) уметник(чка) до 35 години
Почитувани,
Со големо задоволство Ве покануваме на завршната изложба и јавен настан по повод доделувањето на наградата ДЕНЕС за млад(а) визуелен(а) уметник(чка) до 35 години во Македонија, кои ќе се одржат на 25 април (среда), со почеток од 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар од Скопје.
Програмата ја сочинуваат:
– 19ч/ галерија на МКЦ/ јавен настан
Разговор со членовите на жирито: Лора Рајковиќ, писателка и уметничка работничка, до неодамна директорка на Квинс Музејот во Њујорк и една од најзначајните политички уметнички работници во светот, Валентина Коча, основачка и директорка на ЗЕТА Галеријата за современа визуелна уметност во Тирана, Маја Чанкуловска – Михајловска, критичарка, истражувачка и кураторка во Националната галерија на Македонија, Зорица Зафировска, визуелна уметничка и добитничка на награда ДЕНЕС и Славица Јанешлиева, професорка при Факултетот за ликовни уметности, Скопје и финалистките Анастасија Пандиловска и Верица Ковачевска, како дел од дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“, курирана од Ивана Васева, во рамки на наградата ДЕНЕС.
– 21ч/ галерија на МКЦ/ изложба и прогласување на победничка
Отворање на изложбата на четрите финалистки за наградата ДЕНЕС –
Верица Ковачевска, Наташа Неделкова, Анастасија Пандиловска, Ивана Сиџимовска – и прогласување на добитничката на наградата која подразбира двомесечен престој во Њујорк во Residency Unlimited.
Биографии на уметничките:
Верица Ковачевска (1982, Скопје) дипломирала на одделот за визуелна уметност со театар и перформанс на Универзитетот во Плимут во 2004 год. и магистрирала на уметност, култура и образование на Универзитетот во Кембриџ во 2007 год.
Досега има учествувано на голем број меѓународни иэложби и фестивали меѓу кои Манифеста 11, Кабарет Волтер (Цирих); Ре.акт.феминизам #2 – Перформативна Архива, Фондација Антонио Тапиес (Барселона) / Музеј на современа уметност (Роскилде) / Академија за уметност (Берлин); 4то Биенале на современи уметности (Москва); 255 804 км2, ХилгерБрот Кунстхале (Виена); Видео.ит, Фондација Мерц (Торино); Белград: Неместа, Музејот за современата уметност (Белград). Во нејзините самостојни изложби се вбројува Секојдневна уметност, Уметноста на секојдневието, Музеј на современа уметност (Скопје).
Ковачевска има добиено уметнички резиденции и грантови за работа во Фондација Антонио Рати (Комо); Крајст Колеџ – универэитет „Кембриџ“ (Кембриџ); Касино Луксембург – Институт за современи уметности (Луксембург); [BLOK] – локална база за освежување на културата (Загреб); Ротационо ателје, ОГ9 (Цирих). Во 2017 год. добитник е и на наградата „работна стипендија на градот Цирих“.
Наташа Неделкова (1993, Скопје) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство, а потоа поминува една година студирајќи современа уметност на Високата школа за уметност и медиуми во Каен/ Шербур во Франција (2013/2014). Моментално живее и работи во Лион, каде што таа е студент на програмата на мастер Теорија на кинематографија (истражување) на престижната школа Ecole Normale Superieure (ЕНС Лион) во Франција.
Таа студира уметност и ден денес, надополнувајќи го својот интерес со еден друг медиум- филмот. Секогаш слики, често дискурси, нејзините дела го истражуваат ритамот и структурата на гласот во аудиовизуелни дела, реферирајќи на истражувањата од страна на уметниците Хито Штајерл, Керен Ситер, Рајан Трекартан и други.
Во периодот 2014-2016 год., таа е еден од основачите на независниот центар за култура „Кула“, каде се оддржаа значителен број на изложби, концерти и различни културни настани. Годишниот мултимедијалниот фестивал „Подземја полесно се дише” е тековен проект од 2013 год. Фестивалот продолжува да биде платформа за развој на сцената која е посветена на младите уметници.
Неделкова често работи колаборативни аудио-визуелни проекти кои се достапни на интернет. Видеата кои ги изработува се често репетитивни и мелодични, каде што нарацијата е пренесена преку звукот. Функцијата на гласот доминира во нејзиното аудио-визуелното истражување, каде се поставува прашањето за потребата, важноста и позицијата на сликата.
