POP UP КОНФЕРЕНЦИЈА

POP UP КОНФЕРЕНЦИЈА

POP UP
КОНФЕРЕНЦИЈА
Дискусии/перформанси/места за разговор

Оваа конференција е креирана и организирана како општествен простор, кореографиран преку различни акции (дискусии, перформанси, места за разговор итн.) каде што учесниците и публиката ќе преиспитуваат, ќе ревалоризираат и ќе рефлектираат на условите во кои уметноста и културата се продуцирани, како и улогата на уметникот, културниот работник и граѓанското општество во времиња на социо-политичка криза.

Движењето низ кореографираниот простор ќе ни овозможи да означиме имагинативна социјална сфера/агора каде што јавните дискурси се отвораат, се рефлектираат,се преиспитуваат и се мултиплицираат. Ние немаме амбиција да продуцираме нови теориски дискурси, туку да отвориме јавна дебата која ќе поттикне понатамошни методолошки анализи на одредени теми.

Нашата цел е да го посочиме ангажманот на културните и на политичките акции на различните актери во поширокиот социо-културен контекст, кои ја менуваат динамиката во која современата уметност како социјална институција и естетска практика е продуцирана. Ние би сакале заемно да го дивертираме секојдневното, но ретроградно мислење дека е уметноста само естетска практика и на соодветен начин да ја артикулираме улогата во пошироките општествени процеси и акции што го реформираат општествениот стратум.

Живееме и дејствуваме во услови на социо-политички критична состојба – практично една политичка партија раководи со сите структури и создава конзервативна и ксенофобична средина, конзумирајќи ги сите делови од општеството и трансформирајќи ги општествените столбови во нефункционални и негрижливи институции апсорбирани од идеологијата. Во овој контекст ние како културни работници бевме принудени да рефлектираме и да отвориме дискусии за трудовите и за работничките права во условите во кои ние продуцираме, како и нашата улога и улогата на уметниците во однос на социо-политичкиот и на економскиот контекст.

ПОП АП конференцијата е организирана во три модули. Првиот е посветен на темата за трудот и работничките права, на работните услови на уметниците и културните работници во независната културна сцена, во граѓанските организации, како и оние во државните институции.
Вториот дел е посветен на преиспитувањето на улогата на уметникот и културните работници во општествено-политичка криза.
Третиот дел е замислен во соработка со Engage, коорганизиран со МОФ (Младински отворен форум), каде што различни формални и неформални групи, како и индивидуалци од граѓанскиот сектор ќе презентираат и ќе разговараат за различни методи, пристапи и акции низ кои застапуваат, го искажуваат своето мислење и интервенираат во општествено-политичкиот контекст.

Покрај дискусиите, ние, исто така, вклучуваме и предавања/ презентации и перформанси што се занимаваат со темите на дискусија.

Дискусиите ќе се одвиваат на македонски, српски и на англиски јазик. Превод ќе биде обезбеден. Влезот е бесплатен.

12.08. 2016, петок
Комплекс хали „Фрижидери“

ПАНЕЛ I

И УМЕТНИЦИТЕ СЕ РАБОТНИЦИ
Културните работници и уметниците: услови и работнички права

Вибрантна, хетерогена, но и мала независна сцена во Македонија е новата социјална структура во која современата уметност и култура се организирани и се продуцирани, која промовира регионална соработка, нови уметнички и културни проекти и програми. Исто така, оваа сцена вклучува активности на организации, индивидуалци и неформални групи, кои доаѓаат од поширокиот општествен контекст и соработуваат со организации од културниот сектор, кој конституираше динамична средина со потенцијал да интервенира во општествена трансформација и во трансформацијата на јавниот простор.

Културните работници беа инволвирани во демократизација на јавната сфера заедно со останатиот граѓански сектор како дел од пошироката борба за заедничкото.
Како сите овие напори да се продуцира ново заедничко, нова културна средина, која не е само во полето на естетичкото туку и во социјалните ангажмани, можат да се валоризираат кога нема институционални инструменти за тоа?

Институтциите во Македонија потфрлија во одговарањето на глобалните политички, општествени и економски промени и станаа херметички простори, кои ги фасцилитираат политичките агенди на естаблишментот.
Културните работници на независната културна сцена работат во супстандардни услови, а оние во институциите се соочуваат со инструментализација на нивната уметничка работа и редефиниција на нивните работнички права, изоставени од каква било дискусија за тоа. Двете групи културни работници и уметници се огласуваат преку групи, синдикати и други форми на соработка.

