/For English scroll below
17. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ
Интердисциплинарна платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност
СОВРЕМЕНИ (НЕ)ДЕМОКРАТИИ II:
ГРИЖАТА И ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОСТОРИ
септември – декември 2022 година / Скопје
КОНЦЕПТ
АКТО фестивалот за современи уметности е еден од ретките вонинституционални фестивали во земјава со долг континуитет на одржување. Односно, наспроти традицијата на градските или државните фестивали, кои најчесто имаат ревијален карактер, АКТО е речиси единствениот фестивал кој од позиција на вонинституционален сектор, 17 години по ред, со 20 изминати изданија во осум градови низ земјава, создава активно поле на колективност и преку продукција и презентација на современа уметност се конфронтира со сите премрежиња што се случуваат во земјава.
Она што беше карактеристично за АКТО – лоцираноста во Битола, неколкудневна интензивна интердисциплинарна програма со изразит визуелно-уметнички предзнак, напуштени простори кои стануваат алтернативни простори за презентација, интернационални гости, соработки и партнерства и актуелни општествени теми, место за размена и колективни идеи, во 2021 и 2022 година се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со двогодишна истражувачка тематика – современи (не)демократии. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики. АКТО го гради својот фестивал како дијалектички перформанс[1] преку годишно темелно истражување на актуелни теми, заборавени простори на културното наследство, продукција на нови дела со интернационални гости, но и силна едукативна компонента која создава место за размена и заедничко создавање.
АКТО ги вложува своите ресурси во продукција на општествено ангажирани дела за јавен простор, повеќе отколку во дела со репрезентативна функција, и со тоа се позиционира како контрапункт на доминантната парадигма на фестивализација[2] на културата. Па така, АКТО станува платформа која им дава повеќе простор на процесот, експериментирањето, истражувањето, создавањето заедно, отколку на презентацијата на финалниот продукт. Тој го менува форматот, преиспитан и од замката на фестивализацијата и се свртува кон истражувачки уметнички практики на нови и поинакви простори кои имаат длабоко значење за општеството.
Тргнувајќи од тоа дека АКТО е резултат на еден факултет на кој не се учи, туку се создава работејќи, постојано тестирајќи ги лимитите на своите капацитети во таа желба и љубопитност, АКТО овој пат својот „факултет“ го ресоздава во и со образовните институции и институции за презентација на уметноста.
ГРИЖАТА И ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОСТОРИ
АКТО во 2021 и во 2022 година ја истражува темата „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација, отуѓување и бришење на историјата, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото. Во 2021 година, АКТО ја испитуваше темата на стеснувањето на јавниот простор преку примерот на плоштадот како репрезент на современите недемократски процеси, кој наместо да биде арена каде што се слуша агонистичка дискусија, на создавање политички субјективитети, тој повеќе стана место на набљудување, на пасивност и молк.
Во 2022 година, тој се обликува преку темата на грижата за другиот/ите како колективен чин и нашите заеднички простори и прашува: за кого се грижиме? Дали грижата може да биде изговор за колонизацијата на многу земји или за експлоатацијата на луѓето, на сметка на другите луѓе или околината? Дали ако колективно се грижевме повеќе, реалноста ќе беше поинаква? Оваа тема не е само поттикната од ковид пандемијатa, од нападот на Русија врз Украина или од заканувачката еколошка или економска катастрофа. Поттикната е и од локалните ревизионистички политики кои бришат значајни, транснационални и национални обиди за грижа, за заедништво, за солидарност со различностите, како и сеприсутните расистички тенденции кои водат кон дискриминација, затворање и контрола[3].