Анастасија Пандиловска (1991, Скопје) во моментов живее и работи во Амстердам, Холандија каде во 2015 год. дипломираше на Gerrit Rietveld Academie. Паралелно со нејзините студии, Пандиловска беше дел од Honours programme ART and RESEARCH. Во 2018 год., Пандиловска започна истражување со Lectorate Art & Public Space (LAPS) во кое се фокусира на важноста на културата како commons во справување со јавни простори погодени од политички режими и сложени истории.
Има учествувано на повеќе изложби меѓy кои: Биенале на млади уметници (2018, Македонија) “ A Decorated Room with Invaded Ideas” Фаза I, II и III 2017/2018 (Софија, Скопје, Виена) “Poetics of Space” (2018, Холандија) “Совршениот Уметник” ( 2017, Македонија), “Time, Space and Architecture” (2017,Холандија), “Space Invaders IV” ( 2016, Финска), “Girls own the Void” (2016, Холандија), “ Mémoires d’images récurrentes” за време на the Art on Paper – EECMAN награда за современ цртеж (2016, Белгија) “Biocentric readings” (2016, Холандија). Истовремено, нејзините дела се презентирани на симпозиумот Emptiness and the Infinite Space #nr01 (2017,Холандија) организиран од Filosofie Oost-West и Фестивалот за филозофија Wijsgerig Festival DRIFT (2016, Холандија).
Ивана Сиџимовска е визуелна уметница и истражувачка на урбаниот простор. Нејзината уметничка пракса и истражување вклучува трансдициплинарна работа помеѓу уметност, архитектура и социологија на урбаното. Таа често е засегната со субјективни наративи и искуства од урбаното, кои критички рефлектираат идеи за идентитети, репрезентации, колективни мемории и имагинации како возможни аспекти на животот во градот. Сиџимовска има завршено додипломски студии (2006) на Факулетот за Ликовна Уметност, Педдагошки Оддел во Скопје и магистерски студии (2011) на Факулетот за Ликовна Уметност Берлин – Вајзенсее, оддел Просторни Стратегии. Во моментов таа ги завршува докторските студии на Баухаус Универзитетот Вајмар, Факултет за Дизајн и Медии.
Биографии на жири – комисијата:
Лoра Рајкович е писателка и уметничка работничка која живее и работи во Њујорк. До неодамна, таа беше директорка на Квинс Музејот, и во моментов е ко-кураторка (со Менон Слам) на проектот „Mel Chin: All Over the Place“, кој оваа пролет ќе се отвори на разни локации низ Њујорк. Неодамнешните книги на Раиковиќ вклучуваат, како автор, At the Lightning Field (Coffee House Press, 2017)и како ко-уредник, претпоставувајќи Assuming Boycott: Resistance, Agency, and Cultural Production (OR Books, 2017).
Валентина Коча е основачка и директорка на ЗЕТА Галеријата за современа визуелна уметност во Тирана. Дипломирала на Академијата за уметност (денес – Универзитет за уметност) во Тирана, со диплома по сликарство и сценографија. Откако дипломирала на универзитетот, неколку години работела како сликар во издавачка куќа. Од 1996 до 2006 год. таа работела во студиски простор, кој подоцна се претворил во галеријата. Во текот на последната деценија, од почетокот на ЗЕТА во 2007 година, таа соработувала со бројни протагонисти на локалниот и меѓународниот уметнички свет, меѓу кои и уметникот Еди Хила, кураторот Еди Мука и историчарот на уметноста Зеф Паци.
Во корист на реконструкцијата на современата уметничка сцена во нејзината земја, нејзината цел е да ја зајакне и промовира современа уметност и уметници од Албанија и да ја поттикне соработката и дијалогот меѓу уметниците, кураторите и публиката. Помеѓу 2008 и 2016 год. , ЗЕТА ја организираше наградата ARDHJE Наградата за млади албански уметници (заедно со TICA – Институтот за современа уметност во Тирана), пред да стане нејзин главен организатор во 2018 год. Од 2008 год, ЗЕТА одигра клучна улога во развојот на интернационалната уметничка резиденциска програма во Тирана. Во 2009 год. ЗЕТА го поддржа Биеналето на Тирана, најважниот културен настан во земјата. Од 2007 до 2017 год. Валентина Коча беше член на одборот на фондацијата ФАВА, за поддршка на локални уметници, независни организации и Националната галерија.