Прашањата за кои ние сакаме да дискутираме овде се: Кои се стандардните услови за работа што културните работници треба да ги имаат за да можат да учествуваат во продукција на културни добра за јавни цели? (Некомерцијални!)
Дали е возможно да се биде слободен уметник и културен работник во постсоцијалистички дисторзиран неолиберален контекст? Кој ја валоризира работата на уметниците во контекст на делегитимизирани и нестабилни институции на културата? Како можеме да ја валоризираме нашата работа во клиентелистичка средина која не ги обезбедува минималните услови за тоа?
Што го конституира терминот „културен работник“ на независната културна сцена? Како треба да бидат заштитени слободните уметници и културни работници за да можат да работат и да придонесат во културниот јавен простор? Како да се овозможат стандардни работнички услови за сите културни работници надвор од институциите? Како е валоризирана нивната работа и труд ако институциите не ги содржат овие специфични уметнички форми и изрази на кои работат уметниците и културните работници?

Простор – Соба за перформанси

19:00 ПРЕДАВАЊЕ/ ПРЕЗЕНТАЦИЈА Како мојот живот стана културен работник – Културните работници ја заземаат сцената/ Ивана Васева, Биљана Тануровска – Ќулавковски

Простор – Соба за дискусии
20:00 ПАНЕЛ I/ ДИСКУСИЈА / И УМЕТНИЦИТЕ СЕ РАБОТНИЦИ – Културните работници и уметниците: услови и работнички права

Анела Бешо, координаторка на Друштво Асоцијација, Асоцијација за уметнички и културни невладини организации и фриленсери, Словенија

Сања Арсовска, актерка и претставничка на Синдикатот за култура на РМ, Македонија

Златко Теодосиевски, историчар на уметноста и експерт за Компендиум за културни политики, Македонија

Рок Вевар, независен драматург и архивар на современиот танц, Словенија

Милан Живковиќ, експерт за работнички права, Македонија, директор на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија

Модератор: Марко Стаменковиќ, историчар на уметноста и куратор, Србија

Насоки на дискусијата:
Статусот на независните и културните работници и уметници во Словенија, Македонија и Србија. Што треба да се промени? Дали постојат услови за работа во независниот културен сектор? Дали овие услови дозволуваат културните работници и уметниците да учествуваат во реформирањето и обликувањето на јавната сфера, во создавањето на јавните добра, или нивната работа станува комодифицирана од страна на пазарот или политичко-клиентелистичките елити?;
Компаративни анализи на различните контексти (македонски, словенечки, српски), но исто и на независната сцена и институционалниот контекст, како и на домените (театар/современ танц/музика..);
Начини на соработка и застапување за нормативни/законски промени што се однесуваат на работничките права на културните работници;
Што може да се очекува ако овој проблем (супстандардни услови/ немање поддршка за одредени професионалци кои дејствуваат во различни полиња) е изложено и комуницирано во јавниот дискурс.

13.08. 2016 сабота
Комплекс хали „фрижидери“

ПАНЕЛ II

УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ
Одговорноста и улогата на уметникот и културниот работник во општествена и политичка криза

На периферијата на капиталистичкиот (западноевропскиот) систем повеќе од една декада се соочуваме со криминализирана приватизација на јавната сфера, но исто и со побарување за воспоставување на уметнички пазар како „лек“ за современата уметничка сцена, која конечно ќе стане независна од државата. Во услови каде што јавната сфера е корумпирана со мејнстрим-содржини кои ги задоволуваат, а не ги развиваат културните потреби и социо-културниот капитал, и каде што мејнстримот е користен за манипулација на масите, таква изјава/ побарување е само оправдување на естаблишментот за понатамошна капитализација на неонационалистичките наративи, кои долгорочно ги уништуваат не само културните туку и општествените вредности.
Државата станува сервис и партнер на бизнисите, кои заедно ги комодифицираат сите јавни добра и сфера.

Тврдењето дека уметноста има јавна улога, или дека улогата на уметниците и културните работници е јавна, не треба да биде само фраза, туку потребно е да се направат детални анализи за истото да се потврди, но и да се поддржуваат различни акции преку кои ќе се врати заедничкото, јавното добро.