Оваа програма ќе започне од размислувањето што претставува денес еден се чини излитен концепт на грижа за другите, кој наместо индивидуалистички пристап на себепoдобрување или морална обврска зборува за колективен пристап на грижата за заедницата, поврзувајќи го со концептот за грижата за колективните јавни простори, физички или концептуални. Кураторката Илиана Фокианаки истражувајќи за грижата низ призмата на етиката и политиката зборува дека наспроти индивидуалната грижа која се движи кон самогрижата, она што е важно е дека грижата треба да се концептуализира колективно: како начин на постоење, како состојба на општеството. Таа пишува „Колективната грижа бара споделување на моќта. Тргнувањето настрана и давањето збор (и нашата моќ) на другите е чин на колективна грижа. Споделувањето на моќта е исто така важна работа“[4]. Кураторката и културна теоретичарка Елке Красни пак, ја поврзува архитектурата со климатските борби и потребната грижа за планетата и повикува на архитектонска практика на критичка грижа. Архитектурата, според неа, треба да создаде нов пејзаж кој ќе ја земе предвид поврзаноста помеѓу премореноста, исцрпувањето и климатските теми со цел не само да се грижи за изградената архитектура, туку и за целата планета, вклучувајќи ја човечката работна сила[5] .
Оттаму, АКТО програмата ја гради преку истражување и преиспитување на конкретни општествено–политички концепти од минатото кои ја практикувале таа грижа како форма на системска антиколонијална политика и засилување на политиките на активна коегзистенција преку истражување на важноста на Движењето на неврзаните и улогата на земјава во тоа движење, како и идејата за месната заедница, поконкретно онаа во Тафталиџе, како најмалата бруталистичка зграда, чувар на идеите на колективна грижа, заедништво и солидарност. Преку програмата ќе се направи обид да се потенцира грижата како начин на самоодредување, како политички чин и колективна грижа за заедницата, во насока на подобро колективно живеење и како призма низ која ќе се гледаат причините за нејзино постојано разорување.
Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО фестивал
Ивана Васева, кураторка на АКТО фестивал
ПРОГРАМА НА 17. АКТО
- 30.09.2022 година (петок)
-17:30 – 19:00/ двор на Архитектонски факултет – Скопје
АКТО АКЦИЈА: ДА СЕ ПИШУВА ЗА ГРАДОТ!
сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.
Работилницата, како и сајт специфик перформативната интервенција во Скопје, има за цел да ги вкрсти општествените вредности на колективните простори со запуштени и застарени јавни згради. Се фокусира на зграда од модерното (бруталистичко) архитектонско наследство кое датира од 1970-тите, кое служело како центар на заедницата, колоквијално наречено „домче“ (деминутивна форма на именката „дом“). Настанот служи како платформа во која влошената состојба на овој некогаш високо ценет маалски простор може да го најде својот пат назад во заедницата. Целта е да се истражи значајноста на архитектурата во однос на културната продукција на урбаниот простор. Учесниците на работилницата ќе го користат методот на „читање згради“ развиен од Филип Јовановски и Ивана Васева и ќе го спроведат своето субјективно интердисциплинарно истражување создавајќи карактеристични наративи за зградата.
Овој настан припаѓа на серија слични проекти под наслов „Кога зградите би зборувале“ спроведена од ФРУ и АКТО фестивалот за современи уметности од Скопје, во соработка со колективот „Фрлачи на сенки“ од Загреб, ЗК/У од Берлин и Архитектонскиот факултет во Скопје како домаќин. институција која целосно го организира настанот.
- По овој настан следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана, перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и друго, што дополнително ќе биде објавено.
Партнери на 17. АКТО фестивал за современи уметности
Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана
ZK/U-Берлин
Фрлачи на сенки –Загреб
Архитектонски факултет Скопје
Факултет за драмски уметности Скопје
Национална опера и балет Скопје
Музеј на современа уметност Скопје
Продуцирано од организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“
Поддржано од:
Министерство за култура на Република Северна Македонија
Европска унија – проект „Острови на сродност“
ГЕТЕ институт – Скопје
Фондација „Хајнрих Бoл“
Дизајн. КОМА
[1] На овој начин, можеме да откриеме клучна дистинкција што постои во самиот феномен: дали фестивалите се формат на репрезентација што ја пропагира и ја резимира елитната култура и ексклузивноста (според преовладувачкото сфаќање на културата во посттранзициските „истрауматизирани“ општества), т.е. дали треба критички да ја разгледуваат или да „парадираат“ со современата уметност, главно со декоративна улога, или дали можеме да очекуваме од нив да бидат дијалектички перформанси и точки на развој што можат да комуницираат со нив и да ги критикуваат постојните модели на уметнички практики, промовирајќи нова и различна улога за нив во дадениот контекст. Ивана Васева, Биљана Тануровска–Ќулавковски и Елена Велјановска „Фестивалот како микрофизика на моќта (Фуко) во регионот на поранешна Југославија“ во: Зборува АКТО 2006 – 2020 (Скопје: Факултет за работи што не се учат – ФРУ, 2021), стр. 80 Во тој контекст, АКТО ги слави своите истражувачко–уметнички потфати во текот на неколку месеци со јавни манифестации кои се обидуваат да ги преиспитаат постоечките естетско–политички уметнички постулати и вредности.
