POP UP AKTO MUSIC

POP UP AKTO MUSIC

POP UP AKTO MUSIC ви претставува:

САБОТА 13.08.2016 / Комплекс на хали “Фрижидери” :

[ main stage ]
DISCIPLIN A KITSCHME / SRB
JIMPSTER / Freerange Records / UK
FOLTIN / MKD
TI / SRB
RIKVERC / MKD
MIKE STEVA / Yoruba Records. Deeproots Music / AUS
MACHKI / Pollux / MKD

[ frinko stage ]
GORAZD / MKD
BOBBAN MANEVICH / MKD
BERKANT KIDASZ / MKD
KRISTIJAN PETROVSKI / Alternativa / MKD
21:00 ч. комплекс хали „Фрижидери“

//

ПЕТОК 12.08.2016 / Локации во движење и Мезе бар “Јагода”

Т:ZOBE / MKD
C-PURE / MKD
SHURBE / MKD
DENNY L / MKD
DEJAN DEX / MKD
BERRYQYAT / MKD

//

НЕДЕЛА 14.08.2016 / Комплекс на хали “Фрижидери” :

[frinko stage]
BRUSSELS PONY CLUB/ BEL
THE GOVERNMENT / MKD
MIRKO POPOV / MKD

// ВЛЕЗОТ НА СИТЕ НАСТАНИ НА POP UP AKTO ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН //

//

DISCIPLIN A KITSCHME / SRB

Дисциплина Кичме се бенд од Србија, еден од двата спинофф-а од добропознатиот Југословенски њу-вејв и подоцнежниот пост панк бенд Шарло Акробата, а другиот е Екатерина Велика. Музички би можеле најдобро да се опишат како агресивна и уметничка ритмична експлозија, постојано експериментирајќи и барајќи некоја нова експресивност и во исто време, најоѓајќи инспирација во традиционалните панк рок, фанк, џез фјужн, мотаун, џангл, како и делата на Џими Хендрикс.

Бендот беше основан во доцната 1981 година од страна на Душан Којиќ-Која и Ненад Красавац-Келе, во време кога нивната земја сѐ уште не беше подготвена за нив. Во 1983 година, по неколку мали промени во составот, нивниот албум „Ми се допаѓа кога ти е непријатно“ конечно беше издаден од словенечката издавачка куќа Хелидон во многу мал тираж. Покрај доминантните бас линии и агресивните тапани проткаени низ неколку добро познати песни („Уживај“, „Немој“, „Младоста не ја оправдува неразумноста“, итн.), албумот исто така содржи своевиден омаж на каверот на Џими Хендрикс на американската химна – преснимена неиздадена песна од Шарло Акробата – „Печати“, напишана од Душан Којиќ-Која, испреплетена со делови од југословенската „Хеј Словени“.

Во наредната деценија, бендот продолжува неуморно да работи и создава, да експериментира со продукција и инструменти (труба, саксофон, виолина…), а самиот Која да ги продуцира сите понатамошни изданија. Следуваа добропознатите „Сите по мене!“ (1986 год.), „Зелениот заб на планетата Досада“ (1989 год.) и „Нови изненадувања за новите генерации“ (1991 год.), во време на сериозно влошена политичка и безбедносна состојба во државата. Токму од таа причина, Која се сели во Англија, а Еркман во Холандија. Во меѓувреме, на студентските протести во Белград во 1991 година, стиховите „Време е за правда, време е за вистина“ на Која беа своевидна мантра на демонстрантите, а „Бука во мода“ стана неофицијална химна на протестите во Белград во зимата 1996-97 година.

Во периодот од 1995 до 2003 година, попознат како „лондонските години“, Која го реформираше бендот и заедно со афроамериканската пејачка Џофи Бебе и тапанарот Пит Ворен настапуваа во мали клубови низ Англија, а во пролетта во 1996 година ја основаа нивната издавачка куќа Бабарога Рекордс. Бабарога Рекордс издаде повеќе англиски верзии на добропознати песни од старите изданија, што кулминираше со издавањето на албумот „Мислам дека се гледам себе си на Си-Си-Ти-Ви“. Во меѓувреме, бендот со својата иновативност го даде својот придонес кон тогаш новата музичка експресија, позната како драм енд бејс.