Одбраната на јавното добро е во фокусот на пошироката културна сфера, но не само во нејзиниот фокус, таа е и во фокусот на различни општествени движења, а особено вово сферата на уметноста треба да се прашаме која е нашата улога во такви услови? Комодифицирањето на уметноста и културната содржина (за потребите на пазарот или потребите на политичките елити во градењето и одржувањето на нивните режими, пропагандни машини и националистички наративи) е само уште еден чекор кон легитимирање на режимските политики на неолибералните влади, кои ги редистрибуираат стоките (комодитетите) за нивно репозиционирање или легитимизација на репродукцијата и перпетуирањето на политиките на доминација.

Социјално ангажираните уметнички практики во регионот повеќе се темелат на отпор кон доминантните националистички наративи на државите, традиционалните поими на улогата на уметноста и културата во конструирањето на националните идентитети, транзицијата и политиките на приватизација, стари и нови форми на дискриминација, сегрегација итн. Вмрежувањето, застапувањето, продукцијата на нови современи уметнички содржини се некои од тактиките на социјално ангажираните уметнички практики, кои се самоексполоатирани и маргинализирани.

Pop up конференцијата цели овие акции и практики да ги постави во јавниот дискурс и да ги направи видливи.

Не сакаме да навлегуваме во старите дискусии за релацијата меѓу политичките тенденции и квалитети, или дискусии за релацијата меѓу формата и содржината на таканаречените ангажирани уметности, да ја потврдуваме или да ја браниме „модернистичката улога“ на уметноста, теоријата, културата само преку естетското поле, а не преку сферата на поширокиот социо-политички контекст.
Ние, исто така, не сакаме да одиме во апстрактните полемики за политичноста како инхерентна позиција на современата уметност, туку да анализираме конкретни ситуации во кои уметниците и културните работници работат, да анализираме живи, а не апстрактни идеи за контекстите во кои се формираат преку продукциските релации.
Нашите прашања се: Дали позицијата на уметникот и на културниот работник е клучна во реформирањето на социо-политичката реалност? И ако да, како? И, која е нивната позиција во политичките и во економските релации што ја формираат нашата општествена реалност?

Насоки за дискусија:
– Која е позицијата на уметноста и на културата во општествените констелации (опишани претходно или други што не се споменати), во продукциските релации и нивните идеолошки репродукции? Дали уметноста во социо-политички кризи каде што режимите преку пропагандната машинерија ги редистрибуираат новите вредности, а левицата е сè послаба, зема поинтензивна политичка улога и агенда?
– Дали позицијата на уметникот и културниот работник е клучна во реформирањето на социо-политичката реалност? И ако да, како? Која е нивната позиција во политичките и во економските релации што ја формираат нашата општествена реалност?

Простор за дискусии

(10:30–12:30) ПАНЕЛ II, I Дел

Интервјуа еден на еден / УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ
Одговорноста и улогата на уметникот и културниот работник во општествена и политичка криза

Секој од учесниците поставува и одговора прашања/ секој има 10 мин. да постави прашање и да добие одговор. Публиката исто така има 10 мин. за прашања и одговори. Секое „интервју“ трае 30мин.

Душан Којиќ – Која, Дисциплина кичме, Србија и Саша Павловиќ, уредник на kritika.mk
Владимир Милчин, театарски режисер и Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура на РМ
Горан Ињац, драматург и уметнички директор на Словенско младинско гледалишче и Звонимир Добровиќ, основач, куратор и продуцент на фестивалите Квир Загреб и Квир Њујорк
Простор – Соба за перформанс
Перформанс Јас сум изведувач – Сабрина Железник (12:30-13:00)
Простор – Соба за разговор – Пауза за кафе (13:00 – 13:30)

Простор за дискусија
(13:30-14:30) ПАНЕЛ II – II Дел
Интервјуа еден на еден / УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ
Одговорноста и улогата на уметникот и културниот работник во општествена и политичка криза

Секој од учесниците поставува и одговора прашања/ секој има 10 мин. да постави прашање и да добие одговор. Публиката исто така има 10 мин. за прашања и одговори. Секое „интервју“ трае 30мин.

