Џимпстер
диџеј, музичар, продуцент
13.08.2016 (Хала на фабрика Фрижидери)
Џејми Одел, или подобро познат под имињата Џимпстер и Аудиомонтаж, продуцира, прави ремикси и диџејува во последните 20 години, од кои 15 истовремено ја води и неговата Фрирејнџ Рекордс (изгласана за најдобар британски лејбл за 2007 година). Неговото музичко воспитување и раното запознавање со продукцијата (неговото прво издание беше за влијателната британска Џампин енд Пампин во 1990 година, заедно со колегите по лејбл Фјучр Саунд оф Лондон) и диџејството му помогнаа да изгради звук кој е истовремено топол и длабок, но и иновативен и клупски.
Неговиот антологиски Џимпстер ЛП „Пораки од упориштето“ (1997 год.), како и неговите рани 12’’ Аудиомонтаж изданија, ориентирани повеќе кон подиумот, му помогнаа на Џејми да се етаблира како квалитетен артист, па така брзо стана еден од најбараните ремиксери и копродуценти на широка палета андерграун проекти. Неговото трето Џимпстер ЛП – „Амур“ беше издадено пред 5 години за Фрирејнџ Рекордс и имаше одлично критичко одобрување и се најде на бројни топ 20 чартови за ЛП-а на годината.
Последниве години тој ја издаде својата прва оригинална трака за друг лејбл, „Сквер ап“, избирајќи ја издавачката Базин Флај на Бен Ват, која стана една од најголемите андерграун хаус траки на годината. Неговите најнеодамнешни сингл-изданија за Фрирејнџ Рекордс ги вклучуваат „Промената во тебе“ и „Алзас и Лорејн“ – уште една дипхаус химна и идна класика, која наиде на поддршка од многу од најдобрите хаус-диџеи, а беше и ремиксана од Џош Винк и Рипертон. Артисти што го добиле Мида-допирот на Џимпстер во форма на ремикс во поскоро време се: Џош Винк, Фотон Инк, Осунладе, Боб Марли, Јорис Ворн, Сил, Марк Ромбој, Соломун и Колектив Турмштрасе.
Во последните 6–7 години Џејми изгради репутација на високо ценет диџеј во Обединетото Кралство, но и низ светот, настапувајќи повеќе од 100 пати само во последната година. Со акцент на подлабокиот крај од електронскиот хаус, но, исто така, и не плашејќи се да застрани од патот, тој го задржува пристапот на старата школа, што му донесе најразлични букинзи: Фабрик (Лондон), Панарама Бар и Вотергејт (Берлин), Сиело (Њујорк), Верхаус 702 (Токио), ЗОО Проџект (Ибица), Ди-Еџ (Сао Паоло), ГОА @ Фабрик (Мадрид). Награден е со престижната данска диџеј-награда за Најдобар меѓународен диџеј-сет, како и наградата Битпорт дип хаус продуцент и Најдобар дипхаус-ремикс за 2010 година.
//
Jimpster
DJ, musician, producer
Jamie Odell aka Jimpster and Audiomontage has been producing, remixing and DJing for the last 20 years and co-running his Freerange Records (voted Best British Label 2007) for the last 15 of those. His musical upbringing and early introduction to production (his first release was on influential UK label Jumpin’ & Pumpin’ in 1990alongside labelmates Future Sound Of London) and DJing have helped him forge a sound that is both warm and deep as well as being innovative and club friendly.
His seminal Jimpster LP, Messages From The Hub (1997), as well as his early dancefloor orientated Audiomontage 12”s really helped establish Jamie as an artist of some merit and he quickly became in regular demand as a remixer and co-producer on a wide range of underground projects. His third Jimpster LP Amour was released 5 years ago on Freerange to excellent critical acclaim and appeared in numerous published Top 20 LP’s of the year charts.
In more recent years he has released his first original track for another label, choosing Ben Watt’s Buzzin’ Fly for Square Up which went on to become a big underground house track of the year. His most recent single releases for Freerange includeChange In You and Alsace & Lorraine, another deep house anthem and classic in the making, which received support from many of the best house DJ’s out there, and went on to be remixed by Josh Wink andRipperton to serious effect. Recent artists to get the Jimpster midas touch in the form of a remix include Josh Wink, Photon Inc, Osunlade, Bob Marley, Joris Voorn, Seal, Marc Romboy, Solomun and Kollektiv Turmstrasse.
Over the past 6 or 7 years Jamie has built up a reputation as a highly regarded DJ in the UK and around the world, having played over 100 gigs last year alone. With an emphasis on the deeper end of electronic house, but not afraid to stray from the path, he retains an old school approach that has seen him booked for gigs as diverse as Fabric (London), Panarama Bar and Watergate (Berlin), Cielo (NYC), Warehouse 702 (Tokyo), Zoo Project (Ibiza), D-Edge (Sao Paulo), GOA @ Fabrik (Madrid). He’s been awarded with the coveted Danish Deejay Award for Best international DJ set as well as winning the Beatport Deep House Producer and Best Deep House Remix of the year in 2010.