Маја Чанкуловска Михајловска е историчарка на уметност, со 20 годишно кураторско, критичко и истражувачко искуство во рамките на современата македонска уметност. Таа е вработена како кустос во Националната галерија на Македонија. Има објавено над 300 текстови во повеќе стручни списанија, публикации, зборници. Кураторка е на повеќе ретроспективни изложби во Националната галерија на Македонија, студиски и тематски групни изложби на македонски современи уметници, голем број (над 100) на самостојни изложби на македонски и странски уметници во Македонија и странство. Член на АИКА од 2006 година. Членка е на ИКОМ од 2005 година, а од 2016 година е актуелна претседателка на МНК ИКОМ.
Зорица Зафировска (1982, Скопје/ Абердеен) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините дела имаат широк спектар на мотиви од областите на социјално-општествени тематики. Таа работи со различни материјали и медиуми за реализација на дела што се резултат на долготрајни истражувачки проекти. Досега ги реализирала инсталациите: „99% Природно“, „Можеш ли да ја разликуваш вештачката?“ и перформансот „My love and my blood“. Таа е автор и на публикацијата Pocketpedia of the human trafficking in the 21st century во 2008 год., а краткото истражување за бегалците на Балканот беше тема на нејзината изложба во Border crossing галеријата Идио во Нујорк.
Славица Јанешлиева – Бачварска (1973) е мултимедијална и интермедијална уметница. Имала 27 самостојни изложби и над 250 групни изложби, меѓу кои во Македонија, Тајван, Азербејџан, Белгија, Грција, Бугарија, Шведска, Финска, Франција, Јапонија итн. Добитничка е на меѓународни и национални награди и признанија, а дел од нејзиното творештво збогатува значајни колекции во земјата и странство. Живее и работи во Скопје, како редовен професор на Студиската програма по графика на Факулетот за ликовни уметности (УКИМ).
Наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години (именувана по македонската уметничка група која постоела од 1953-55 год.), започнува да се доделува во Македонија во 2002/2003 г. и е дел од мрежата на Young Visual Artists Award.
Таа во земјава е основана од Центарот за Современи уметности – Скопје, во соработка со Фондацијата за отворено општество во Њујорк, а од 2015 год., организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат се вклучи како партнер – организатор на наградата.
Идејата на проектот е базирана на недостатокот на можности за уметниците во Македонија, и непостоењето на вакви награди, заедно со потребата да се изложи современата уметност во Македонија на пошироката публика во Македонија и во странство.
Повеќе на: http://akto-fru.com/en/denes-award/
Совршениот уметник е дискурзивно – едукативна програма која се одржува во рамки на наградата ДЕНЕС. Оваа програма е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје.
Прекаријаните услови – немањето можности за работа на полето на уметноста, фондови за развој и унапредување на уметничките можности и аспирации, но и ретроградната и непосветена едукација се причина за развој на оваа програма. Оттаму, идејата е преку практично но и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се воспостави општествена инклузија на младите уметници но и нивната непосредна околина и да се понудат можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава посебно во визуелната уметничка дисциплина.
Повеќе на: http://akto-fru.com/en/1234-2/
Настанот е поддржан од град Скопје.
————————————————————————————————————————
Exhibition and public event for
DENES Award for Young Visual Artist up to the age 35
Dear friends,
It is our great pleasure to invite you to the final exhibition and public event on the occasion of awarding the DENES Award for Young Visual Artist up to the age of 35 year in Macedonia, which will be held on April 25 (Wednesday), starting at 7 pm in the Gallery space of the Youth Cultural Center of Skopje.
The program consists of:
– 19h / gallery of MKC
Discussion with jury members: Laura Raicovich, writer and art worker, until recently director of the Queens Museum in New York, Valentina Koca, founder and director of ZETA – an exhibition space for contemporary visual art in Tirana, Maja Cankulovska Mihajlovska, critic, researcher and curator at the National Gallery of Macedonia in Skopje, Zorica Zafirovska, visual artist and winner of the DENES award and Slavica Janeshlieva, visual artist and professor at the Faculty of fine arts in Skopje and the finalists Anastasija Pandilovska and Verica Kovacevska as part of the discursive – educational program “The Perfect Artist”, curated by Ivana Vaseva, within the framework of the DENES Award.
– 21h / gallery of MKC
Opening of the exhibition of the four finalists for the DENES Award:
Verica Kovacevska, Natasha Nedelkova, Anastasia Pandilovska, Ivana Sidzimovska and proclaiming the winner of the award, which means a two-month stay in New York at Residency Unlimited.