За време на лондонските години, Хелидон го реиздаде „Сите по мене!“ на цеде, а во текот на наредните години бендот го издаде албумот „Хеви бас блуз“ и одржа неколку настапи низ Србија и некои од поранешните југословенски републики. Во меѓувреме, продолжија со издавање синглови, а го издадоа и албумот „Освежи ги своите сетила, СЕГА!“, кој во многу голем дел ја третираше новонастанатата политичка ситуација во Србија, а ги критикуваше и медиумите и издавачките куќи поради нивниот однос со музичарите.

Во 2003 година, Која се врати во Белград и веднаш почна да работи на повеќе проекти. Во последната деценија, Која самостојно или со бендот работи и понатаму на најразлични проекти и нови изданија. Во 2015 година, Дисциплин А Кичме го издадоа синглот „Заборави на рокенролот!?!“, кој го најави и новиот албум на бендот.

JIMPSTER / Freerange Records / UK

Џејми Одел, или подобро познат под имињата Џимпстер и Аудиомонтаж продуцира, прави ремикси и диџејува во последните 20 години, истовремено во последните 15 години од нив, партнерски водејќи ја неговата издавачка Фрирејнџ Рекордс (изгласана за најдобар британски лејбл за 2007 година). Неговото музичко воспитување и раното запознавање со продукцијата (неговото прво издание беше за влијателната британска Џампин енд Пампин во 1990 година, заедно со колегите по лејбл Фјучр Саунд оф Лондон) и диџејството, му помогнаа да изгради звук кој е истовремено топол и длабок, но и иновативен и клубски.

Неговиот антологиски Џимпстер ЛП „Пораки од упориштето“ (1997 год.), како и неговите рани 12’’ Аудиомонтаж изданија, ориентирани повеќе кон подиумот, му помогнаа на Џејми да се етаблира како квалитетен артист, па така брзо стана еден од најбараните ремиксери и ко-продуценти на широка палета од андерграун проекти. Неговото трето Џимпстер ЛП – „Амур“ беше издадено преед 5 години за Фрирејнџ Рекордс. Истото наиде на одлични критичко одобрување и се најде на бројни топ 20 чартови за ЛП-а на годината.

Во последните години, тој ја издаде својата прва оригинална трака за друг лејбл „Сквер ап“, бирајќи ја издавачката Базин Флај на Бен Ват, која стана една од најголемите андерграун хаус траки на годината. Неговите најнеодамнешни сингл изданија за Фрирејнџ Рекордс ги вклучуваат „Промената во тебе“ и „Алзас и Лорејн“ – уште една дип хаус химна и идна класика, која наиде на поддршка од многу од најдобрите хаус диџеи, а беше и ремиксана од Џош Винк и Рипертон. Артисти кои го добиле Мида допирот на Џимпстер во форма на ремикс во поскоро време се Џош Винк, Фотон Инк, Осунладе, Боб Марли, Јорис Ворн, Сил, Марк Ромбој, Соломун и Колектив Турмштрасе.

Во последните 6-7 години, Џејми изгради репутација како високо ценет диџеј во Обединетото Кралство, но и низ светот, настапувајќи повеќе од 100 пати само во последната година. Со акцент на подлабокиот крај од електронскиот хаус, но исто така и не плашејќи се да застрани од патот, тој го задржува пристапот на старата школа, што му донесе најразлични букинзи: Фабрик (Лондон), Панарама Бар и Вотергејт (Берлин), Сиело (Њујорк), Верхаус 702 (Токио), ЗОО Проџект (Ибица), Ди-Еџ (Сао Паоло), ГОА @ Фабрик (Мадрид). Награден престижната данска диџеј награда за Најдобар меѓународен диџеј сет, како и Битпорт дип хаус продуцент наградата и Најдобар дип хаус ремикс за 2010 година.

FOLTIN / MKD

Фолтин е еден од најважните македонски бендови, кој постои уште од 1995 година. Нивната музика тешко се дефинира, зашто звучи непредвидливо и предизвикувачки: надреална, страствена и лукава, динамична и полна со изненадувања, врзувајќи повеќе различни музички жанрови (електро акустика, алтернативен рок, фанк, амбиент, итн.). Иако користат стандардни музички елементи, нивниот пристап кон создавањето атмосфера е непредвидлив и пред сѐ, оригинален. Фолтин се прославија по нивните настапи во живо, кои често се театрални (налик на кабаре).