Мирјана Боба Стојадиновиќ, уметница, Србија и Мирослав Кариќ, историчар на уметноста и куратор, Србија
Филип Јовановски, уметник и коавтор на проектот КУЦ Текстил – Бојан Иванов, историчар на уметноста

Простор – Соба за перформанс – Бруно Исаковиќ – Каква власт, таква архитектура, прв дел (14:30 – 15:00)
РУЧЕК 15:00 – 17:00

Соба за дискусија
ПАНЕЛ III
Овој панел е замислен во соработка со Engage, коорганизиран со МОФ (Младински отворен форум), каде што различни формални и неформални групи, како и индивидуалци од граѓанскиот сектор ќе презентираат и ќе разговараат за различни методи, пристапи и акции низ кои застапуваат, го искажуваат своето мислење и интервенираат во општествено-политичкиот контекст.

17:00 – 20:30 ПАНЕЛ III/ ENGAGE: MOVEMENTS
Емилиано Кампањола, актер, режисер, видеoтеатарски уметник, член на Teatro Valle Occupato, Италија
Ксенија Радовановиќ, активист, член на иницијативата Не да(ви)мо Београд, Србија
Јернеј Кастелиќ, активист, член на автономниот културен центар, Фабрика Рог, Словенија
Критос Џиованопулос, активист, чен на движењето Direct Democracy Now!, Грција
Ѓорѓи Пулевски, основач на дебатното кино „Контракадар“, Македонија
Драгана Велковска, активист, член на граѓанската иницијатива Охрид СОС,, Македонија
Ивана Атанасовска, член на иницијативата „Битолско движење“, Македонија

POP UP
CONFERENCE
Discussions/performances/talk spaces

This conference was created and organized as a social space, choreographed through different actions (discussions, performances, talk spaces etc.) where the participants and audiences will re-examine, re-valorise and reflect on the conditions that art and culture are produced in and the role of the artist, cultural worker and civil society in times of socio-political crises.

Moving through the choreographed space will enable us to draw the imagined social sphere/agora – where public discourses are presented, reflected on, contested and multiplied. Our ambition is not to produce new theoretical discourses but to open a public debate that would enhance further methodological analyses on certain topics.

Our aim is to address the engagement in cultural and political actions of various actors in the broader socio-cultural context which change the dynamics that contemporary art is produced in as a social institution and as an aesthetic practice. We would like to jointly divert the common, but retrograde opinion that art is only an aesthetic practice and properly articulate its role in the wider social processes and actions that are reshaping the social strata.

We live and act under conditions of a critical socio-political situation; – one political party is practically holding the reigns and creating a conservative and xenophobic environment which consumes all the parts of society and transforms the pillars of society into non-functional, soaked in-ideology and negligent institutions. In this context, we, as cultural workers, have been forced to reflect and raise discussions about our labour rights, the conditions in which we produce as well as our role and the role of the artists in relation to the socio-political and economic context.

The POP UP CONFERENCE is organized in three modules. The first one is dedicated to the issue of labour and labour rights, or working conditions of artists and cultural workers in both, independent organizations as well as state-managed institutions.
The second part is dedicated to the re-examination of the role of the artists and cultural workers in the socio-political crises. The third part was conceived in collaboration with Engage, co-organized with MOF (Mladinski Otvoren Forum/ Youth Open Forum) where different formal, informal groups and individuals from the civil society will present and discuss different methods, approaches and actions through which they advocate, voice and intervene in the socio-political context.
Apart from the discussions we also include lectures/presentations and performances dealing with the topics of discussion.

Discussions will be in Macedonian, Serbian and English. Translation will be provided.
Entrance is free.

12.08. 2016, Friday
Former Complex of Halls Frizideri

Discussion room
PANEL I

Vibrant, heterogeneous, yet small – the independent scene in Macedonia is the new social structure where contemporary art and culture is organized and produced, which promotes regional collaboration, as well as new artistic and cultural projects and programs. This scene also involves the activities of organizations, individuals and informal groups coming from the larger social context and collaborates with organizations from the cultural sector which constitute a dynamic environment with a potential to affect social transformation and transformation of the public sphere.

Cultural workers have been involved in the democratization of the public sphere together with the rest of the civil sector as part of the broader struggle for the commons.
How can all these efforts produce new commons, a new cultural environment which is not confined to the field of the aesthetic and how can the social engagements be valorised without any institutional instruments for this purpose?