[2] За жал фестивализацијата сè уште е парадигма кај нас или како што пишуваат Васева, Тануровска–Ќулавковски и Велјановска во 2010 година: „Во таа смисла, можеме да кажеме дека Македонија е земја на фестивализација со многубројни фестивали заради фестивали: засновани на репутација, ориентирани кон профит, со репрезентативно програмирање. Токму оваа позиција е политички и исто така финансиски оправдана или легитимирана како позиција, бидејќи формата на уметност носи приход и станува популарна кај публиката (што исто така е прашање каква естетика, форма на уметност итн.). Позиција што од наша перспектива е уште попроблематична, бидејќи ја пасивизира уметничката продукција, го ограничува и полето на естетиката, како и содржината. стр. 93
[3] Во контекст на манифестацијата Документа 15, последната објава од кураторскиот тим Руангрупа опонира на хаосот, непријателството, расизмот и цензурата со која се соочи целиот тим и пишуваат „Дојдовме овде како ништо помалку од еднакви, кои можат понизно да учат еден од друг, кои можат да си помагаат, кои се грижат еден за друг, бидејќи знаеме дека нашата меѓузависност е единствениот пат кон поправедна планетарна иднина “. https://www.e-flux.com/notes/489580/we-are-angry-we-are-sad-we-are-tired-we-are-united-letter-from-lumbung-community (accessed 27.09.2022)
[4] https://www.berlinerfestspiele.de/en/gropiusbau/programm/journal/2021/iliana-fokianaki-the-collective-of-care_part_2.html accessed 29.09.2022
[5] https://www.elkekrasny.at/wp-content/uploads/2019/07/Elke-Krasny_Care_AA-Files-76_2019.pdf accessed 29.09.2022
17th AKTO FESTIVAL FOR CONTEMPORARY ARTS
Interdisciplinary platform for production and education in contemporary art
CONTEMPORARY (NON)DEMOCRACIES II:
CARE AND THE SPACES OF THE COMMON
September – December 2022 / Skopje
CONCEPT
The AKTO festival for contemporary arts is one in a handful of non-institutional festivals in the country with lasting continuity. That is, contrary to the tradition of city or state festivals, which are usually more of a show, AKTO is almost the only festival that creates an active field of collectivity and confronts all the tribulations in the country through production and presentation of contemporary art, from the position of the non-institutional sector, for 17 years now, with 20 editions behind in eight cities across the country.
What was typical of AKTO – its location in Bitola, a several-day intensive interdisciplinary program with a distinct visual-artistic streak, abandoned spaces that become alternative spaces for presentation, international guests, collaborations and partnerships and current social topics, a place for exchange and collective ideas, was transformed in 2021 and 2022 into a several-month festival platform under a two-year research theme – contemporary (non)democracies. The idea of AKTO is to grow from an active scene of presentation into a festival platform for production and education in the field of contemporary art through artistic research practices. AKTO builds its festival as a dialectical performance[1] through an annual thorough research of current topics, forgotten spaces of cultural heritage, production of new works with international guests, as well as a strong educational component which creates a place for exchange and joint creation.