Со нивната страствена, неконвенционална музика, театралните контаминации и растечкиот домашен и меѓународен успех, Фолтин изгледа е следното најдобро нешто во македонската музика. Со нивното дводецениско постоење и деветте албуми зад нив, тие се една од најголемите, ако не и најголемата македонска музичка атракција. Многумина ќе речат дека Фолтин се најавтентичните и најнеконвенционалните музичари од Макеоднија. Нивната музика е свежа, топла, бескрајно имагинативна и има моќ да ги прегрне и воздигне луѓето. Нивниот јазик е необичен отсекогаш. Низ годините постепено еволуираше во Македонски и Англиски. Нивните претходни песни содржеа фонетска мимикрија од различни јазици без семантичко значење. Со оглед на тоа дека нивните најдлабоки корени можат да се најдат во театарот и изведувачките уметности, не е ни чудно што Фолтин направиле музика за над дваесет театарски продукции. Исто така, ја компонираа музиката и за хит документарецот „Плати и жени“. Континуирано настапуваат во живо. Некои критичари велат дека нивниот потполно необичен перформанс не смее да се пропушти.

TI / SRB

Една гитара, два микрофони, цел куп од чудни педали и исконски електронски тапани. Двајца „кослави“ момци го употребуваат овој смешен сетап да создадат надмоќен и имерсивен звук од морето и небото, кој ве тера да посакате да можете да летате високо. Заводливи хармонии, психоделично слатки вокални линии, слоеви од гитарски акорди и атмосферски дилеи, со ретро удирачки звуци кои ќе ве вчудоневидат и ќе ве натераат да прснете во смеа. Може залудно да се троши време споредувајќи го нивниот звук со Анимал Колектив, Бич Бојс, Тејм Импала, но наместо тоа треба да се слушне нивниот настап. Ќе си заминете со широка, будалеста насмевка на вашето лице, не разбирајќи потполно што точно се случило предмалку.

MIKE STEVA / Yoruba Records, Deeproots Music / AUS

Мајк Стева е диџеј и продуцент чијашто љубов кон музиката зрачи од неговата душа. Неговата заразна енергија и позитивните вибрации лесно се пренесуваат на подиумот, со самото негово природно управување со собата од зад пултот, или низ длабочината и карактерот на неговата оригинална продукција.

Неговата музика отелотворува вибрација со една силна асоцијација на тапани, музика од светот и исконски ритмови, истовремено одржувајќи ги длабоките корени и создавајќи искрен и чист звук.

Деби албумот на Мајк Стева со наслов „Кој сум јас“ издаден за Јоруба Рекордс е инспириран од неговите корени и неговите влијанија и музички патувања до сега. Истиот наиде на доста позитивни критики и пофалби од диџеи, танчери и љубители на музиката од целиот свет. Содржи единаесет вчудоневидувачки пресеци од широкиот спектар на електронската музика, што сведочи за разновидноста на влијанијата врз работата на Стева. „Викендашка љубов“ дефинитивно е едно од највозбудливите изданија на годината, со супериорно вокално дуо, а длабокиот трајбл наречен „Оро“ ве носи на духовно патување до далечно село каде балканските лимени инструменти, ракоплескањата и удирањето со стапалата се неопходни.

MACHKI / Pollux / MKD

Мачки е присутен на скопската клубска сцена уште од нејзините зачетоци. Неговиот удел во етаблирањето на андерграунд сцената, преку неговата работа во култните клубови како Д Клаб и Сектор909, беше од исклучително и фундаментално значење. По кој знае кој пат, Мачки ќе фрла бомби на Акто како дел од Полукс.

RIKVERC / MKD

Виктор станува дел од локалната алтернативна сцена во 2010, а Миле Гроздановски во 2009 година. Виктор преку својата продукција и диџеј сетовите ги презентира берлинските техно и хаус звуци и електроника и има настапувано во бројни локали, клубови и радија, а сетовите на Миле се мешавина од дип, тех-хаус и берлински техно звуци кои освен низ Македонија, ги презентирал и во клубот VLLA во Амстердам. Во 2015 година, Виктор и Миле заедно стануваат Рикверц.