Institutions in Macedonia have failed to address the global political, social and economic changes and have become hermetic spaces facilitating the political agendas of the establishment.
The cultural workers from the independent scene are working in substandard conditions, while those in institutions have been facing instrumentalisation of their artistic work and redefinition of their labour rights, left out from any discussion about them. Both groups are raising their voice through associations, unions and other forms of collaboration.

The questions we would like to discuss here are:
What are the standard working conditions that cultural workers need to have in order to engage in production of cultural goods for public purposes? (not commercial!)
Is it possible to be a freelance artist and cultural worker in the post-social, distorted neoliberal contexts? Who valorises the work of the artists in the context of delegitimized and unstable institutions of culture?
How can we valorise our work in the clientelistic environment that does not provide minimal conditions for it?
What constitutes the term “cultural worker” in the independent cultural scene? How should freelance scene workers be protected and be able to work and contribute to the cultural public sphere? How to enable standardized working conditions for all cultural workers out of the institutions? How is their work and labour valorised if the institutions do not uphold the specific art forms that the artists and cultural workers work in (contemporary visual art, postdramatic theatre, contemporary dance etc.).

Pefroming room

19:00 LECTURE/PRESENTATION How my life turned into a cultural worker/ Cultural workers take the stage
Ivana Vaseva, Biljana Tanurovska Kjulavkovski

20:00 DISCUSSION – THE ARTISTS ARE WORKERS TOO Cultural workers and artists: conditions and labour rights

Anela Besho – Društvo Asociacija/ Association of Arts and Culture NGOs and Freelancers, Slovenia
Sanja Arsovska, actress and representative of the Trade Union of Cultural Workers of the Republic of Macedonia, Macedonia
Zlatko Teodosievski, art historian, expert for the Compendium of cultural policies, Macedonia
Rok Vevar, independent dramaturge and contemporary dance archivist, Slovenia
Milan Zivkovic, expert on workers’ rights, Head of Office of the Friedrich Ebert Foundation in Macedonia

Moderator: Marko Stamenkovic, art historian and curator, Serbia

Discussion directions>>
Status of the independent cultural workers and artists in Slovenia, Macedonia, Serbia. What is to be changed? Are there working conditions in the independent culture sector? Do these conditions allow the cultural workers and artists to participate in the reshaping of the public sphere, or the creation of common good, or does their work become commodified by the market or the political clientelistic elites?
Comparative analyses of various contexts (Macedonian, Slovenian, Serbian), but also independent and institutional scenes, as well as domains (theatre/contemporary dance/visual arts/music)
Ways of collaborating and advocating for normative/legal changes concerning labour rights for cultural workers
What can be expected if this problem (substandard conditions/ lack of support for certain professionals in different fields) is exposed and communicated in the public discourse

13.08. 2016 Saturday
Former Complex of Halls Frizideri

PANEL II

Being in the periphery of the capitalist (Western Europe) system, for decades we have witnessed the criminal privatisation of the public sphere, as well as the a demand to establish an art market as a “remedy” for the contemporary art scene that can finally stop depending on the state. However, in circumstances when the public sphere has been corrupted with mainstream content that satisfies but fails to develop the cultural needs and the socio-cultural capital, and where the mainstream is used for manipulation of the masses, such a statement/demand only serves as an excuse of the establishment for further capitalisation of the neo-nationalist narratives which, on the long term, are devastating not only for the cultural but also for the social values. The state becomes a service and partner to businesses which work together to commodify all public goods and the public sphere.

Upholding the public role of art, or that the artists and cultural workers should not only be clichés in such an environment, but need to be identified through detailed analyses and also through different actions that would claim back the commons, the public good. The defense of the public goods is in the focus of the larger cultural sphere, and not only there, it is also in the focus of various social movements. However, specifically in the art sphere we need to reconsider what our role under such circumstances is. Commodifying art and cultural content (for market needs or needs of the political elites in the building and sustaining of their regimes, propaganda machines and nationalist narratives) is just another step towards legitimization of the regime politics of the neoliberal governments that redistribute the commodities for their repositioning or legitimization of the reproduction and perpetuation of the politics of domination.