AKTO invests its resources in the production of socially engaged works for public space, more so than in works with a representative function, and thus positions itself as a counterpoint to the dominant paradigm of festivalization[2] of culture. Hence, AKTO becomes a platform that gives more space to the process, experimentation, research, co-creation, than to the presentation of the final product. It changes the format, also reexamined from the trap of festivalization and turns to research artistic practices in new and different spaces that have a deep meaning for society.
Given that AKTO is the result of a faculty where things can’t be learned, but created by working on it, constantly testing the limits of its capacities in such will and curiosity, this time AKTO recreates its “faculty” in and with educational institutions and institutions for the presentation of art.
CARE AND THE SPACES OF THE COMMON
In 2021 and 2022, AKTO explores the theme “Contemporary (non)democracies” in an attempt to understand the processes of privatization, alienation and erasure of history, which lead to destruction of the public, making the common impossible. In 2021, AKTO explored the topic of the narrowing of public space through the example of the square as a representative of contemporary non-democratic processes, which instead of being an arena where an agonistic discussion is heard, of the creation of political subjectivities, it has become more of a place of observation, of passivity and silence.
In 2022, it takes shape through the theme of caring for the other(s) as a collective act and our common spaces and raises the question: who do we care for? Could care be an excuse for the colonization of many countries or the exploitation of people at the expense of other people or the environment? Would reality be different had we collectively cared more? This topic is not only driven by the COVID pandemic, Russia’s attack on Ukraine, or the looming environmental or economic disaster. It is also fueled by local revisionist policies that erase meaningful, transnational and national attempts at care, togetherness, and solidarity with diversity, as well as widespread racist tendencies that lead to discrimination, closure and control[3].
This program will start from thinking about what today seems to be an outworn concept of care for others, which instead of an individualistic approach of self-improvement or moral obligation speaks of a collective approach of care for the community, linking it to the concept of care for collective public spaces, physical or conceptual. In researching on care through the prism of ethics and politics, curator iLiana Fokianaki says that in contrast to individual care moving towards self-care, what is important is that care should be conceptualized collectively: as a way of being, as a state of society. She says “Collective care demands the sharing of power. Stepping aside and giving the floor (and our power) to others is an act of collective care. Sharing power is another“[4]. Curator and cultural theorist Elke Krasny, on the other hand, connects architecture with climate struggles and the necessary care for the planet, and calls for an architectural practice of critical care. Architecture, according to her, must create a new landscape that will take into account the interconnectedness of exhaustion, depletion and climate issues in order to care for not just the built environment, but the entire planet, including its human labor force[5].
Therefore, AKTO builds the program through research and re-examination of specific social and political concepts from the past that have practiced such care as a form of systemic anti-colonial policy and strengthening of policies of active coexistence through research on the importance of the Non-Aligned Movement and the role of the country in this movement, as well as the idea of the local community, more specifically the one in Taftalidzhe, as the smallest brutalist-style building, guardian of the ideas of collective care, togetherness and solidarity. An attempt will be made through the program to highlight care as a way of self-determination, as a political act and collective care for the community, towards better collective living, and as a prism through which the reasons for its constant destruction will be seen.
Filip Jovanovski, artistic director of the AKTO festival for contemporary arts
Ivana Vaseva, curator of the AKTO festival for contemporary arts
17th AKTO PROGRAM
- 30.09.2022 (Friday)
-17:30 – 19:00/ at the yard of the Faculty of Architecture – Skopje
AKTO ACTION: WRITING THE CITY!
site-specific performative intervention as a result of a three-day workshop led by Filip Jovanovski (Skopje), Miodrag Kuc (Berlin) and Boris Bakal (Zagreb) as part of the project workshop “Skopje Brutalism Trail” supported by the EU academic program COST and its Action Writing Urban Places. New Narratives of the European City (28-30.09.2022) and the Faculty of Architecture – Skopje.
Тhe Skopje workshop aims to intersect the social values of collective spaces with neglected and outdated public buildings. It focuses on a building from the modern (brutalist) architectural legacy dating from the 1970s which served as a community centre, colloquially referred as ‘domche’ (a diminutive form of the noun ‘home’). The event serves as a platform in which the deteriorated condition of this once highly appreciated neighbourhood space could find its way back to the community. The aim is to explore the meaningfulness of architecture in relation to cultural production of urban space. The participants of the workshop would use the method of ‘reading buildings’ developed by Filip Jovanovski and Ivana Vaseva and conduct their subjective interdisciplinary research creating distinctive narratives about the building.