BIOGRAPHIES OF THE ARTISTS – FINALISTS:
Verica Kovacevska (1982, Skopje) graduated in BA (Hons) Visual Arts with Theatre and Performance at the University of Plymouth in 2004, and achieved her MPhil in Arts, Culture and Education at the University of Cambridge in 2007.
Kovacevska has taken part in many international exhibitions and festivals, such as Manifesta 11, Cabaret Voltaire (Zurich); re.act.feminism – A Performing Archive, Fundación Antoni Tàpies, (Barcelona) / Museum of Contemporary Art (Roskilde); Akademie der Künste (Berlin); 4th Moscow Biennale of Contemporary Art (Moscow); 255 804 km2, HilgerBROT Kunsthalle (Vienna); Video.it, Fonbdazione Merz (Turin); Belgrade: Nonplaces, Museum of Contemporary Art (Belgrade). Among her solo exhibitions was Everyday Art, Art of the Everyday, at the Museum of Contemporary Art (Skopje).
She has received art residences and grants in Fondazione Antonio Ratti (Como); Christ‘s College – University of Cambridge (Cambridge); Casino Luxembourg – Forum d‘art contemporain (Luxembourg); [BLOK] – Lokalna baza za osvježavanje kulture (Zagreb); Rotations Atelier, OG9 (Zurich); and in 2017 was awarded the Werkstipendium by the city of Zurich.
Natasha Nedelkova (1993, Skopje) graduated at the Faculty of Fine Arts in Skopje, in the department of painting, and spent 2 semesters studying Contemporary Art at the Ecole Superieure de Arts et Medias de Caen/Cherbourg in France (2013/2014). Currently she lives and works in Lyon where she is a student at the Master program in Cinema (Research) at the prestigious Ecole Normale Superieure (ENS de Lyon) in France.
She continued to study art until today, pursuing her interest in another medium, namely the cinema. Always images, often discourses, her work invests in the rhythm and structure of voice in audiovisual artworks, referring to the research work the artists Hito Steyerl, Keren Cytter, Ryan Trecartin and others.
In the period of 2014-2016, she was one of the founders of the Independent Culture Center “Kula” that hosted many exhibitions, music and different cultural events. The annual multimedia festival “Underground you breathe easily”, is an ongoing project since 2013. The festival continues to be a platform for the development of the scene consecrated to the emerging artists.
Her work is often collaborative, audiovisual, available on-line and easy to follow. It is also very repetitive and melodic, where sound and voice dominate and question the necessity, importance and the position of the image.
Anastasija Pandilovska (1991, Skopje) resides in Amsterdam, the Netherlands where in 2015 she graduated at the Gerrit Rietveld Academie. Parallel to her studies she took part in the Honours programme ART and RESEARCH. Since January 2018, Pandilovska started a research with the Lectorate Art & Public Space (LAPS) which is focused on the importance of culture as commons when dealing with public space affected by political regimes and complex histories.
She took part in many exhibitions among which: XII Biennale of Young Artists (Skopje, 2018)
“A Decorated Room with Invaded Ideas” Phase I, II and III 2017/2018 (Sofia, Skopje and Vienna), Poetics of Space (Amsterdam, 2018) “The Perfect Artist” ( 2017, Macedonia), “Time, Space and Architecture” (2017,the Netherlands), “Space Invaders IV” ( 2016, Финска), “Girls own the Void” (2016, the Netherlands), “ Mémoires d’images récurrentes” during Art on Paper – EECMAN prize for contemporary drawing (2016, Bozar, Belgium) “Biocentric readings” (2016, Perdu, The Netherlands). Additionally, her work has been shown during the symposium Emptiness and Infinite Space organised by Filosofie Oost-West and the Festival of Philosophy Wijsgerig Festival DRIFT (2016, the Netherlands).
Ivana Sidzimovska is a visual artist and an urban space researcher. Her artistic practice and research involves transdisciplinary work on the intersection between arts, architecture and urban sociology. She is often concerned with subjective narrations and experiences of the urban, that critically reflect upon ideas on identities, representations, collective memories and imaginations as possible aspects of city life. Sidzimovska holds a BA in Painting and Art Pedagogy (Faculty of Fine Arts Skopje, 2006), MA in Space Strategies (Art School Berlin-Weissensee, 2011) and is currently finishing PhD studies in Arts and Design (Bauhaus University Weimar).