Socially-engaged art practices in the region are mostly based on the resistance against the dominant nationalistic narratives of nation states, traditional notions of the role of arts and culture in the construction of the national identity, the transition and privatization policies, old and new forms of discrimination and segregation, etc. Networking, advocating, production of new contemporary art content are some of the tactics of the socially engaged art practices which are self-exploited and marginalised.

The Pop up conference aims to place these actions and practices in the public discourse and make them visible.

We do not want to go into the worn-out discussions about the relationship between political tendencies and qualities, or discussions on the relationship between form and content of the so-called engaged art forms or in claiming and defending the “modernistic role” of art, theory, culture confined to the sphere of the aesthetic and not in the sphere of the larger socio-political context.
We also do not want to go into the abstract polemics about politicality as an inherent position of contemporary art, but to analyze the concrete situations that artists and cultural workers are operating in, to analyze the living and not abstract ideas about contexts which are shaped through the production relations.
Our questions are – Is the artist’s and cultural worker’s position essential in the reshaping of the socio-political reality? If so, in what way? And what is his/her position with regards to the political and economic relations shaping our social environment?

Discussion directions>>
What is the position of art and culture in social constellations (described above, or others unmentioned), both in production relations, and in their ideological reproduction? In the socio-political crises where regimes are redistributing new values through propaganda machines and the left is weak, does art take on a more intense political role and agenda?
Is the position of the artist and the cultural worker essential for reshaping the socio-political reality? And if so, how?

And what is her/his position in the political and economic relations that are shaping our social environment?

Discussion room

PANEL II
Part I

10:30 ART FOR CHANGES
Responsibility and role of the artist and cultural worker in the social and political crises

One-on-one interviews (10:30- 12:30)
Each of the participants is an interviewer and interviewee / each has 10 min. to pose questions to the other and to be answered. Audience participates, and has 10 min. (20min. for interviews among panelists + 10 min. from audience)

Dusan Kojic- Koja, music artist/ Serbia and Sasa Pavlovic, editor of kritika.mk/ Macedonia
Vladimir Milcin, theatre director/ Macedonia and Gjuner Ismail, ex. Minister of Culture/ Macedonia
Goran Injac, artistic director of Slovensko Mladinsko Gledaliste/ Slovenia and Zvonimir Dobrovic, founder, curator and producer of Queer Zagreb and Queer New York/ Croatia

Performing room
Performance I am a performer – Sabrina Zeleznik (30 min) (12:30-13:00)
Talk Space Coffee Break 13:00 – 13:30

Discussion Room
PANEL II
Part II
13:30 ART FOR CHANGES
Responsibility and role of the artist and cultural worker in the social and political crises

One-on-one interviews (13:30- 14:30)
Each of the participants is an interviewer and interviewee / each has 10 min. to pose questions to the other and to be answered. Audience participates, and has 10 min. (20min. for interviews among panelists + 10 min. from audience)

Mirjana Bobic Stojadinovic – visual artist/ Serbia – Miroslav Karic – curator, art historian/ Serbia
Filip Jovanovski – artist and co-author of the project KUC Tekstil/ Macedonia – Bojan Ivanov – art historian/ Macedonia

Performing room
Performance – Bruno Isakovic, Like Government, Like Architecture (14:30 – 15:00)

LUNCH 15:00 – 17:00

Discussion Room/
PANEL III
17:00 – 20:30 ENGAGE: MOVEMENTS
This panel is conceived in collaboration with Engage, co-organized with MOF (Mladinski Otvoren Forum/ Youth Open Forum) where different formal, informal groups and individuals from the civil society will present and discuss different methods, approaches and actions through which they advocate, voice and intervene in the socio-political context.

1. Emiliano Campagnola, actor, director video-theater-artist, member of Teatro Valle Occupato, Italy
2. Ksenija Radovanović, activist, member of the initiative Ne da(vi)mo Beograd (Let’s not drown Belgrade), Serbia
3. Jernej Kastelic, activist, member of the autonomous cultural center Tovarna Rog, Slovenia
4. Christos Giovanopoulos, activist, member of the movement Direct Democracy Now!, Greece
5. Gjorgi Pulevski, member of the debate cinema Counter Angle, Macedonia
6. Dragana Velkovska, activist, member of the civil initiative Ohrid SOS, Macedonia