This workshop belongs to a series of similar projects entitled “If buildings could talk” conducted by the FRU and AКTO festival for contemporary arts from Skopje, in cooperation with the Shadow Casters collective from Zagreb, ZK/U from Berlin and Faculty of Architecture in Skopje as host institution fully organizing the event.
● This event will be followed by several more events in October and November 2022, an international exhibition and symposium “Which side are you on? On the non-aligned decolonial constellation” curated by Ivana Vaseva and Bojana Piškur in collaboration with Modern Gallery + Museum of Contemporary Art Metelkova, Ljubljana, performance “Lost modernistic utopias” by Filip Jovanovski in collaboration with ZK/U – Berlin, Shadow Casters collective – Zagreb, Faculty of Architecture – Skopje, promotion of publication “AKTO Speaking 2006-2020” with international guests and a program of performances and more. More information will soon be available.
Partners of 17th AKTO festival for contemporary arts
Modern Gallery + Museum of Contemporary Art Metelkova, Ljubljana
ZK/U – Berlin
Shadow Casters collective – Zagreb
Faculty of Architecture – Skopje
Faculty of Drama Arts – Skopje
National Opera and Ballet – Skopje
Museum of Contemporary Art – Skopje
Produced by Faculty of Things That Can’t Be Learned
Supported by:
Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia
EU-funded project Islands of Kinship
Goethe-Institut Skopje
Heinrich Böll Foundation
Design: KOMA
[1] In this way, we may detect a key distinction present in the phenomenon itself: whether festivals are a format of representation that propagates and summarises elite culture and exclusivity (in line with the prevailing understanding of culture in post-transitional “traumatised” societies), that is, whether they are supposed to review or “parade” contemporary art, mainly with a decorative role, or whether we may expect them to be dialectical performances and points of development that might communicate to and criticise present models of art practices, promoting a new and different role for them in a given context. Ivana Vaseva, Biljana Tanurovska-Kjulavkovski and Elena Veljanovska “The Festival as a “Microphysics of Power” (Foucault) in the Region of the former Yugoslavia” in: AKTO Speaking 2006-2020 (Skopje: Faculty of things that can’t be learned – FRU, 2021), p. 80. In that context, AKTO celebrates its research-artistic endeavors in the course of several months with public events that try to reexamine the current aesthetic-political artistic postulates and values.
[2] Unfortunately, festivalization is still a paradigm in our country, or as Vaseva, Tanurovska-Kjulavkovski and Veljanovska say in 2010: “In that sense, we can say that Macedonia is a country of festivalisation with numerous festivals for festivals’ sake: reputation-based, profit-oriented, with representative programming. It is exactly this position that is politically, but also financially justified, or legitimized as a position, because the form of art brings revenues and becomes popular with the audiences (which is also an issue, what sort of aesthetic, form of art, etc.). A position which is even more problematic from our perspective, as it passivizes the artistic production, it limits the aesthetic field, along with the content. p.93.
[3] In the context of quinquennial Documenta 15, the latest open letter by the ruangrupa collective, who curated this year’s exhibition, opposes the chaos, hostility, racism and censorship that the entire team faced, and reads “We come here as nothing less than equals, who can humbly learn from each other, who can help each other, who care about each other, because we know that our interdependency is the only path toward a more just planetary future“. https://www.e-flux.com/notes/489580/we-are-angry-we-are-sad-we-are-tired-we-are-united-letter-from-lumbung-community (accessed 27.09.2022)
[4] https://www.berlinerfestspiele.de/en/gropiusbau/programm/journal/2021/iliana-fokianaki-the-collective-of-care_part_2.html accessed 29.09.2022
[5] https://www.elkekrasny.at/wp-content/uploads/2019/07/Elke-Krasny_Care_AA-Files-76_2019.pdf accessed 29.09.2022