BIOGRAPHIES OF THE JURY MEMBERS:
Laura Raicovich is a writer and art worker based in New York City. Until recently she served as Director of the Queens Museum, and is currently co-curating (with Manon Slome) ‘Mel Chin: All Over the Place’ which opens this spring at various sites across New York City. Raicovich’s recent books include, as author, At the Lightning Field (Coffee House Press, 2017) and as co-editor, Assuming Boycott: Resistance, Agency, and Cultural Production (OR Books, 2017).
Valentina Koca is the founder and director of ZETA – an exhibition space for contemporary visual art in Tirana. She has graduated from the Academy of Art (today- University of Art) in Tirana, with a degree in painting and scenography. After graduating from the university, she worked for several years as a painter at a publishing house. From 1996 to 2006, she worked in a studio space, which was later turned into the gallery. Over the last decade, since ZETA’s inception in 2007, she has been collaborating with numerous protagonists of the local and international art world, among which the artist Edi Hila, the curator Edi Muka, and the art historian Zef Paci. For the benefit of the re-construction of contemporary art scene in her country, her goal is to strengthen and to promote contemporary art and artists from Albania, and to foster cooperation and dialogue among artists, curators and audiences. Between 2008 and 2016, ZETA has co-organized the ARDHJE Award for young Albanian artists (together with TICA – Tirana Institute of Contemporary Art) before becoming its main organizer in 2018. Since 2008 ZETA has played a crucial role in developing the international artist residency program in Tirana. In 2009, ZETA supported the Biennale of Tirana, the most important cultural event in the country. From 2007 to 2017, Valentina Koca served as a board member of FAVA Foundation, in support of local artists, independent organizations and the National Gallery.
Maja Chankulovska-Mihajlovska is an art historian, with 20 years of curatorial, critical and research experience within the contemporary Macedonian art. She is employed as curator at the National Gallery of Macedonia. Has published over 300 texts in many professional magazines, publications, collections. She is a curator of several retrospective exhibitions at the National Gallery of Macedonia and thematic group exhibitions of Macedonian contemporary artists, many (over 100) solo exhibitions by Macedonian and foreign artists in Macedonia and abroad. Member of AICA since 2006. Member of ICOM since 2005, and since 2016 she is current president of MNC ICOM.
Zorica Zafirovska (1982, Skopje / Aberdeen) graduated from the Faculty of Fine Arts in Skopje. Her works have a wide range of motives in the areas of social themes. She works with various materials and media for the realization of works that are a result from long-term research projects. So far she has implemented the following projects: the installation “99% Natural”, “Can you Distinguish the Artificial?”, the performance “My love and my blood”. She is the author of the publication Pocketpedia of the human trafficking in the 21st century in 2008, and her research on refugees in the Balkans was the topic of her latest exhibition Border crossing at the Idio Gallery in New York.
Slavica Janeshlieva – Bacvarska (1973) is a multimedia and intermedia artist. She has had 27 solo exhibitions and over 250 group exhibitions in Macedonia, Taiwan, Azerbaijan, Belgium, Greece, Bulgaria, Sweden, Finland, France, Japan, etc. She is a winner of international and national awards and recognitions, and part of her work enriches important collections in the country and abroad. She lives and works in Skopje, as a full professor of print making program in the Faculty of Fine Arts (UKIM).
DENES Award for Young Visual Artist up to the age of 35 in the Republic of Macedonia (named after the renown artistic group that existed in Macedonia from 1953 – 1955), was established in 2002/2003 as part of the network Young Visual Artists Award.
It was established by the Contemporary Art Center – Skopje, in collaboration with the Foundation for Civil Society in New York, and from 2015, the organization FRU – Faculty of things that can’t be learned joined as co-partner of the Award.
The rationale of the project is based on the lack of this kind of opportunities for artists in Macedonia, the non-existence of such awards, as well as the need to expose contemporary Macedonian art to a wider audience in Macedonia and abroad.
More on: http://akto-fru.com/en/denes-award/
The Perfect Artist is a discursive-educational program taking place as part of Denes Award. The program is curated by Ivana Vaseva and initiated as one of the program units of FRU – Faculty of Things That Can’t Be Learned from Bitola/Skopje.
The precarious conditions – the lack of opportunities for work in the field of art, the lack of development funds and funds that would stimulate a rise in artistic possibilities and aspirations, as well as the regressive education system are the reasons behind the development of this program. Consequently, the idea is to focus on dialogue, the exchange of experience and debate, through both practice and theory, an endeavor that could establish social inclusion of the young artists and their circles.
More on: http://akto-fru.com/en/1234-2/
The event is supported by City of Skopje.